– Дваесет и тригодишен маж денеска е обвинет за серија намерно предизвикани пожари во департманот Вар, на југот на Франција, соопшти обвинителството во Драгињан. Пожарот кај Гро Бесијон, во департманот Вар, сè уште не е ставен под контрола, пренесува телевизијата БФМ. Дваесет и тригодишниот маж е обвинет за повеќе намерно предизвикани пожари во местата Брињол, Кабас и Ван-сир-Карами, соопшти заменичката обвинителка во Драгињан, Лоранс ...

Лирим Бегзати Правен експерт во Швајцарија Постојат драми на кои не треба да им треба политичко објаснување. Онаа на Гостивар е една од нив. Ова не е климатска несреќа. Не е техничка фаталност. Тоа е, доколку фактите се потврдат, чин настанат во самото срце на системот што требаше да ја штити јавната здравствена состојба. А кога системот што требаше да те штити станува системот што те труе, тоа веќе не е несреќа, туку срам. Одговорностите, ...

Македонскиот фудбалски прволигаш ГФК Тиквеш ги засили денеска своите редови со Бразилецот Жоао Габриел Фереира Сантос – Ренатињо. Млад, технички квалитетен и гладен за успех, тој доаѓа во Кавадарци за да биде дел од новото поглавје на ГФК Тиквеш. Веруваме дека со својата енергија, талент и посветеност ќе придонесе за успесите што ги градиме заедно“, соопшти прволигашот од Кавадарци. Ренатињо е најновото летно засилување во кавадаречкиот ...

Шпанскиот фудбалер од средниот ред Родри беше подложен на мала операција на грбот, објави денеска неговиот клуб Манчестер Сити. Родри, кој во 2024 година ја освои „Златната топка“, а беше прогласен за најдобар фудбалер на Светското првенство на кое ја предводеше Шпанија до титулата претходно овој месец, имаше проблеми со грбот пред конечно да одлучи да се оперира. „Играчот од средниот ред имаше проблеми веќе некое време, но сега е опериран за ...

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Јошко Гвардиол денеска официјално ја продолжи соработката со Манчестер Сити, потпишувајќи нов договор со премеирлигашот до лето 2031 година. Финансиските детали од договорот не се познати, но според англиските медиуми, поранешниот дефанзивец на загрепски Динамо и Лајпциг ќе заработува значително повеќе од досегашните 12,3 милиони евра бруто годишно. „Овој 24-годишник, кој е првенствено централен бек, ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги повика институциите на ЕУ нејзиниот буџет за претстојните години да биде помал за неколку стотици милијарди евра во споредба со предлогот на Европската комисија. Тој на средбата со ирскиот премиер Михол Мартин во Даблин истакна дека мора да се направат кратења во сите области. – Овие кратења се од суштинско значење, без оглед на тоа колку ќе напредуваме со новите сопствени ресурси – рече Мерц. Буџетот на ...

МВР информира дека синоќа околу 21:15 часот, на улицата „Туристичка“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода 65-годишниот Д.Т. од Охрид. Според информациите од полицијата, тој управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки и предизвикал сообраќајна незгода, при што удрил во патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 59-годишниот К.Б. од Струга. По преземените ...

Ирак од април досега извезе 2,1 милион тони нафта по копнен пат преку Сирија, а оттаму преку Медитеранот кон Европа, поради блокадата на Ормуската Теснина. Ахмед Кубаџи, заменик-претседател на сириската државна нафтена компанија, ги откри овие детали во интервју за весникот „Д Нешнал“ (The National), објавено денеска. Како што пренесува ДПА, тој рече дека бројот на цистерни се зголемил од првичните 10 на 1.000 дневно, а извозот се состои од ...

Според најновите информации, расте бројот на повредени во силниот земјотрес што ја погоди Јапонија. Како што претходно беше објавено, повеќе од 50 повредени лица се примени во една болница. Друга болница сега пријави околу 40 повредени, вклучувајќи десет лица во сериозна состојба, јавува НХК. Локалните медиуми, исто така, јавија дека се повредени неколку патници кои биле во брз воз во времето на земјотресот. Силен земјотрес денеска ја погоди ...

