
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Пред само три месеци на макфестовската сцена беше промовиран сега веќе регионалниот хит “Bella” во изведба на младите Пајак и Лара, за кој ден потоа се промовираше и видео записот за песната која до овој момент брои скоро 10 милиони прегледи на Јутутб. “Bella”несомнено ќе биде најслушаната песна помеѓу двата фестивала. Овој пат повторно под палката на Урбан Рекордс продукција беше промовирана новата песна и спот за “Habibi”. Се работи за ...
Под мотото „Крвта да го чека болниот, а не болниот да чека крв“, ОО Црвен крст Гевгелија организира крводарителска акција за граѓаните од општина Гевгелија, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина. Крводарителската акција, која е прва во новата година, утре (24 јануари, 2023 година) ќе биде одржана во просториите на Народен театар- Гевгелија, во периодот од 10 до 16 часот. Кандидатите кои сакаат да ја даруваат својата крв треба да го ...
Учениците од школата за гитара уште еднаш заеднички ќе се претстават со изведби на познати странски и домашни нумери на вториот концерт кој ќе биде одржан на 25 јануари, 2023 година. Во Народниот театар- Гевгелија, публиката ќе има можност да ужива во звуците од гитарите на учениците кои ја посетуваат Школата за гитара, под менторство на Костадин Динев, како и на формираниот Guitar school band. Концертот ќе започне во 19.30 часот, а влезот е ...
Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата. Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографија и режија задолжена е Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло – Милчо Александров, а ...
На неговиот професионализам може да му позавидат и најврвни професионалци од областа на заштита на културното наследство. Посветеноста, едуцираноста и желбата своето знаење да го направи од трајна општествена корист, го водат по патеките на успехот. Станува збор за господинот Афет Јашари, државен советник во Министерството за култура. *Ќе почнеме од тоа што Вие по професија сте дипломиран етнолог и антрополог кој професионалната среќа ја гради ...
На неговиот професионализам може да му позавидат и најврвни професионалци од областа на заштита на културното наследство. Посветеноста, едуцираноста и желбата своето знаење да го направи од трајна општествена корист, го водат по патеките на успехот. Станува збор за господинот Афет Јашари, државен советник во Министерството за култура. *Ќе почнеме од тоа што Вие по професија сте дипломиран етнолог и антрополог кој професионалната среќа ја гради ...
Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Лезет” на кој како солист ќе настапи младиот македонски виолинист Александар Иванов. На програмата се „Психофонија” од македонскиот композитор Ристо Аврамовски со чија изведба ќе се одбележат 80 години од раѓањето на авторот, Концертот за виолина и оркестар во Дe-дур, оп. 35 од Ерих Волфганг Корнголд и „Гогољ суита” од Алфред Шнитке. ...
Продолжуваме со нова енергија во продуцирање и промовирањето на културни , културно – образовни и други јавни настани, велат од МКЦ Битола и за оваа седмица ги најавуваат следните настани: 25 јануари 2023 година: Офицерски дом 12 часот Тркалезна маса – „Поврзаност на образованието, културата и уметноста” – Вооспоставување на соработка во културните дејности со основните и средните училишта во Општина Битола. 26 јануари, Офицерски дом 19 часот ...
„Македоника литера“ неодамна публикуваше два романа од нова серија со наслов „Најдобрата кинеска фантастична литература за деца“ – „Детето на ветрот“ од Ванг Ѓунсин и децата во мобилниот телефон“ од Џоу Син. Преводот од англиски јазик е на Бојана Богдановска и Дијана Крстевска. „Детето на ветрот“ и „Деца во мобилниот телефон“ се наградени со највисоката награда за најдобар фантастичен роман за деца „Бел кит“ во Кина. Двете книги се првите ...
Почнуваат подготовките за настапот на светската музичка атракција Perpetuum Jazzile во Скопје, кој како што предходно Ве информиравме ќе се оддржи на 10.02.2023г. во Македонската Филхармонија. Како изгледаат подготовките на Perpetuum Jazzile за концертот во Скопје и нивниот повик до македонските фанови, може да погледнете во видеото кое ни го испратија членовите на хорот. (во прилог) Влезниците за овој музички спектакл веќе се во продажба преку ...
На 24 јануари 1991 година во издание на НИП „Нова Македонија, излезе првиот број на независниот македонски неделник „Пулс“. Кога во Македонија постоеја дневни печатени весници кои со нетрпение чекавме да излезат и да се прочитаат! Кога медиумите беа барометар на општествениот-политичкиот и културниот живот! Кога не се создаваа медиусмки содржини со copy paste ! Кога новинарите беа одговорни а уредниците строги! Кога имавме медиумски систем кој ...
