
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Унијата на македонски асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје, на 3 и 4 ноември организира Гејм Џем за деца и млади. Активноста ќе се реализира во фоаје на кино „Синеплекс” во Сити Мол во период од 11 до 15 часот и двата дена. Активноста Гејм Џем е продолжение на третото издание на проектот „Видео игротека”, во организација на Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје, а се реализира со ...
Се отвора годишната изложба „Се што ни е заедничко“ во МСУ – Скопје, овој пат во партнерство со биенале Манифеста Изложбата „Сè што ни е заедничко“ (Sa so si amenge jekhethane/All That We Have in Common) се организира во рамки на 14. Европско номадско биенале за современа уметност – Манифеста и ќе биде отворена во Музејот на современата уметност – Скопје на 8 ноември, во 20 часот, а ќе трае до 20 февруари 2023 година. Куратори на изложбата се ...
Во тек е изложбата на фотографии од Димитар Новаков, насловена „Гевгелиски моменти“, започнува реализацијата на програма со културни, спортски и свечени активности по повод Општинскиот празник- 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија. Изложбата ќе биде отворена во Уметничката галерија „Амам“, на која ќе бидат претставени фотографии од автентичната гевгелиска архитектура, фасади, улици и сокаци, пејзажи и видици кои го дефинираат ...
За изложбата: Фреквенцијата на градот, пренесена на хартија. Низ процесот на звукот, преку објективот на фотоапаратот, до сетилата на оној кој ќе ја доживее. Станува збор за мултимедијална изложба од неколку фотографии, од урбаниот живот на Битола, која ќе можете и да ја слушнете. Симбиозата на звукот, пренесен преку фотографијаи, ќе биде уникатно доживување за секој кој ќе ја доживее, односно види и чуе. На секоја од фотографиите ќе биде ...
На 4 ноември, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена самостојната изложба „Лаењето на облаците не ги повредува кучињата“ на Дритон Селмани од Косово. Куратори на поставката се: Владимир Јанчевски, Ива Димовски и Благоја Варошанец. Селмани е еден од тројцата наградени автори за „Најуспешен автор и дело“ на минатогодишното 13. Меѓународно биенале на млади уметници, а наградата подразбира реализација на самостоен ...
“ЛОКОМОТИВА” , Скопје ja организира последната КУЛТРЕНИНГ работилница за кореографија и танц на 5ти ноември 2022, 13-15 часот заедно со танцовиот уметник и кореограф Бобан Русески во Кино Фросина во Младинскиот културен центар. Пријавете се на [email protected] најдоцна до 04.11.2022, бројот на учесници е ограничен. Работилницата „Чувствени алатки за танц“ со Бобан Русески ќе им овозможи на учесниците да се запознаат со можностите за телесно ...
Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател” од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе учествува на 25. Фестивал во Р Италија („Quartieri dell’Arte”). Претставата ќе има само една изведба и ќе се одигра на 5 ноември на сцената во театарот во Витербо (Teatro dell’Unione). Ова е главниот италијански фестивал на новото/современо пишување. Се одржува секоја година во областа Витербо и во Рим, а предводен е од тимот на ...
НУ Библиотека „Григор Прличев“ и овој ноември со изложба на дел од нивното творештво ги одбележува родендените на роднокрајните автори родени во овој месец. Пред пултот за зајмување од вчера е поставена изложба на книги од следните автори: Стојан Ристески, Димче Џајкоски, Димче Донески Дим – Дон, Севим Адем – Сана, Митре Велјаноски и Никола Митровиќ – Бабе. Деновиве Библиотеката ќе започне со преуредување и нова обработка на богатото роднокрајно ...
Понудата од нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид за оваа седмица ја сочинуваат пет наслови со бескрајно возбудлива содржина од двајца странски автори и од две издавачки куќи. На пултот за зајмување читателите ќе можат да ги побараат следните книги: “Предалеку” и “Преблиску” обете од авторот Аби Глајнс а во издание на “Книгохоличари”. Од авторот Крис Картер – “Скулптор на смртта”, “Умираат еден по еден” и “Злотовор” сите во ...
Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерство за култура на Р. С. Македонија го најавува отворањето на изложбата „Мал формат“ кое што ќе се одржи на 02.11.2022 година (среда) во Културно Информативниот Центар КИЦ , салон Имеријал 1, во Скопје со почеток во 20 часот. Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 см ...
На 4 ноември, Оперскиот и Балетски ансамбл при Националната опера и балет, по повод одбележувањето на 7 Ноември, во Народниот театар- Гевгелија, ќе гостуваат со „Болеро“ и „Оперски концерт“, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија. Концертот на НОБ ќе започне во 20 часот. Гевгеличани, во првиот дел, ќе имаат можност да ги проследат и да уживаат во балетската изведба на „Болеро Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова, ...
