Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Долготрајната суша и високите температури во Германија сериозно го загрозуваат земјоделското производство, а во најпогодените делови од земјата се очекува целосно пропаѓање на одредени земјоделски култури. Германското здружение на земјоделци предупредува дека недостигот од дожд и екстремните летни горештини веќе доведуваат до намалување на приносите. Особено загрижувачка е состојбата со тревата, поради што значително се намалени и резервите ...
Пожарот што веќе трет ден беснее во околината на Херцег Нови се шири поради силниот ветер, а пожарникарите и останатите служби продолжуваат со борбата за да ги заштитат куќите и населението. Огнената линија, која се протега меѓу Баошиќи и Бијела, поради ветерот се проширила кон Зеленикa и Каменари и во моментов е долга меѓу 10 и 15 километри. Во Баошиќи пожарникарите успеале да одбранат повеќе куќи, додека едно семејство било евакуирано од ...
Истиот ден кога ВМРО-ОКГ објави дека водата во Гостивар конечно може да се пие, Јавното комунално претпријатие „Бошава“ од Демир Капија објави дека водата во нивниот водовод не е безбедна ниту за пиење, ниту за готвење, соопшти СДСМ во утринското соопштение што МИА го пренесува интегрално. Мицкоски и Клековски повторно избегаа. Вчера во Гостивар организираа здравица и групна фотографија со чаши вода. Срамота. Премиерот и министерот за ...
Полицијата во Битола и Прилеп лиши од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор, информира Министерството за внатрешни работи. На 14 август во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на улицата „Јорго Костовски“, на местото викано „Тепсија“ во Битола, го лишиле од слобода 39-годишниот Е.К. од Битола. Тој бил затекнат додека предизвикувал пожар на отворен простор. Ден претходно, на 13 август во ...
Седум лица беа убиени, а тројца ранети во израелски воздушен напад врз јужен Либан рано утрово, објави државната либанска национална новинска агенција. Спасувачите се уште ги пребаруваат урнатините за други евентуални жртви. Тој воздушен напад е еден од најсмртоносните откако Либан и Израел објавија „рамковен договор“ на 16 јуни, во кој е наведен план за повлекување на израелските сили од јужен Лиан во замена за разоружување на милитантната ...
Земјотрес со интензитет од пет степени ја погоди пошироката област на Гранада во јужна Шпанија рано утрово, при што се оштетени згради, фасади, покриви и автомобили, но нема повредени, соопштија регионалните власти. Според Националниот географски институт (IGN), земјотресот е регистриран во 1:04 часот наутро, со епицентар на длабочина од два километри во Алхендин, во метрополитенската област Гранада, објави „Паис“. Земјотресот е почувствуван ...
Една од водечките фигури на новата британска џез-ренесанса, саксофонистката и композиторка Нубаја Гарсија и западноафриканскиот трубач Питер Сомуа со својот состав вечерва се главните имиња на третата „Џез вечер“ што се одржува во рамки на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. За двата концерта резервирана е фестивалската сцена „Долни Сарај“, а вечерта ќе ја отвори Питер Сомуа Груп од Гана и Холандија во 20 часот, по што во 21:30 часот ...
Од 9:00 часот утрово во Претор почнува инклузивната велосипедска тура „Преспански аванТУРИ“, наменета за лица со и без попреченост, љубители на природата и рекреативци што сакаат да го доживеат Преспанскиот регион на поинаков и пристапен начин. Од Претор учесниците ќе се движат по планирана рута кон Сливница, со завршница на плажите во Претор. По турата е предвиден заеднички пикник, дружење и можност учесниците да разменат искуства во ...
На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека до 07:30 часот утрово регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати. Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица во општина Македонски Брод и кај селото С’лп во општина Велес. Активни пожари има и кај селото Копанце во општина ...
Подобро е истрагата да запре, наместо да се поднесе обвинение кое подоцна ќе падне на суд, смета државниот јавен обвинител Ненад Савески за случајот „Мазут. Савески ја поддржа обвинителката Коларевиќ, а на брифинг со медиумите истакна дека е изненаден од реакциите на јавноста. Нормално е државниот јавен обвинтел да е подобро запознаен од јавноста со овој случај, бидејќи истиот може да ги види фактите какви што се, за разлика од јавноста која ...
