Граѓанинот на Босна и Херцеговина, М. К. (46), е осуден на затворска казна од 20 дена затоа што утринава се заканувал дека ќе убие жена и работник во пекарница во Будва. Како што дознава „Вјести“, судијката на Судот за помали прекршоци во Будва, Магдалена Мијиќ, му изрече затворска казна, која веднаш ќе биде извршена. Како што е соопштено за „Вјести“, државјанин на БиХ, утринава, околу 3.30 часот, бил во пекарницата и побарал да биде послужен ...

Во текот на вчерашниот ден во две полициски станици во Скопје било пријавено за физички напади на малолетници од страна на нивни врсници. Првата пријава е регистрирана вчера во 10.30 часот во СВР Скопје, каде 40-годишна жена пријавила дека на 31.12.2024 околу 17.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Втората пријава е забележана во 23:15 часот каде било ...

АМСМ соопшти дека во целосен прекин е сообраќајот на обиколниот пат Скопје – Велес, во близина на Башино село, кај мостот. Сообраќајот ќе биде во прекин подолг временски период. Како што соопшти АМСМ претходно денеска од 12:20 часот во целосен прекин е сообраќајот на обиколниот пат Скопје – Велес, во близина на Башино село, по кој се пренасочуваат тешки моторни возила. „Сообраќајот е во прекин поради безбедносни причини“, информираа од АМСМ. ...

Jавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска соопшти дека од сабота до вторник ќе работи по неделен возен ред, додека жичницата ќе функционира вообичаено од 10 до 17 часот. – На ден 4.01.2025 год. (сабота), ќе се работи по неделен возен ред. – На ден 6.01.2025 год. (понеделник) Бадник, ќе се работи по неделен возен ред. – На ден 7.01.2025 год. (вторник) Божик, ќе се работи по неделен возен ред. Работно време на билетарници и центри за ...

Истражувачите од Институтот за експериментална биологија М. Ненки при Полската академија на науките, во соработка со Одделот за психологија на Норвешкиот универзитет за наука и технологија и Универзитетот SWPS, го истражуваа влијанието на емоциите врз проклиматските дејства. Резултатите од истражувањето се ветувачки. Тагата поради климатските промени има свој збор: Соласталгија Луѓето веќе некое време ги чувствуваат климатските промени „тука и ...

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко на денешната средба со белоруските гувернери најави можност за употреба на воена сила за време на претседателските избори во 2025 година. „Секаде каде што е потребно, слободно вклучете ја армијата за воспоставување ред“, рече Лукашенко, пренесе државната агенција БелТА. Според него, има обиди да се изврши надворешен притисок врз членовите на изборните комисии во Белорусија. Помогнете им на ...

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.М.(72), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против М.М.(77), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 10.06.2024 во 17.20 часот во ...

Манипулација е дека Бојан Христовски добил НАТО сертификат за безбедност, а уште поголема лага е дека на тој начин од страна на НАТО е потврдена неговата „безгрешност“ во однос на „фалсификуваните” сертификат и универзитетска диплома, тврди Оливер Андонов во својата објава на Фејсбук. – Почитувани пријатели, реков дека нема да пишувам колумни во текот на Новогодишните и Божиќните празници, но некои постапки неодложно бараат мој јавен и пред се ...

Кон крајот на 2024 година, светот беше запрепастен од хакерски упад во компјутерските системи на Министерството за финансии на САД. Инцидентот служи како потсетник дека ако владата не е имуна на сајбер закани, не сте ни вие. Затоа, од клучно значење е да ги обезбедите вашите онлајн сметки и лични информации. Додека поискусните хакери користат исклучително софистицирани методи, заканите доаѓаат и од помалку искусни сајбер-криминалци, објаснува ...

Денеска нешто по 15 часот беше извлечено и телото на 56-годишниот маж од водите на Вардар по вчерашната несреќа кај селото Рашче, скопско. Полицијата, нуркачи, но и дронови од синоќа трагаа по А.А. Тоа е и последната жртва од трагичната несреќа во која загинаа три жени, а едно дете е повредено. За среќа, детето, кое било во автомобилот, паднало на патот во моментот на лизгањето на возилото, што му овозможило да се спаси од поголема штета. ...

Легендарниот германски голман Оливер Кан ги потврди разговорите кои ги започнал со француски Бордо околу евентуалното купување на акциите на пропаднатиот француски гигант. Како што објави порталот „Sud Ouest“, Кан е во контакт со претседателот на „жирондинците“, Жерар Лопез и би можел да ја преземе улогата на еден од косопствениците на клубот, заедно со поранешниот претседател на Олимпик Марсеј, Жак Анри Еро. „Разговорите за можното влегување ...

