
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска порача дека граѓаните не сакаат политичари Албанци кои се на црни листи, да ги застапуваат нивните интереси поради криминал. Тој им порача на пратениците од албанскиот блок од опозицијата дека не се кредибилни на тој начин да привлекуваат гласови. -Имате бегалци, ризикувате партијата многу скоро да ви биде на црната листа поради криминал и не мислам дека Албанците во Македонија сакаат да имаат ...
Азир Алиу од редовите на коалицијата ВЛЕН е избран за нов министер за здравство. Ова следува откако попладнево во Собранието, пратениците дадоа поддршка за неговиот избор на местото на досегашниот член на Владата, Арбен Таравари. Од 95 присутни пратеници, 65 гласаа „За“ новиот министер, 15 беа „Против“, а немаше ниту еден воздржан. Со тоа Алиу по вторпат стана министер, овојпат за здравство иако по образование и пракса е универзитетски професор ...
Германски Билд неодамна објави приказна што одекна во светот: поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер (39) беше виден на Мајорка во прегратка на својата нова наводна партнерка, среде гласини за раскинување со поранешната тенисерка Ана Ивановиќ (37). На фотографиите објавени од Билд, Швајнштајгер е на плажа со непозната жена. Наводната двојка се држи за раце, разменува бакнежи и не ја крие својата блискост. Идентитетот на жената набрзо беше ...
Меган Маркл (43) објави серија фотографии и видеа од семејно патување во веројатно најпознатиот тематски парк во светот – Дизниленд – минатиот викенд. За да ја заштити приватноста на децата, Меган ги покри нивните лица со емотикони во форма на срце, но тоа не ги спречи поединци на интернет детално да ја анализираат секоја фотографија и да дадат серија бизарни тврдења. Најлудо од сè е што некои корисници тврдат дека децата воопшто не биле ...
Конфликтот меѓу Илон Маск, најбогатиот човек во светот, и поранешниот американски претседател Доналд Трамп е резултат на меѓусебен стрес, а Илон, според неговиот татко, погрешил што јавно го критикувал Трамп. Ова го изјави Ерол Маск во интервју за руските медиуми за време на неговиот престој во Москва. Маск и Трамп разменија низа навреди на социјалните мрежи минатата недела, откако Маск остро го критикуваше сеопфатниот закон за даноци и трошоци ...
Во градинка во Санта Моника, Калифорнија, наставничката Ребека Андервуд забележува разлики меѓу децата родени во 2020 година. „Многумина не можат да скокаат на двете нозе, се плашат од качување и имаат тешкотии со гласни звуци“, вели таа. Нејзиното училиште дури мораше привремено да ја прекине својата музичка програма бидејќи бучавата од инструментите ги плашело децата. Дури сега постепено ја враќаат, пишува Би-Би-Си. Децата кои беа бебиња за ...
Моето мислење за Азир Алиу како професионалец во својата област во информатиката е за почит, но не го бираме за министер за информатичка технологија ниту за образование. Тој треба да биде избран за министер за здравство. Точно е дека министерот треба да биде добар менаџер, но, точно е дека треба да доаѓа од некоја сродна област и претходно искуство со областа, изјави пратеничката на СДСМ, Јованка Тренчевска од собраниската говорница. Според неа, ...
Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ денеска порача дека Обвинителството не успеало да ја докаже вината за неговиот клиент и вели дека е изненаден од нивните завршни зборови во судскиот случај за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски. Вели дека очекувал силна енергија и аргументи. Напротив, констатира, добивме сувопарна компилација на прочитани докази, неповрзани едни со други. -Во однос на таткото, Јавното обвинителство не ...
Софија Вергара (52) објави заводлива топлес фотографија на својот Инстаграм профил додека се сонча покрај базенот. „Llego el verano!“, напиша таа во описот на објавата, што во превод значи: „Летото е тука“. Нејзината објава привлече илјадници обожаватели кои лајкнаа и коментираа, вклучувајќи ја и нејзината колешка, судијка на „America’s Got Talent“, моделот Хајди Клум. „Дојди… и јас го правам истото. Се сончам“, коментираше Клум, на задоволство ...
Српската коалиција НАДА, составена од Новата демократска партија на Србија (Нови ДСС) и Движењето за обнова на Кралството Србија (ПОКС), денес објави дека нема да ги признае резултатите од изборите во Заечар и Косјериќ, „бидејќи се работело за невидена изборна кражба организирана од владата“. Во соопштението, коалицијата НАДА потсети дека „ја повикала целата опозиција“ да не дозволи нивно одржување и дека е потребно да се истрае во барањето за ...
