Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на бензините ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар, додека цената на литар дизел ќе биде пониска за 1,5 денар. Согласно одлуката, новата цена на литар еуросупер БС-95 изнесува 71,00 денари, а на еуросупер БС-98 изнесува 73,00 денари. Малопродажната цена на еуродизелот изнесува 55,00 денари, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по ...

Повторно продолжува растот на цената на нафтените деривати. Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 2,5 денари, додека на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за половина денар. Еуросупер БС-95 ќе се продава по 67,50 денари за литар, а малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 69,50 денари. Малопродажната цена на Еуродизелот ќе ...