Младата и талентирана македонска ликовна уметничка Олимпија Камчева-Стојческа е добитник на специјалната награда SantiPharma Award, која се доделува во рамки на престижниот меѓународен конкурс Arte Laguna Prize во Венеција, Италија. Наградата SantiPharma Award се доделува на млади уметници кои преку своето творештво обработуваат актуелни општествени и визуелни теми и важи за еден од најреномираните светски конкурси за современа уметност. ...

Данската премиерка Мете Фредериксен денес изјави дека лидерите на ЕУ треба да бидат подготвени да спроведат заем за Украина, во вредност од 210 милијарди евра, користејќи замрзнати руски средства, дури и без поддршка од Белгија, објави „Еурактив“. „Би претпочитала да се најде решение во духот на договорот, но времето отчукува“, додаде таа пред денешниот самит на ЕУ на кој треба да се донесе клучна одлука за помош за Украина. Белгискиот ...

„До 2028 година, прекуграничниот железнички тунел меѓу Бугарија и Република Северна Македонија треба да биде готов“, соопшти денеска бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт и врски во оставка, Гроздан Караџов. Тој учествуваше на состанокот на тамошната Парламентарна комисија за надворешна политика, на која едногласно била поддржана ратификацијата на Договорот меѓу владите на двете земји за подготовка, изградба и работа на прекуграничен ...

Момчињата кои покажуваат мизогинистичко однесување ќе бидат обучени да прават разлика помеѓу порнографијата и врските во реалниот живот како дел од владината стратегија за борба против мизогинијата во британските училишта, објави денес „Гардијан“. Пред објавувањето на долгоочекуваната стратегија на британската влада насочена кон намалување на насилството врз жените и девојчињата, министерот за надворешни работи Дејвид Лами изјави дека борбата ...

Премиерот Христијан Мицкоски сподели со јавноста дека го добил судскиот спор со СДСМ по тужбата за клевета која ја поднел до Основниот граѓански суд – Скопје. Апелација ја потврдила првичната пресуда и ја отфрлила жалбата на СДСМ. Како што објави Мицкоски, тужбата се однесувала на партиско соопштение на СДСМ од 2022 година, со наслов: „Мицкоски е докажан криминалец фатен со раце во медот, затоа ДПМНЕ фабрикува лаги за Ковачевски“. Во ...

Турското Министерство за национална одбрана објави дека беспилотно летало, кое се упатило од Црното Море кон турскиот воздушен простор и ја изгубило контролата, било откриено и соборено пред да влезе во воздушниот простор на земјата, при што и Русија и Украина биле предупредени, се вели во соопштението. Во соопштението се наведува дека на 15 декември, беспилотното летало било забележано додека се приближувало од правец на Црното Море, по што ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), ...

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Истрагата покажа дека во текот на октомври годинава, двајцата обвинети, со пропуштање на вршење надзор над собирањето, со транспортот и со непрописно ...

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, на вчерашната собраниска седница ја проблематизираше најавата на Министерството за транспорт за олеснување на условите за изградба на хотели, оценувајќи дека таа е во директна спротивност со обврските на државата за заштита на статусот на Охридското Езеро. Тој потсети дека клучната забелешка во извештаите на УНЕСКО, токму дивоградбите и пренатрупаноста ги посочуваат како главна причина за ...

Нова фотоволтаична централа ќе ги опслужува енергетските потреби на Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово. Централата со инсталиран капацитет од 39.6 kWp во Центарот за обука каде се одвива основна и специјализирана полициска обука, е донација на ОКТА, а проектот е дел од активностите на компанијата за унапредување на квалитетот на животот на заедницата во објекти од јавен интерес. Главниот извршен директор на ...

