Протестите на земјоделците организирани во Брисел за време на викендот целосно го парализираа градот, а по протестите беше забележана интересна ситуација. Имено, за време на самите протести, земјоделците пристигнаа во центарот на Брисел со трактори и камиони, и во таа прилика истоварија големи количини компири на улиците, што демонстрантите го искористија за судир со полицијата. Сепак, по завршувањето на протестите, големи количини компири ...

Владимир Путин денес одговара на прашања од граѓаните и ги сумира резултатите за 2025 година. Поднесени се повеќе од 2,5 милиони прашања, а „рускиот ЧатГПТ“ наречен „ГигаЧат“ е одговорен за транскрипција на избраните. Што точно претставува оваа апликација? „ГигаЧат“ е вештачка интелигенција за генерирање текст и разговор, или асистент развиен од руската финансиска и технолошка група „Сбер“. Тоа е модел на вештачка интелигенција сличен на ...

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски повторно негираше дека власта планира да носи мигранти од Велика Британија. Обвинува дека опозицијата верува во „нивната приказна 100 пати повторена лага, станува вистина“, ама не станува, потенцира Тошковски. -Опозицијата се повикува на британските медиуми…Опозицијата може да се повикува на кого сака, меѓутоа сите релевантни чинители во државата негиравме дека тоа кое што они го тврдат, е ...

Конгресот на Демократската унија за интеграција, закажан за 20 декември, се одржува во можеби најчувствителниот момент од постоењето на партијата. По повеќе од две децении континуирано учество во власта, ДУИ првпат се соочува со реалноста на политичка изолација – и на централно и на локално ниво. Тоа е пресврт што ја оголува суштината на партијата и ја става под сериозен тест нејзината способност да преживее надвор од институциите. Поразот не ...

Важно е руските средства да останат замрзнати и Украина да добие гаранција за финансиска безбедност за наредните години, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Им се заблагодарувам на сите лидери на Европската Унија за одлуката на Европскиот совет да обезбеди финансиска поддршка за Украина, во износ од 90 милијарди евра во периодот 2026-2027 година. Ова е значајна поддршка што навистина ја зајакнува нашата отпорност“, рече ...

Специјалниот претставник на претседателот на Руската Федерација и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, изјави дека напуштањето на идејата за користење на руски средства за финансирање кредити за Украина би било победа за „правото и здравиот разум“. „Ако е вистина, тогаш укинувањето на првично предложената нелегална шема на ЕУ за користење на руските меѓународни резерви за финансирање на Украина би било голема ...

ЕУ мора да се реформира пред да се прошири, стои во заклучоците усвоени вечерва на последниот состанок на Европскиот совет за оваа година. Европскиот совет ја нагласува континуираната важност на проширувањето на ЕУ како геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот. Проширувањето е двигател за подобрување на економските и социјалните услови на европските граѓани, за намалување на нееднаквостите меѓу земјите и ...

Јапонската операторка на кол-центар Јурина Ногучи (32) одржа симболична венчавка ова лето со Луна Клаус Вердурa, лик генериран од вештачка интелигенција базиран на ChatGPT и лик од видео игра. Церемонијата се одржа во Окајама и немаше правно значење, бидејќи јапонскиот закон не признава бракови меѓу луѓе и вештачка интелигенција, објави Euronews. Ногучи носеше светло розова венчаница и паметни очила со проширена реалност за време на ...

На 17.12.2025 во 11.40 часот во Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга го лишија од слобода Н.С.(40) од с.Горно Лакочереј, охридско. Тој се сомничи дека на 11.12.2025 измамил 77-годишна жена од струшко село за сума од 8.000 евра. Според пријавеното, на 11.12.2025 тој телефонски ја побарал жената, лажно се претставил и ѝ рекол дека нејзината ќерка прегазила дете на пешачки премин и дека ќе ...

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбедноста на детските новогодишни пакетчиња. Надзорите беа спроведени во магацини за пакување на пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со овој вид призводи. Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите во пакетчето и заради некомплетни декларации, ...

Потпретседателката и пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во вчерашното интервју во „Тема на денот“ нагласи дека Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ која беше изгласана во Собранието е антидемократска и обид за политичка пресметка со опозицијата. Тренчевска, исткана дека власта користејќи дезинформации сака да ја замолчи СДСМ, а да ја сокрие својата неспособност. „Имаме една власт која од што нема резултати од својата работа е насочена исклучиво ...