По епидемијата поради загадена вода во Гостивар, властите сега официјално признаваат ризик од хепатит А и Е и други заразни заболувања. Министерството за здравство ќе испраќа упатства до здравствените установи и матичните лекари. Воведен е засилен здравствен надзор. Ова е токму она за кое што проф. д-р Венко Филипче предупреди уште минатата недела. Прво, доцна им се вклучија „црвените светла”. Потоа ги криеја податоците. Сега, кога кризата ...

Неколку лица се водат како исчезнати откако се урнал оџак во фабрика за хартија во префектурата Кумамото, соопшти локалната полиција. Јапонскиот јавен радиодифузен сервис НХК јави дека полицијата и пожарникарите го истражуваат местото на настанот во фабриката Јацуширо на „Нипон Пејпер Индустрис“, која се наоѓа во градот Јацуширо во пошироката префектура Кумамото. Како што пренесе Би-Би-СИ, фотографија направена од воздух од новинската ...

Порака од бројот 112 за итни случаи за превентивна евакуација беше испратена до жителите и сите оние кои се наоѓаат во пет села на Парос поради пожарот во јужниот дел на островот, а противпожарните сили се засилуваат со пожарникари од Атина и соседните острови, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот гори отпад и ниска вегетација, а областа не е густо населена, туку постојат само расфрлани куќи, но сепак преку пораката од 112 првично ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...

Ако во Македонија се отвори реновирана градинка, се постави камен-темелник на доградба на основно училиште, започне реконструкција на некој локален пат, или, пак, се зачисти некој канал, голема е веројатноста дека таму ќе има камери. Уште поголема е веројатноста дека пред нив ќе стои лично првиот човек на државата, премиерот Христијан Мицкоски, кој на половина од мандатот е во главна улога во повеќе од 400 владини стримови, од кои 117 само ...

Дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка, минатата недела потврди и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски велејќи дека во целост се согласува со ставот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оти во содржината на преговарачката рамка нема ниту експлицитна ниту, пак, имплицитна одредба поврзана со моментот на влегување во сила на уставните измени Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека месецов исплатил над 560 милиони денари за надоместоци за боледување – најголем дел од средствата за породилни отсуства и дека продолжува со континуирана и навремена исплата на надоместоците на плата по основ на привремена спреченост за работа (исплата на боледувања). Заклучно со денеска, иако месецот сe уште не е завршен, како што се посочува, Фондот исплати вкупно 560,9 милиони денари по ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...

69-годишна скопјанка пријавила дека била нападната од нејзина роднина, поради недоразбирање во врска со имотно-правни односи. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 15:50 часот во СВР Скопје, Е.Ч.(69) од Скопје пријавила дека на 25.07.2026 околу 17:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, по претходно недоразбирање околу имотно-правни односи, била физички нападната од С.К., со која биле во роднинска врска. По целосно ...

Народната банка одлучи да ја задржи основната каматна стапка на 4,25 проценти, по редовната седница на Извршниот одбор одржана на 28 јули. Одлуката следува по јунското зголемување на каматата и се темели на најновите економски показатели и проценките за ризиците во домашното и меѓународното окружување. Од Народната банка посочуваат дека девизниот пазар останува стабилен, а девизните резерви се на сигурно ниво и се доволни за одржување на ...

Македонските граѓани се соочуваат со проблеми при користење на возачките дозволи во Италија. Дел од туристите не можат да изнајмат автомобил без меѓународна возачка дозвола, додека иселениците повеќе не можат директно да ја заменат македонската дозвола со италијанска. Според сведоштва на туристи, рент-а-кар компаниите бараат меѓународна возачка дозвола за документи издадени надвор од Европската Унија, а во дел од случаите македонската ...

