Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека од денеска, американските царини за српска стока, кои изнесуваа 35 проценти од август минатата година, ќе бидат нула проценти. „Добрата вест е дека царините за Србија се нула проценти. Во одреден период, секако, во иднина ќе бидат помеѓу 10 и 12 проценти, но засега и за некое време, додека нашите разговори продолжуваат, ќе бидат нула проценти“, рече Вучиќ во гостувањето на РТС. Тој ...

Министерот за социјална политика, Ѓоко Велковски уверува дека средствата на осигурениците во Вториот пензиски столб се гарантирани со закон и Устав, дури и во случај на евентуални промени во пензискиот систем. Во вчерашното гостување на ТВ Сител, Велковски посочи дека средствата на осигурениците се нивна лична сопственост и дека се заштитени и со законски и со уставни гаранции. Одговарајќи на прашање дали парите би биле наследни доколку ...

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Според АМСМ, интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица е забележана зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата изнесува околу два часа. На граничниот премин Табановце, пак, за влез во ...

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека не верува оти Кина или Русија се вмешани во конфликтот во Иран, но предупреди дека доколку се вмешаат, „тоа би било многу лошо за нив“. „Претседателот Шји, за време на нашата неодамнешна средба во Пекинг, Кина, ми рече дека под никакви околности нема да ѝ обезбедува или продава оружје на Исламската Република Иран – а таа изјава ги вклучуваше и кинеските компании“, напиша Трамп на социјалната ...

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири со досега невидено темпо. За нешто повеќе од два месеци починале 1.033 лица, што, според светските агенции, е најбрзо достигнување на бројката од илјада жртви во историјата на регистрираните епидемии на оваа болест. Од прогласувањето на епидемијата на 15 мај досега се потврдени 2.536 случаи, покажуваат податоците на Министерството за здравство на Конго. Стапката на смртност изнесува ...

Во полициска акција спроведена денеска во Скопје, полицијата заплени околу пет килограми марихуана, а лишени од слобода се две лица – татко и син, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, по наредба од Основниот кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом и други простории што ги користел С.Љ. (51) од ...

Македонска државјанка е уапсена во Црна Гора откако било пријавено дека со автомобил прегазила куче во населба во Улцињ, а потоа се обидела да ја напушти земјата. Полицијата брзо го пронашла возилото, ја идентификувала жената и ја спречила да ја премине границата. Од Полициската управа на Црна Гора информирале дека околу 16 часот добиле пријава дека едно лице со возило прегазило куче кое било во сопственост на граѓанин. Полициските ...

Според проценките на стручните екипи кои работат на терен, до крајот на оваа недела се очекува жителите на Гостивар да добијат техничка вода, додека до крајот на следната недела би требало да биде воспоставено и нормално снабдување со безбедна вода за пиење, изјави директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска.. Во гостување во дневникот на ТВ Сител директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, посочи ...

Институтот за јавно здравје двапати излегол на терен во Гостивар за да земе примероци од водата. Првото земање било извршено минатиот четврток попладне на четири локации, а второто во понеделникот на две локации, претежно на јавни површини. Според Андоновска, резултатите се разликуваат во зависност од местото од кое бил земен примерокот. „На одредени места има отстапувања во микробиолошките параметри и во нивото на резидуален хлор. Добро е ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, изврши увид во градежните активности за реализација на еден од најзначајните проекти за ревитализација на Старата скопска чаршија. Работите влегоа во првата фаза, која опфаќа изградба на нова водоводна и канализациска мрежа. Во следните фази ќе следуваат реставрација на калдрмата, поставување ново осветлување во традиционален стил и уредување на јавниот простор, со цел модернизација на ...

