Полицијата во Њу Орлеанс го уби осомничениот кој претходно влетал со возило во група луѓе, при што уби најмалку 10, а рани повеќе од 35. Напаѓачот е идентификуван како 42-годишниот Шамсуд Дин Џабар, американски државјанин од Тексас. Инцидентот се случи во популарна туристичка област околу три часот наутро по локално време. Истрагата ја презеде ФБИ, кое наведува дека случајот го истражува како терористички чин. ФБИ смета дека напаѓачот во Њу ...

Масовниот убиец од Цетиње, Ацо Мартиновиќ починал при транспорт кон болница, соопшти доцна синоќа црногорскиот министер Данило Шарановиќ. Како што изјавил во своето обраќање, убиецот се застрелал кога сфатил дека е опкружен од полициските сили, по што починал на пат кон Клиничкиот центар на Црна Гора. Тој информирал дека полициската акција во потрага по Мартиновиќ била успешно спроведена. В.Д. директорот на полициската управа Лазар Шќепановиќ ...

Ако има еден знак за кого 2025 година ќе биде година од соништата, тоа е Стрелецот. Ѕвездите се усогласија така што овој оптимистички, авантуристички знак станува главен фаворит во сите области од животот. Без разлика дали се работи за љубов, кариера, финансии или личен развој, поединците родени во знакот Стрелец ќе доживеат година полна со неверојатни можности и магија. Ова ќе биде година за паметење за нив. Што ги чека во љубовта? ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави новогодишна честитка во која порача дека има порака за „центрите на моќ во Загреб, Сараево и Приштина“. „Среќна Нова година и залудно се надевате – нема да ја смените власта во Србија“, порача Вучиќ. Тој во своето обраќање, меѓу другото, рече дека ќе има значајни разговори со американските партнери за енергетиката и санкциите за Нафтената индустрија на Србија (NIS). „Оваа година очекувам огромен ...

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ пристигнал во главниот клинички центар на земјата каде се хоспитализирани ранетите во масовните убиства во Цетиње. Како што изјавил тој за ТВЦГ, четири лица се тешко ранети, а во тек се операции за нивно спасување. – Страшна трагедија која не погоди сите. Во моментов на терен се сите полициски екипи. Го бараме сторителот, на добар пат сме (да го фатиме). Лекарите се борат за четири животи во КЦЦГ. Сите во ...

Неколку лица, меѓу кои и две деца, загинале во крвавиот напад што се случи попладнето во кафеана во центарот на Цетиње, кога осомничениот чиј идентитет и е познат на полицијата убил четворица мажи, ранил уште две лица, а потоа побегнал од местото на настанот со возило марка „фиат караван“. Радио Цетиње пишува дека недолго потоа било објавено дека убил и двајца малолетници и ранил една жена. Тамошната полиција информира дека трага по Аца ...

Кога на Путин му беше доделено руското претседателство пред повеќе од 25 години, годишниот транзит на гас преку Украина до Европа изнесуваше повеќе од 130 милијарди кубни метри. Денеска е 0. Ова е еден од најголемите порази на Москва, оцени претседателот на Украина Володимир Зеленски, коментирајќи го прекинот на испораките на рускиот гас преку Украина откако денеска истече договорот што важеше. -Како резултат на тоа што Русија ја користи ...

Вкупно шест возачи влегоа во последните години од нивните сегашни договори со тимовите за кои се натпреваруваат во Формула 1. Тројца од нив се дел од семејството на Ред Бул, а само Макс Верстапен има подолготрајна обврска бидејќи неговиот договор трае до крајот на сезоната 2028 година. Новиот тимски колега на Холанѓанецот, Лиам Лосон, како и колегите од Рејсинг Булс – Јуки Цунода и Исак Хаџар се под договор до крајот на оваа година. На оваа ...

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, му кажал на раководството на клубот дека сака напаѓачот Виктор Ѓекереш да пристигне на „Олд Трафорд“ веќе во јануари. Голгетерот на Спортинг Лисабон се поврзуваше со трансфер во редовите на „црвените ѓаволи“ веднаш штом стана јасно дека стручњакот ќе го преземе тимот. Португалецот нема намера да чека до летото и инсистира да го ангажира напаѓачот во јануарскиот преоден рок, тврдат од Островот. ...

Во црногорскиот град Цетиње вечерва се случила престрелка во која има жртви, објавија дел од тамошните медиуми. Според неофицијални информации, осомничениот прво убил повеќе лица во кафеана, а потоа убил уште неколку на други локации. Од црногорската полиција засега не го соопштуваат точниот број на загинати, но изјавиле дека се трага по лице со иницијали А.М. Како што неофицијално дознава црногорски „Дан“, по убиствата извршени во кафеаната, ...

