Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
САД се чини дека привремено ја запреа својата кампања за бомбардирање во Иран по речиси две недели непрекинати ноќни напади, објави CNN. Воените операции во моментов се „на чекање“, потврди извор од Министерството за одбрана за CNN во саботата. „Претседателот Трамп постојано повторуваше дека се залага за дипломатско решение, но сите опции остануваат отворени ако Иран продолжи со терористичките активности во Ормутскиот теснец или против ...
Пет алпинисти од Босна и Херцеговина загинале на планината Елбрус во Русија, пренесува рускиот портал Lenta.ru. Само двајца членови на експедицијата успеале да ги преживеат екстремните услови на планината. Повикувајќи се на информации од рускиот Telegram-канал Shot, руските медиуми наведуваат дека преживеале само двајца членови на алпинистичката група. Еден маж успеал самостојно да се спушти од планината и да повика помош, додека вториот бил ...
Секторот земјоделство беше еден од најзапоставените сектори што ги наследи актуелната Влада, нерешени предмети кои директно влијаеја врз егзистенцијата на земјоделците. Најголем проблем кој го остави претходната влада беа субвенциите. Кај производителите на млеко имаше неисплатени субвенции за период од околу година и пол, а над 1600 вработени во ЈП Национални шуми беа оставени без плати повеќе од 4 месеци, како и без здравствено и пензиско ...
Четириесет и шестгодишната македонска државјанка Сашка Стојановска и понатаму е задржана во полициската станица во Улцињ, откако завчера беше уапсена под сомнение дека со автомобил усмртила куче. По објавувањето на снимката од настанот на социјалните мрежи, црногорската полиција соопшти дека таа била приведена при обид да ја напушти државата. Според полицијата, по пријавата веднаш биле преземени оперативни мерки, по што возилото и возачот ...
Следните неколку часа ќе бидат клучни за ставање на големиот шумски пожар кај Мадрид под контрола, соопштија шпанските власти. „Ќе вложиме максимални напори за да ги заштитиме објектите, домовите и населените места во ова подрачје. На терен работиме непрекинато сите овие часови“, изјави Франсиско Мартин Агире, претставник на шпанската влада во Автономната заедница Мадрид. Говорејќи од командниот центар во Навалкарнеро, тој нагласи дека ...
Федерацијата на грчките царински службеници (ОТИЕ) најави четиричасовен прекин на работа во понеделник, 27 јули, од 7:30 до 11:30 часот по грчко време (6:30 до 10:30 по македонско време), поради прекувремени часови кои не се исплатени веќе четири месеци. Штрајкот е на национално ниво и ги опфаќа сите гранични премини, аеродроми и пристаништа низ Грција. ОТИЕ едногласно одлучи да организира четиричасовна предупредувачка стапка на почетокот на ...
Локалната иницијатива „И Здравје и Работа“ смета дека јавната дебата за проектот за рудникот за бакар „Иловица–Штука“ предолго е заложник на стравови, шпекулации и дезинформации, наместо на научни факти, современи технологии и институционални процедури. Денес, современото рударство нема ништо заедничко со практиките од минатото. Технологиите што се применуваат во најразвиените земји овозможуваат високо ниво на заштита на животната средина и ...
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека изградбата на автопатот Охрид-Кичево се реализира со забрзана динамика. -Ги финализираме галериите, најтешкиот и најкомплицираниот дел од автопатот Кичево – Охрид. Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи. Наскоро отвораме за сообраќај уште 10 километри автопат. Ја градиме Македонија!, објави на социјалните мрежи Николоски. ...
Возило влета во толпа синоќа за време на одржувањето на Парадата на гордоста во Берлин, при што едно лице загина, а најмалку 16 се повредени, поради што полицијата ја прекина манифестацијата неколку часа по нејзиниот почеток. Полицијата соопшти дека дел од повредените се во животна опасност. 🇩🇪 🏳️🌈 MASS CASUALTY EVENT AT BERLIN PRIDE PARADE A car rammed attendants of the Berlin Pride parade, several pople are reported injured. Police and ...
