
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Овој месец се заокружуваат 45 години од првиот објавен албум на македонската бренд група “Леб и сол”. “Леб и сол” е и името на првиот студиски албум на славната македонска џез/рок група, кој бил издаден во јануари 1977 година, поточно на 9-ти јануари, преку издавачката куќа ПГП РТБ. Подоцна, бил реиздаден заедно со „Леб и сол 2“ во 2000 од ПГП РТС како „Леб и сол 1 & 2“. Групата ја сочинуваа Влатко Стефановски–вокал и гитарист, Кокан ...
Песни од македонскиот писател Стефан Марковски се застапени во првиот број за 2023 година од естонското списание за литература, наука, историја, култура и филозофија Akadeemia, кое излегува на месечно ниво во универзитетски центар во земјата, Тарту. Песните кои се извадок од објавеното творештво на Марковски се препеани на естонски јазик од Јури Талвет, емеритус професор по компаративна книжевност на Универзитетот во Тарту. Списанието Akadeemia ...
Славко Јаневски (Скопје, 11 јануари 1920 — Скопје, 20 јануари 2000) — истакнат македонски раскажувач, романописец, поет, филмски сценарист, есеист и сликар. Долги години бил член на МАНУ и Друштвото на писатели на Македонија. Тој припаѓа на првата генерација македонски писатели по Втората светска војна, која ги поставила темелите на современата македонска книжевност. Неговиот роман „Село зад седумте јасени“ (1952) е првиот роман објавен на ...
Црвен крст- ОО Гевгелија, како давател на услугата- лична асистенција, во соработка со Општина Гевгелија и Општина Богданци, а во рамки на реализацијата на Проектот за подобрување на социјални услуги, објави Јавен конкурс за обука на лични асистенти на лица со попреченост. Заинтересираните лица кои сакаат да ја посетат обуката и да се стекнат со сертификат за личен асистент на лица со попреченост, треба да се пријават до 20 јануари, 2023 година, ...
Домот на културата „Македонија“- Гевгелија во новата година ја започнува својата програма за работа со организирано гостување на кумановските актери и stand up комичари Чедо, Маре и Миро, кои пред гевгеличани ќе се претстават со stand up настап, насловен „Кабаре Кабает“. На 11 јануари, 2023 година, во Народниот театар- Гевгелија,19 часот, љубителите на комедијата ќе имаат можност да го проследат настапот на Мирослав Петковиќ, Марко Трајковиќ, ...
Скопје, 10.01.2023 „Македоника литера“ неодамна ги публикуваше „Клучните концепти во кинеската традиционална медицина“ во два тома од авторите Ли Џаогуо, Ву Ќинг и Синг Јуруи. Двата тома даваат сеопфатен преглед на терминологијата во кинеската традиционална медицина. Дефинирани се и објаснети најзначајните концепти во кинеската традиционална медицина. Основните термини се однесуваат на мислата и културата на кинеската традиционална медицина, ...
Кинотечната програма за крајот на јануари избра два македонски играни филмови од најновата продукција, како и еден српски наслов со малцинско македонско продукциско учество. Исто така, во редовната соработка со Францускиот институт од Скопје, во јануари го прикажуваме филмот ПРЕЗИР на Жан-Лук Годар, кој неодамна „замина“ на Елисејските полиња. Станува збор за дебитантскиот игран долгометражен филм СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА(Snow White Dies at the ...
На 12 и 13 јануари 2023 (четврток и петок) со почеток во 20.00 часот ќе се одржи Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023. За да се одбележи традицијата на Василица кога се крши лепче со паричка на 13 јануари публиката во фоајето ќе има можност да земе лепче со паричка, а среќниот кому ќе му се падне ќе добие гратис-билети за целата сезона на Националната опера и балет. Традицијата востановена пред повеќе од 25 ...
Со огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на актерката Катерина Крстева (1938 – 2023), дамата на македонското актерство – популарна меѓу народот како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене”. Катерина Крстева е дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот препознатлив и ведар дух и лик, како и веселост на театарската сцена и ТВ екраните ја направија миленичка на широката театарска, ...
Браќата Даниел и Виктор Тошевски направија нова преработка на легендарна фолк песна “Стари спомени”. Песната е отпеана на фестивалот “Фолк фест Валандово ’89” од покојниот Момо Николовски, кој е и автор на текстот. -Музиката е на Григор Копров и имавме дозвола да ја преработиме со нов клавирски аранжман, кој го направи Виктор Тошевски и го отсвире клавирот. Се снимаше во студиото “Подрумот” кај Ангел Ќосев, а придружните вокали ги пеат ...
