Вештачката интелигенција била користена за развој на вакцина што би можела да заштити од голем број вируси и да спречи пандемии, објави Би-Би-Си. Тимот на Универзитетот Кембриџ кој работи на вакцината вели дека ова е прв пат клучната компонента на вакцината да биде целосно дизајнирана од вештачка интелигенција, а потоа тестирана кај луѓе. Вакцината е дизајнирана да делува на сите варијанти на Ковид и вируси кои заразуваат животни. Тимот ...

СДСМ денеска од пред Јавното обвинителство побара одговор на клучното прашање кое ја интересира целата јавност: дали постои дил меѓу Христијан Мицкоски и Асмир Јахоски од Пуцко Петрол за случајот „Мазут”, тежок 167 милиони евра? Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, посочи дека постојат сериозни сомнежи за политичко влијание врз правосудниот систем и селективна правда откако овој случај беше прекинат од обинителството. ...

Фудбалската репрезентација на Македонија на последните четири натпревари не без постигна гол. Два порази од 0-4 и две нерешени без постигнат гол е ефектот што пулените на Гоце Седлоски го постигнаа периодов. Последните два дуели со БиХ (0-0 и Турција (0-4), донесоа нов пад на македонската селекција на ФИФА ранг листата. Сега Македонија е 69-та на оваа листа. Лидер на ФИФА листата е актуелниот светски шампион Аргентина, пред Шпанија, ...

Во соопштението до медиумите, главниот спонзор на ФК Шкендија наведе дека клубот отсекогаш бил пример за сериозност, коректност и целосно почитување на спортските и финансиските обврски правејќи големи жртви низ годините. Оттаму одлуката на ФФМ ја оценија за неприфатлива и скандалозна и предупредија на можноста за целосно повлекување од клубот, односно од фудбалот во Македонија доколку таа не се коригира ФФМ пред неколку дена му изрече казна ...

СДСМ преку соопштение оцени дека пораките кои деновиве пристигнаа од европските институции претставуваат потврда на ставовите што партијата ги застапува со месеци и, како што велат, ги разобличуваат тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски и Владата. Од опозициската партија посочуваат дека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јасно ставил до знаење дека уставните измени остануваат единствениот услов за формално отворање на ...

Хотелско-угостителската компанија „Македонијатурист“ го презема управувањето со хотелот „Русија“ до спортскиот центар Јане Сандански во Аеродром, Скопје, објави „Фактор“. Акционерското друштво, кое веќе поседува неколку познати хотели, регистрираше подружница на адресата на овој хотел кој своевремено го изгради рускиот мултимилионер Сергеј Самсоненко. Хотелот е изграден во 2014 година, но во последно време, барем како што беше медиумски ...

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ го видел отвореното писмо на украинскиот претседател Володимир Зеленски до рускиот претседател Владимир Путин и рекол дека Зеленски може да дојде во Москва во секое време ако сака да се сретне со Путин. „Имав можност да го прочитам писмото. Претседателот Путин рече дека ако Зеленски сака да разговара, може да дојде во Москва и да го стори тоа“, рече Песков, пренесува ТАСС. ...

Од највисоко европско ниво пристигнаа јасни и недвосмислени потврди за сето она што СДСМ го говори со месеци наназад – сите лаги на Мицкоски се разобличени, се наведува во соопштението од СДСМ. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јасно порача дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на преговорите со Европската Унија. Лагите со кои Мицкоски ги манипулираше граѓаните се потопени. Во исто време, ...

Стефан Богоев ја следел добро познатата матрица на својот политички ментор Зоран Заев. Додека СДС зборува за правда, транспарентност и чесност, на површина повторно излегуваат скандали, сомнежи за корупција, влијанија и договарање тендери зад затворени врати, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Богоев, поранешен директор на Царинската управа и висок функционер на СДС, е осомничен за местење тендер вреден над 300 илјади евра, при што ...

Комесарот за транспорт на Европската Унија, Апостолос Цацикостас, изјави денес дека засега нема знаци за недостиг на авионско гориво во Европа во наредните месеци, и покрај отежнатиот транспорт на нафта преку Ормуската Теснина. Тој рече дека моментално нема проблеми со снабдувањето со млазно гориво во Европа и дека не се очекува недостиг во блиска иднина. Според него, најзагрозени се регионалните аеродроми, а главната загриженост ...