Ристо Апостолов, предводникот на групата “Водолија” на македонската сцена е од 1989 година, а официјално од првиот настап на “Поп рок фест 1991” , година кога е создадена и првата нивна официјална снимка. Неговото искуство на сцена, трите албуми “Љубов или Страсти” (1996), “Хазард” (1997) и “Сѐ што е свето” (2009/2010), 15-те синглови, многу авторство и студиска работа, ми даде за право да го поканам на муабет без конкретна тема, а на повеќе ...
Само еден од пет филмови во Европа е режиран од жена, кај нас и помалку.Евидентна е родовата нееднаквост во европскиот филм во 2021, жените режисерки добиваат помалку јавни средства, работат со пониски буџети, а нивните филмови имаат пократка дистрибуција; сепак, нивните филмови често се уметнички поуспешни и финансиски поефикасно се произведуваат. Оттука, недостатокот на женски талент во индустријата не може да биде проблем на квалитетот како ...
Музеј на Република Северна Македонија 28 декември 2022 година, 13 часот. Во духот на заокружувањето на оваа плодна и успешна година, Музејот на Република Северна Македонија со задоволство ја најавува завршната изложба „ПОВЕЌЕ ОД ЗБОРОВИ – Благоја Дрнков во етнолошката музејска архива“, којашто ќе биде отворена на 28 декември 2022 година во 13:00 часот. Изложбата се реализира во чест на креативниот мајстор на фотографијата и неговите фотографски ...
Детскиот германски филм „Макс и бесната дружина“, во режија на Винфрид Елснер, од утре ќе игра во повеќе киносали низ републиката. Проекциите почнуваат утре, 19 јануари 2023 година, во 18:30 часот во киното „Милениум“ во Скопје и во 19:00 часот во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар. Задутре и в сабота, пак, „Макс и бесната дружина“ ќе се прикажува во Кинотеката од 15:00 часот, како и во Центар за култура Битола од 18:30 часот. Проекции на ...
Почитувани љубители на уметноста, уметници, културни работници, медиуми, претставници на дипломатските тела, соработници од образованието и севкупниот општествен и политички естаблишмент, дозволете најнапред да Ви се заблагодарам на сите подеднакво за целата поддршка во изминатата 2022 година. Вашето присуство и ангажман ја одбележа изминатата година за успешна година, за што сите ние во Националната галерија се залагавме и сме особено горди. Во ...
Гордана Димовска е писателка и поетеса, родена на 20 декември 1970 година во битолското село Оптичари. Уште од најрана возраст изразува чувство на љубов кон книгата и македонскиот јазик, за подоцна да почне и да пишува на разни теми и да се здобива со награди за своите литературни дела. Од 1993 година живее и работи во Мелбурн, Австралија. Со добиените квалификации во Монаш Универзитет во Мелбурн се вработува во Викториското училиште за јазици ...
Концертот на Shortparis во Скопје, кој требаше да се случи вечерва, е одложен за утревечер, на 17 јануари За старт на јубилејниот Таксират#25 SHORTPARIS – ексцентричниот бенд од Санкт Петербург нè води низ возбудлив саундтрак на животот. Во Младински Културен Центар утревечер ќе одржи целовечерен самостоен концерт во автентична, експериментална музичка естетика и брилијантна изведба во живо! Промо-билети од 600 денари, достапни на MkTickets: ...
Психолошката драма МИМИ, вториот игран филм на Даријан Пејовски, предизвика голем интерес кај публиката. Наталија Теодосиева како Мими Затоа Кинотеката резервираше дополнителни три проекции на филмот во рамки на јануарската програма: МИМИ ќе биде прикажан на 18, 20 и 21 јануари со почеток во 20 часот. МИМИ по премиерата на филмскиот фестивал „Синедејс“ во Скопје забележа учество и на филмските фестивали во Пула, и Херцег Нови… Игран филм, С. ...
Писмо во што следува е напишано од антологискиот македонски писател Васил Иљоски, а посветено на уметникот и хуманист Живко Поповски- Цветин. Го опева пријателството, а во овие редови лежат и низа други мудрости, искажани од големиот мајстор на зборот кон големиот мајстор на цветниот цртеж. **** На пријателството како врвен, најидеален однос во широката скала на меѓучовечките односи, може да му се приоѓа од многубројни, разни аспекти, посебно ...