Македонската радио телевизија (МРТВ) не треба да биде само технички сервис што емитува програма, туку активен чувар и креатор на националниот идентитет и македонската култура, вели во разговор за „Локално“ Сотир Сотировски, медиумски работник со долгогодишно искуство. Смета дека културата не е маргинална содржина, туку централен столб. Во своите ставови на темата „јавен сервис“ ја нагласува потребата од системска поддршка на македонската ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека опомени од системот „Безбеден град“ стигнуваат и за полициски службеници кои сториле сообраќаен прекршок. Потсети дека и неговото приватно возило беше детектирано од системот и вели дека „искрено ми е мило кога прекршок ќе стори и министер, системот констатира дека прекршокот е сторен“. Тошковски сепак истакна дека одредени возила имаат потреба да постапуваат согласно ургентни ситуации ...

„Предавничката Резолуција е спротивна на Уставот. ДПМНЕ–ЗНАМ усвоија неуставна Резолуција со која директно се загрозуваат слободата на говорот и слободата на политичко дејствување на опозицијата. СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата и слободата на говор. Заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата“, рече потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната прес-конференција пред Уставниот суд. ...

За незадоволството на Петре Шилегов од раководството на СДСМ, лидерот на партијата Венко Филипче го лоцира во ВМРО-ДПМНЕ. Тврди дека владеачката партија пронашла „еден од нив кој е послаб“ и „ги искористија неговите приватни проблеми, задолженоста кон одредени лица, а очигледно и уцени, за да го натераат одвнатре, од самата партија, да внесе немир во нашите редови“. Сепак, тврди Филипче, дека нема да се „пресметуваат“ со Шилегов. „Удривме во ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче од Брисел, каде што присуствува на средба на сестринските социјалистички и социјалдемократски партии, порача дека донесената Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ против нелегална миграција е директен удар врз демократијата, слободата на говор, мислењето и политичкото дејствување. Според Филипче, кога парламент носи неуставна резолуција, како што вели, против опозицијата, тогаш државата престанува да биде демократска ...

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов и Б.Ш.(64), поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ и против И.Г.(54) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавената И.Г., во својство на раководител на ...

Поранешниот директор на Управата за водење на матични книги и висок функционер на ДУИ, Бујар Дардишта, бил лишен од слобода во голема полициска акција што се одржала во текот на ноќта. Според првичните информации, тој е осомничен за вмешаност во шема за перење пари и економски криминал, објавија дел од медиумите во земјава на албански јазик. Во акцијата, спроведена во текот на ноќта и рано утрово, полицијата уапсила повеќе од десет лица. ...

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Министерството за економија и труд за 2024 година. Констатирани се состојби, неправилности и неусогласености кои влијаат на изразување на мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и неповолно мислење за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики на сметката на основен буџет 637 ...

Уште од рани зори, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски се пофали дека се руши дивоградба на територија на неговата општина. Како што стои во објавата на Стефковски, рушењето почнало во 5 часот утринава. Градоначалникот е дециден дека, како што вели, нема место за урбаната мафија во Гази Баба. „Во Инџиково од рано утрово во тек е акција за рушење на бесправно изграден објект! Во моментот на акцијата, објектот беше во ...

Златото го забележа својот најголем скок од нафтената криза во 1979 година во 2025 година. Цените се дуплираа во последните две години, перформанси што претходно можеше да сигнализира голема корекција. Со растечкиот број инвеститори и фактори што влијаат на цената на скапоцениот метал, аналитичарите во JP Morgan, Bank of America и консултантската компанија Metals Focus сега прогнозираат дека цените на златото би можеле да достигнат 5.000 ...

Премиерот Христијан Мицкоски од Брисел, каде што беше присутен на состанокот ЕУ-Западен Балкан, говореше за случувањата во СДСМ и изборот на новото раководство на партијата. Мицкоски притоа ја спомена и новата дигитална платформа на СДСМ за борба против корупција и криминал, наречена МИЦКО – Македонски Истражувачки Центар за Корупција и Организиран Криминал. -Гледам почнале некоја кампања која ја брендирале со името МИЦКО. Направиле и ...