Најмалку 20 луѓе загинаа, шест се повредени, а две лица се водат како исчезнати по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што утрово ја погоди источна Индонезија. Земјотресот го погоди подрачјето во близина на островот Флорес во 5:58 часот по локално време, на длабочина од околу 10 километри, а епицентарот беше 68 километри северозападно од градот Енда во покраината Источна Нуса Тенгара. По главниот удар, регистрирани се неколку ...
Венецуелската влада објави ослободување на 131 политички затвореник, а САД го нарекоа овој потег значаен чекор кон национално помирување, јави ДПА. Аналитичари ја гледаат одлуката во Каракас како еден од првите резултати од преговорите меѓу владата на вршителот на должноста венецуелска претседателка Делси Родригез и претставниците на опозицијата. Државниот секретар на САД, Марко Рубио, го нарече ослободувањето на затворениците „витален ...
Четириесет од германските компании кои го сочинуваат берзанскиот DAX индекс објавија рекордна оперативна добивка во вториот квартал, а воедно намалија повеќе од 40.000 работни места, според студијата на консултантската фирма EY објавена во петокот. Комбинираната заработка пред камати и даноци (EBIT) се зголеми за речиси 16% на 52,6 милијарди евра (60,7 милијарди долари), околу 7 милијарди евра повеќе од претходната година и 10% над ...
Хрватската горска служба за спасување (ХГСС) започна потрага по државјанка на Босна и Херцеговина која исчезнала за време на големиот пожар што го зафати подрачјето на Омиш. На терен се околу 20 припадници на ХГСС од станицата Сплит, кои обезбедуваат логистичка поддршка на Штабот за цивилна заштита и на останатите служби. Потрагата е насочена кон подрачјето околу возилото од кое жената се оддалечила за време на пожарот. Хрватската полиција ...
Денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, особено во југоисточните делови, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде од 10 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде 18 степени, а ...
Во 2001-та година имаше план за поделба на Македонија кој бил спречен благодарение на меѓународната заедница, рече поранешниот премиер Владо Бучковски, на панел-дискусијата што вчера ја организираше ДУИ по повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој всушност се стави крај на воениот конфликт. –Вклучувањето на меѓународната заедница, срамежливо покажувањето на првиот предлог на Фровик дека ќе дојде до разоружување, ...
Во рамките на меѓународната соработка помеѓу обвинителствата и надлежните служби за борба против недозволена трговија со дрога на Македонија, Косово и Грција, денеска во Солун се откриени 326 килограми марихуана скриени во камион, а уапсени се еден македонски и еден косовски државјанин, соопштија полицијата и Обвинителството. „Како резултат на повеќемесечната координирана истрага, денеска во Солун се лишени од слобода еден македонски и еден ...
Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, еден од осумтемина обвинети во случајот „Државна лотарија“, се гони по член од КЗ, кој предвидува поблага казна. Имено, според членот 354 од Кривичниот законик за проневера во службата, за што првично се товареше Груби, сторителот кој ќе прибави значителна имотна корист се казнува од најмалку 4 години до максимални 20 години затвор. Со новиот член по кој се гони, доколку Обвинителството докаже вина ...
Бугарскиот премиер Румен Радев пријавил 286.100 евра на банкарски сметки и ниту еден цент во готово. За споредба, експремиерот Борисов има 288.270 евра повеќе, што значи дека неговите заштеди се приближно двојно поголеми, покажуваат имотните изјави објавени од Националната канцеларија за ревизија. Премиерот ги зголемил своите заштеди за над 67 илјади евра во текот на изминатата година. Освен банкарски средства, тој пријавил и инвестиции за ...
Прилепчанец, кому му изгорела шталата каде чувал поголемо количество тутун, нападнал пожарникари кои дошле да го гасат огнот. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кога пожарникарите пристигнале, човекот ги оттурнувал и ги спречувал да гасат. Се претпоставува дека бил нервозен затоа што очекувал пожарникарите побрзо да пристигнат, без да размисли дека можеби биле на некоја друга задача претходно. ...