ЛОКОМОТИВА – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата известува за следната програма: 3 ноември, 2022 Cold Air : An ode to female fantasy на Александра Петрушевска 19.30 ч. билети тука seguir moviendo на Дарио Бардам 21.00 ч. билети тука За двата перформанси блок билети тука 4 ноември, 2022 SCREENSAVER на Александар Георгиев 20.00 ч билети тука Визуелни материјали: https://we.tl/t-LJtkM3sz8Z Програмата МОТ + е дел од соработката ...
-Културен и информативен центар – Битола се приклучува кон прославата на 4ти – Ноември „ Денот на ослободувањето на Битола”. По тој повод Ве покануваме на првиот „Отворен ден” во Офицерски дом, Сабота 05.11.2022 од 09 до 21 часот – . Конечно битолчани и сите останати посетители ќе можат да уживаат во најубавиот и најпрепознатливиот културно – историски споменик во Битола. Спомени се будат, битолчани љубопитно прашуваат, ѕиркаат кон Офицерскиот ...
Во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ на 31.10.2022 се отвори сензорна соба во ООУ„Кочо Рацин“-Куманово. Оваа сензорна соба е специјално опремена просторија каде стручните соработници и наставници од ова училиште ќе можат да обезбедат дополнителна образовна поддршка за учениците со и без попреченост. Ова е 18 сензорна соба која се отвора како дел од овој проект кој го спроведува Фондацијата за образовни и културни ...
Актерите на камерната драма „Нема да биде крај на светот”, Дарја Ризова и Саша Ханџиќ повторно најдобри, овојпат на ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ ТЕАТАРСКИ СРЕДБИ БРЧКО ДИСТРИКТ, БиХ. На ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ ТЕАТАРСКИ СРЕДБИ БРЧКО ДИСТРИКТ, Брчко, БиХ, одржани од 20.10. – 28.10.2022 година, стручното жири во состав: Жељко Митровиќ, актер; Емина Муфтиќ, актерка; Драган Деспот, актер; одлучи наградата за најдобра млада актерка да ја додели на Дарја Ризова за ...
ЛИТЕРАТУРНОТО ТВОРЕШТВОТО ЗА ДЕЦА И МЛАДИ Почитувани, На 20.12.2022 година со почеток во 11 часот ќе започне и ќе се одржи онлајн Конференција на тема: ЛИТЕРАТУРНОТО ТВОРЕШТВОТО ЗА ДЕЦА И МЛАДИ И НЕГОВАТА КРЕАТИВНА И ЕДУКАТИВНА УЛОГА И ФУНКЦИЈА ВО ВОСПИТУВАЊЕТО И ОБРАЗОВАНИЕТО. Конференцијата ќе биде составена од три дела: воведен дел – со настап на универзитетски професори, дебатен дел – со настап на сите заинтересирани дискутанти, ...
Од 1-ви до 15-ти ноември е отворен конкурсот на Друштвото на писателите на Македонија за прием на нови членови. Зинтересираните кандидати треба да достават во ДПМ молба за прием потпишана своерачно, со адреса, мејл и телефон за контакт и согласност доколку бидат избрани – да уплатат членарина од 600 денари за наредната 2023 година. Кандидатите треба да достават и био-библиографија со податоци за сите објавени книги досега, за наградите, ...
„Една од задачите на Националната галерија се базира на презентацијата на творештвото на национални уметници, не само рецентни, туку, пред се, автори кои со своето децениско творење го одредиле текот на македонската современа уметност. Целта на овие претставувања, пред се, е оддавање на должната почит на нашите автори, потсетување на нивниот придонес во одреден историски период и влијанието кое го оставиле врз следните генерации уметници, ...
Во вторник , на 1 ноември во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија, концерт ќе одржи трио „Принчипеле”. На програмата се Голдберг варијации BWV 988 од Јохан Себастијан Бах, Квартет за обоа, виолина, виола и виолончело КВ 370 од Волфганг Амадеус Моцарт и Трио за виолина, виола, виолончело од Жан Крас.Во трио „Принчипеле” свират виолинистката Анна Кондратенко, виолистот Марко Виденовиќ и виолончелистот Паскал Краповски. Како гостин на ...
На 2 ноември (среда) во 19.30 часот во Народниот театар во Гевгелија во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев” – Гевгелија, ќе се одржи Одбележување на 50 години творечка кариера на македонскиот писател, книжевен историчар и критичар проф. д-р Васил Тоциновски. За творештвото на проф. д-р Васил Тоциновски ќе зборува проф. д-р Славчо Ковилоски. Настанот, под покровителство на Општина Гевгелија, ќе биде отворен од директорот на библиотеката ...
