
Скопје
38ᴼ /
38ᴼ



Зошто да ја играте? Daedalic Entertainment е познат издавач на компјутерски игри. Добри 17 години, оваа германско студио ги поддржува инди-развивачите, нудејќи разновидни уникатни наслови од жанрови како стратегија, ко-оп и релаксирачки наративни остварувања. Нивната најнова стратегија, Yield! Fall of Rome, излезе пред некој ден во раниот пристап на Steam. Yield! Fall of Rome ве враќа во бурниот период на 401 година од нашата ера, кога Римското ...
Стартапот има за цел да го олесни секојдневното функционирање и движење на лицата со оштетен вид. Таквото нешто е овозможено од специјализирани очила кои, потпомогнати од вештачката интелигенција, интегрираат технологија за самостојно возење како би можеле да ги ги реплицираат основните функции на куче-водич. Компанијата, основана во 2020 година од Корнел Амариеи, нуди скалабилно решение за еден глобален предизвик. Иако кучињата-водичи се ...
Новиот викенд носи и нова серија од обврски. Во случај да живеете 200 на саат и немате многу време за гејминг, би можеле да се подружите на кратко со демо верзии на игри што допрва ќе излезат. За среќа, копавме широко и длабоко. Како резултат, би можеле одново да се уверите дека возењето е тешко, да си ја пробате среќата како морнар или пак да завивате како да ќе нема утре. 3 демо игри за исполнителен викенд: Driving Is Hard, Death Howl и Fluffy ...
Зошто да ја играте? Waiting in the Lime forest започнува со смртта на едно невино дете. Вашата задача е да ја расветлите мистеријата зад трагедијата и да се погрижите виновниците да бидат казнети. Unica и BARON DU JUVÉNILE имаат разработено интересна комбинација од point-and-click авантура и визуелен роман. Како резултат, добивате кратка приказна со неколку впечатливи ликови. Вие играте со Едвард – добродушен човек кој живее за да помага на ...
Зошто да ја играте? Како големи фанови на Star Wars универзумот, со нетрпение го очекувавме излегувањето на римастерот за култната игра од 2000-та година. На времето, Star Wars: Episode I: Jedi Power Battles првично излезе за PlayStation, а, подоцна, и за Dreamcast и Game Boy Advance. За жал, играта не помина премногу добро од критичарите и беше често напаѓана како исклучително предизвикувачка и лошо избалансирана. Со подобрени контроли и ...
Зошто да ја играте? Последната Dynasty Warriors игра, деветката, излезе во 2018-та година. И, со 57 поени на метакритик, не беше она што фановите го сакаа. Иако имаше амбициозни механики, нивната реализација беше, благо кажано, катастрофално лоша, нудејќи неисполнително искуство кое личи на ММО, а е далеку од тоа. Koei Techmo, меѓутоа, никако не сакаат да кренат раце од серијалот и, по неколку спинофи, решија да ја преиспитаат насоката во која ...
Зошто да ја играте? Kомбинирајќи носталгична забава со модерни подобрувања, Gravelord е бумер шутер кој ги следи FPS стапките на легендарните Doom и Quake. Во играта, ја преземате улогата на гробар по име Queedo – приглуп, но карпа од анти-херој кој има на располагање арсенал на оружје, тарот карти за подобрување на моќта и, подразбирливо, магична лопата. Играта е во раниот пристап на Steam и се развива од Fatbot Games, мало инди студио од ...
Зошто да ја играте? Dreamcore е психолошка игра која ве потопува во вознемирувачката убавина на лиминалните простори. Чедото на Montraluz е дизајнирано за љубителите на атмосферска, нелинеарна игра, поканувајќи ве да истражувате огромни, меѓусебно поврзани нивоа каде што секој агол крие мистерија, а секоја патека води до откритие. Лиминалните простори се празни или напуштени места кои изгледаат морничаво и надреално Dreamcore, како што ...
Зошто да ја играте? Како возбудлива roguelike игра, Jotunnslayer: Hordes of Hel се чини дека го има најдоброто од двата света: врвна графика со ефикасни и визуелно импресивни моќи, уредно спакувани во заразната формула воспоставена од Vampire Survivors. Развојните студиа Games Farm и ARTillery исфрлуваат во раниот пристап на Steam квалитетен прозвод кој е длабоко инспириран од нордиска митологија. Jotunnslayer: Hordes of Hel не ја поседува ...
Зошто да ја играте? Mika and the Witch’s Mountain е слатка авантура која ќе ве зграпчи за ракавите и ќе ве одвлечка низ волшебено патување во еден магичен остров. Летајќи на вашата магична метла, ќе имате за задача да доставувате пратки до жителите на островот и да се релаксирате во невообичаените убавини. Шармантен свет полн со можности Иако островот не е премногу голем, сепак се одликува со бројни можности за впечатливо истражување. Додека ...
Зошто да ја играте? Со IDUN – Frontline Survival развојното студио – IDUN Interactive се имаат потрудено да понудат игра која ветува возбудлива комбинација од акција во реално време и стратешко поставување на одбранбени кули. Идејата е да се борите против бранови од немилосрдни вонземски суштества така што коритите арсенал од алатки, како преносливи и орбитални топови. Но, начинот на кој се изведува ова е крајно невообичаен и, на моменти, ...
