НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид континуирано го збогатува книжниот фонд. Од книгите кои се купени и обработени ви предлагаме да ги побарате следните пет наслови: Каде што реката го бакнува небото од Билјана Тинтоска Роман е инспириран од љубовта, како да сакаат луѓето, како се бидува ЧОВЕК. „Радоста не доаѓа од околу, туку се раѓа во нас самите. Нејзиниот извор е единствено жртвата што од себе ја даваме за доброто на другите. Таа жртва ...

Ликовната есенска сезона во ЈОУ Културен информативен центар – Битола – Офицерски дом, ќе биде збогатена со презентација на 19 -то издание на големата меѓународна ликовна изложба „ ААМА“. „ААМА“ на своето интерконтинентално патување ќе биде изложена во светските галериските простори во познатите центри во Европа, Африка, Азија и Америка. Изложбата доби поддршка и одговор од уметници од повеќе од 80 земји, интерес што го мотивираше изборот на ...

По огромниот интерес што го предизвика уникатниот мултимедијален проект “КЕРАМИКУМ ВО МЕРМЕР”, на нашиот академски скулптор Емил Солески во “Заливот на коските – Охрид”, оваа сабота (15.10.2022), проектот ќе биде поставен во Музеј на Македонија. Презентација: 15.10.2022 почеток 12:30ч. – кино сала на Музеј на Македонија “Овој мултимедијален проект ја има во фокус куќата-Желбеник како трансцедентен објект на субјективното доживување. Желбениците ...

Отворање: 14 октомври 2022, 20 часот Локација: Фоаје на Центарот Браќа Миладиновци Струга Изложбата ќе биде поставена до 21 октомври. „Во овој негов циклус дела, заинтригиран од модификацијата на природниот пејзаж, и одново ,,привлечен“ од сензацијата која цртачките елементи на изразот и класичниот графички отисок се способни да ја дадат, Ристовски, инаку графичар по вокација, одново се навраќа на чистиот графички израз, претставувајќи ни ...

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски имаше кинопремиера во Србија, првин во култниот Културен центар на Белград, потоа во Нови Сад, а понатаму се прикажува и ширум земјата. „Врба“ на кинорепертоарот во Србија доаѓа две и пол години по фестивалската премиера на белградски ФЕСТ – премиерата во српските кино-сали беше закажана за почетокот на 2020, но беше одложена поради ковид пандемијата. Дистрибутерот Ванс филм вели: „На публиката ѝ останавме ...

Утре, петок во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид од 14 часот ќе гостува библиотекар советник Драгана Типсаревиќ од библиотека „Стефан Првовенчани“ од Краљево Р. Србија. Таа ќе одржи интерактивно предавање на тема: „Библиотеките и промоција на читањето“. Драгана Типсаревиќ е библиотекар консултант и советник и долгогодишен директор на Библиотека „Стефан Првовенчани“од Краљево. Таа е добитник на сите престижни награди од областа на ...

На 22. октомври во Кино Фросина во Младинскиот Културен Центар со почеток во 20.30 часот, публиката ќе има можност за прв пат во Скопје да го гледа новото стенд-ап шоу на познатиот српски водител и комичар Срѓан Динчиќ со наслов „Во Процес”. Балканската публика за прв пат го запознава Срѓан Динчиќ од реалното шоу „Сурвивор” по кое својот талент да ја насмее публиката го користи неуморно пробивајќи се во телевизиските води и константно творејќи ...

Македонскиот народен театар со монодрамата „Последната лента на Крап”, во изведба, режија и продукција на актерот Ѓорѓи Јолевски, на 14 октомври ќе учествува на 10. Бечејски фестивал на монодрамата Би:фемон (Бе:фемон), во Бечеј, Р Србија. Како што се најавува во фестивалската програма ќе учествуваат седум одлични монодрами од Србија, Унгарија, Хрватска и од Северна Македонија, а програмата ќе трае од 12 до 15 октомври. „Последната лента на Крап” ...

Годинашното издание на МФФ Киненова покрај ирската и полската кинематографија, во фокусот го става и португалскиот филм преку програмата „Боите на Португалија” во рамките на која се поместени филмовите „Иста крв” (Sangue do Meu Sangue/Blood of My Blood) и „Табу” (Tabu). На филмофилската јавност, португалската кинематографија и е позната главно по делата на легендарниот Маноел де Оливеира и достигнувањата на претставниците на т.н. новиот филм од ...

