Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Човечки череп и други предмети биле пронајдени во атарот на струшкото село Лабуништа. Наодот бил откриен кај Подгоречкото Езеро, во близина на македонско-албанската граница. Надлежните институции преземаат мерки за да се утврдат идентитетот на починатото лице и околностите поврзани со случајот. Черепот бил пронајден на 25 јули 2026 година од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор во Лабуништа. На истата локација биле ...
Шест лица од селото Просениково се осомничени дека насилно упаднале во дом во струмичкото село Сарај, претепале шестмина возрасни и две деца и се обиделе против нејзина волја да одведат жена. При полициската интервенција, еден од осомничените нападнал и двајца полициски службеници. Сите шестмина биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица во Струмица. Инцидентот се случил на 24 јули околу 21.20 часот во куќата на К.Ѓ. во селото ...
Сообраќајната полиција наскоро ќе може на лице место да проверува дали возач управува под дејство на дрога, со брз тест од плунка што дава резултат за три до 10 минути. Министерството за внатрешни работи веќе нарачало 10.000 вакви тестови, кои треба да пристигнат во првата половина на август. Еден тест чини 218 денари, а ќе се користи за првичен скрининг на возачи за кои полициските службеници ќе се посомневаат дека се под дејство на ...
Кумановка возела 5-годишо дете на четирицикл, изгубила контрола, се превртеле, при што детето е тешко повредено. „На 25.7.2026 година околу 20:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница меѓу улиците Козјачка и Велко Стаменковски во селото Доброшане, кумановско, 30-годишната С.П. од с. Доброшане, управувајќи четирицикл со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и се превртела на коловозот. Во несреќата со тешки ...
Осум лица биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие во одделни полициски акции спроведени во Скопје и тетовско, откако кај нив била пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во Скопје, на повеќе локации, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Ј.Ч. (47), А.Б. (19), Ф.Р. (27), Н.К. (19), М.О. (26), сите од Скопје, како и В.М. (35) од селото Морани. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени кафеава ...
Помина време во Македонија кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти и се натпреваруваа меѓусебно кој ќе летува во поскапо летувалиште. Дојдено е време за одговорен пристап и отчет пред граѓаните, да ги слушнеме сите нивни видувања, сите позитивни и негативни критики, порача лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски во изјавата за медиумите пред почетокот на панел дискусија „Европска ЗНАМ, европска иднина, европска Македонија“, која се ...
Опозицијата се претвори во тажно и несреќно друштво кое конструира лаги и шири хистерија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги реакциите на СДСМ по одлуката на УНЕСКО, Охрид да го задржи статусот на светско културно наследство. – По робусна, интензивна дипломатска активност добивме одложување Охрид да биде ставен на листата загрозено светско културно наследство. По три години, во 2029-та, ќе имаме мониторинг мисија, да ...
Семејствата кои сакаат да патуваат на море ова лето, без да го надминат планираниот буџет, можат да заштедат најмногу во Португалија, Бугарија и Шпанија, според најновиот извештај за семејни одмори на „Post Office Travel Money“ за 2026 година, пишува „Daily Mail“. Истражувањето опфати 22 популарни европски одморалишта и ги спореди трошоците за десетте најчести туристички трошоци – вклучувајќи ручеци, вечери, кафе, пиво, вино, безалкохолни ...
Во своето прво интервју како премиер, Енди Бернам вели дека би бил спремен да му се спротивстави на американскиот претседател Доналд Трамп за да го заштити „националниот интерес на Велика Британија пред сè“ доколку тоа е правилно. Во ексклузивно интервју за Би-Би-Си, новиот британски премиер рече дека имал добар прв разговор со Трамп по неговиот реизбор. Но, кога двапати беше прашан дали би му верувал на американскиот претседател, тој не ...