Инцидентот со чартер-летот на српски државјани, кои беа вратени од аеродромот во Тиват непосредно пред Самитот ЕУ – Западен Балкан, бил резултат на иницијатива на лица од неговото опкружување, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, нагласувајќи дека меѓу патниците немало криминалци ниту, пак, намера за предизвикување каква било дестабилизација. Говорејќи по пристигнувањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Вучиќ рече дека денес ...

Тиват денеска е домаќин на Самитот ЕУ – Западен Балкан, кој се одржува под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на Европската Унија и Западен Балкан“, а во фокусот на разговорите ќе биде процесот на проширување на Европската Унија. Со Самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, додека домаќин е претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На средбата ќе присуствуваат и Урсула фон дер Лајен, Каја Калас и ...

Американската имиграциска и царинска служба (ICE) донесе одлука да ја укине обврската за пријавување на смртни случаи на мигранти кои ќе починат во рок од 30 дена по нивното ослободување од притвор, потег што предизвика остри реакции кај организациите за човекови права и правните застапници. Според информациите на „Вашингтон пост“, вршителот на должноста директор на ICE, Дејвид Вентурела, во интерен допис информирал дека агенцијата ќе се ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, од Рига порача дека малите држави можат да бидат лидери во примената на иновативни и дигитални решенија во здравствените системи и покрај ограничените ресурси и предизвиците со кои се соочуваат. Алиу учествува на дванаесеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на Светската здравствена организација, што се одржува во Рига. Главна тема на дводневниот собир е како малите европски држави ...

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри пакет помош за Украина и нови санкции против Русија, откако 18 републикански конгресмени им се придружија на демократите при гласањето. Пакетот е усвоен со 226 гласа „за“ и 195 „против“, што претставува прва голема проукраинска мерка изгласана за време на вториот мандат на претседателот Доналд Трамп Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, претходно ги повикал членовите на својата ...

„Кај нашите бели волци пристигна подмладок, две мали волчиња кои веќе ја освојуваат љубопитноста на целиот тим. Сè уште се нежни и најсигурни покрај својата мајка, која внимателно ги чува и се грижи за нив“ информираа од ЗОО Скопје на Фејсбук. Велат „Нашите мали волчиња најчесто се кријат во дупки и засолништа токму како што тоа природно го прават и во дивината, каде што првите денови ги поминуваат скриени и заштитени“. „Затоа и овие ...

Европската индустрија може да се соочи со губење на дури 1,3 милиони работни места оваа година ако конфликтот меѓу САД и Иран дополнително ги зголеми цените на енергијата, предупреди во среда европската комисарка за социјални права и работни места Роксана Минзату. Според проценките на Европската комисија, автомобилскиот сектор може да претрпи најголем удар, каде што се изложени на ризик до 600.000 работни места. Особено ранливи се енергетски ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се ...

– На одредени гранични премини, во случај на зголемен сообраќај, а со цел воспоставување нормален проток на патници и возила, постои можност привремено и делумно да се суспендира имплементацијата на ЕЕС системот, односно регистрацијата да се врши без земање биометриски податоци, отстапка што важи до 8 јули годинава, со можност да се продолжи до 6 септември, произлегува од одговорите на пратенички прашања доставени од заменик-министерот за ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека на САД не им е потребен договор со Иран за да дојдат до збогатениот ураниум од таа земја. „Би можеле да го добиеме веднаш. Не мислам дека би можеле да не спречат доколку решиме да го преземеме, но нема причина за тоа. Ураниумот е закопан“, рече Трамп пред новинарите во Овалната соба. Трамп исто така изјави дека не сака да се сретне со иранскиот врховен лидер, Моџтаба Каменеи, но додаде ...

Националната опера и балет објави дека на 83-годишна возраст почина Хазарос Сурмејан (1943–2026), македонски балетски уметник и кореограф, кој остави значаен белег во македонската и светската балетска уметност. Познатиот балетски творец, роден во Скопје, а починат во канадскиот град Торонто, изгради извонредна професионална кариера која траеше повеќе од пет децении. Своето образование и творечки пат ги започна во Македонија, а првиот ...

Американските војници и воени ветерани, како и вработените во екипите за итни интервенции и нивните семејства ќе имаат бесплатен пристап до 4.547 билети за претстојното Светско првенство, обезбедени со донација од 2,25 милиони долари од Банката на Америка и непрофитната организација „Вет Тикс“. Донацијата вклучува билети за натпревари во сите 11 градови домаќини на Светското првенство во САД, од 12 јуни до 19 јули. Билети ќе бидат достапни ...