Во Секторот за внатрешни работи – Скопје ноќеска во 1:27 часот после полноќ било пријавено дека кај „Фонтана“ на подрачјето на Центар има повредено лице со остар предмет. – Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Н.Н., 24-годишник од Скопје, со двајца негови другари, кој изјавил дека на местото настанала физичка пресметка помеѓу неколку лица и тој се обидел да ги раздели, при што едно од лицата со остар предмет му нанел убодна ...

Семејствата на тројцата загинати во сообраќајната несреќа кај граничниот премин Блаце бараат целосно да се расветли случајот и да се утврди одговорноста за трагедијата. Нивниот адвокат Арианит Кочи изјави дека главното прашање е како автомобилот влегол на делница која официјално била затворена поради градежни работи. Според него, треба да се утврди кој бил одговорен за обезбедување на градилиштето и зошто пристапот не бил физички блокиран. ...

Владата ќе интервенира со намалување на ДДВ на високите цени на горивата, но во моментов законски не смее тоа да се направи затоа што требало да се чека да помине циклус од две недели Чекаме да се затвори циклусот до 31 јули, односно втората половина од месецот, таков е законот, и дури после да носиме дополнителни мерки“, рече премиерот денеска Тој додаде дека владата веќе интервенирала со намалувањето на акцизата кај горивата. “Добро е тоа ...

ЈП „Комуналец“ од Гостивар доби ново раководство откако за вршител на должност директор е назначен Алмир Даути. Тој ќе ја извршува функцијата во следните два месеци, по одредувањето 30-дневен притвор за поранешната директорка Арта Асани, која е осомничена во случајот со загадувањето на градскиот водовод. Градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани, информираше дека по разговорите со раководителите на секторите во претпријатието било ...

– Водата во Гостивар ќе може повторно да се користи за пиење кога ќе има три последователни негативни тестови од испитаните примероци. Ова денеска го изјави министерот за здравство Сашо Клековски, кој рече дека според прописите не постои „техничка вода“ и дека тоа е термин што најчесто го користат јавните комунални претпријатија. – Постои класификација на водата од прва до петта категорија. Водата од прва категорија е погодна за лична ...

Силен земјотрес од 7,1 степени ја погоди јапонската префектура Кумамото, при што се повредени најмалку 50 лица, а предизвикани се значителни материјални штети. Според јапонските власти, има прекини на електрична енергија, пожари, оштетени патишта и мостови, како и урнати објекти. Повеќе од 50 повредени се примени во болница, а повредени има и меѓу патниците во брз воз. Поради земјотресот беа прекинати железничкиот сообраќај и дел од ...

Изјавата на премиерот следува откако новиот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, најави оти ќе го истражуваат кредитот од една милијарда евра за Македонија, кој на земјава ѝ го одобри претходната унгарска влада во 2024 година Откако унгарскиот премиер Петер Маѓар најави истрага за кредитот од една милијарда евра, кој земјава го доби преку унгарската државна банка „Ексимбанка“, наведувајќи оти каматната стапка по која Унгарија ѝ го дала кредитот ...

Три возила учествувале во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на магистралниот пат Кичево – Охрид, во близина на селото Другово, при што едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а седуммина се повредени. Несреќата била пријавена вчера во 13:35 часот во ОВР Кичево. Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу „фолксваген тигуан“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 76-годишен прилепчанец, ...

Клековски денеска изјави дека акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, а фокусот сега е на навремено откривање на хепатит А и Е. Претходно самиот призна дека алармот им се вклучил доцна, „црвените светла“ закасниле, како што рече, стои во соопштението на СДСМ.Тоа значи едно: Никој од кадрите на ВМРО-ОКГ не контролирал ништо. Сега признава појава на жолтица. Токму она што проф. д-р Венко Филипче го кажа уште минатата ...

Во државава годинава регистрирани се четири случаи на маларија, три на денга и еден зика, информира денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој повторно упати повик при патување да се следат препораките за вакцинирање и профилакси од Светската здравствена организација. Од осумте случаи на западнонилска треска, за кои Министерството за здравство информираше вчера, шест лица се на Клиниката за инфективни болести, а другите два случаи ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58