Денес, со длабока почит и пиетет, се сеќаваме на жртвите од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година, напиша премиерот Мицкоски на социјалните мрежи. -Тој трагичен ден остави неизбришлива болка, но истовремено покажа дека кога сме обединети, можеме да ги надминеме и најголемите предизвици. Солидарноста што тогаш ја покажаа граѓаните и помошта што пристигна од целиот свет засекогаш го вградија Скопје меѓу ...
Скопјанец ја влечел мајка си дваесетина метри со возило, при што жената е повредена. Полицијата го уапси насилникот. „На 25.7.2026 година во 20:30 часот во село во општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Д.(24) од скопско село. Тој се сомничи дека околу 18:50 часот во селото, преку отворен прозорец на возилото „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, ја фатил неговата 42-годишна мајка и со ...
Средствата обезбедени преку краткорочна позајмица од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и од сопствени извори на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ќе бидат искористени за сервисирање на обврски кон кинеска банка поврзани со изградбата на автопатите, а во текот на август ќе им бидат вратени на компаниите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање за намената на средствата, Мицкоски посочи дека не ...
Во Прилеп е огромен интересот за мерката од владиниот оперативен план за вработување и раст на правните субјекти, велат од прилепскиот Центар за вработување. Според Виолета Димеска, директорка на Центарот мерката, која заврши во петокот, привлече за 20 повеќе апликации од лани. Нуди финансиска поддршка на претпријатијата за отворање нови работни места и за вработување нови лица. -За мерката оваа година е доста голем интересот во споредба ...
Пожарот во француската покраина Жиронд продолжува да се шири кон Бордо, а локалните власти разгледуваат повеќе можни сценарија, меѓу кои и целосна евакуација на градот доколку ситуацијата дополнително се влоши. Портпарол на градската управа изјави дека во моментов се анализираат сите можни насоки во кои би можел да се развива пожарот. Меѓу нив е и евентуално целосно евакуирање на Бордо. Густ чад веќе се чувствува низ градот, а квалитетот на ...
„Јас сакам само да упатам честитки на работата на градоначалникот бидејќи би рекол за овие неколку месеци се направија големи чекори во проекти коишто беа до никаде, односно беа заглавени и со посветена работа, можам да кажам дека за овие неколку месеци откако Орце е градоначалник се гледа огромен напредок, еве како што самите слушнавте до Нова година очекуваме не само овој проект туку уште други 2, па и би рекол 3 проекти ќе бидат завршени“, ...
Пожарот што избувна во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али. Според него, веднаш по пријавата за пожарот, ЦУК ги контактирал и ги координирал надлежните институции, додека Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала на терен. Али информира дека бил присутен на местото на настанот заради координација на активностите и следење на состојбата. Како што ...
На 25.07.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 18:00 часот кај место викано „Србиново“ во атар на с.Уланци, општина Градско, С.Л.(81) од Градско, управувајќи трактор со приколка , изгубил контрола и со тракторот излетал од патот. Од здобиените повреди, С.Л. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено ...
Шеснаесетгодишно момче од скопското село Кондово починало откако му се слошило за време на посета кај роднини во селото Сингелиќ, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според полициските информации, на 25 јули во 16:22 часот во СВР Скопје било пријавено од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник, кој кратко време подоцна починал. Според пријавеното, момчето било во посета кај роднини ...
Македонија е меѓу државите кои не добија дополнителни царински давачки од Соединетите Американски Држави, но тоа не значи дека тргува без царини со САД, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги информациите поврзани со царинскиот режим на САД кон земјите од регионот. Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека царините кон САД се нула додека траат преговорите, Мицкоски рече ...
Денеска, на 26 јули 2026 година, се навршуваат точно 100 години од смртта на Крсте Петков Мисирков – една од најзначајните личности во националната, јазичната и државно-политичката историја на македонскиот народ. Неговото име е неразделно поврзано со капиталното дело „За македонцките работи“, објавено во 1903 година, книга која претставува темел на современата македонска национална мисла и на идејата за кодификација на македонскиот ...
Управата за хидрометеоролошки работи предупредува на засилен ветер, со локални налети што може да надминат 60 километри на час. Граѓаните се повикуваат навреме да ги обезбедат балконите, терасите и дворовите и да бидат внимателни при движење на отворено. Саксиите, столовите, масите, тендите, чадорите и другите полесни предмети треба да бидат тргнати или добро прицврстени. При посилни налети тие може да бидат поместени, да паднат од височина ...
Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи. -Пред седум месеци клучката беше во целосна стагнација, процесите беа блокирани и имаше само 10 ...
Граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи ние и понатаму ќе продолжиме да бидеме држава со најниска цена на бензините и на дизел горивото иако тоа се берзански производи, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Ја следиме состојбата со нафтата на светските пазари и се уште остануваме земја која е со убедливо најниски цени на бензините и дизел горивото во регионот. Ако е потребно ќе реагираме онака како што и досега реагиравме иако ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува утре да биде објавено соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна за користење, посочувајќи дека во тек е процесот на хиперхлорирање на водоводната мрежа од страна на екипи на ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје. Одговарајќи на новинарско прашање по увидот во градежните активности за изградба на клучката Момин Поток, Мицкоски рече дека резултатите од досегашните анализи се ...
Весникот „Фајненшл тајмс“ објави дека Венецуела заработила 13 милијарди долари од извоз на нафта од почетокот на годината. Сите овие пари завршиле на посебни сметки во Соединетите Американски Држави, но нивната судбина останува непозната. Како што пишува изданието, теоретски, парите требало да стигнат до Венецуела. Сепак, економистите интервјуирани од „Фајненшл тајмс“ силно се сомневаат во ова, бидејќи бројките за економски раст на Венецуела ...
Романските воздухопловни сили собориле уште еден дрон што неавторизирано навлегол во воздушниот простор на Романија, соопшти денеска Министерството за национална одбрана. Станува збор за трет таков случај во последните три дена. Дронот бил соборен во 10:13 часот од борбен авион „Ф-16“ над романските територијални води на Црното Море, на околу 12 километри североисточно од Сулина. „Дронот беше безбедно уништен во националниот воздушен простор ...
По повод 63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска положи цвеќе пред Споменикот на жртвите, оддавајќи почит на загинатите во трагедијата од 26 јули 1963 година. Ѓорѓиевски порача дека Скопје и по шест децении се сеќава на жртвите од земјотресот што на 26 јули 1963 година однесе повеќе од илјада животи и зад себе остави разурнати домови и разделени семејства. За само неколку секунди беа згаснати ...
ВМРО-ОКГ се фали со извоз на земјоделски производи од 417 милиони евра. Тие резултати ги остварија земјоделците. Сами. Со мака, без вистинска поддршка од државата, се наведува во соопштението од СДСМ. Субвенциите доцнат или ги нема. Откупот е намален. ИПАРД е блокиран. Горивото и ѓубривата поскапеа, а мерки немаше, обвинуваат од опозицијата. Земјоделците работат во тешки услови, а власта сега ги презентира нивните резултати како свој успех. ...
Венко Филипче и актуелното раководство на СДС немајќи идеи што да прават ги користат актуелните настани за добивање само политички поени на нивна сметка. И скандалот во Гостивар каде токму тие со нивните партиски другари од ДУИ и Арбен Таравари се локална власт, наместо да ги погледнат своите редови и конкретно сега да побараат одговорност од градоначалникот, тие шират лаги и делат лекции, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. ...
Британскиот тешкаш Ентони Џошуа ја оствари една од најдраматичните победи во својата кариера. Откако во првата рунда се најде на работ на сензационален пораз и двапати заврши на подот, 36-годишниот боксер во втората рунда успеа со нокаут да го совлада албанскиот борец Кристијан Пренга на боксерската приредба во саудиска Џеда. Повратничката борба започна со најлошото можно сценарио. Веќе по 20 секунди од мечот, аутсајдерот Пренга го погоди ...