1. Дента кога се ширеше паника во Скопје дека водата од градскиот водовод има бактерија ешерихија коли, ми се јавија неколкумина пријатели и познаници да ме прашаат дали водата во Скопје е безбедна. Божем, ние новинарите нешто знаеме, ама не објавуваме. Ми викаат, објавете. Што да објавиме? Не е вест дека водата за пиење е безбедна за пиење. Вест би било кога водата за пиење не би била безбедна за пиење. Ми викаат, значи ти веруваш дека е ...
На 18 август, вторник, ќе се изврши терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на град Скопје. Како што информира Град Скопје, доколку временските услови не се поволни, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде подобро. Се советуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите На 18 август, вторник, ќе се изврши терестричната дезинсекција против ларви од комарци на ...
Илјадници шпански и марокански полицајци и војници денеска се распоредени долж границата со Сеута, откако на социјалните мрежи се појавија повици за нов масовен обид на мигранти да влезат во оваа шпанска енклава на северот од Мароко, каде што засега ситуацијата е мирна. Властите во Мадрид и Рабат ги следат спорните објави на интернет и го координираат заедничкиот одговор, пренесува бриселскиот портал „Политико“. Реакцијата следува откако ...
Црногорските пожарникари, војниците и припадниците на Министерството за внатрешни работи трет ден се борат со големиот шумски пожар над Херцег Нови, кој под дејство на силниот ветер се прошири кон населените места и создаде огнен појас од околу 15 километри, објави Радио-телевизија Црна Гора (РТЦГ). И покрај тоа што ветерот брзо го менува правецот и отвора нови жаришта, спасувачките екипи досега успеаја да одбранат стотици загрозени објекти. ...
Стотици патници останаа заглавени на Сицилија откако густиот чад и острата вулканска пепел од петдневната ерупција на Етна го блокираа авиосообраќајот и предизвикаа целосно затворање на најголемиот меѓународен аеродром на островот, во Катанија. Ова е најдолгиот прекин во работата на аеродромот уште од 2002 година, а според последните најави, тој ќе остане затворен најмалку до утре во раните утрински часови. Блокадата се случува во самиот пик ...
Анализата на примерокот земен во понеделникот од страна на Институтот за јавно здравје Скопје, покажува дека водата не ги исполнува условите пропишани со правилникот за вода за пиење. Од друга страна, анализата на примерокот земен во вторникот од страна на Центарот за јавно здравје Велес, покажува дека водата ги исполнува условите согласно правилникот за вода за пиење – напишаа од претпријатието на официјалниот Фејсбук профил Анализата на ...
Со здравица со вода, во Гостивар пуштена во употреба водата за пиење од водоводот, настан кој одговорните го претворија според реакциите на социјалните мрежи во спектакал од типот на циркус Медрано за жителите на Гостивар кој повеке од еден месец не ја користеа водата од јавниот водовод откако претходно пиеле без да бидат информирани вода измешана со екалии од Вардар и околу 4 илјади жители поради стомачни болки и затруеност помош побараа во ...
На инфективна клиника почина уште еден од западнонилската треска Вториот смртен случај од западнонилска треска е 72-годишен маж, кај кого била утврдена и клиничка слика на менингитис. На Клиниката во моментов се згрижени 24 пациенти со западнонилска треска, а неколкумина од нив се на механичка вентилација, поради тешката клиничка состојба. Пред неколку дена од вирусот почина и 83-годишен маж од Скопје, кој исто така бил лекуван на ...
Од мини-депонија до трговски центар – ова е планот за просторот кај поранешниот дом Ранка Милановиќ, каде со години стои распадната зграда затрупана со смет, а во неа покрив над глава се уште бараат дваесетина семејства, објави Телма. „Согласно актуелниот ДУП намената кај поранешниот дом Ранка Милановиќ е В1 – средно образование, така е и според ДУП кој е во изработка. Во изработката на новиот ГУП на Град Скопје бараме ова земјиште да има ...
При вршење на увид на теренот зафатен од големиот пожар што од синоќа беснее во околината на Омиш, полициските службеници денеска околу 13:30 часот пронашле тело на починато лице. Ова е прва потврдена жртва во огнената стихија што го погоди овој регион. Од Сплитско-далматинската полициска управа информираа дека на местото на настанот е започнат детален истражен увид, кој е предводен од надлежниот државен обвинител. „Ве известуваме дека при ...