Еден ден. Толку траеше тишината по изборот на новото раководство на СДСМ пред да пукне нешто однатре. Не експлозија, не гром, туку она тивко, гадно крцкање што го слушаш кога нешто одамна иструлено конечно попушта. И не пукна однадвор, од политички противник или од некој дежурен аналитичар. Пукна од свој човек. Од Петре Шилегов. Фејсбук-статус. Краток, остар, без ракавици. Таков каков што се пишува кога веќе не ти е гајле дали ќе те сакаат ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за прибирање докази и до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за кривични дела – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1, како и – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска став 1 од Кривичниот законик. -Обвинетиот на 10 декември извршил грубо насилство спрема двајца новинари во ...

Претседателот на Советот на Европската Унија, Антонио Кошта, синоќа на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел изјави дека проширената ЕУ значи и побезбедна, посилна и помирна Европа, објави Танјуг. Според него, самитот испрати јасна порака – „цврсто ја поддржуваме иднината на Западен Балкан во Европската Унија“. „Проширувањето останува клучно за нашите заеднички цели. Ова е вистинскиот избор од три причини. Прво, од геополитичка гледна точка. ...

Германската влада ќе отвори „Германски фонд“ (Deutschlandsfonds) за да привлече приближно 130 милијарди евра приватни инвестиции за проекти со висок ризик, во обид да ја оживее националната економија, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ова прашање. Фондот ќе го управува државната банка за развој KfW, а ќе го води нејзиниот извршен директор, Стефан Винтелс. Германскиот фонд ќе има почетен капитал од ...

„Па нели се ветуваше целосно нов Кривичен закон? Ова можеше да се направи уште лани, во септември. Што беше пречка?!? Наместо европски напредок и реформа добивме враќање во времето на Маневски“, објави пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова за Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот Законик. Зајкова критукува дека една и пол година има замајување на јавноста со изговорот „чекаме нов закон“. -Кому му одговараше статус ...

Идејата Европската Унија да користи замрзнати руски средства, кои претежно се наоѓаат во Брисел, за финансирање на Украина, е мртва бидејќи постои малцинство кое е против тоа, изјави денес унгарскиот премиер Виктор Орбан. Орбан, исто така, им повтори на новинарите по пристигнувањето на самитот на ЕУ дека финансирањето на Украина од заеднички заем од ЕУ не е прифатливо за Унгарија, објави Ројтерс. ЕУ има намера да користи 210 милијарди евра ...

Бидејќи директорот на СОЗР Ивица Томовски одбива да одговори дали управителот на компанијата „Сити Аутсорсинг” е негов личен пријател, партијата Левица соопшти дека ќе достави фотографии до Антикорупциската комисија, која отвори предмет за овој случај. Според партијата, во оваа компанија која добила 5 милиони евра државни пари во тендери, како управител е заведено лице кое има бројни заеднички фотографии токму со Томовски, што ја потврдува ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо синоќа во Брисел изјави дека Европската Унија е неправедна кон Србија и дека го спречува нејзиното пристапување затоа што е „премногу горда, самоуверена и независна“ земја, објави белградската новинска агенција Бета. По самитот меѓу Европската Унија и Западен Балкан, на кој Србија не учествуваше за прв пат по 14 години, Фицо напиша на Инстаграм дека српскиот претседател Александар Вучиќ е „независен политичар, ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека по делумното укинување на мерките на Европската унија против Косово, се очекува на земјата да ѝ бидат доделени 205 милиони евра на почетокот на следната година, објави косовскиот весник „Коха Диторе“. Вчера, косовскиот вицепремиер Бесник Бислими објави дека Европската комисија одлучила да укине дел од казнените мерки што ЕУ ги воведе врз Косово во 2023 година поради ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
4.63
81%
1009
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
8.75
80%
1007
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
89%
1003
weather icon

Софија

0ᴼ / -1ᴼ
5.14
71%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.0
89%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.0
91%
1002
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
1.34
76%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
82%
1008
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1008
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
2.06
88%
1011
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
82%
1005
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
4.63
72%
1011
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Платина

67130.76

Цинк

3.32

Иридиум

213919.04

Паладиум

54688.42

Калај

48.33

Алуминиум

3.13

Рутениум

45750.51

Злато

161412.82

Бакар

11.89

Сребро

2586.53

Родиум

334367.76