Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Најмалку едно лице загина денеска кога мал авион се урна на покривот на куќа во Гандеркезе, во германската покраина Долна Саксонија. Според полицијата, сè уште не е јасно дали жртвата бил пилотот, објавува „Билд“. Малиот авион изгубил висина и го пробил покривот на зградата под агол, кабината на авионот била целосно уништена, крилата паднале, а делови биле расфрлани насекаде наоколу. Постојат индикации дека во авионот имало уште едно лице ...
Вчера во 17:15 часот во Прилеп, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Т.(50) од Прилеп, вработен во АВРСМ, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп”. Според пријавеното, тој на 47-годишно лице од Прилеп, невработено и примател на социјална помош, од април до јули во неколку наврати побрал и примил поткуп за да не му ја укинат социјалната помош затоа што од здравствени причини одбил работно место во фабрика во Битола. ...
Германскиот производител на батерии Варта поднесе барање за стечај. Ова се случи откако последниот обид за спасување на компанијата не успеа, поради што сега се соочува со закана од целосно затворање и распродажба на имотот. Varta AG објави дека поднела барање за привремен стечај под сопствена администрација. Раководството на компанијата уверува дека целта на оваа одлука е да се обезбеди економската иднина и продолжувањето на работењето. ...
Интернационалната индиска телевизија DD India подготви кратка репортажа за Националниот археолошки музеј, претставувајќи го богатото културно и археолошко наследство што го чуваме и презентираме пред домашната и светската јавност. „Репортажата беше реализирана по повод државната посета на претседателката на Република Индија, Дроупади Мурму, на Република Македонија – прва официјална посета на индиски претседател на нашата земја. Во неа, ...
Андреа Пирло е новиот селектор на италијанската фудбалска репрезентација. Службената потврда се очекува во понеделник или вторник, а според информациите, сите детали околу четиригодишниот договор се веќе договорени. Светскиот првак од 2006 и европски вицепрвак од 2012 ќе ја води „азурната“ селекција со годишна плата од 1,5 милиони евра. Пирло стана главен кандидат откако Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола ги одбија понудите. Анчелоти неодамна ...
Во првата половина од 2026 година Холивуд се соочи со големи финансиски загуби поради филмските неуспеси. На петто место се најде филмот „Меланија“. Автобиографијата оствари заработка од околу 16,7 милиони долари, со буџет од 40 милиони долари. Филмот беше претставен во над 20 земји, но со мал интерес од публиката. Веднаш под него е „Невестата“, во режија на Меги Џиленхол, со Џеси Бакли и Кристијан Бејл во главните улоги. Филмот заработил ...
Наместо 2-ри август кој доаѓа во недела по повод Празникот Илинден, неработен ќе биде понеделник 3-ти август со што сите граѓани добиваат продолжен викенд. Подоцна за граѓаните од православна вероисповед следува празникот Успение на Пресвета Богородица кој се паѓа во петок, со што за голем дел од граѓаните се создава уште еден продолжен викенд. Во септември пак имаме важен неработен ден по повод Независноста и тоа на 8-ми септември кој се ...
Поради катастрофалните шумски пожари што беснеат во југозападна Европа, властите во Франција и Шпанија наредија евакуација на повеќе од 220.000 луѓе, објави Би-Би-Си. Само во Франција, речиси 60.000 жители мораа да ги напуштат своите домови во близина на Бордо, а претседателот Емануел Макрон ја ангажираше и војската во борбата против огнената стихија. Во меѓувреме, ситуацијата е драматична и во Шпанија, каде што три големи пожари западно од ...
Четириесет лица се повредени откако патнички автобус се превртел на автопатот Кирикале – Самсун во Турција, откако возачот изгубил контрола над возилото. Несреќата се случила во близина на населбата Кимески, а во автобусот во моментот на несреќата се наоѓале вкупно 42 лица, меѓу кои и тројца вработени во транспортната компанија. На местото на несреќата веднаш пристигнале екипи на итната медицинска помош, полицијата, жандармеријата, ...