Во Гостивар во следните недели може да се појават случаи на хепатит А и хепатит Е како задоцнета последица од загадувањето на водата, предупредува Комисијата за заразни болести. Засега нема регистрирани ниту потврдени случаи на овие заболувања, но здравствените власти најавуваат засилен епидемиолошки надзор поради периодот на инкубација на вирусите што можат да се пренесат преку загадена вода. Претседателката на Комисијата за заразни ...

Необична временска појава денеска е забележана на Шар Планина, каде што на 24 јули падна снег на највисоките делови над Попова Шапка. Станува збор за ретка глетка за овој период од годината, а побелените предели привлекоа големо внимание кај граѓаните и посетителите на планината. Информацијата ја објави метеорологот Славчо Попоски, кој истакна дека неговите прогнози за оваа појава се оствариле. „Верувале или не: Денес, на 24 јули, на Шар ...

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, на вчерашната конференција за печатот посветена на монетарната политика, одговарајќи на новинарско прашање, го истакна проектот за воспоставување регионална инфраструктура за инстант плаќања на Западен Балкан и го потврди очекуваното приклучување на Северна Македонија кон платформата клонот на ТИПС. Во своето обраќање, претседателката Лагард посочи дека по успешното ...

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, ја поздрави одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, со која Охридскиот Регион не беше впишан на Листата на светско наследство во опасност и доби дополнителен рок до 1 февруари 2031 година за исполнување на препораките. Пецаков оцени дека ваквата одлука е резултат на заедничките напори на локалната и централната власт, институциите и сите вклучени чинители, нагласувајќи дека таа ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека започна темелната реконструкција на улицата „101“ во Волково, која, како што посочи, за првпат се обновува откако е изградена. Според Ѓорѓиевски, реконструкцијата опфаќа делница подолга од 1.000 метри, на која ќе се изгради нов коловоз, ќе се постават попивателни бунари, ќе се уреди просторот кај последната станица на автобусот со број „22“, а ќе биде поставена и нова ...

Министерот за здравство Сашо Клековски, денес одржа средба со претставници на матичните лекари и Управата за електронско здравство Мој Термин, на која се разговараше за можноста матичните лекари побрзо и поефикасно обезбедуваат термини за специјалистички прегледи преку системот Мој термин. На средбата, на која учествуваа претставници на ЗЛОМ и ЗПЛРМ, од Управата за електронско здравство беше разговарано и за посебни алатки за пребарување на ...

Непозната материја од реката Лепенец се влеала во Вардар, по што инспекциските служби на Град Скопје веднаш излегле на терен. За случајот биле известени и инспекторите од Министерството за животна средина, а екипи на ЈП „Водовод и канализација“ зеле примероци од реката за да утврдат за каква материја станува збор. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека бил пуштен и дрон за откривање на причинителот. Тој најави дека ...

Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес го доведе во прашање образложението на Вашингтон за воведување нови царини за европски стоки. Според неа, обвинувањата за недостаток на контрола врз принудната работа во ЕУ се неосновани. Не можете да го кажете тоа за ЕУ, изјави Каја Калас за Ројтерс на маргините на самитот на АСЕАН во Манила. „Ако ги споредите законите за труд во ЕУ со ...

Поради најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за појава на нестабилно време, проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, апелираме до граѓаните да не ги паркираат своите возила под дрвја и да избегнуваат задржување во близина на висока вегетација, со цел да се намали ризикот од евентуални несакани последици, стои во објавата на ЈП „Паркови и зеленило“. Од таму велат дека доколку граѓаните забележат паднато дрво, ...

Жена од Врање останала без повеќе од 24.000 евра откако станала жртва на телефонска измама. Измамниците ја убедиле дека нејзината ќерка е повредена во Шпанија и дека итно мора да обезбеди пари. Според информациите од полицијата, жената добила повик од непознат број, по што измамникот ѝ дал инструкции како да постапи. Таа, верувајќи дека се работи за итна ситуација, пред зграда оставила црна кеса во која имало 23.000 евра и 240.000 динари. По ...

