Петер Маѓар изјави дека Унгарија повторно ќе се приклучи на Меѓународен кривичен суд (МКС) и ќе биде подготвена да ги спроведува налозите за апсење, вклучително и оној што се однесува на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Виктор Орбан, кој беше на власт 16 години, минатата година најави повлекување на Унгарија од МКС, откако го прими Нетанјаху во Будимпешта. Повлекувањето требаше да стапи на сила на 2 јуни оваа година. Веднаш по ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Израел и премиерот Бенјамин Нетанјаху не влијаеле врз неговата одлука да го нападне Иран. Трамп со ова одговори на медиумските написи дека Израел го убедил да го изврши нападот врз Иран на 28 февруари оваа година. На својата социјална мрежа „Трут соушал“ (Truth Social), тој напиша дека пресудни биле последиците од нападите на Хамас од 7 октомври 2023 година, како и неговиот долгогодишен став ...

Поранешниот претседател на Европски совет, Шарл Мишел во интервју за „Брисел тајмс“ ги критикува Европската комисија и нејзината претседателка, Урсула фон дер Лајен, за обид да преземат повеќе моќ отколку што заслужуваат. Според него ЕК ги пречекорува своите овластувања и се обидува да ги преземе ингеренциите на Европскиот совет во одбраната, надворешното претставување и Службата за надворешни работи (ЕЕАС). – ЕК денес се обидува да ја ...

Иран ќе се стреми кон „запирање на војната наметната од САД и израелскиот режим, притоа зачувувајќи ја својата национална чест“ – изјави иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, пренесува државната агенција ИРНА. За време на посетата на противпожарна единица, Пезешкијан ја истакна важноста на мудрото управување во воени околности. Тој изрази благодарност до пожарникарите и до екипите за итна помош за нивниот ангажман за време на ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последното деноноќие лишени од слобода се две лица, а поднесени биле вкупно четири пријави за семејно насилство. Како што посочуваат од МВР, синоќа во 22:00 часот во СВР Скопје 47-годишна жена пријавила дека околу 16:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Центар нејзиниот партнер А.Б.(47) физички ја нападнал неа и нејзиното куче и упатувал закани кон неа и нејзиниот син. Потоа и побарал ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, соопшти Министерство за внатрешни работи. Од вкупниот број, осум возачи се лишени од слобода за управување на возило без возачка дозвола, по двајца под дејство на алкохол и со многу поголема брзина од дозволената и по еден со активна забрана и во спротивна насока. -Четири возачи во Скопје, ...

Португалската инвестициска група „Алпак Капитал“ е во интензивни преговори за купување на српските медиуми „Н1“, „Нова С“, „Данас“, „Радар“ и други медиуми кои сега сè уште припаѓаат на „Јунајтед Груп“, велат извори на „Време“. „Алпак Капитал“, чиј раководител е близок до Виктор Орбан, е сопственик на „Еуроњуз“ и го користи како „франшиза за автократи“. „Алпак Капитал“ е официјално португалска компанија која инвестира во медиуми, ...

„Називот на фирмата беше истакнат на вратата, на бел лист. Си пишуваше ДПТУ Класик ДМ ДООЕЛ Кочани“. Вака обвинетиот полицаец Кире Богатинов, се брани пред судот, откако Обвинителството откри дека казните кои биле за дискотеката „Пулс“ тој и неговите колеги ги пишувале на неактивна фирма. Тој посочи дека истата фирма била заведена и во Централниот регистар, па затоа ја навеле во службените документи. Обвинетите тврдат дека не знаеле дека ...

Македонските државјани, кои се меѓу најбројните странски работници во Хрватска,ќе бидат опфатени со новиот Правилник за престој. Овој документ воведува строги стандарди за „хумано сместување“, задолжителни здравствени прегледи и заштита на платите од превисоки наемнини. Според државната секретарка во хрватското МВР, Ирена Петријевчанин, во текот на 2026 година најмногу работни дозволи добиле државјаните на Босна и Херцеговина, а веднаш по нив ...

Претставникот на Хезболах, Хасан Фадалах изјави дека претседателот на Либан, Жозеф Аун треба да се повлече од преговорите со Израел. – Во интерес на државата е претседателот на републиката и на владата да се повлечат од директните преговори и да се вратат на националниот консензус за најдобра опција за Либан – посочи Фадалах. Тој потенцира дека Хезболах сака „да продолжи примирјето“, но со повлекување на израелската армија. – Ќе се ...