Лидерот на косовската партија АБК и кандидат за премиер, Рамуш Харадинај вели дека на Косово му треба алтернативен аеродром за летови во итни случаи, за да не мора во тие ситуации да се слетува во Белград или во Скопје. Според него, аеродромот во Ѓаковица ги исполнува сите критериуми. „Косово секако мора да има алтернативен аеродром за итни летови, за неговите патници да не дојдат во ситуација да слетуваат во Белград и Скопје“, посочил ...

Функцијата AirDrop на Apple овозможува брзо споделување датотеки, но само помеѓу уредите на Apple, што ги истакнува бариерите помеѓу екосистемите Android и iOS. Паметните часовници како Apple Watch исто така може да се користат само со iPhone, додека многу функции се ограничени на истите платформи. Сепак, во последниве години, брендовите на Android почнуваат да интегрираат функционалност слична на екосистемот на iPhone. Неодамна лансираните ...

Повреденето дете од вчерашната несреќа во скопско е во стабилна состојба и наскоро може да биде пуштено на домашно лекување. Ваква информација со јавноста сподели директорот на Детска хирурија во Скопје, Лазо Јовчески. Според него, детето не е витално загрозено. Јовчески информира и дека вчера имале интензивен мониторинг, а денеска контролни по протокол, биохемиски параметри за споредба, по што ќе биде пуштено на домашно лекување. Автомобил ...

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla продаде помалку возила минатата година отколку во 2023 година, но задржа мало водство пред кинескиот конкурент BYD, покажаа податоците објавени во четвртокот. Во 2024 година, Tesla испорача 1,79 милиони електрични возила со батерии, што е за 1,1 отсто помалку од претходната година, објави американската компанија со седиште во Остин. Кинескиот гигант BYD продаде вкупно 1,76 милиони ...

Новата година започна, а Apple не чекаше долго за да ја ажурира својата листа на стари и застарени производи. Овој пат, компанијата го додаде Apple Watch Series 4 на листата на винтиџ производи, како и еден од последните Mac компјутери со процесор Intel. Од денес, сите верзии на Apple Watch Series 4 официјално се сметаат за винтиџ ширум светот, пренесe MacRumors. Тие вклучуваат алуминиумски и нерѓосувачки челик верзии во големини од 40мм и 44мм. ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, како физичко лице, граѓанин, по допрен глас, поднесе претставка до Државниот инспекторат за труд, барајќи вонреден инспекциски надзор во Јавното комунално претпријатие „Пиша” од с. Липково. Во претставката, Минчев укажува на сериозни неправилности во објавениот јавен оглас број 03-204/3, со кој се бараат четири нови вработувања на неопределено време. Според огласот, критериумите за вработување ...

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека цените во маркетите се коригирани, согласно најавите за мерката „новогодишна кошничка“. Дел од трговците, според него, ја научиле лекцијата. „Моравме да интервенираме и да покажее колку сме сериозни во намерата. .Не може одредени трговци на грбот на граѓаните да остваруваат дополнителни екстра профити. Тие ги намалија цените пред Нова година, некаде десет или 15 или повеќе проценти и очекувам овој тренд да ...

Дали вештачката интелигенција може да ги замени писателите и сценаристите? Ова е прашање за кое се дебатира во последно време. Бидејќи некои медиумски куќи веќе заменија дел од новинарите со различни алатки за вештачка интелигенција, на „Амазон“ се појавија книги кои беа целосно „напишани“ со ChatGPT, а американските сценаристи дури предупредија за време на последниот штрајк за потенцијалниот проблем да бидат заменети со вештачка интелигенција. ...

Во изминатиов период регионални медиуми пишуваат за измама во кои се имитира поддршката за корисници на Facebook, а на жртвите им се заканува блокирање на сметките. Како што истакнуваат, измамата служи за кражба на кориснички податоци, кои подоцна може да се искористат за други злонамерни дејства – плаќање за реклами, ширење измами, заклучување сметки, изнуда итн. Пораките кои на прв поглед изгледаат како да се испратени од службата за ...

ВМРО-ДПМНЕ повторно реагираше на изјавите на потпретседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска во однос на упадот во три власти во државата. Од партијата се децидни дека Владата не дозволува вакво нешто, за разлика од, како што истакнуваат, владеењето на тандемот СДСМ и ДУИ, каде што ставаа партиски кадри на буквално секое место. -Да ја потсетиме Фани, дека на раководните позиции на структурите на безбедносните сили беа ликови како Виктор ...

