Во Уметничката галерија „Амам“- Гевгелија, ќе биде поставена Изложба на цртежи „Скици 2022“. Биеналната изложба на цртежи, на 4 март 2024 година, со отворањето во Гевгелија ќе го доживее своето 8. издание како проект на НУ Центар „Трајко Прокопиев“- Куманово, а во организација на Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и НУ Музеј- Гевгелија. Отворањето на изложбата е закажано од 19.30 часот. „Скици 2022“ е континуиран напор за реализација на ...

Скопје, 11.03.2024 „Македоника литера“ деновиве го објави романот „Доставувачот на пораки“ од реномираниот кинески писател Лиу Лиангченг, во превод од кинески јазик на Кристина Стаменова. Лиу Лиангченг се смета за влијателен автор во Кина, посебно во последните две децении, а во декември 2023 г. стана лауреат на највисоката книжевна награда во Кина „Мао Дун“ за најновиот роман „Бомба“, за кој „Македоника литера“ веќе ги има правата за превод на ...

На овој ден, пред 88 години, во Скопје е родена Оливера Николова, раскажувачка, романсиерка и драмска писателка. Позната како „мајка на сите македонски писателки“ и „мајката на Зоки Поки“, работела како драматург- уредник во емисиите за деца и во драмските програми за возрасни на Радио и на ТВ Скопје. Има објавено десет романи и три збирки раскази за возрасни, 17 книги за деца и сликовници, меѓу кои: „Зоки Поки“, „Девојките на Марко“, „Мојот ...

11 Март 2024 година Знаете ли што е глауком? Описно кажано тоа е очен притисок кој настанува од капката водичка во окото која го притиска оптичкиот нерв одназад и доколку не се третира со време може да доведе до слепило, и тоа трајно слепило. Ако се спречи, или лекува, нема да дојде до таа кобна состојба на губење на видот. Затоа очниот притисок е нужно да се мери. И ние не знаевме, а ова денес го дознавме случајно, поминувајќи низ центарот на ...

Тиииит! Инк. и оваа година, четврта по ред, подготви едукативни материјали прилагодени за ученички и ученици во средните училишта со цел да се отвори простор за инклузивна дискусија со младите за родовата нееднаквост и феминизмот. Оваа година во фокус се жените кои се занимавале или пак сѐ уште се занимаваат со уметност и со архитектура, а едукативните материјали имавме чест да ги изготвиме во соработка со Јованка Попова, кураторка при Музејот ...

На 16 март со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе ремек-делото „Боеми“ од Џакомо Пучини. Приказната за животот на љубовниците Родолфо и Мими ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, претставата е доловена преку масивната сценографија на Зоран Николовски и колоритната костимографија на Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор Јасмина ...

РЕТРОСПЕКТИВАТА НА СЛОВАЧКИОТ КЛАСИЧЕН ФИЛМ е навистина ретка можност за македонската филмска публика да добие суштински увид во историјата на една релaтивно блиска кинематографија, како словачката. Како што кажува и името на ретроспективата, тоа е селекција на класици на словачката кинематографија од периодот на комунистичка Чехословачка. Станува збор за филмови кои се репрезентативни за развојот на словачкото кино, кои оставиле огромно ...

Утревечер, недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од 96- тото доделување на Оскарите, престижната награда на Академијата за филмски уметности и науки. Водител на шоуто во театарот Долби во Холивуд ќе биде Џими Кимел. Доаѓањето на ѕвездите на Црвениот тепих ќе започне во 23.30, а на полноќ започнува 96-та Оскаровска церемонија и ќе трае до 3.30. наутро. Филмот на Кристофер Нолан, „Опенхајмер“ води ...

Скопје, 7 Март 2024 Денеска во Скопје почина легендарната фолк интерпретаторка Атина Апостолова. Родена на 20 мај 1946 година во Скопје, дипломира на Економскиот факултет во Скопје. Со музика почнала да се занимава во 1968 година. Таа е македонска пејачка на народна музика., а најпозната е по песните “Запејте мераклии”, “Цела вечер ќе ти пејам”, “Верувај ми”, “Усни румени”, “Те видов и се заљубив”, “Иле Илија” и многу други. Таа имала турнеи во ...

Скопје, 7 Март 2024 Денеска во Скопје почина легендарната фолк интерпретаторка Атина Апостолова. Родена на 20 мај 1946 година во Скопје, дипломира на Економскиот факултет во Скопје. Со музика почнала да се занимава во 1968 година. Таа е македонска пејачка на народна музика., а најпозната е по песните “Запејте мераклии”, “Цела вечер ќе ти пејам”, “Верувај ми”, “Усни румени”, “Те видов и се заљубив”, “Иле Илија” и многу други. Таа имала турнеи во ...