Премиерот на Словенија, кој моментално е во технички мандат, Роберт Голоб призна дека неговата партија не успеала да формира влада, што би можело да го отвори патот за враќање на популистот Јанез Јанша, објавија словенечките медиуми. ибералното движење за слобода на Голоб победи на парламентарните избори минатиот месец со тесна разлика, освојувајќи 29 од 90-те места во словенечкиот парламент, но не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство. ...

Пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска, упати силна порака по повод 35-годишнината од формирањето на партијата, нагласувајќи дека на социјалдемократите им е неопходна итна и длабока трансформација за да опстанат на политичката сцена. Promoted Content Направено 4 пати – колената и зглобовите не болат веќе 9 години More… 392 98 131 Во својата објава, Петровска потенцира дека СДСМ не претставува само бројка или кратенка, туку ...

Разговорите меѓу Израел и Либан на амбасадорско ниво ќе продолжат в четврток во Вашингтон, јавија израелски медиуми, без официјална потврда од двете страни. Веста денеска ја објавија порталот „Јнет“ и весникот „Јерусалем пост“, но засега нема официјално соопштение, пренесува ДПА. Либанската амбасадорка во САД, Нада Хамадех Моавад, и израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Леитер, одржаа разговори во Вашингтон пред нешто помалку од една недела, ...

Јапонските власти ги предупредија северните крајбрежни области на земјата за малку зголемен ризик од таканаречен мегаземјотрес, феномен во кој помал земјотрес може да предизвика многу помоќен, катастрофален шок. Владината канцеларија процени дека веројатноста за таков настан во следните седум дена е еден процент. Слично сценарио се случи во Јапонија во 2011 година, кога земјотрес со магнитуда од 7,3 степени беше претходница на разорниот ...

Либанскиот претседател Жозеф Аун изјави дека одлучил да преговара со Израел за да го спаси Либан. – Либан се соочува со два избора – продолжување на војната со сите хуманитарни, економски и политички последици или преговори кои ви довеле до завршување на судирот и воспоставување на стабилност. Избрав преговори и се надевам дека ќе успееме да го спасиме Либан – посочи Аун. Тој посочи дека целта на разговорите со Либан е завршување на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп за „Фокс њуз“ (Fox News) изјави дека денеска во Пакистан ќе биде потпишан договор со Иран. Трамп претходно во интервју за „Њујорк пост“ (New York Post) наведе дека американска делегација предводена од потпретседателот Џеј Ди Венс е на пат кон Исламабад. Тој посочи и дека е подготвен да се сретне со највисоките ирански претставници доколку се постигне напредок во разговорите. – Треба да се води дијалог ...

Лишени од слобода две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 19.04.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје 47-годишна жена пријави дека околу 16:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Центар нејзиниот партнер А.Б.(47) физички ја нападнал неа и нејзиното куче и упатувал закани кон неа и нејзиниот син. Потоа и побарал пари и таа од страв му дала пари кои и биле во паричникот. На 19.04.2026 во 21:45 часот, ...

Семејствата на загинатите млади лица остро реагираа по денешното барање на адвокатката Ивана Коцевска за олеснување на мерките куќен притвор за првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, оценувајќи го како навреда за нивната болка и понижување на споменот на нивните деца. Во јавната реакција, тие посочуваат дека додека семејствата секојдневно се соочуваат со загубата и празнината во домовите, наместо одговорност гледаат обиди за избегнување на ...

Владата на САД ја обнови дозволата за купување санкционирана руска нафта натоварена на танкери за уште еден месец, според документ објавен на веб-страницата на Министерството за финансии. Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД издаде нова дозвола во петокот, според која руска нафта и нафтени производи натоварени на танкери до 17 април можат да се купат до 16 мај, се вели во документот. ...

Граѓаните треба да се подготват за значителна промена на временските услови почнувајќи од вечерашните часови. Според најавите на метеорологот Славчо Попоски, територијата на државата е под влијание на студен атмосферски фронт кој пристигнува од север. Овој фронт, според анализите, ќе предизвика нагла и голема промена на времето во текот на ноќта, продолжувајќи во вторник, на 21 април 2026 година. „Од север полека ни надоаѓа најавениот ладен ...

Осумдесет и едно годишниот М.А од Крива Паланка вчера попладне бил запрен од полиција поради тоа што возел во спротивен правец на автопатот Скопје – Велес. М.А. во 17:30 часот го управувал патничкото возило на автопатот Скопје-Велес, а на наплатната станица „Сопот“ во близина на Велес го запреле полициски службеници на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, затоа што возел во спротивна насока на автопат. Како што ...