Либерално-демократската партија (ЛДП) смета дека останува крајно нејасно како усвоената Резолуција во македонското Собрание ќе помогне за развој на демократијата и напредокот на државата. Овој документ, велат оттаму, не решава апсолутно ништо, не креира суштински политики и со ништо не го подобрува стандардот или благосостојбата на граѓаните. Како партија, целосно ја отфрламе хистеричната популистичка реторика која сее страв и поделби меѓу ...

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски смета дека препирките меѓу лидерот на партијата, Венко Филипче и останатите членови на партијата кои бараат негова оставка, можеа да останат во самите рамки на СДСМ. Оценува дека екс-градоначалникот и поранешен функционер на партијата, Петре Шилегов не требаше да реагира јавно, само еден ден по изборот на новото раководство на СДСМ. -Мене ми е криво што е тоа така бидејќи СДСМ и претседателот ...

Централниот одбор во проширен состав на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија синоќа одржа седница на која беа разгледани и усвоени извештаите и анализите од Локалните избори 2025 година, како и заклучоците за понатамошното политичко дејствување на партијата. Како што велат од партијата, Централниот одбор констатираше дека поставените политички цели за овие избори се реализирани и дека ЗНАМ од изборниот процес излегува посилно, поконсолидирано и ...

„Има од сѐ по нешто. Јас бев првиот што јавно кажа дека човекот не ветува. Објективно, како прв човек во Обвинителството е најодговорен за лошите состојби таму. Посебно грди беа судирите внатре во самата организација. А дека власта си сака „свој“ обвинител не е тајна“, вели во разговор за „Локално“, универзитетскиот професор, Гордан Калајџиев за заминувањето на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски од функцијата и неговиот однос со Владата ...

Во државата има компании кои остваруваат големи профити и исплаќаат високи плати на своите вработени. Анализите покажуваат дека некои газди се многу великодушни кон своите вработени и се подготвени да бркнат подлабоко во џебот. Во државата има фирми кои покрај високи плати на своите вработени им исплаќаат и 13 плата, новогодишни бонуси и многу повисок регрес за годишен одмор од минимално пропишаниот. Така на пример во некој фирми и чистачките ...

Меѓународниот кривичен суд (МКС) денес изрази жалење поради одлуката на администрацијата на Соединетите Американски Држави да воведе нови санкции врз судијата Гочи Лордкипаниѕе од Грузија и судијата Ерденебалсурен Дамдин од Монголија, наведувајќи дека ова е сериозен напад врз независноста на оваа меѓународна судска институција и дека го загрозува системот на Римскиот статут. Во соопштението на официјалната веб-страница на МКС се наведува дека ...

Протестот против владата во центарот на Софија заврши со изведба на бугарската химна. Организаторите посочија дека нема да има поворка. Претседателот на „Продолжуваме со промените“ Асен Василев, исто така, пееше од сцената. За време на протестот, беше упатен апел до луѓето да станат волонтери на евентуалните предвремени избори следната година за да се гарантира фер гласање. Кога беа споменати имињата на претседателот на ГЕРБ Бојко Борисов, ...

По враќањето на власт на Српската листа, партија поддржана од Србија, четирите северни општини одлучија да ја напуштат Заедницата на косовски општини, објави КосоваПрес. Се очекува одлуките да бидат разгледани од Министерството за локална самоуправа, кое ќе одлучи за нивната законитост и спроведување. Општинскиот совет на Звечан со мнозинство гласови ја одобри одлуката општината да се повлече од Заедницата на косовски општини, со 14 гласа ...

„Правењето „државни непријатели“ од медиумите кај кои на некој од СДСМ не му се допаднал насловот е вршење притисок врз медиумите и нивно непотребно етикетирање. Како здружение на онлајн медиуми, уште еднаш ја упатуваме СДСМ доколку смета дека некој медиум ја „преминал линијата“ да се обрати до соодветните регулаторни тела и до соодветните институции. Во спротивно, начинот на кој се обраќа и комуницира со медиумите ќе стане начин на обраќање ...