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во средата, по нападот со возило врз луѓе во Њу Орлеанс, дека САД нема да толерираат напади врз сопствените граѓани, додека новоизбраниот претседател Доналд Трамп го поврза тероризмот со илегалната имиграција. „Ништо не го оправдува насилството, какво и да е и нема да толерираме никакви напади врз населението на нашата земја“, порачал претседателот во заминување. Трамп, од друга страна, ја поврзал ...

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета одби да ја исфрли својата екипа од трката за титулата во Англија и покрај тоа што „топџиите“ заостануваат со девет бода зад лидерот Ливерпул. Лондончани беа многу блиску до титулата во последните две сезони, но ја загубија битката од Манчестер Сити, а оваа сезона Ливерпул на Арне Слот настапува на многу високо ниво и изгради солидно водство. „Работите не зависат од нас. Но, ние мора да продолжиме да бидеме ...

Мајкл Антонио, кој на почетокот на декември доживеа тешка сообраќајна несреќа, по страшната несреќа е отпуштен од болницата каде се опоравуваше од повредите. Искусниот напаѓач на Вест Хем сега е очигледно многу подобар, но се очекува да паузира околу една година додека не биде целосно подготвен да се врати во професионалниот фудбал. „Секоја година околу ова време ме прашуваат за што сум благодарен и секоја година се мачам да ги најдам ...

Војвотката од Сасекс се врати на Инстаграм. Таа креира свој профил на Нова година објавувајќи видео снимено на плажа во близина на нејзиниот дом во Калифорнија. На снимката што ја направил нејзиниот сопруг, принцот Хари, 43-годишната Маркл боса трчала по песокот кон брановите. Серена Вилијамс, Криси Тајген, Тан Франс и други познати личности ја покажаа својата поддршка со лајкнување на објавата. Дека Меган Маркл планира да отвори свој профил на ...

Охридската полиција соопшти дека повеќе српски туристи се испотепале пред ноќен клуб во градот, за време на новогодишната ноќ. -На 01.01.2025 во 01.40 часот, пред ноќен клуб лоциран на улицата „Стив Наумов“ во Охрид, приведени се српските државјани Д.Ќ.(20) од Панчево и А.К.(26), Л.С.(22), А.С.(21) и Л.М.(21), сите од Врање, кои претходно, пред објектот го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Против нив ќе биде поднесен ...

Според многумина, повредата на играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри е главната причина за проблемите на тимот во последните месеци. Добитникот на „Златната топка“ заработи тешка повреда на коленото и ќе отсуствува до крајот на сезоната. Шпанецот рече дека му оди добро и се надева дека ќе биде подготвен да игра на лето и евентуално да учествува на Светското клупско првенство во јуни и јули. „Во моментов сум опседнат со опоравување. ...

Синоќа луѓе од цела Босна и Херцеговина присуствувале на новогодишниот концерт на Северина. Како што информираат тамошните медиуми, пејачката приредила вистински спектакл, при што 55.000 луѓе ја гледале и слушале. Северина се искачила пред споменикот „Вечен пламен“ околу половина час пред полноќ и добро ја загревала атмосферата во следните два и пол часа. Според босанското МВР, на концертот на популарната Севе дошле повеќе од 55.000 луѓе, со што ...

Извозот на гас преку Украина беше прекинат денеска, со што се стави крај на децениската доминација на Москва на европскиот енергетски пазар, јавува Ројтерс. Гасот тече низ цевководите од советската ера и покрај тригодишната војна во Украина, но руски Гаспром соопшти дека го прекина снабдувањето во 5 часот утринава бидејќи Украина одби да го обнови својот транзитен договор. Прекинот не треба да влијае на цените на бензинот за потрошувачите во ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо оцени дека Европската унија, а не Русија, ќе биде во загуба откако Украина го спречи транспортот на руски гас, пишува денеска бриселско Политико. Запирањето на транзитот на гас преку територијата на Украина ќе има драстично влијание врз сите нас во ЕУ, но не и врз Русија, порача Фицо во своето новогодишно обраќање. За време на божиќните празници во Москва, Фицо разговараше за снабдувањето со гас со рускиот ...

Жител од кривопаланечко пријавил во полиција дека бил нападнат од неговата сопруга. Според МВР, сопругот бил нападнат во семејниот дом. -Денеска (01.01.2025) во 01.36 часот во ОВР Крива Паланка, 37-годишен маж пријавил дека околу 01.00 часот во семејниот дом во кривопаланечко село, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата сопруга Б.С.(34), стои во полицискиот билтен. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен ...

Полицијата го уби лицето кој рано утринава во Њу Орлеанс со голема брзина влетал со камион во толпа луѓе за време на новогодишната прослава и уби 10 лица, а повеќе од 30 се повредени. Нападот се случил во 3 часот и 15 минути. Градоначалникот на Њу Орлеанс, ЛаТоја Кантрел информирал дека се работи за терористички напад. Американското Федерално биро за истраги соопшти дека на местото на нападот била пронајдена импровизирана експлозивна направа. ...

Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на руската влада и најголемата државна банка Сбербанк да ја засилат соработката со Кина во областа на вештачката интелигенција. Директивата беше објавена на официјалната веб-страница на Кремљ во средата, три недели откако Путин објави заеднички развој на технологии за вештачка интелигенција со партнерите на БРИКС и други земји. Путин ги задолжи владата и Сбербанк, која ги предводи напорите на Русија во ...

Рубен Аморим засега не беше во можност да го извлече Манчестер Јунајтед од мртва точка резултатски, а ниту во поглед на играта. Сепак, тој воведе една новина. Со своите потези ги зголеми шпекулациите за заминување на Маркус Рашфорд. Многумина велат дека еден од најталентираните таленти на познатата младинска академија е речиси избркан од клубот од страна на португалскиот тренер. Рубен Аморим не само што го стави Рашфорд на клупата, туку во ...

Малолетник за жал ќе остане со траен инвалидитет на раката откако му пукнала петарда за новогодишната ноќ, информира д-р Игор Мерџаноски, директор на ТОАРИЛУЦ. Се работи за 13-годишник. -Детето е оперирано и најверојатно ќе биде со инвалидитет на раката, истакна Мерџаноски. -Во последниот месец е околу 50-тина од 12 до 18 години. За жал, тоа е некаков тренд, се користат се поголеми петарди со повеќе барут, изјави д-р Небојша Настов, директор на ...

Поранешниот фудбалски ас и човекот чиј семеен живот секој будно го следи – Дејвид Бекам, на социјалните мрежи ја честиташе Новата година. Сепак, честитката што ја остави со повеќе слики, трогна многумина, бидејќи уште еднаш изрази голема благодарност до оние кои му беа најблиски и беа со него во неговите успеси и неуспеси. Дејвид објави фотографии со својата сакана Викторија, но како што следеа сликите со нивните бакнежи, имаше и такви со деца и ...

Актерката Блејк Лајвли официјално поднесе тужба против Џастин Балдони, помалку од две недели откако нејзината претходна тужба против него излезе во јавност. Нејзиното новогодишна тужба дојде истиот ден кога тој поднесе тужба за клевета од 250 милиони долари против „Њујорк Тајмс“ поради бомбастичниот натпис за првата пријава на Лајвли. Во неа, таа го обвини дека сексуално ја вознемирувал и создал токсична работна средина на сетот на нивниот филм ...

Соочена со политички кризи во Франција и Германија, додека Британија е на маргините поради Брегзит, Полска би можела да стане клучен играч во европскиот одговор на враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа. Полскиот премиер Доналд Туск, искусен државник од десниот центар, можеби е последната надеж на континентот за организирање заеднички европски одговор на потенцијалните закани од враќањето на Трамп. Туск има добри односи со лидерите на ...

Иако според Законот за безбедност во сообраќајот, возачите кои ќе бидат затекнати со стара возачка дозвола треба да добијат казна, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска информира дека граѓаните во овој период нема да бидат санкционирани. Првиот полицаец во државата упати апел до полициските службеници да ги има предвид законските одредби што се однесуваат на укажувања и опомени. -Сметам дека ниеден македонски полицаец не треба ...

Белгискиот фудбалер Стефан Омеонга, член на израелскиот Бнеи Сахнин, откри дека на Божиќ бил жртва на брутално полициско насилство. На католичкиот празник, тој планирал да отпатува од Рим до Тел Авив, но пред полетувањето, работите одеднаш се искомплицирале. „Не можам да ја толерирам оваа дискриминација. Бев жртва на полициска бруталност“, напиша Омеонга на социјалните мрежи, објаснувајќи го инцидентот. „Откако седнав во авионот, ми пријде ...

Ако се чувствувате малку навредени за количината на алкохол што сте ја конзумирале во текот на Новата година, можеби размислувате да учествувате во акцијата „сув јануари. „Сув јануари“ значи дека луѓето престануваат да пијат алкохолни пијалоци во текот на јануари, поради прекумерно уживање за време на празничната сезона. Кампањата првично беше лансирана од „Alcohol Change UK“ за да ги поттикне луѓето да размислуваат за тоа колку алкохол ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
87%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
56%
1028
weather icon

Софија

8ᴼ / 4ᴼ
2.06
59%
1027
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.87
59%
1027
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.0
84%
1029
weather icon

Атина

15ᴼ / 11ᴼ
0.89
78%
1025
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
78%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
0.45
66%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
93%
1027
Currency

61.535

Currency

59.1338

Currency

73.6285

Currency

36.7398

Currency

41.0887

Currency

65.1326

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71