Австрија е против брзото пристапување на Украина во Европската Унија, изјави австриската министерка за европски прашања Клаудија Бауер, упатувајќи критики до украинскиот претседател Володимир Зеленски дека инсистира на брзо членство. Мојот впечаток е дека украинскиот претседател, во последните месеци, често го привлекуваше вниманието кон себе сакајќи да диктира датум за пристапување во ЕУ. Забрзаното пристапување што тој го бара очигледно не ...
Жена која му викаше на британскиот политичар Најџел Фараж од прозорецот на својот автомобил, беше вклучена во сообраќајна несреќа неколку моменти подоцна, откако не успеа да застане на време и се судри со ред автомобили на црвено светло. Фараж објави видео на социјалните мрежи од себе и неговите соработници како стојат покрај патот. Додека сива Опел Астра поминува покрај него, жената го спушта прозорецот и му вика навредливо. Но, потоа, таа ...
Во првата половина од годинава во Албанија влегле 9.166.350 албански и странски посетители во или 6,6 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Според податоците објавени од државниот институт за статистика(ИНСТАТ), во периодот јануари-јуни, во земјата влегле 5.059.069 странски државјани, што претставува зголемување од 6,2 отсто додека влезот на албански државјани изнесува 4.107.281, што е зголемување од 7,1 отсто. Само во ...
По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, денес организиравме бесплатен панорамски разглед на градот – патување низ историјата, спомените и духот на старо Скопје, вели градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. -Со панорамски автобус и стручно водство од туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните имаа можност да дознаат како изгледало ...
Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се реализира со забрзана динамика. Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски по извршениот увид. Паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите. Во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се ...
СДС денес го испрати мали Фрчко, да дели совети за како треба да се прослави независноста на државата, а не му кажаа да побара одговорност од Валбон Лимани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во ниту еден момент од СДС не побараа одговорност од градоначалникот на Гостивар, за скандалот кој се случи со водата, и продолжуваат да го заобиколуваат Лимани. Во коалиција со ДУИ и Таравари, се обидуваат и оваа криза да ја претворат во алатка за да си собираат ...
Канадска државјанка од кинеско потекло, која била на пракса во објект на НАТО во Белгија, е уапсена под обвинение за шпионажа, објавија белгиските обвинители. „Таа е осомничена за шпионажа во име на трета земја и за членство во криминална организација“, објави обвинителството. Од таму додаваат дека дополнителни детали за жената, вклучително и нејзиното име, нема да бидат објавени во овој момент. Обвинителите рекоа дека осомничената била ...
Вкупното бруто-производство на електрична енергија во земјава во мај годинава изнесувало 462.653 мегават-часови, што претставува 96,5 отсто од вкупната бруто-домашна потрошувачка на електрична енергија. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 96.5 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија, информира ...
Скандалот со водата во Гостивар беше само причина Венко Филипче и актуелното раководство на СДС да се јавуваат во јавност и да лажат, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „СДС и Филипче мислат само како да стигнат до политички поен плус. Но, треба да им е јасно дека тоа не се прави со лаги и немање свест за своите грешки.Сега во контекст на гостиварскиот скандал, повторно кажуваат само лаги како онаа последната дека во велешкото ...
Водата веќе не е за пиење во 7 населени места во Македонија. Гостивар, Валандово, Крушево, Пласница, Прилеп, Лешок, Преглово. Прашање е кој град е следен. Бидејќи изворот Студенчица го користат и Кичево, Македонски Брод, Долнени ризикот е дека и за овие места водата може да биде загадена. Мицкоски отвора базени додека во седум населени места водата е неисправна за пиење а низ Лепенец и Вардар тече бела пена. Отровот стигна и до главниот град ...
Сѐ уште е на сила забраната за пиење и домашна употреба на водата во Крушево откако Центарот за јавно здравје од Прилеп констатира дека бактериолошки е неисправна. Така ќе биде додека не стигнат сите три последователни примероци за анализа, потврдуваат од Центарот. Причината за ваквата состојба е прекин во работата на системот за хлорирање, предизвикан од прекин во снабдувањето со електрична енергија, соопштија од ЈП „Комуна“ – Крушево. ...