Рекордни 1.248 фудбалери од 449 клубови од 71 држава се регистрирани за претстојното Светско првенство, а најмногу од Манчестер Сити, вкупно 19. Следуваат минхенски Баерн со 18, Арсенал и ПСЖ со по 16 и Барселона со 15 фудбалери. Најмногу фудбалери настапуваат за англиски клубови – 205. Во германските клубови играат 108 фудбалери кои ќе настапат на Светското првенство, додека 86 од нив играат во Франција и Шпанија. Следуваат Италија (71), ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп побарал Москва да направи некои компромиси во однос на Украина, додавајќи дека Москва е подготвена да го направи тоа доколку Киев го стори истото. Тој на средбата со уредниците на светските агенции во Санкт Петербург истакна дека Русија располага со сите неопходни ресурси за да ги постигне воените цели и оти армијата ќе продолжи да напредува во ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вечерва предложи директна средба со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната, соопшти кабинетот на Зеленски. Тој потенцира дека Киев не сака „трајна војна“ и предложи директните преговори да се одржат во трета земја, наведувајќи ги Швајцарија, Турција или арапските земји како можни домаќини. Додека Европа и САД да учествуваат во процесот како гаранти на безбедноста. – Доста е ...

Подрумските простории на зградите во рамките на Трговскиот центар „Скопјанка“ во општина Аеродром се целосно поплавени со фекалии, објави порталот СДК.МК. Станува збор за деловни објекти во сопственост на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДПИСП), од кои дел се издадени, а дел се празни. Токму во празните простории се наоѓа препумпната станица која во моментов не работи, што предизвикува излевање ...

Германија и Франција подготвиле нон-пејпер насловен „Нов моментум за проширувањето“ во пресрет на утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи во Тиват, Црна Гора. Неофицијалниот документ, во кој имаше увид „360 степени“, е разработка на писмото што германскиот канцелар Фридрих Мерц неодамна го упати до првите луѓе на институциите на ЕУ. Но, ако две третини од писмото на Мерц беа посветени на Украина, нон-пејперот се однесува целосно ...

Контролите на сувомеснатите производи покажуваат уште полоши резултати од оние кај млечните производи, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство. И во овој случај се откриени отстапувања меѓу декларираниот и реалниот состав на производите, со што потрошувачите се доведуваат во заблуда. Наодите ќе бидат објавени по комплетната обработка на земените примероци, пренесува Телма. „Првичните резултати покажуваат дека кај сувомеснатите производи ...

Руските сили убиле најмалку 707 деца и повредиле уште 2.548 во Украина од почетокот на целосната инвазија, изјави претседателот Володимир Зеленски, ден во кој се одбележуваат децата убиени од руската агресија. „4 јуни се одбележува Меѓународниот ден на невините деца жртви на агресија. Овој ден им оддава почит на децата погодени од војната и насилството. Секоја смрт е дете чија иднина е одземена. Русија мора да биде одговорна за овие ...

Проблемот со депонијата во Струга е голем, пред се затоа што се наоѓа блиску до градот, реката Црн Дрим и Охридското Езеро и бара итно решение, заклучи евроамбасадорот Михалис Рокас по денешната посета на депонијата заедно со градоначалникот Менди Ќура. Тој изрази загриженост и вети дека ќе разговара со властите за прземање итни мерки. – Најпрво дозволете ми да кажам дека сум прилично шокиран од големината на проблемот. Знаев дека депонијата ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.29
45%
1014
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.68
61%
1010
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.14
86%
1012
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.91
59%
1015
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.59
47%
1012
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.58
87%
1013
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
2.24
44%
1012
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.4
49%
1013
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.91
47%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
0.89
61%
1014
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
0.89
84%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
2.48
100%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.8765

Currency

72.5705

Currency

37.5526

Currency

38.4652

Currency

66.7616

Currency

7.96217

Currency

0.68967

Currency

0.33214

Currency

0.52587

Currency

1.14343

Currency

0.56011

Кобалт

56.29

Калај

53.10

Злато

128950.21

Платина

51376.89

Бакар

12.59

Сребро

1801.71

Иридиум

249168.29

Паладиум

39609.72

Цинк

0.00

Алуминиум

3.16

Родиум

265243.66

Рутениум

49833.66