Две лица се тешко повредени, додека уште се полесно повредени во сообраќајка на скопски булевар. Возачот удрил во рекламно пано и бетонски ѕид. – На 08.06.2025 околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булeвар „Македонско-косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(32) од Скопје, удрило во рекламно пано и бетонски ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз вчера го освои својот втор последователен трофеј на Ролан Гарос, и тој славеше и покрај фактот дека Јаник Синер имаше три меч топки. Синер, како најдобар тенисер во светот и сè уште играч број еден, ќе биде запаметен како еден од тројцата играчи во Опен ерата на тенисот кои не освоија Гренд слем турнир на кој имаа повеќе од една меч топка во финалето. Италијанскиот тенисер имаше три од нив во четвртиот сет. ...
По петте потписи за време на зимскиот преоден рок, Манчестер Сити штотуку го комплетираше своето трето летно засилување, офанзивниот играч за врска Рајан Черки. Генерациските промени го погодија Манчестер Сити во изминатиот период, но Пеп Гвардиола има намера да ги замени сите големи ѕвезди кои го напуштија клубот во текот на календарската 2025 година. Прво, тој донесе пет големи засилувања за иднината во текот на зимата, играчи кои веќе се ...
Директорот на Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје, Сабахадин Рустеми испрати формална нотарски заверена изјава, проследена со соопштение со кое се осврнува на неодамнешните обвинувања изнесени од како тој ги нарече „Комитите“ од ВЛЕН во врска со наводни неовластени плаќања. Во својата изјава, наведуваат од „Комуналец“, Рустеми ги поби тврдењата дека Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје му исплатило на Ваљон Беџети 12.000 евра ...
Доаѓа крај на попустлива надворешна политика, порача лани во март потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, на програмската дебата насловена „Дипломатски хоризонти – реформи во политичкиот систем, стратегии за надворешната политика и дипломатија” кога презентираше сегменти од изборната програма „Платформа 1198″. Полноправно членство во ЕУ е основниот приоритет на надворешната политика на ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој, но повтори дека ставот на ...
За Близнаците, Рибите и Водолијата, животот ќе се промени со неверојатна брзина и тие ќе ги остварат сите свои најубави соништа со екстремна леснотија. Трите хороскопски знаци ќе влезат во исклучително поволен период од животот во наредните недели. Внатрешниот копнеж и долго заборавените желби сега ќе почнат да се претвораат во реалност. Но, како да се искористи оваа енергија на најдобар начин? Близнаци: Активирање на судбината и пробивање ...
Во Теслиќ денеска е уапсен Милан Миличевиќ, лидер на Српската демократска партија (СДС) и градоначалник на оваа општина. Миличевиќ и уште двајца поддржувачи на СДС, беа уапсени утрово во операцијата со кодно име „Блок“ спроведена од Министерството за внатрешни работи на РС. Претресот на куќата на Миличевиќ, трае веќе пет часа. „Никогаш нема да нè заплашите или скршите. Нема да се откажеме. Ви благодарам на сите за вашите пораки и интерес, ...
Пред 26 години, на овој ден, во Куманово, Македонија, беше потпишан Воено-техничкиот договор, со што заврши 78-дневната војна меѓу НАТО и тогашната Сојузна Република Југославија, пишува „Косово онлајн“. Одредбите од овој договор беа вклучени во Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН, која беше усвоена еден ден подоцна, на 10 јуни. Преговорите за прекин на војната започнаа во Белград на 3 јуни, кога тогашниот претседател на Сојузна ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ќе го искористи говорот во Лондон во понеделник за да нагласи дека на воената алијанса ѝ е , што е еден од приоритетите на самитот на алијансата во Хаг овој месец. Руте врши притисок врз членките да ги зголемат воените трошоци на 3,5 проценти од БДП и да издвојат дополнителни 1,5 проценти за пошироки трошоци за безбедност за да го исполнат барањето на американскиот претседател Доналд Трамп за цел од пет ...
Европејците трошат пари за ублажување на илузорната закана што наводно доаѓа од Руската Федерација, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во врска со предлогот за зголемување на трошоците за одбрана во рамките на НАТО, пренесе РИА Новости. „Европските даночни обврзници ги трошат своите пари за ублажување на заканата што, како што велат, доаѓа од нашата земја. Сепак, ова не е ништо повеќе од илузорна закана. Ако владите на европските ...
Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Русија, заедно со БРИКС, има намера да продолжи да гради систем на меѓународна соработка ослободен од каква било форма на дискриминација. Тој го изјави ова во пресрет на 28-от Меѓународен економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ), кој ќе се одржи од 18 до 21 јуни, пред учесниците, организаторите и гостите, пренесува РИА Новости. „Заедно со нашите партнери, првенствено во рамките на БРИКС, ...
РКЕ излезе со најновата одлука во однос на цената на горивата и нафтените деривати кои треба да важат од полноќ 10-ти јуни. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ...
Локалните избори се сè поблиску, а партиите и властите веќе почнуваат да трчаат на терен. Премиерот Христијан Мицкоски на 34-тата годишна Конференција на УМС на ВМРО – ДПМНЕ порача дека сосема е извесна победата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и дека има шанси СДСМ да остане и без една освоена општина. Сепак во продолжение на своето обраќање покажа и мала претпазливост, велејќи дека „следните два изборни циклуса – локалните избори што следат и ...
СДСМ наместо политика продава некрофилство, а наместо одговор на пораките од годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ се фати за бакљите. Иако и сама наведува дека според законот, членот 31 којшто сами го наведуваат, забраната за употреба се однесува за во затворени простории, а собирот беше на отворено, велат од најголемата владеачка партија по обвинувањата од СДСМ за запалената пиротехника на вчерашната конференција на УМС. Според ...
По барање на пратеничката група на „Левица“ денешната 54. собраниска седница е одложено за еден час. Пратеникот на Левица, Борислав Крмов побара пауза од еден час бидејќи, како што рече, се уште не добиле одговор на доставеното барање на пратеничката Јована Мојсоска во јануари во кое се бараат исплатените патни трошоци и кирии за 2024 за сите пратеници. -Ние и денеска принципиелно ќе бараме пауза од еден час по член 87 став 2 се додека додека ...
Кристијано РОналдо (40) ја предводеше Португалија до триумф во Лигата на нации. Ветеранот прво постигна победнички гол против домаќините на завршниот турнир од натпреварувањето, Германија, а потоа постигна гол во финалето против Шпанија за резултат од 2-2. Тоа беше 138-ми гол на Роналдо во 219 настапи за Португалија. Роналдо се повреди две минути пред крајот на регуларниот дел и ги гледаше своите соиграчи како ја освојуваат Лигата на нации на ...
Американскиот актер Џорџ Клуни привлече внимание на 78-то доделување на наградите „Тони“ во Њујорк појавувајќи се на црвениот тепих со својата природна, седа коса. Оваа година, Клуни беше номиниран за наградата „Тони“ за прв пат благодарение на неговата улога во бродвејската претстава „Добра ноќ и со среќа“. За улогата на новинарот Едвард Мароу, кого го играше, Клуни претходно ја обои косата за да се доближи што е можно повеќе до ликот. Сепак, ...
Насилното одземање на основното право на живот, особено кај дете, не е само чин на суровост и бруталност, туку директен напад врз човештвото, рече обвинителката Жаклина Трајковска во завршниот збор за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Во Основен Кривичен суд Скопје, таа денеска истакна дека ваквите злосторства заслужуваат „не само правна, туку и длабока морална осуда“. Мотивирани од ветени високи парични суми, како што ...
Кривичниот суд во Струга го ослободи од обвинение актуелниот градоначалник на оваа општина, Рамиз Мерко, кој се гонеше за луксузниот автомобил „Ауди“ вреден 67 илјади евра. Како што се наведува од судот, Мерко немал намера да стори кривично дело, додека во врска со јавната набавка на автомобили. Според адвокатот на Мерко, Игор Петковски, судот не успеал да докаже дека градоначалникот прекршил каков било закон кога купил автомобили за потребите ...
Австралиска новинарка била застрелана со гумен куршум додека известувала за протестите против рациите за имиграција во Лос Анџелес, а инцидентот бил снимен во живо со камера. Американските власти, вклучувајќи ја Полициската управа на Лос Анџелес (LAPD) и членовите на Националната гарда, се судриле со толпа демонстранти во неделата. Протестите се против мерките на Трамп против имиграцијата, објавува The Guardian. Американската дописничка на Nine ...