Сосема очекувано, Шкендија е во 2. квалификациско коло од Лигата на Конференции, откако вчера на Националната Арена го победи тимот на Европа и на реваншот со минимални 1-0 со гол во финишот од средбата. Тетовскиот тим не се ни испоти, го одигра овој меч колку да го одигра, со оглед дека имаше предност од пет гола после првиот меч во Гибралтар. Мечот немаше возбудувања, на двата тима им беше јасно кој ќе оди во следната фаза, па затоа и ...

Тетовска Шкендија се пласираше во второто коло од квалификациите во Конференциската лига, откако на реваншот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје со минимални 1-0 го победи гибралтарскиот тим Европа. Во овој двобој, сè беше јасно уште пред една недела кога Шкендија на гости победи со 5-0, па вечерашниот меч беше формалност. Ване Крстевски во 86-та минута му донесе победа на македонскиот претставник на реваншот вечерва, на кој се потврди дека ...

Екипата на Шкендија со нов триумф над Европа го официјализираше пласманот во второт коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Шкендија го прегази претставникот на Гибралтар на негов терен со 5-0, додека пак вечерва се избори за минимално славје од 1-0. Клучниот момент се случи во самата завршница кога нововлезениот Ване Крстевски го матираше ривалот во 86 минута. Наредниот ривал за „црвено-црните“ е далеку посериозен, Браво од ...

Шкендија успешно ја заврши својата задача во првото квалификациско коло од Конференциската лига, откако и на реваншот славеше над Европа од Гибралтар со 1-0 и со убедливи 6-0 во вкупниот резултат обезбеди место во следната рунда од натпреварувањето. По убедливите 5-0 на првиот натпревар, тетовчани без поголем притисок го дочекаа реваншот во Скопје. Избраниците на стратегот на Шкендија имаа контрола врз играта во текот на целиот натпревар, но ...

Екипата на Шкендија потешко од очекувањето го одигра вечерашниот реванш дуел од првото коло од УЕФА Конференциската лига со Европа од Гибралтар. Екипата на Шкендија повторно беше подобриот тим на теренот, но за разлика од првиот дуел, потфрли во ефикасноста. Единствениот гол го постигна Ване Крстевски во 86.минута. Гостите и на овој дуел беа тимот што мислеше како да го заврши дуелот со помалку примени голови. Победата од 5:0 на првиот дуел ...

Фудбалерите на Шкендија триумфираа и во вториот натпревар од првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА сега во Скопје со резултат 1:0 против ФК Европа од Гибралтар. Единствениот гол се случи во 86 минута кој беше дело на Ване Крстевски по асистенцијата на Арбин Зејнулаи. Крстевски претходно влезе во игра од 71 минута како замена за интернационалецот од Габон, Фахд Ндзенгуе. Шкендија во второто квалификациско коло во ова ...