Скопје, јануари 2023 Во наредната година треба да се сконцентрираме на рационализација и реформи во јавниот сектор, енергетскиот сектор, економијата и окружувањето за водење на бизнис за да отвориме една подобра перспектива за идните генерации, истакна претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски во интервју за телевизија „Сител”. „Да направиме една квалитетна анализа, да видиме каде сме можеле подобро да реагираме, каде сме ...
„Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО, го објавија конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2023 за најдобра дебитантска книга од млад автор (до 35 години). Конкурсот трае до 21 февруари 2023 година, до кога сите книги и пријави треба да пристигнат на поштенската адреса на Струшките вечери на поезијата, или во електронска форма, според условите наведени подолу. Услови за учество на ...
Почнувајќи од 12 јануари (четврток), со по три филмски проекции дневно во попладневните и вечерните часови, Кинотеката и оваа година останува верна на традиционалното КИНО УТРО. Годинава во Кинотеката доаѓаат најпознатите негативци од филмското платно Џек Скилингтон и Гру засилени со помалку познатите, но полни со потенцијал – крокодилот Лил, вечно младиот Кашеј, малиот Финик и Макс и неговата бесна дружина. На овие ликови Тони Монтана, Норман ...
Актерот Сашо Ристовски, актер во НУ Театар Комедија Скопје, секојдневно присутен на телевизија како еден од носителите на серијалот “Народни приказни”, во ексклузивно празнично интервју. *Би сакале да Ви ги честитаме новогодишните и божиќните празници. Како за почеток на ова наше прво интервју, како ја оценувате измината 2022 година? – Ви благодарам. Ви ги честитам од срце и јас. Ви посакувам сѐ што сте замислиле да Ви се оствари. За мене 2022 ...
Концертот што секоја година се одржува по повод празникот „Василица“ во Националната опера и балет, ќе биде на 12 и 13 јануари 2023 (четврток и петок) со почеток во 20 часот. Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ е традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, а оваа година верната публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите ...
Денеска (28 декември, 2022 година), во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19 часот, најмалата возрасна група од Детското драмско студио при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија премиерно ќе ја изведe претставата „Претпремиера“. -Претставата е спој од една Дедомразовска едночинка, стихотворби од „Зајче без опавче“, детски забавни едночинки и познати песнички, во која малите актери ќе ве поведат на незаборавно патување низ детските ...
Скопје, 3 јануари 2023 година Хуманистот и уметник Живко Поповски Цветин денеска додели “Цветинова награда за мир” на шпанскиот поет Хустон Хорхе Падрон. Во амбиентот на градската кафана “Пелистер”, наградата ја прими неговата сопруга Клеопатра, која потекнува од Скопје. Големо пријателство и почитување постоеше меѓу славниот поет и голем пријател на Македонија и надалеку прочуениот уметник и деец за мир, кој се посети и дека : “Многу голема ...
Сите картотеки кои постојат во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, се дигитализирани и сочувани за наредните генерации. „Срцето на македонскиот идентитет – дијалектите, во дигитална форма стигнаа во 14 водоотпорни и огноотпорни куфери од Архивскиот дата-центар „Инбокс“ (Inbox) до Институтот за македонски јазик. Тие се зачувани и се на безбедно место во наредните 500 години“ а “дигитализацијата на сите картотеки е целосно завршена – ...
Скопје, 29.12.2022 година Вчера, ученици членови на литературната и ликовната секција од Ученичкиот дом при СМУГС “Д-р. Панче Караѓозов”,заедно со професорките Катерина Митковска и Вера Чорниј Мешкова присуствуваа на ликовната изложба “Мироносно цвеќе на пријателството” на ликовниот уметник и хуманист Живко Поповски – Цветин на улица Македонија пред Спомен куќата на Мајка Тереза. Присутни беа и учениците од ПСУ “Јахја Кемал” и нивната менторка ...
Ѓоле Максимовски подготвува соло албум, информација која многумина ќе ја дочекаат со огромно задоволство и констатација дека редно е, по долгото искуство на сцената, еден од најдобрите бас гитаристи да стави траен печат на својата плодна кариера. А, во неа се впишани “Влатко Стефановски трио”, Гарабет Тавијтан и “Парамециум”, многу други групи, како и последно “Кабадајас”, која е на концертна пауза последнава година, но паралелно е во студио, ...