На 24.07.2026 околу 01:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Долно Блаце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со косовски национални ознаки, управувано од К.Ц.(33) од Косово и патничко возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, управувано од С.Ј.(61) од Косово. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото ...

Во екот на летната туристичка сезона, кога традиционално се зголемува обемот на туристички услуги и обемот на приходи од нив, Управата за јавни приходи информира дека спроведува координирани активности насочени кон поттикнување на доброволната даночна усогласеност и обезбедување еднакви услови за вршење дејност. Во фокусот на активностите се приходите што физичките лица ги остваруваат од краткотрајно издавање сместувачки капацитети – ...

Славчо Попоски на социјалните мрежи објави снимка од пределот над Попова Шапка, посочувајќи дека на повисоките делови од планината паѓа снег. „Верувале или не: Денес 24 јули на Шар Планина, и тоа над Попова Шапка паѓа снег“, напиша Попоски во објавата. Тој истовремено посочи дека ваквиот развој на временските услови е во согласност со неговите претходни прогнози. „Прогнозите мои се остварија“, наведе Попоски. Славчо Попоски на социјалните ...

Тројца мажи денеска се осудени на вкупно 30 години затвор за убиството што го извршија минатата година пред казино во центарот на Кавадарци. Основниот суд Кавадарци донесе првостепена пресуда со која тројцата кавадарчани Д.Б. (27), М.Ѓ. (36) и Д.С. (28) ги прогласи за виновни за убиството и на секој од нив му изрече казна затвор од по 10 години. Од судот информираат дека во текот на постапката немало признание на вина. По изрекувањето на ...

Прилепската касарна „Мирче Ацев“ доби нов хангар со површина од околу 14.000 квадратни метри за складирање и заштита на армиската опрема, со што се исполнети потребните стандарди за нејзино чување, информираше министерот за одбрана Владо Мисајловски при денешната посета на касарната. Мисајловски, кој беше придружуван од командантот на 1. Пешадиска бригада, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски, изврши увид во новиот објект и посочи дека ...

Силното невреме и ветерот што денеска го зафатија охридскиот регион создадоа големи бранови во Охридското Езеро. Видеото кое го сподели познатиот метео прогнозер, Славчо Попоски ја покажува силата на временските непогоди што попладнево го зафатија овој дел од земјата. Инаку снимката е направена од кампот Градиште. Силното невреме и ветерот што денеска го зафатија охридскиот регион создадоа големи бранови во Охридското Езеро. Видеото кое ...

Македонската пошта реагираше на, како што наведуваат, изјавите на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, оценувајќи дека наместо факти тој пласира дезинформации и политички напади кон институцијата. Од Пошта соопштија дека прекинот во работењето, кој траеше три дена, бил предизвикан од сериозното невреме и техничките последици што ги оставило, а не поради други причини. Посочуваат дека од денес работењето е целосно нормализирано и дека сите ...

Шпанија прогласи вонредна состојба во главниот град Мадрид и во уште еден регион поради шумските пожари. – Живееме во драматична ситуација, не само во различни шпански покраини, туку и во регионите на соседните земји, објави шпанскиот премиер Педро Санчез на платформата Икс, алудирајќи на пожарите во Франција и Италија. 👩🚒 Durante la noche, nuestras unidades han realizado misiones de ataque directo sobre frente de llama y protección en ...

Во понеделник наутро ќе штрајкуваат грчките царински службеници на граничните премини. За ова известување стигна од нашето Министерсто за внатрешни работи. Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, на 27.07.2026 (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија). ...

Водата од градскиот водовод на Валандово од денес е повторно во целосна употреба, согласно документот издаден од надлежната Агенција за храна и ветеринарство, со кој се укинува досегашната забрана за пиење на водата, соопшти денес на прес-конференција градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев. Првичната информација се објави во средата преку соопштение на ЈП „Комунален сервис“ од Валандово, во кое беше наведено дека согласно добиени ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42