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари, а првото искуство со алкохол го имале на 13 години. Ова се дел од наодите од последниот извештај од Европскиот проект за истражување во училиштата за алкохол и други дроги – ЕСПАД 2024, што го презентираше денеска Институтот за јавно здравје. ЕСПАД е најстарата истражувачка иницијатива во Европа посветена на следење на трендовите на употреба на супстанции кај адолесцентите, основана во 1995 ...

СДСМ со реакција откако премиерот Христијан Мицкоски објави дека Апелација ја потврдила судската пресуда по неговата тужба против партијата за клевета. Велат дека премиерот „го зеде судството и обвинителството во свои раце па сега се фали со добиени судски пресуди против СДСМ“. -Па нормално дека Мицкоски добил пресуда. Но баш чудно, зошто токму денес го објавува овој голем „успех“ на судството на Мицкоски, велат од СДСМ. -Токму кога ...

Словенија ќе „поддржи какво било решение кое би можело да доведе до прекин на војната во Украина“, но ќе го почитува ставот на Белгија, изјави денес словенечкиот премиер Роберт Голоб, цитиран од Ројтерс. Голоб додаде дека замрзнатите руски средства се најсилната алатка што Европската Унија ја има на располагање за да ја постигне оваа цел. Европската комисија предложи да се користат замрзнати средства на руската централна банка, кои претежно ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на брифинг во Брисел изјави дека имал билатерална средба со белгискиот премиер Барт де Вевер. Тој ги опиша разговорите како „добри“, но додаде дека не успеал да го убеди да ги повлече своите приговори за користење на блокираните руски средства за репарацискиот заем за неговата земја. Украинскиот претседател посочи дека можеби ќе биде потребно малку повеќе време, но нагласи дека одлуката треба да се ...

На прес-конференција по завршувањето на денешниот состанок, на кој ЕЦБ ги задржа каматните стапки непроменети, претседателката на централната банка Кристин Лагард изјави дека економијата на еврозоната е отпорна и во „добра состојба“ и се очекува да продолжи да расте, предводена од секторот на услуги. Таа, исто така, истакна дека тензиите во глобалната трговија веројатно ќе имаат негативно влијание врз растот во еврозоната оваа и следната ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на конститутивната седница на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) едногласно е избран за нов потпретседател на организацијата. Герасимовски се заблагодари на членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС за укажаната доверба и ја потврди својата заложба функцијата да ја извршува во интерес на граѓаните. „Очекувам новиот состав на ЗЕЛС да биде на висина на својата задача и да ...

Последната пленарна седница на албанскиот парламент за оваа година беше обележана со хаос, дебати и физички судири, објави Euronews Albania. Уште пред почетокот на седницата, пратениците од опозицијата на Албанија се обидоа да седнат на министерските места во парламентот, по што се судрија со Националната гарда, која е одговорна за безбедноста на високите функционери, кои се обидоа да ги отстранат оттаму. И покрај напорите на безбедносните ...

Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка за кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик против едно лице на возраст од 36 години. На 15 декември, околу два часа по полноќ, осомничениот влегол во незаклучена куќа на улицата „Елпида Караманди“ во Битола, пребарувал низ спратот и пронашол и одзел 2.500 денари. Сопственикот го затекнал при кражбата, па осомничениот, со намера да ги задржи ...

На денешното Генерално собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевски повторно ја доби довербата да ја води организацијата. Тој им се заблагодари на членовите на Управниот одбор за поддршката, како и на новоизбраните потпретседатели Изет Меџити и Горан Герасимовски. Во изјава за медиумите по одржаното Собрание, Ѓорѓиевски рече дека почнала ревизијата во „Комунална хигиена-Скопје“ и информира дека „ако во ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
4.63
81%
1009
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
8.75
80%
1007
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
89%
1003
weather icon

Софија

0ᴼ / -1ᴼ
5.14
71%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.0
89%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.0
91%
1002
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
1.34
76%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
82%
1008
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1008
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
2.06
88%
1011
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
82%
1005
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
4.63
72%
1011
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

11.89

Цинк

3.32

Калај

48.33

Алуминиум

3.13

Сребро

2586.53

Платина

67130.76

Злато

161412.82

Кобалт

64.04

Иридиум

213919.04

Родиум

334367.76

Паладиум

54688.42

Рутениум

45750.51