Брутално убиство на италијански новинар ја потресе јавноста во Италија. Луиџи „Лука“ Еспозито бил убиен минатиот викенд, а неговото запалено тело е пронајдено на 19 јули на земјоделско земјиште во близина на Еболи, во покраината Салерно. Истражителите сметаат дека Еспозито бил жив во моментот кога било запалено неговото тело, иако бил во критична состојба по брутално претепување и давење, пренесе Мирор. Обдукцијата покажала дека причината за ...
Утрово низ центарот на Скопје, противпожарните служби беа забележани како ги санираат преостанатите оштетувања по силното невреме кое пред неколку дена го зафати главниот град. Тие беа забележани како го поправаат часовниот на Музејот на Град Скопје. Инаку од невремето, една од стрелките, онаа која ги покажува минутите, беше оштетена. Освен часовникот на Музејот, беа повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на ОЈО ГОКК, ...
Градот Дубаи презема драматични и скапи чекори за да го врати рекордниот број туристи, кој нагло се намали од почетокот на војната со Иран, нудејќи патни бенефиции во вредност од над 800 долари за посетителите кои ќе влезат во земјата од сега до крајот на октомври. Нова програма наречена „Покана за Дубаи“ им овозможува на жителите на ОАЕ да номинираат пријатели и членови на семејството да го посетат Дубаи и да им обезбедат бенефиции во ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во изјава за порталот „Плусинфо“ се огласи откако неговиот став дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка, соопштен на прес-конференција, дел од медиумите го протолкуваа како промена на позицијата на македонската дипломатија во однос на пристапниот процес кон ЕУ. На прашањето на Плусинфо во што се состои е разликата меѓу неговото тврдење и тезите на Бујар Османи, ...
Претседателот на САД Доналд Трамп ѝ се закани на ЕУ со „значителни“ царини откако, како што наведува, Брисел им наметна серија високи казни на американските технолошки гиганти. Во објава на неговата платформа Truth Social, американскиот претседател напиша: Соединетите Американски Држави не се „касичка“ за Европа, ниту пак ќе дозволиме да бидат!“ – Европската Унија повторно, како и обично, директно ги напаѓа ОДЛИЧНИТЕ американски компании! ...
Бура со силни ветрови и дожд погоди делови од Грција и главниот град Атина во петокот попладне, предизвикувајќи проблеми за жителите и туристите, објавија грчките медиуми. Значителни количини на врнежи беа забележани главно во централна и северна копнена Грција, а Националната опсерваторија во Атина регистрираше десетици илјади удари од гром, објави Катимерини. Жителите на Лариса, Фтиотида и островите Евија и Скирос, исто така, добија ...
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера извршиле претрес во дом и други простории во скопско Арачиново, при што биле пронајдени над два килограми марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи. Претресот бил спроведен по наредба на Основниот кривичен суд Скопје во домот и други простории што ги користел Б.Н. (25) од Арачиново. При акцијата, покрај над два ...
Полицијата синоќа во 19.30 часот во близина на крстосница од локален пат с.Богородица-Гевгелија и регионален пат Гевгелија-Богданци, го лишила од слобода Д.К.(36) од Струмица поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик. -При контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од пакистан, две од ...
Сточарите бараат итна вакцинација на овците за да се спречи ширењето на болеста сипаници кај малите преживари. Предупредуваат дека ситуацијата е алармантна. На состанок во АХВ тие се пожалиле дека обесштетувањето е многу ниско. – Ситуацијата е алармантна. Бараме што поитно да се спроведе вакцинација кај овците. Државата не е подготвена да ја спречи болеста која секој ден се повеќе се шири. Има сериозни проблеми околу организацијата. Денеска ...
Леброн Џејмс потпиша двегодишен договор со Филаделфија 76ерс, со што ќе ја започне својата рекордна 24. сезона во најсилната кошаркарска лига во светот. “ESPN“, објави дека договорот е вреден осум милиони долари и содржи играчка опција за втората година, што му овозможува на Џејмс повторно да стане слободен агент следното лето доколку така одлучи. „Мислев дека завршив кога заврши сезоната. Не бев подготвен веднаш да го кажам тоа, но ми ...