Скопје денеска ја одбележува 63. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Во рамки на одбележувањето, делегација на Собранието составена од пратениците Сергеј Попов и Даниела Николова, во 10 часот ќе положи венец со цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на гробиштата во Бутел. Во исто време, цвеќе ќе положат и претставници ...
Потребни се строги контроли и инспекции за да не се повтори сликата од невремето кога граѓаните беа сведоци на откорнати кровни конструкции, вели скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски во „Тема на денот“ на ТВ Сител. Тој посочи дека Град Скопје нема градежна инспекција и дека прашањето е дискутирано повеќе пати со ресорните министри, но дадени се, како што рече, насоки до локалната власт. „Дадов јасна насока на сите скопски општини кои ...
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Најголема фреквенција на возила е забележана на граничниот премин Богородица, каде што за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту за влез ниту за излез од државата. Интензитетот на сообраќајот на патните правци ...
Парадата на гордоста во Берлин беше прекината откако возило влегло во зоната на настанот и удрило во група луѓе во близина на паркот Тиергартен. Според првичните информации, повредени се повеќе лица, но засега нема официјални податоци за нивниот точен број ниту за тежината на повредите. Организаторите ја откажаа преостанатата програма и побараа присутните мирно да ја напуштат областа. Инцидентот се случил околу 22 часот во близина на ...
Германскиот индустриски сектор губи околу 15.000 работни места месечно, предупреди генералната директорка на Здружението на германски индустрии, Тања Генер. Таа оцени дека состојбата е критична, но посочи дека сè уште постојат можности за пресврт доколку Германија ги подобри условите за инвестирање, иновации и индустриска трансформација. „Убедена сум дека ако си ја завршиме домашната задача, повторно ќе ги имаме сите можности. Иновацијата ...
Светската музичка ѕвезда Рита Ора ќе пристигне во Охрид еден ден пред концертот за да има време да го запознае градот, кој досега никогаш не го посетила. Во Македонија ќе допатува заедно со својот сопруг, познатиот режисер Таика Ваитити, а дел од престојот ќе го искористат за прошетка низ старото градско јадро, покрај охридското крајбрежје и најпознатите знаменитости. Иако потекнува од семејство со корени од регионот, ова ќе биде нејзина ...
Двајца мажи загинаа откако мал авион денеска, непосредно пред 11 часот, се урна врз семејна куќа во покраината Долна Саксонија, во северниот дел на Германија. Несреќата се случила во местото Гандеркезе, во близина на Бремен. Спасувачките екипи најпрво пронашле едно тело, а по неколкучасовна потрага било пронајдено и телото на второто лице кое се наоѓало во леталото. PLANE has crashed into a family’s house in Germany🇩🇪 killing one person, ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави дека градскиот воз ќе почне да сообраќа на 1 септември, како што било ветено, и покрај тешката штета предизвикана со кражбата и уништувањето на енергетската инфраструктура за железницата. Тој порача дека ќе продолжат и редовниот товарен сообраќај на Коридорот 10, како и патничките линии кон Велес, Гевгелија, Прилеп и Битола. Николоски информира дека вечерва одржал ...
Градоначалникот на општина Каропш Сотир Лукровски видео на кое потенцира дека во континуитет се работи на расчистување од временските непогоди кои ги зафати главниот град, а како најпогодена општина е Карпош. Службите на Општина Карпош и денеска се на терен за расчистување и санирање на штетите по невремето кое го зафати главниот град. „Карпош е една од најпогодените општини, со голем број материјални штети, но со добра координација, ...
Околу 4.000 лица досега се разболеле по загадувањето на водата од градскиот водовод во Гостивар. Бројот на новозаболени почнал да се намалува, а денеска 80 лица првпат побарале лекарска помош, што е двојно помалку во споредба со претходните денови, информира министерот за здравство Сашо Клековски. Министерството за здравство и другите надлежни институции ќе почнат целосна епидемиолошка анализа. Целта е прецизно да се утврди хронологијата на ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре (26 јули), со почеток во 12:00 часот, ќе изврши увид во градежните активности за изградба на клучката „Момин Поток“ во Скопје. При посетата, премиерот ќе се информира за текот на реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во главниот град. По увидот, предвидено е Христијан Мицкоски да даде изјава за медиумите, на која се очекува да говори за ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп официјално ја предупредила Украина да престане со напади врз бродови во Црното Море што не се руски. Реакцијата следувала по серија украински напади со беспилотни летала врз танкери во близина на руското пристаниште Новоросијск, при што бил погоден и брод ангажиран од американската енергетска компанија „Шеврон“. Дипломатското предупредување било испратено по состанокот на извршниот ...