Сведокот Драган Ананиев, вработен во Општина Кочани, на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во судницата во „Идризово“ изјави дека работел и како главен општински секретар, но дека намал законска надлежност за контрола на инспекциските служби. Сведокот појасни дека од 2023 година бил назначен за главен инспектор во Општината и било формирано посебно одделение за инспекциски служби, и тоа сообраќајна, комунална, градежна и за ...

Управата за извршување на санкции најави значително унапредување на работниот ангажман на осудените лица во казнено-поправната установа во Струмица. Како дел од процесот за ресоцијализација и стекнување нови вештини, затворската економија од неодамна е збогатена со развој на сопствена живинарска фарма. Проектот започна со набавка на 50 садни кокошки, со што се отвора нов сектор за работа во рамките на установата. Оваа активност доаѓа како ...

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен му ја честиташе изборната победа на Румен Радев, изразувајќи очекување за понатамошна соработка во интерес на Бугарија и Европа. Во објава на социјалните мрежи, таа истакна дека Бугарија е важен дел од европското семејство и има значајна улога во справувањето со заедничките предизвици. „Очекувам со нетрпение да работиме заедно за просперитетот и безбедноста на Бугарија и Европа“, ...

Сподели Денешното судско рочиште за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани беше прекинато поради влошената здравствена состојба на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко. Откако неговата одбрана побара замена на мерката притвор со куќен притвор, на првообвинетиот му се слоши, по што беше повикана екипа на Итна медицинска помош. Адвокатката на обвинетиот, Коцевска, јавно алармираше дека Јованов неодамна бил подложен на втора хируршка ...

Сподели Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13% во однос на одлуката од 14.4.2026 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра ...

– Јас го очекував овој резултат. На сите во Бугарија им беше познат високиот рејтинг на довчерашниот претседател на Бугарија, Румен Радев, и некако само тој беше стабилен елемент во поделбата на власта, сè друго беше варијабила и релативно. Мислам дека бугарските граѓани се изморени од нестабилни влади, кои постојано се менуваат, и веројатно затоа му ја дадоа довербата на новоформираната партија на господинот Радев. Мнозинството е такво што ...

Во државата навистина имаме сериозен проблем и ги поканувам и македонското население, но и Албанците, доколку е потребно, да разговараме за тоа како го читаме и како го разбираме Охридскиот договор. Албанците имаат легитимно право да отворат широка дебата меѓу Албанците за ново државно уредување и сами да одредат како и каде сакаат да живеат, порача пратеникот Блерим Беџети од ДУИ и ја обвини Владата дека не го почитува Охридскиот договор, ...

Инвестицијата за рудник за антимон во Крива Паланка предизвика реакции. Градоначалникот Сашко Митовски бара гаранции дека ќе се заштити здравјето на граѓаните. „Не е време за референдум“, порача тој. Стратешката инвестиција, која на 7 април ја најави премиерот Христијан Мицкоски, за експлоатација на рудата антимон во близина на кривопаланечкото село Луке, предизвика низа реакции во јавноста. Станува збор за редок минерал, кој според најавите ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Д.(45) од струшкото село Ливада, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „убивање и мачење животни“, соопшти денеска МВР. Според соопштението, на 27 март годинава, Б.Д. и уште едно лице на патот село Ливада – село Биџево се движеле со возило и со нив имале и куче од расата „кангал“, кое го држеле ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
32%
1016
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
8.75
34%
1016
weather icon

Загреб

31ᴼ / 27ᴼ
3.6
26%
1016
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
7.2
29%
1016
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
9.68
38%
1013
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
0.45
36%
1016
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
6.17
43%
1016
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
39%
1017
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.6
24%
1017
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
5.66
60%
1011
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.63
48%
1015
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
5.66
58%
1015
Currency

61.635

Currency

52.8489

Currency

71.0821

Currency

38.0195

Currency

38.2866

Currency

67.6082

Currency

7.81055

Currency

0.74281

Currency

0.33171

Currency

0.52504

Currency

1.15256

Currency

0.55635

Родиум

282926.57

Рутениум

50573.12

Паладиум

43049.85

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Калај

55.27

Платина

61600.83

Бакар

12.85

Цинк

0.00

Сребро

2420.34

Алуминиум

3.68

Злато

146024.75