Во пресрет на викендот што е пред нас, внимателно одбравме 3 игри (и едно демо) кои го заслужуваат вашето внимание! Овојпат фокусот ни беше на семејни авантури и предизвикувачки roguelite, но на крајот на текстот ќе најдете и дополнителни бонус предлози! Lil’ Guardsman Неодамна, имавме интерву со Hilltop Studios за нивната игра Lil’ Guardsman. Играта успеја да нѐ плени со преубавата, симпатична графика, одличната глума, впечатливата приказна и ...

Основната идеја зад Age of Darkness: Final Stand е да се „осветлуваат мрачните мапи, да се градат најразлични структури и да се брани против ордите од ноќни мори“. По неколку годишна работа, развојното студио PlaySide Studios, и понатаму не се откажува од остварување на оваа визија. Со неодамнешното содржително надополнување, насловено како Exile’s Return, девелоперите уште еднаш покажуваат дека знаат што работат и дека целосно ги оправдуваат ...

Уште од 2018 година, студиото Offworld Industries се труди да им понуди на FPS ентузијастите предизвикувачка војна игра сместена за време на Втората Светска Војна. Најновото надополнување излезе пред само еден ден и, заедно со претходните надополнувања, успева да ја доведе играта во одлична игрива состојба. Автентична, милитаристичка акција! Претходно позната под името Post Scriptum, Squad 44 се удира во гради како најавтентичен шутер сместен во ...

Google е решен да подобри уште една од своите платформи со додавање на вештачка интелигенција. Компанијата планира наскоро да додаде „големи јазични модели“ на Google Maps. Ова ќе им овозможи на корисниците да користат вештачка интелигенција да пронајдат интересни места во близина. Додавањето на вештачка интелигенција на мапата ќе им помогне на корисниците да добијат персонализирани препораки кога ќе ја користат мапата. Google има огромна база ...

Rising Lords е игра која се истакнува од морето turn-based стратегии по тоа што има ем уникатен графички стил ем уникатен спој на елементи со карти и друштвени игри. Започнувајќи партија во средновековно доба, ќе собирате даноци и ресурси, ќе правите оружја и ќе ги ширите и надградувате вашите градови. Rising Lords нуди забава во две форми: преку кампања или преку мрежно играње. Независно од стилот кој го преферирате, ќе работите на армиска ...

Професорот по компјутерски науки од Харвард, Дејвид Џ. Малан се обиде да ги објасни алгоритмите на пет нивоа. Односно, неговиот предизвик беше да објасни што се тоа алгоритми на шест годишно девојче, тинејџерка, студентка, студент на докторски студии и експерт. Што се алгоритми? Разговор со шест-годишно девојче Разговорот започнува со прашање кон девојчето за тоа што е компјутер. Девојчето одговара дека компјутер е парче електроника на кое што ...

Минатата недела се одржа 48 часовниот маратон на кој учесниците креираат видео игри – Global Game Jam Skopje 2024. Хакатонот беше во организација на Macedonian Games Industry (MGI). Оваа година за првпат имаше и настани во неделата пред викендот, па учесниците можеа да слушнат неколку супер интересни предавања. Global Game Jam и натаму останува еден од настаните со најдобра енергија во Македонија. Оваа година се пријавија 60 учесници, ама ...

Без никакво сомневање, Timberborn е една од најслатките стратегии, односно симулации што имаме заиграно. Во свет во кој луѓето се одамна исчезнати, се остава на симпатичните дабари да изградат нова цивилизација и да се справат со бројните суши и токсични отпади. 95% позитивни рецензии на Steam! Слично на стратегии од овој калибар, во играта ви е дадена територија на која вршите етапна цивилизација преку градење најразлични структури. ...

Неодамна објавивме текст со 5 игри кои би можеле да ги проверите викендов, но, доколку не живеете во моментот и сакате да ги насочите нишаните кон она што допрва ќе дојде, подготвивме кратка листа од 6 мали, но невообичаени игри кои ќе излезат наскоро! За дел од игрите има достапно и демо! Deathbound Од развојното студио Trialforge Studio, ни доаѓа акциона RPG игра со Souls-like елементи. Сместена во свет на константен судир помеѓу верата и ...

Текстот е дел од иницијативата “.mk стартап на месецот” нa IT.mk и Startup Macedonia во кој профилираме по еден .мк стартап на пат кон успехот. .мк стартап на месецот [јануари, 2024]: Што е Modeliks? Како ветеран во финансиската индустрија со повеќе од 20 години искуство, Благоја Хамамџиев веќе подолго време се обидувал да изнајде решение за еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат оние кои работат на финансиското планирање – предолгиот ...

Новогодишните празници поминаа, а со тоа и лудиот период на подготовки за празниците, пронаоѓање на подароци, и што уште не… За вистински персонализиран подарок и секогаш треба време и посветеност…. а токму овој простор се обидува да го освои македонскиот стартап Giftcards.mk. Giftcards.mk е специјализирана платформа за продажба на дигитални вредносни ваучери (eGift Cards). Платформата е креирана од Стефан Станчевски и како што велат самите ...