Истрагата за загадената вода во Гостивар се проширува и опфаќа финансиска документација, тендери за набавка на хлор, службени наредби, комуникација меѓу институциите и одлуки поврзани со поставувањето на спорните водни пумпи. Обвинителството побарало обемна документација од Општина Гостивар, ЈП „Комуналец“, гостиварската болница „Д-р Ферид Мурад“ и Центарот за јавно здравје – Тетово. Ќе се испитува и дали постоел обид случајот да биде ...
Електровлечната подстаница во Драчево, сместена меѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е целосно ставена надвор од функција по кражба од големи размери. Според првичните проценки, причинетата материјална штета изнесува околу пет милиони евра, а уништен е значителен дел од електроенергетската опрема неопходна за нормално функционирање на железничката инфраструктура. Сторителите насилно превртеле два електроенергетски трансформатори, ...
Основното јавно обвинителство Прилеп отвори истрага против виш референт за шалтерски услуги во Агенцијата за вработување – Центар за вработување Прилеп, кој е осомничен дека примил поткуп од корисник на социјална помош во замена за незаконски услуги. Според Обвинителството, осомничениот во периодот од 23 април до 24 јули годинава од жител на прилепското село Бело Поле побарал и примил вкупно 18.000 денари. За возврат, му ветил дека нема да ...
Скопското астрономско друштво вечерва организира јавно астрономско набљудување на Месечината од плоштадот „Македонија“. Од 19 до 22 часот, во близина на фонтаната, ќе бидат поставени телескопите на друштвото преку кои ќе може да се видат кратерите на Месечината. Дојдете со вашите пријатели или со семејството и искористете ја можноста одблизу да ги погледнете кратерите на месечината низ нашите телескопи. Членовите на друштвото ќе бидат ...
Во близина на Градскиот пазар во Демир Хисар, К.Р.(57) од демирхисарско село извршил полово дејствие врз 22-годишно женско лице од Демир Хисар, кое било со здравствени проблеми. Случајот е пријавен вчера попладне во СВР Битола, од каде информираат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот Во близина на Градскиот пазар во Демир Хисар, К.Р.(57) од демирхисарско село извршил полово дејствие врз 22-годишно женско лице ...
Движењето ЗНАМ нема да функционира само како нем набљудувач, туку ќе биде главен двигател и иницијатор на сите општествени трансформации во државата, порача лидерот на партијата, Максим Димитриевски. За време на панел дискусијата во Прилеп, одржана под мотото „Европско ЗНАМ, за европска иднина и европска Македонија“, тој истакна дека нивното учество во владината коалиција е насочено исклучиво кон подобрување на животниот стандард на ...
Министерот за здравство Сашо Клековски ја посети Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок по најавите во медиумите дека водата за пиење во болницата не е во исправна состојба. Зборувајќи за моменталната здравствена состојба на граѓаните од Гостивар тој истакна дека се забележува намалување на бројот на лица што се јавуваат за лекарска помош. -Денеска имаме состојба од 80 новопријавени пациенти што е двојно намалување од ...
Светското првенство во фудбал заврши, но настанот привлекува внимание поради новите сомнежи за можни нерегуларности. Според францускиот медиум „Ре-ем-це спорт“, Советот на Европа почнал истрага за потенцијално местење натпревари и за сомнителни уплати во обложувалниците, во текот на шампионатот. Во фокусот на истрагата се неколку спорни ситуации, кои ќе бидат детално анализирани. Една од нив е црвениот картон што го доби Темба Звана од ...
Денеска во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Б.(42) од Велес. Приведен е постапувајќи по претходна пријава од неговата 71-годишна мајка дека во семејниот дом, по кратка расправија, ѝ се заканувал и ја нападнал со остри предмети, по што ѝ нанел расекотина на раката, а потоа фрлал и кршел предмети во домот. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ...