
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Полска во понеделник наутро крена борбени авиони за да го заштити својот воздушен простор откако соседна западна Украина беше погодена од големи руски напади. „Поради интензивните воздушни напади од страна на Руската Федерација на територијата на Украина, полските и сојузничките авиони почнаа да дејствуваат во полскиот воздушен простор утрово“, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили во соопштение објавено на социјалните медиуми. ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп (78), речиси падна на скалите синоќа кога влегуваше во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“. Видеото брзо стана хит на социјалните мрежи, при што многумина истакнуваат дека Трамп често му се потсмевална поранешниот претседател Џо Бајден кога падна на скалите од истиот авион. 🤭Trump repeated Biden’s move and nearly took a tumble on the stairs He stumbled but made it to the top — and raised a clenched fist to ...
Тешко е да се избегне заклучокот дека администрацијата на Трамп бара конфликт на американските улици. Во саботата, откако протестот против апсењата од страна на Службата за имиграција и царина (ICE) ескалираше во насилство во Лос Анџелес, администрацијата одговори како земјата да е на работ на војна. Насилството беше неприфатливо. Граѓанската непослушност е чесна, но насилството е неприфатливо. Но, насилството досега, за среќа, беше локализирано ...
Доцнењето во извештајот за напредокот на Северна Македонија во процесот на исполнување на условите за пристапување кон Европската Унија не може да биде добра вест. Кога претходно објавените рокови не се исполнети, тоа значи дека партнерите се подготвуваат да не ги почитуваат усвоените програми. Ако земјата домаќин почне да одложува без објаснувања во практичниот дел, тоа значи дека постојат противречности во идеолошката област. Европската Унија ...
СДСМ утрово обвини дека срамната и скандалозна е прославата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Како што порачуваат од партијата, се одржа журка додека Македонија сè уште е во црно, додека 62 семејства жалат за загубените деца, а над 200 млади се борат со последиците од трагедијата во Кочани. СДСМ критикува дека биле и употребени и пиротехнички средства, кои не само што се законски забранети и опасни – токму се и причина за пожарот. Партијата на Венко Филипче ...
Има многу прашалници во извештајот за Северна Македонија, кој беше одложен од самиот известувач – Томас Вајц. Ова го кажа во емисијата „Брисел 1“ европратеникот и член на претседателството на ЕП Андреј Ковачев, кој е меѓу оние што побараа негово одложување. „Премиерот на РСМ имаше најмалку 4-5 настапи во медиумите во последната недела, во кои рече дека со месеци соработувал со известувачот и дека постигнал целосен успех – дека ЕП ќе го признае и ...
Бирото за јавна безбедност, по налог на надлежен јавен обвинител приведе неколку лица за институционализирана злоупотреба и системско државно ограбување. Опфатени се 15 правни и 23 физички лица. Под маската на легален профит, преку фиктивно прикажување на добивки и симулирано плаќање на даноци, се изведувал организиран поврат на ДДВ. Со помош на фиктивни фирми, непостоечки физички лица од Косово и други земји, се оформувале лажни трансакции, ...
Во своето прво Гренд слем финале по Австралија Опен во 2024 година, Јаник Синер го надмина дефицитот од 0-2 сета за да изведе неверојатен камбек. Но, 18 месеци подоцна на Ролан Гарос, светскиот број 1 почувствува какво е да се биде на другата страна од тој резултат. Синер загуби од Карлос Алкараз во финале од пет сета по пет часа и 29 минути игра, најдолгото финале на Ролан Гарос во историјата и второто најдолго финале на Гренд слем, зад ...
Во Лигата на нации, Португалија ја победи Шпанија по подобро изведување на пенали (5:4), откако натпреварот беше 2:2 во регуларниот дел. Ракометарите на Шпанија водеа двапати со головите на Мартин Зубименди и Микел Ојарзабал во 21-та и 45-та минута, а Португалија се врати преку Нуно Мендеш во 26-та и Кристијано Роналдо во 61-ва минута. По 90 минути, натпреварот беше 2:2, во продолжението мрежите повеќе не се тресеа, па победникот беше решен со ...
Демократската унија за интеграција реагираше на однесувањето и изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за владини неуспеси и употреба на говор на омраза како единствена политичка алатка. Според ДУИ, во отсуство на конкретни резултати, Мицкоски и неговата партија избрале да ги поделат граѓаните преку меѓуетничка реторика и исклучување на Албанците од државниот дискурс. -Додека Христијан Мицкоски продолжува со извици, навреди и ...