Приватен автентикациски клуч од автомобилскиот гигант Mercedes-Benz беше јавно достапен на интернет. Клучот овозможи пристап до изворниот код на компанијата и други интерни податоци, а багот беше откриен од страна на лондонската компанија за сајбер безбедност RedHunt. Шубам Митал, ко-основачот и главен технолошки директор на RedHunt Labs, го информирал TechCrunch за сериозниот баг. Од RedHunt Labs соопштиле дека пронашле токен за автентикација ...

Вештачката интелигенција и влијанието од истата стана особено популарна тема за дискусија по лансирањето ChatGPT чет-ботот на OpenAI. Но, вештачката интелигенција како наука на 21-виот век е многу повеќе од ChatGPT. Со способноста да анализира огромни количини на податоци, да препознава сложени шеми, а притоа да донесува одлуки со извонредна брзина вештачката интелигенција наоѓа широка примена. Од оптимизирање на индустриските процеси и ...

Apple најави огромни промени за својот екосистем во Европската Унија. Компанијата ќе направи сериозни отстапки со кои ќе овозможи инсталирање на апликации на iPhone и iPad надвор од AppStore. Новите локации од кои ќе може да се преземаат апликациите и самите ќе бидат апликации. Девелоперите кои ќе сакаат да креираат сопствени продавници за апликации ќе треба да исполнат некои минимални услови. Apple налага критериуми за корисничко искуство, ...

За сите љубители на Escape Room и Escape Games, ви ги препорачувам EXIT: The Game. Вовед The Pharaoh’s Tomb започнува со вашата екскурзија во Египет. Во посета на „Долината на кралевите” го пронаоѓате гробот на Тутанкамон и се одвојувате од остатокот од вашата група. Камената врата зад вас се затвора и оттука во паника започнувате со играње на играта. Ја наоѓате книгата со забелешки од Др.Форд кој исто така се нашол во вашата ситуација со ...

Годинава на 24-ти јануари Macintosh го прослави својот 40-ти роденден, а како беше создаден првиот “Mac”, какви беа неговите спецификации и со какви сѐ предизвици се соочија неговите креатори – повеќе детали за почетокот на овој славен проект на Apple во нашата нова статија. Во 1980-тите, Apple создаде модел на вертикална интеграција за производство на Mac, односно ги спои сите аспекти од создавањето на хардвер до развојот на неговиот оперативен ...

За голем дел од гејмерите, новиот викенд само сигнализира нови можности за забавни гејминг сесии. Во случај да сакате да ја разбиете монотонијата од експлозивните ААА наслови со помалку познати игри, подготвивме листа од пет игри кои би можеле да ги проверите. Witch Rise Неодамна, Witch Rise излезе и за конзолите и конечно можете да ја проверите оваа класична, old-school пукачка игра и на вашата PS5 конзола. Се работи за крајно едноставна игра, ...

Доколку сте гејмер веќе подолго време, шансите се дека, порано или подоцна, имате заиграно игра како Shinorubi. Преку дводимензионален приказ, Shinorubi ви дозволува да изберете пилот и уникатно летечко возило и да навлезете во Bullet hell битки каде избегнувате бранови и бранови куршуми и ги уништувате непријателските летала. Едноставна формула која, со малку среќа, знае да биде исклучително забавна во ситуации кога сакате да се релаксирате. По ...

Експанзијата на вештачката интелигенција генерално се смета за позитивен развој, но од друга страна влева страв за иднината на голем број работни места. Колку работни места може да замени вештачката интелигенција беше и можеби најпоставуваното прашање во 2023. Во извештајот на Голдман Сакс за влијанието на вештачката интелигенција врз економскиот раст, се предупредува дека потенцијалните способности на генеративната вештачка интелигенција може ...

По долго-годишна работа, развојното студио Crytivo конечно може да се пофали со целосната верзија на нивната амбициозна симулација, The Universim. На кратко, играта ви дозволува да управувате со цели планети и да ги водите цивилизациите низ вековите. Еволуција низ времето Доколку уживате во God Game игри, каде сте во улога на Господ и располагате со импресивни моќи за обликување и на планетата и на населението, тогаш The Universim е игра која ќе ...

Од релативно новото развојно студио, Diminished Studios изникна уште еден продукт кој од петни жили се труди да зграпчи дел од колачот на poncle – тимот кој е главниот виновник за Vampire Survivors и за легијата игри кои произлегоа како директен резултат. Nuran Survivors е повеќе од истата препознатлива забава. Дежа ву патување Nyran Survivors не е лоша игра, навистина. Но, по ништо не се истакнува од морето други слични игри кои ги покривавме ...