Најновата балетска продукција од Националната опера и балет, современиот балет во 3 слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, современа бајка за сите возрасти на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе на 20 и 21 јануари 2023 со почеток во 20.00 часот. Приказната за „Пепелашка“ преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ (Србија). Костимографијата ...
За популарниот Василичарски концерт владее мислење дека е еден од најгламурозните настани на нашата културна сцена, а секоја година тоа и одново се докажува и покажува. Впрочем, како и годинава. Популарни оперски арии и дела од Пучини, Верди, Џордано, де Либ, Штраус– помладиот овој пат го обележаа репертоарот на овој висок културен настан, кои беа изведени од најпознатите македонски оперски пејачи и певици, Оркестарот и Хорот на Опера и балет, а ...
СмартАп ја објави седмата епизода, во која објавува си кои активности успешно ја финализираа 2022 година! Тоа се, ги цитираме самите нив: -InnoFin – Иновативен финансиски модел за поддршка при транзиција кон обновливи извори на енергија Во месец ноември започнавме со проектот чија цел е да ја поддржи транзицијата кон обновливите извори на енергија, каде што граѓаните поседуваат или учествуваат во производството и/или користењето одржлива ...
13.01.2023, Скопје Сојузот на стопански комори на Македонија додели благодарници за успешна соработка на Амбасадата на Јапонија, Амбасадата на Народна Република Кина и Амбасадата на Босна и Херцеговина со кои во изминатиот период успешно реализираше заеднички активности и проекти. Благодарниците ги примија амбасадорот на Јапонија во РСМ Казуја Отсука, амбасадорот на Босна и Херцеговина во РСМ, Драган Јаќимовиќ и Хе Бингхуа економски советник во ...
Овој месец се заокружуваат 45 години од првиот објавен албум на македонската бренд група “Леб и сол”. “Леб и сол” е и името на првиот студиски албум на славната македонска џез/рок група, кој бил издаден во јануари 1977 година, поточно на 9-ти јануари, преку издавачката куќа ПГП РТБ. Подоцна, бил реиздаден заедно со „Леб и сол 2“ во 2000 од ПГП РТС како „Леб и сол 1 & 2“. Групата ја сочинуваа Влатко Стефановски–вокал и гитарист, Кокан ...
Песни од македонскиот писател Стефан Марковски се застапени во првиот број за 2023 година од естонското списание за литература, наука, историја, култура и филозофија Akadeemia, кое излегува на месечно ниво во универзитетски центар во земјата, Тарту. Песните кои се извадок од објавеното творештво на Марковски се препеани на естонски јазик од Јури Талвет, емеритус професор по компаративна книжевност на Универзитетот во Тарту. Списанието Akadeemia ...
Славко Јаневски (Скопје, 11 јануари 1920 — Скопје, 20 јануари 2000) — истакнат македонски раскажувач, романописец, поет, филмски сценарист, есеист и сликар. Долги години бил член на МАНУ и Друштвото на писатели на Македонија. Тој припаѓа на првата генерација македонски писатели по Втората светска војна, која ги поставила темелите на современата македонска книжевност. Неговиот роман „Село зад седумте јасени“ (1952) е првиот роман објавен на ...
Црвен крст- ОО Гевгелија, како давател на услугата- лична асистенција, во соработка со Општина Гевгелија и Општина Богданци, а во рамки на реализацијата на Проектот за подобрување на социјални услуги, објави Јавен конкурс за обука на лични асистенти на лица со попреченост. Заинтересираните лица кои сакаат да ја посетат обуката и да се стекнат со сертификат за личен асистент на лица со попреченост, треба да се пријават до 20 јануари, 2023 година, ...
Домот на културата „Македонија“- Гевгелија во новата година ја започнува својата програма за работа со организирано гостување на кумановските актери и stand up комичари Чедо, Маре и Миро, кои пред гевгеличани ќе се претстават со stand up настап, насловен „Кабаре Кабает“. На 11 јануари, 2023 година, во Народниот театар- Гевгелија,19 часот, љубителите на комедијата ќе имаат можност да го проследат настапот на Мирослав Петковиќ, Марко Трајковиќ, ...
Скопје, 10.01.2023 „Македоника литера“ неодамна ги публикуваше „Клучните концепти во кинеската традиционална медицина“ во два тома од авторите Ли Џаогуо, Ву Ќинг и Синг Јуруи. Двата тома даваат сеопфатен преглед на терминологијата во кинеската традиционална медицина. Дефинирани се и објаснети најзначајните концепти во кинеската традиционална медицина. Основните термини се однесуваат на мислата и културата на кинеската традиционална медицина, ...