ROLEX SA, најголемиот швајцарски бренд за луксузни часовници, ги зголеми цените на некои од своите најпопуларни модели откако цените на златото се зголемија минатата година. Компанијата со седиште во Женева, која е управувана од швајцарска фондација именувана по нејзиниот ко-основач Ханс Вилсдорф, ја започна годината со зголемување на цените од дури 8% за одредени модели од благородни метали, пишува Bloomberg. Rolex обично ги зголемува цените ...

Министерката за образование, Весна Јаневска информира дека во новиот Закон за средно образование, кој во моментов е повлечен, но очекува повторно да се врати во собраниска процедура, предвиден е нов модел на државна матура, во која средните стручни училиште ќе полагаат средно-стручна државна матура, соодветно на општо образовните предмети кои што ги слушаат по наставен план и програма. Тој е помал во однос во гимназиските. Гимназијалците ќе си ...

Џони Деп (61) е познат по улогите на необични и ексцентрични ликови, а во текот на својата долга кариера сними повеќе од 80 филмови. Во широк спектар на филмови од различни жанрови, холивудскиот актер го отелотвори Едвард Сизерхенд. Токму тој филм ја истрауматизирал неговата ќерка Лили-Роуз Деп (25), пишува „Daily Mail“. – Филмовите треба да направат да почувствувате нешто. Бев истрауматизирана од тоа, но не затоа што мислев дека е страшен, туку ...

Канје Вест објави неколку фотографии на Инстаграм со неговата 29-годишна сопруга Бјанка Ценсори. Парот позираше пред огледало и облече црни комбинации. Бјанка позираше во здолниште и боди, а потоа го соблече здолништето и позираше во гаќички. 47-годишниот рапер носеше црни панталони и маица. Канје објави и неколку фотографии на кои Бјанка позира сама. Бјанка е позната по разголените комбинации кои не кријат многу. Таа често се појавува ...

На социјалните мрежи кружи лажна верзија на насловната страница на францускиот сатиричен неделник Charlie Hebdo. Го прикажува украинскиот претседател Володимир Зеленски како Квазимодо, еден од главните ликови во романот „Грбавецот од Нотр Дам“ на францускиот писател Виктор Иго. Насловот на наводната насловна страница гласи „Какво е повторното отворање на Нотр Дам без грбавецот?“, а се однесува на повторното отворање на култната париска катедрала ...

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 65-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Инцидентот се случил синоќа во населбата Блок 70 во Тетово. Таткото во тешка психолошка состојба е хоспитализиран во болница. При семејно насилство и по кратка меѓусебна расправија, осомничениот со истрел од ловна ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков на денешната прес-конференција на која беше најавено претстојното издание на традиционалниот Вевчански карневал, го истакна значењето на како што рече, еден од најавтентичните симболи на нашето културно наследство, со над илајада годишна традиција. Тој подвлече дека Вевчанскиот карневал и покрај предизвиците и недостигот на континуирана поддршка во изминатите години, опстојува како симбол на нашата ...

Рускиот претседател Владимир Путин може да биде задоволен, иако не успеа да ја покори Украина како што се надеваше. Можеби изгледа чудно од перспектива на либералните демократски општества, но речиси три години откако тој ја нареди инвазијата, дури и опозициските руски медиуми како „Медуза“ и „Новаја Газета“ признаваат дека Кремљ немора да се плаши од антивоени чувства. Со други зборови, Путин има поддршка да ја продолжи војната додека сака. Еве ...

Полска одлучи да го изостави унгарскиот амбасадор од листата на поканети на настанот по повод почетокот на полското претседавање со Европската унија во петокот, бесна поради тоа што Будимпешта му даде азил на поранешен заменик министер под истрага за злоупотреба на јавни средства, пренесува Хина. Унгарскиот премиер Виктор Орбан исто така не беше поканет на церемонијата во Варшавскиот театар Бољшој, изјави заменик-министерката за европски прашања ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
62%
1026
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
2.06
58%
1030
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
49%
1030
weather icon

Софија

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
46%
1026
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
4.72
40%
1026
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
78%
1030
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
3.6
62%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
63%
1024
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
58%
1025
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
88%
1027
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
60%
1030
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
82%
1026
Currency

61.535

Currency

59.1338

Currency

73.6285

Currency

36.7398

Currency

41.0887

Currency

65.1326

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.62

Кобалт

30.86

Никел

15226.00

Рутениум

15850.32

Калај

29.90

Сребро

1011.48

Злато

89636.05

Бакар

8.64

Паладиум

31314.83

Платина

32150.32

Родиум

149500.97

Цинк

2.73