Музичката програма на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ продолжува и овој петок на 8 март со уште еден целовечерен настан кој ќе се одржи во Младинскиот културен центар. Настанот, кој почнува во 21 часот ќе обедини и претстави две сцени на современа поп и рок музика. Првата белградска, со концерт на култните Артан Лили, еден од најмногу споменувате бендови во регионот кога се зборува за новата домашна и регионална музичка сцена. Втората скопска, со ...

Во чест на 8 Март (2024) – Меѓународниот ден на жената утре во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана новата стихозбирка од поетесата Зора Златева од Охрид. Сон, јаве, фантазија и реалност „живеат“ заедно меѓу кориците од оваа стихозбирка. Авторката Зора Златева умешно во педесетината песни како сликар платното го бои со зборови со многу емоции и испомешани чувства. Таа е господар на ситуацијата и несомнено личните а и ...

Во пресрет на 45-ото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ Кинотеката на Македонија, фестивалот, Центарот за култура Битола организираат ретроспектива на култни филмови чии кинематографери се некои од досегашните лауреати на „Браќа Манаки“. Во Кинотека филмовите од ретроспективата „Великаните на Браќа Манаки“ се прикажуваат секоја среда од 20:00, а во Центарот за култура Битола секој понеделник од 20:00. Во ...

Еден од најголемите балкански поп легенди на овие простори Ален Славица, деновиве ја изненади својата публика со нова извонредна тема, песната “Ема” за својата единица. Со емотивни стихови и меки ноти, тој ја опишува својата Ема, ќерката што ја имаат во бракот со Сандра (која пак е, да потсетиме, ќерка на Арсен Дедиќ). А го имаме задоволството да ја добиеме неговата преубава песна. – Одлично што ви се допаѓа песната. Да, многу луѓе ми пишуваат ...

По повод 8 Март, Денот на жената, во организација на НУ „Охридско лето“ ќе се одржи концерт со светски познатиот тенор Федерико Сера од Италија во придружба на пијанистот Антонио Кампоногара. Концертот што ќе се одржи на 8 Март во црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток од 19 часот, ќе биде посветен на припадничките на понежниот пол, велат организаторите. „Веќе трета година надвор од фестивалската рамка 12 јули- 20 август реализираме концерти ...

Двојна изведба на безвременската, волшебна балетска бајка „Заспаната убавица“ преточена во прекрасната музика на Петар Илич Чајковски на 7 и 8 март со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет. Диригент на претставите е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн, Милчо Александров, ...

Во вторник, на 5. март 2024 година, 60 години по смртта на Милтон Манаки, во киносалата на Кинотеката ќе се прикажуват документарниот филм „Манаки – Приказна во слики“ за фотографската дејност на Јанаки и Милтон Манаки, целокупниот опус од 42 филма кои овие балкански кинематографски пионери ги снимиле со култната Камера 300, како и филмска репортажа од 1956 година со тогаш „живата битолска легенда“ Милтон Манаки . Кинотека на Македонија се ...

На 1-ви март, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена самостојна изложба на светски познатиот уметник Јонас Стал – „Станица Пропаганда“. Холандскиот уметник, кој ќе биде специјален гостин на музејот е препознатлив по истражување на односот помеѓу уметноста, пропагандата и демократијата, а неодамна ја доби и престижната награда за визуелни уметности „Prix de Rome“. Кураторка на изложбата е Ивана Васева. Еден од ...

Од Националната галерија на Република Северна Македонија, ја објавуваат годишната програма: – Како што веќе споделивме претходно во годината на одбележување на јубилеј- 75 години постоење изнесовме квалитетна Програма на достојно чествување. Низ разни проекти, доминантно ја афирмиравме нашата богата колекција, презентиравме врвни мајстори на модерната и современата национална уметност. Горди сме на сето сработено, особено на фактот дека ...

Во понеделник 04.03.2024 година во НУ Македонски народен театар ќе биде премиерно прикажана комедијата ,,Премиерот” од авторот: Огнен Неделковски, а во режија на Сашо Ристовски. Во комедијата ,,Премиерот” играат познатите актери: Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски и младите актери: Бранко Атанасов и Ема Давчева. Оваа комедија третира актуелни состојби од општеството, односно станува збор за коментар да денешните случувања на локално и ...