Колку работни места ќе станат недостапни за луѓето поради развојот на вештачката интелигенција? Веќе сме добиле повеќе обиди да се одговори на ова прашање, и за жал многу е тешко да се пронајдат два исти одговори. Од процените на Goldman Sachs дека вештачката интелигенција ќе автоматизира 25 отсто од работата, до истражувањето на Универзитетот Пенсилванија, Универзитетот на Њујорк и Принстон кое проценува дека само ChatGPT може да влијае на 80 ...

На сите оние кои би сакале да навлезат во пост апокалиптичен city builder каде фокусот е на преживување, би сакале да им ја препорачаме најновата игра на Core Engage – New Cycle! Иако играта неодамна излезе во раниот пристап на Steam, од она што видовме, повеќе од јасно е дека развојното студио веќе долго време има работено на играта и веќе може да понуди солидна постапокалиптична стратегија. На уникатен и ретко виден начин, New Cycle проповеда ...

Крајот на минатата недела го означи почетокот на продажбата на првите очила за проширена реалност од Apple – Vision Pro. Проценката е дека во првите неколку дена се продадени помеѓу 160 и 180 илјади уреди. Интересот за Vison Pro е и поимпресивен. Apple успеа да ги распродаде сите залихи за само 18 минути. По ова, компанијата не ги прекина нарачките, но процената за доставата на уредите беше во месеци. По само неколку часа од отворањето на ...

Живееме во дигитално време, каде што преку уред можеме да комуницираме, работиме, учиме, нарачаме пица и што уште не… Па така, времето поминато пред екраните и известувањата имаат сериозно влијание врз нашиот секојдневен живот. Во 2023 просечното време поминато пред екраните на глобално ниво за луѓе на возраст од 16 до 64 години е околу 6 часа и 30 минути дневно. Балансот на времето поминато пред екраните и менаџирањето на известувањата е ...

Disco Elysium е една од пореволуционерни RPG игри. Девелоперите осмислија забавна игра во која битките беа фрлени во втор план, а акцентот се ставаше на длабока приказна, разговори и одлуки со значителни последици. Sovereign Syndicate е продукт на директна инспирација на Disco Elysium. Уште во првите моменти ќе забележите огромна сличност со системот на кој се одвива нарацијата, начинот на кој се сервираат внатрешните монолози, како и водењето ...

Штурите предвидувања на теми како „Кога ИТ компаниите повторно ќе започнат со вработување?“ се навистина неблагодарни… Станува збор за чувствителни теми, а и предвидувањето често е погрешно. Но, дечките од interviewing.io се обидоа да дадат сензитивен одговор на ова прашање преку анализирање на релевантни податоци. Дел од податоците кои ги поседува interviewing.io платформата се супер релевантни. Платформата нуди анонимни симулирани интервјуа со ...

Apple Watch речиси без сомневање е најпопуларниот паметен часовник. Со куп функционалности и сензори, ова секако не е изненадување. Една од функционалностите на Apple Watch е сериозен проблем за компанијата во последните неколку месеци. Сензорот за мерење на кислород во крвта во часовникот е причина за судски спор помеѓу Apple и американскиот производител на медицинска опрема Masimo. Masimo го обвини Apple за нарушување на интелектуалната ...

Благодарение на CES и оваа недела може да зборуваме за интересeн хардвер. Врвот на CES 2024 за љубителите на електроника и технологија не беа само паметните уреди како контролери за паметен дом или паметните машини за перење, туку и различни малечки апарати. На пример паметните светла за завеси Twinkly или асистентот Rabbit R1. Twinky паметни светилки Еден од супер интересните уреди кои можевме да ги видиме на годинешниот CES се паметните ...

Одржувањето и работата на големи платформи како Amazon или Shopify не е ниту лесно ниту едноставно. Некои од одлуките мора да се носат брзо и најчесто влијаат на илјадници трговци. Компаниите често се на удар на различни измами или притисоци, а одлуките ниту се едноставни за носење, ниту се очигледни. За како се справуваат со овие проблеми во Shopify, неодамна на својот блог на LinkedIn пишуваше Џес Херц, советник во Shopify. Што се DMCA тролови ...

Скопје

10ᴼ/10ᴼ
2.06
58%
1009

Белград

6ᴼ/3ᴼ
2.06
74%
1010

Софија

10ᴼ/8ᴼ
0.51
56%
1011

Сараево

7ᴼ/7ᴼ
2.7
55%
1011

Љубљана

6ᴼ/3ᴼ
1.54
78%
1009

Атина

15ᴼ/11ᴼ
3.13
86%
1002

Тирана

8ᴼ/8ᴼ
0.51
81%
1008

Подгорица

10ᴼ/6ᴼ
4.63
50%
1009

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

552 $

Никел

585498 $

Рутениум

24115 $

Калај

34 $

Сребро

910 $

Злато

76574 $

Бакар

8 $

Паладиум

32379 $

Платина

29904 $

Родиум

151607 $

Цинк

90429 $