Ѓоле Максимовски подготвува соло албум, информација која многумина ќе ја дочекаат со огромно задоволство и констатација дека редно е, по долгото искуство на сцената, еден од најдобрите бас гитаристи да стави траен печат на својата плодна кариера. А, во неа се впишани “Влатко Стефановски трио”, Гарабет Тавијтан и “Парамециум”, многу други групи, како и последно “Кабадајас”, која е на концертна пауза последнава година, но паралелно е во студио, ...
Ѓоле Максимовски подготвува соло албум, информација која многумина ќе ја дочекаат со огромно задоволство и констатација дека редно е, по долгото искуство на сцената, еден од најдобрите бас гитаристи да стави траен печат на својата плодна кариера. А, во неа се впишани “Влатко Сефановски трио”, Гарабет Тавијтан и “Парамециум”, многу други групи, како и последно “Кабадајас”, која е на концертна пауза последнава година, но паралелно е во студио, ...
Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ почна со програмата „Зимски МакеДокс“, со која онлајн се прикажуваат победниците на фестивалите на четири основачи на документарната мрежа „Doc Around Europe“. Како нова иницијатива, програмата „Зимски МакеДокс“ се лансира со цел да го зголеми интересот за онлајн гледање креативни документарни филмови. Наградените документарни филмови на четири европски фестивали од мрежата „Doc Around Europe“ ...
Колаборативниот проект “Штампање заеднички простор”, во кој учествува визуелниот уметник Филип Јовановски од Република Северна Македонија во соработка со студенти од ФДУ и Архитектонски факултет од Скопје, како и Факултети од Нови Сад и Ријека, ја доби престижната меѓународна награда „Ранко Радовиќ”, во категоријата за најдобра мултимедијална поставка/изложба, што ја доделува Здружението на ликовни, применети уметници и дизајнери на Србија за ...
Македонскиот народен театар, синоќа, 27 декември 2022 година, премиерно ја одигра претставата „Бакхи: Агава”, сопоред Еврипид и Тамара Барачков. Агава е ликот за кој се зборува, а нејзиното однесување е предмет на толкување и прераскажување на останатите машки ликови. По чедоморството, Агава прозборува само во последниот чин. Но, злочинот го прави во состојба на занес и транс, таа сопствените постапки не е во состојба рационално да ги процесира ...
Културен и информативен центар Битола во копродукциска соработка на две претстави со Народен театар Битола. И тоа: *** Една од најгледаните новогодишни и божиќни приказни, која раскажува за скржавецот Скруџ и неговиот вработен Боб Крачит, под наслов „Божиќна песна”, деновиве ја полни салата во Народниот театар во Битола. По одиграната премиера, претставата ќе може да се погледне утре и задутре, во 5 следни проекции во Народниот театар, со ...
Националната галерија на Република Северна Македонија на 16 декември 2022 , в во објектот Чифте амам организираше изложба на проектот „Креативен код“. Во рамките на својата Годишна програма, едукативното одделение на Националната галерија со години наназад организира голем број едукативни проекти посветени на ранливите категории. Проектите имаат за цел социјализација на лицата со хендикеп и подигнување на јавната свест. Ваквите креативни ...
На редовното Изборното Собрание на Здружението МНК ИКОМ, одржано на ден 26.12.2022 година во НУ Музеј на Република Северна Македонија, за претседател на МНК ИКОМ е избран Благоја Варошанец (НУ Музеј на современата уметност-Скопје, за секретар Ана Вишинова (НУ Музеј на македонската борба за самостојност-Скопје), и за членови на Извршниот одбор Страхил Петровски (НУ Национален конзерваторски центар Скопје), Наде Геневска Брачиќ (НУ Завод и Музеј ...
Од 15 декември е отворена изложба на уметничката група XXL. Националната галерија на Република Северна Македонија (Мултимедијален центар „Мала станица“) ја претставува групата XXL, создадена во 1994 година, во Софија. По децениско меѓусебно непознавање (или делумно познавање) на тековните процеси во уметноста на двете земји, оваа изложба ја гледаме како уште еден чекор кон трајна соработка во областа на културата. Во 1994 година, основачи на ...
“ПЕСНИ ЗА ЉУБОВ И КОПНЕЖ” 3.и 4. ЈАНУАРИ, МОБ 20 часот За финале на скопскиот маратон, овој пат на уште поинтимна локација – Македонската опера и балет! -Да не должиме многу. Поминаа концертите. Беа пет во три дена. Кој беше, виде и почувствува, вели организаторот и додава : -Поради навистина неверојатен интерес и притисок за влезници изминативе денови, како и фактот што Дуке и Исмаил остануваат во Македонија и во првата недела од јануари, се ...