Францускиот институт во Скопје извести за традиционалниот Саем за студии во Франција, којшто ќе се одржи во вторник, 1 ноември 2022, од 11 до 16 часот. Настанот ќе биде отворен за посетители од 11 часот, а официјално ќе биде отворен во 12 часот, со поздравни говори на: г-дин Раметула Кучи, Директор на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климет Охридски” – Скопје г-дин Лулзим Алиу, Заменик министер за образование и наука Н.Е г-дин Сирил ...
31.10.2022, Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје го отвори Саемот за пракса и вработување. Во лобито на Машински факултет се поставени штандови на вкупно 24 добро познати компании кои веднаш го привлекоа вниманието на идните инженериод Машинскиот факултет, но и останатите студенти од инженерскиот кампус. ,,Соработката меѓу индустријата и факултетите е клучна за економски и општествен раст и развој. Во следните ...
Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Омаж на маестро Александар Џамбазов” во рамки на 45. издание на фестивалот „Денови на македонска музика”, посветен на големиот македонски композитор. Концертот е хуманитарен, а парите од билетите ќе бидат донирани на Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија „Баланс-Мк”. На концертниот омаж публиката ќе може да проследи дела од неговиот симфониски опус – ...
Овој четврток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Банда”, на кој ќе бидат изведени дела од Гинастера, Лобос, Пјацола и Гершвин. Диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија, а како солистка ќе настапи македонската флејтистка Илинка Велкова. Концертот е поддржан од Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје. Алберто Гинастера (1916-1983) е еден од најзначајните аргентински композитори и ...
Официјално е заштитник на здравјето на човекот, а хранливите и лековити својства на оревот се нешто што е познато на сите. Но, за бројни македонските поети тоа е мотив кој деновиве го разнежни нивното перо, и даде вкусни поетски плодови од преку триесеттина песни, кои го опејуваат и величаат ова корисно дрво, украс на природата. *** Од една идеја, под тој мотив се создадоа благородни песни кои под ореовата ладовина во скопскиот ресторан “Ореов ...
Познатиот новинар, сега во пензија, а некогаш и познат уредник во Македонка телевизија Иван Андреевски, денес ја прими “Цветиновата награда за мир”. Истата, беше објавена на седми јули годинава, на Иванден. Наградата ја доделува нашиот нашироко познат уметник- хуманист и нобеловски кандидат Живко Поповски Цветин, кој вели дека Андреевски ја заслужил оваа награда со поддршката што му ја укажувал како уредник на утринските емисии на Македонска ...
По повод 140 години од раѓањето на Пабло Пикасо, Амбасадата на Кралството Шпанија ќе организира серија на изложби посветени на големиот Шпански уметник Пабло Пикасо. По големиот успех во 2016 година на изложбата „Пикасо може би јас на Македонскиот уметник Филип Фидановски покажана пред Скопската публика, овој пат изложбата ќе имаат можност да ја погледнат граѓаните на повеќе градови како Охрид, Куманово, Битола. Со серијата на изложби кои се во ...
Инаугурација на изложбата на уметникот Филип Фидановски „Пикасо, можеби јас“, поддржана од Амбасадата на Шпанија во Скопјe. 26 октомври 2022 година, во 19 часот. Националната установа Центар за култура „Кочо Рацин“ – Кичево По повод 140-годишнината од раѓањето на Пабло Пикасо, Амбасадата на Кралството Шпанија ја поддржува изложбата на македонскиот уметник Филип Фидановски посветена на големиот шпански уметник Пабло Пикасо, која ќе биде отворена ...
Кинотеката отсекогаш била место коe нуди уникатна филмска програма, алтернативна на холивудските блокбастери и хитовите од стриминг-платформите. Тука, македонската публика на големо платно може да погледне арт-хаус филмови од различни кинематографии, како и филмски наслови од домашната филмска продукција. Секако, нашата главна мотивација за создавањето на филмската програма е да се состави програма која ќе нуди нови и разновидни филмски ...
Новата песна “Лаго моја” на Блаж Маротов е веќе во етерот, на радио станиците, а со спот јутјуб и на социјалните медиуми. Станува збор за уште една негова одлична песна, на која тој е потпишан како автор на музика, аранжман, продукција и изведба, а свири “живи” гитари, бас, клавир и придружни вокали. Текстот е на Огнен Неделковски. -Текстот го имав уште на почетокот на пандемијата, ама поради редот на нештата и работата на многу други обемни ...