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, од 5-ти до 8-ми март, Скопје Сити Мол организира осмомартовски базар на кој ќе се претстават 26 модерни ракотворци. Со уникатни колекции, рачно изработени ќе се претстават: Zen.Zeal, Frankly concept & gift-shop, BLOOM, Solar Creations, Nebula Jewelry, АКРЕА, Медена, Ваша мала башта, Infinity accessories, LaSoy & LA CHA, Блумен и Арт 2005, Small piece of joy, Igneа eco aroma cosmetic, Елена ...

На 30 март 2024 година во Домот на културата “Иљо Антевски Дрен“ во Тетово ќе почне промоцијата на албумот “Со срце и душа за Македонија“. Албумот содржи авторски песни на Партикова а за неговата реализација најзаслужен е нејзиниот сопруг Жарко Ѓорѓески. На сцената покрај Лени Партикова ќе бидат и децата играорци на КУД “Шара“ како и Детскиот многу успешен хор “Лале“ кој има повеќедецениска успешна работа зад себе. Покрај нив ќе настапи и ...

Културен и информативен центар – Битола објавува конкурс, со траење од 01.03.2024 до 15.04.2024, за 16 нови композиции за потребите на второто издание на фестивалот на битолската серенада “Ех таа серенада” 2024. Композициите треба де се во согласност со досегашните принципи на компонирање на музика и пишување на текстови во корелација со староградската музика, со потенцирање на битолската серенада како основен уметнички израз. Сите варијации и ...

Скопскиот Кеј денес беше облагороден со неколку блескави тинејџерски срца, кои ги освојуваа срцата на случајните минувачи. Вредните ученици од ОУ “Гоце Делчев” од Скопје, нудеа мартинки во црвено бела боја кои самите тие ги изработиле, а собраните средства ќе ги искористат за својата полуматура. Образованието е процес на образување и градење на една личност, а ова е вистински пример како се создава вредна и чесна младина и идни со основа горди ...

29 февруари 2024 Институтот за комуникациски студии (ИКС) и ИРЕКС го организираа меѓународниот симпозиум „Медиумската писменост во доба на вештачката интелигенција: Проширување на границите на возможното“ како дел од проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“. Настанот се организира со цел да поттикне дискусија за тоа како образованието за медиумска писменост треба да држи чекор со брзите општествени промени кои ги носи ...

29 февруари — 60. ден во годината според Грегоријанскиот календар , само во престапна година како 2024. Престапна година (високосна или интеркаларна година) е година што има 366 дена наместо 365, односно, тоа е година која го содржи датумот 29 февруари. Престапните години се начин за да се усогласат календарската година со астрономската година. Вистинската, односно астрономската година, која означува период за кој Земјата се завртува околу ...

Скопје, 29 февруари 2024 година Неодамна во Велес се одржа манифестација “Асовите бираат асови” за 2023 година, во организација на Сојузот на спортските новинари на Македонија. Домаќин на оваа манифестација беше Пијано кафе барот а нејзин покровител Фудбалска федерација на Македонија. На споменатата манифестација наградата за животно дело му беше доделена на шаховската легенда интернационалниот мајстор Димитар Илиевски, кои доби златна ...

28.02.2024 Неодамна, АРНО ги додели наградите за младите социјални претприемачи од проектот RISE. Жири комисијата за победници ги прогласи Биохајд- тим кој ќе се занимава со производство на био кожа од чајот комбуха и Целилишус- тим кој ќе произведува безглутенски печива и ќе помага на лицата со целијакија. Преку RISE програмата тимовите се наградени со паричен износ од 3000 евра и понатамошно неформално образование, менторство и регионално ...

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, со поддршка на аптеките Зегин, организираат гала филмска вечер, во знак на отворање на Месецот на Франкофонијата, со проекцијата на филмот „Страста на Доден Буфан“. Филмот ќе биде прикажан в петок, 1 март 2024, во 20 часот, во кино „Милениум“ (ГТЦ, 1 кат). Настанот ќе го отворат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, и Дејана Поповска, македонска актерка која живее и работи во ...

Во Македонскиот народен театар започнаа подготовките за претставата „Хенгинг Араунд“ во режија и адаптација на Бојан Трифуновски, по текст на Љупчо Јованов. Главните ликови 0 (Хенгинг) и 1 (Араунд) во оваа приказна се изгубени во светот на бајките и не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста, во нивните топли огништа. Можеби се Дисмас и Гестас, но пред да ги распнат, можеби некако им избегале на Римјаните и ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
76%
1013
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
78%
1011
weather icon

Загреб

15ᴼ / 11ᴼ
2.57
65%
1010
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
81%
1013
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.95
74%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.26
80%
1011
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
0.45
61%
1011
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
84%
1012
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
77%
1009
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
59%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52