Милан Ковач, потпретседател на програмата за развој на хуманоиден робот „Optimus“ на „Tesla“, ја напушта компанијата по речиси десет години. Ковач ја објави веста во петокот преку објава на платформата X, наведувајќи дека тоа е „најважната и најтешката одлука во животот“. „Предолго сум отсутен од дома и морам да поминувам повеќе време со моето семејство во странство“, напиша Ковач, истакнувајќи дека ова е „единствената причина за заминување“ и ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова информира дека остварила кратка средба со францускиот претседател Емануел Макрон. „Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат глечерите и сите површини каде водата е во тврда состојба, како и да присуствувам на презентацијата на препораките од специјалните настани на третата ...
Со истражната постапка за пожарот во кочанската дискотека “Пулс” е опфатено уште едно лице за кое е поведена истрага за – Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Во текот на досегашната постапка се обезбедија докази согласно кои за сега осомничениот се утврди дека е одговорно лице – реален сопственик на осомниченото правно лице – агенција за обезбедување на имот и лица од Скопје. Согласно ...
Владата информира дека од денес телефонската линија за сите повредени и нивните семејства во трагедијата во Кочани е во функција. Се наведува дека преку директна комуникација секој од повредените лица и семејствата ќе може да се јават, да ги искажат своите барања кои ги имаат, како и да понудат предлози и конкретни потреби. -Телефонскиот број 070/355-526 на кој ќе можат да се јават повредените и семејствата е јавно достапен, и е директна ...
Израелските сили, според екипажот на бродот, се качиле на јахтата „Мадлин“ додека таа се обидувала да достави хуманитарна помош на палестинската територија. Климатската активистка Грета Тунберг е меѓу активистите на бродот, а едрилицата во тој момент била во близина на египетскиот брег. Во неделата, организацијата „Freedom Flotilla Coalitionа“, која управува со јахтата, објави фотографија на Телеграм на која се гледаат луѓе кои носат елеци за ...
„Бугарија мора постојано да внимава на она што се случува во Република Северна Македонија и на нејзиното континуирано лобирање во сите европски престолнини и во сите европски институции“. Ова го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев пред новинарите на аеродромот „Васил Левски“ во Софија пред да замине во официјални посети на Казахстан и Узбекистан. Неговиот коментар е во врска со одложувањето на гласањето за извештајот за напредокот на ...
Партијата на пензионери соопшти дека е шокирана од сознанието дека сметките за парно греење за месец мај оваа година, доставени од ЕСМ изнесуваат неверојатно високи суми. Велат дека на увид им биле дадени сметки за стан во Центар од 75 м2, во висина од над 6.000,оо денари. -Вакви сметки, веројатно, ЕСМ ќе дистрибуира и во наредните месеци, а со почеток на наредната грејна сезона и уште повисоки. Се прашуваме, дали некој во ЕСМ се грижи за ...
Од ЦУК информираат дека директорот Мухамет Али, заедно со раководителката на Подрачното одделение на ЦУК – Тетово, Арлинда Муареми, од лице место ја следеле и координирале спасувачката акција за извлекување на повредено лице кое паднало во бездна во близина на Ливадичко Езеро, општина Теарце. Информацијата за инцидентот првично била добиена преку Секторот за итни повици – 112 и Секторот за операции и координација при ЦУК. По извршената проценка ...
Денеска собраниска седница за избор на нов министер за здравство. На местото на Арбен Таравари, кој премина во опозиција, премиерот го предложи екс-министерот за информатичко општество, Азир Алиу од ВЛЕН. Народните избраници ќе гласаат и за нов заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Албрим Хоџа е предложен. Со изгласување на предлозите, Собранието ќе ја комплетира празнината во ресорите на здравството и земјоделството. ...
Британскиот принц Вилијам денес ги повика светските и бизнис лидерите да преземат итни мерки за заштита на океаните на планетата, нагласувајќи дека тоа е „предизвик каков што не сме се соочиле досега“. Зборувајќи на собир пред Конференцијата на ОН за океаните што започнува утре во Франција, Вилијам нагласи дека растечките температури на морето, загадувањето со пластика и прекумерниот риболов вршат притисок врз кревките екосистеми и луѓето што ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека претходната американска администрација ѝ ветила на Украина 20.000 ракети за борба против беспилотните летала „Шахид“, но дека овие ракети потоа биле испратени на друга дестинација. Зеленски во интервју за ABC News изјави дека утрово украинскиот министер за одбрана му кажал дека САД ги префрлиле ракетите ветени на Украина на Блискиот Исток, објави Укринформ. „За време на претходната ...