На 13-ти октомври во 19 во просториите на PrivatePrint ќе се отвори првата самостојна изложба на уметницата Невена Алексовски кај нас, насловена „Земјата во нашите џебови“. На изложбата ќе се промовира и нејзината нова книга со наслов „Меланхолија на напуштените краишта“, која ја уреди и издаде PrivatePrint. Изложбата е во рамките на јубилејното издание на фестивалот за феминистичка култура Прво па женскоорганизиран од Тиииит! Инк. Невена ...

Скопје 14 октомври 2022 Скопската публика синоЌа беше погалена од стиховите на поетот Владимир Мартиновски, со кои почна Скопскиот џез фестивал 2022, а директорот Оливер Белопета го прогласи за отворен. Стиховите се наменски напишани и посветени на овој реномиран фестивал, со кој Македонија со децении е впишана во мапата на светски културни настани *** Со векови ветрот упорно ни шушти: Грабнете гитари, баталете пушки, Со харфи и труби милувајте ...

На 15 октомври во Скопје, по кратко и тешко боледување на 74-годишна возраст почина доајенот на македонското глумиште, Марин Бабиќ (1947 – 2022), човекот со најмагичен радио глас кој долги децении ги “опиваше” слушателите, неповторлив урбан боем и актер со богата биографија. Во 1971 година дипломирал на Театарската академија во Софија и истата година станува дел од Драмски театар – Скопје, каде го поминува целиот свој работен век. Ќе остане ...

На 16 октомври 2022 во Музеј (Домот на АРМ) во Тетово беа промовирани три книги од авторката Силвана Крстовска,на јавноста позната како фолк пејачка. Две поезија, а една е проза. Првата книга е детска стихозбирка која излегува истовремено во печат и со превод од македонски на албански јазик и носи наслов, “Кој тоа живее во нашите шуми, Ти детенце сега думи” и е наменета за деца од претшколска и рана школска возраст. Составена е од 30-ет ...

Светската премиера на филмот „Преекспонирано” ќе се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро ( Cairo International Film Festival), кој се одржува од 13 до 22 ноември. -Денеска најавуваме дека мојот прв долгометражен филм „Преекспонирано” ќе има светска премиера на 44. Меѓународен филмски фестивал во Каиро, кој што е еден од петнаесетте акредитирани А фестивали во светот и за мене е голема чест и ...

Јавен повик до сите уметници, театарџии, музичари, продуценти, културни работници и културни институции: На 14 октомври со почеток во 17.30 часот во просториите на Europe House ќе се одржи информативна сесија која има за цел да ја подигне свеста за различните европски и национални финансиски фондови кои финансираат проекти поврзани со културата во Северна Македонија. Настанот ќе го промовира и Балканскиот водич за финансирање на проекти во ...

ЛОКОМОТИВА – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата ве кани на втората КУЛТРЕНИНГ/Работилница за кореографија „Sensitive Body“ со Тереза Лазарев во Младински културен центар. Работилницата е отворена за учесници со или без танцувачко искуство. Пријавете се на [email protected] најдоцна до 17.10.2022, бројот на учесницни е ограничен. Работилницата „Sensitive Body“ водена од Тереза Лазарев е составена од три танцови сегменти: 1) ...

Методологијата на професорката по психолошки науки, д-р Ванѓа Радевска е сосема различна од онаа што сме научени да ја следиме- таа се темели на научни основи, но приспособена на конкретните потреби на една единка. Зашто, теоријата без примена останува непрактична и “заглавена” на хартија. Професорката восприма и анализира она што се случува наоколу, и потоа дава препораки како да ја подобриме реалноста. Најмногу, и првенствено, со креативна ...

(Интервју, објавено во списанието ” Шило,” април 2011) *** -По секоја завршена манифестација „Глуците пеат“, се начукувавме од задоволство од преполнетата сала. Бевме среќни и горди, бевме ѕвезди на вечерта со денови потоа весниците пишуваа за тој настан. Сакавме да биде сѐ гламурозно и затоа концертот скапо чинеше, вели Марин Бабиќ, таткото на манифестацијата. -Мојот дедо прилепско- мариовски војвода Крсто Гермов- Чакир беше една маркантна ...

Охрид, 6 октомври 2022 Вчера на Светскиот ден на учителот библиотекарите од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја започнаа промоцијата на библиотечните услуги во основните и средни училишта што ќе се одвива во текот на цел октомври кој е и Месец на книгата. Првата презентација беше во двете смени меѓу ученици од ЕМУЦ Св. Наум Охридски. Денеска нашите библиотекари се во ООУ „Христо Узунов“ а утре – петок во СОСУ „Кирил и Методиј“ Охрид. ...

МВР Билтен

46 минути - МИА - +1