Францускиот министер за одбрана, Себастијан Ле Корнеј изјави дека голем француски производител на автомобили наскоро ќе склучaт партнерство со Киев за производство на дронови на украинска почва, но името на компанијата не беше откриено, додека јавниот сервис „Франс Инфо“ објави дека станува збор за Renault. „Дроновите во Украина ќе ги произведува Renault, кој ќе ги здружи силите со француските компании во дигиталниот сектор за таа цел“, објави ...
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Конференцијата на Унијата на млади сили на партијата што денеска се одржува во Велес, изјави дека тоа што младите си одат од Македонија, според него, не е затоа што нашле подобро место од својот дом, туку затоа што не биле слушнати кога гласно говореле. -Денес мотивот за иселување од Македонија не е само побогат живот во странство, туку и желбата за подобар систем кој не го наоѓаат тука. ...
Борусија Дортмунд, која во драматичен крај на сезоната обезбеди место во Лигата на шампионите, не губи време на пазарот. Клубот се согласи на доаѓањето на Џоб Белингам од Сандерленд. Според информациите од Фабрицио Романо, трансферот е завршен: „Почнуваме!“ за уште еден Белингам во „жолто-црниот“ дрес. Иако со Сандерленд освои место во Премиер лигата, Џоб Белингам нема да игра во највисокото ниво на англискиот фудбал. Наместо тоа, 18-годишниот ...
Илон Маск наводно се пресметал физички со американскиот секретар за финансии Скот Бесент во април, според „Њујорк пост“. Инцидентот се случил по состанокот во Овалната соба, на кој присуствувал и американскиот претседател Доналд Трамп. Расправијата била околу назначувањето на нов шеф на Службата за внатрешни приходи (IRS). Тензиите ескалирале во ходникот на Белата куќа, каде што Маск и Бесент размениле навреди. Според поранешниот советник на ...
Извештајот за напредокот на Северна Македонија во Европскиот парламент „плаче за тужба“, изјави поранешниот амбасадор во земјава, Александар Јорданов, во студиото на „Офанзива“. Извештајот беше одложен откако стана јасно дека информации од него протекоа до властите во Скопјe. Јорданов коментираше дека премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, цитирал пасуси од нацрт-извештајот дури и пред да биде усвоен, што јасно покажува дека имало ...
„Апелираме до Владата да им помогне на родителите од Кочани во остварување на нивните барања, а ако не може барем да не им одмага и со навреди да не им фрла сол на раната“, рњагираат од СДСМ. „На тие луѓе им е потребна поддршка и разбирање. Ние политичарите сме должни тоа да го разбереме, да ги прифатиме сите критики и да дадеме се од себе да помогнеме. Владата итно да престане да се расправа и да се докажува со родителите кои се наоѓаат во ...
Тие имаат своја политика, која според мене ги оддалечува уште повеќе од членството во Европската Унија со пораките што ги испраќаат, со континуираниот говор на омраза, со кражбата на бугарската историја и со искривувањето на фактите од историјата. Ова го кажа потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова пред новинарите во врска со одложувањето на гласањето за извештајот за напредокот на Република Северна Македонија кон членство во Европската ...
Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе Турбај (39), кој беше ранет и хоспитализиран, се бори за живот, соопштија неговата сопруга, владини и партиски претставници. Колумбиските обвинители соопштија дека е уапсен малолетник под 15 години кој носел пиштол „Глок“, а колумбискиот претседател Густаво Петро нареди истрага за оние што го нарачале нападот, објави Ројтерс. Урибе беше ранет за време на предизборен митинг во јавен парк во ...
Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави дека Русија нема да се ограничи само на Украина, која, како што вели, претставува закана за сите, поради што неговата земја одлучи на почетокот на годината да издвои пет до шест проценти од својот бруто домашен производ за одбрана. „Ни требаат овие пари за да можеме да изградиме и опремиме национална дивизија до 2030 година – со потребните резерви, инфраструктура за обука и домување. Не можеме да си ...