Зошто да ја играте? Revenge of the Mage е игра која неодамна стана дел од раниот пристап на Steam. Она што го изделува чедото на развојниот тим SinginGiant од морето слични игри е шареноликиот дизајн на мапите, предизвикувачките непријатели, импресивните моќи, и квалитетните roguelike елементи. Како резултат, добивате запрепастувачки квалитетна игра која нема да ве чини ни 300 денари! Сурова одмазда Приказната, како што ќе видите и од долниот ...
Новата серија на RTX 50 графички картички на Nvidia, со кодно име Bleckwell дојде со храбри ветувања за иднината на гејминг хардверот. Компанијата се фокусираше на напредок преку додавање на куп вештачка интелигенција во своите производи. Ако ја гледавте презентацијата на CES 2025 веројатно забележавте и повеќе необични моменти, на пример јакната на Џенсен Хуанг или штитот од графичкиот процесор. Сепак, ако ги занемариме овие обиди за хумор, ...
Нова недела пред нас и нови игри кои се борат за вашето внимание. Во случај да барате нешто ново, евтино, а интересно за играње, во оваа прилика избравме тактичка акција, економска стратетија и top-down шутер. Status One Зошто да ја играте? Status One е солиден тактички шутер каде создавате во антитерористичка група. Додека управувате со еден оператор на бојното поле, издавате најразлични наредби на останатите членови од групата. Вашата ...
По завршувањето на CES 2025 очекувано има помалку хардвер, но за среќа има доволно нов хардвер за да нe ни биде здодевно. Од најавата на Samsung за следните телефони, до Nintendo Switch 2, неофицијални бенчмарк тестови на Nvidia 5090 картичките, до Threadripper 9000 процесори. Project Digits: Персонален AI суперкомпјутер Еден од поинтересните уреди претставени на CES 2025 во Лас Вегас кој го пропуштивме е Project Digits од Nvidia. Станува збор ...
DreadOut Remastered Collection е колекција која ја содржи оригиналната игра DreadOut и нејзиното продолжение DreadOut: Keepers of the Dark. Колекцијата излезе на 16 јануари! Индонезиска креативност Во 2014-та година, DreadOut ги фрли PC гејмерите во светот на индонезиските духови и демони. Оригиналната игра е хорор игра која следи група средношколци кои за време на екскурзија наидуваат на заборавен град, полн со темни тајни. Користењето на ...
Зошто да ја играте? Во случај да сте фанови на ретро-инспирираните аркадни игри, како и на roguelike жанрот, тогаш Final Knight го има најдоброто од двата света. Иако се работи за игра која е дел од раниот пристап на Steam, чедото на талентираното студио 2oclocksoft има што да понуди, особено доколку сте по хаотични битки во кои не се знае кој пие, а кој плаќа. Играта ја започнувате така што бирате еден од девет понудени ликови. Секој од ...
Зошто да ја играте? Kill a Million Rats е игра која поставува едноставна задача пред вас: да ја истражувате долината, да собирате ресурси, да го градите вашето село и да ја уништите бескрајната орда на стаорци! Добро, можеби и не е толку едноставно. Но, играта на развојното студио Nerdook Productions е карактеристичен пример за тоа како дестинацијата не е важна, туку патувањето. Дух, градење и сојузници! Како дух на одмаздата, во Kill a Million ...
Зошто да ја играте? Robobeat е храбра игра која мајсторски експериментира со елементи од најразлични жанрови. Со акција која се заснова на музичкиот ритам, ќе трчате низ ѕидови, отскокнувате и пукате како да ќе нема утре. Во ритамот на хаосот Ах, техно… кој не го сака? Играјќи како Ејс, амбициозен и екстра талентиран ловец на глави (и техно фанатик), ќе имате за задача да сте константно во движење и целосно да сте усогласени со ритамот на ...
Не е никаква тајна дека сме огромни фанови на авантури, особено доколку авантурите се одликуваат со исклучително добра приказна која покрива урнебесно-смешни аспекти. The Holy Gosh Darn е една таква игра. Нема што не ни се допадна во играта. Апсолутно освоени од уникатниот вузуелен стил, хумористичната приказна и уникатните гејмплеј Metroidvania механики, побрзавме да го контактираме Озан и да поразговараме за светите тајни поврзани со правење ...
Titan Forge Games официјално ja лансира SMITE 2 како бесплатна игра, правејќи ја достапна за сите. Сите оние гејмери кои паметат неброени часови квалитетни сесии со првата игра, сега ќе можат да навлезат во продолжетокот без да платат денар. Како бесплатна за играње, SMITE 2 е достапна на PC, PlayStation 5, Xbox Series и Steam Deck. Се работи за солидно продолжение на популарната MOBA игра, најдобро позната по акција од трето лице и обработување ...
Зошто да ја играте? Судир на традицијата со технологијата Threefold Recital обработува настани во богат фантазиски свет. Играјќи со три антропоморфни ликови ќе се најдете во магичен микс од древна и модерна технологија, трудејќи се да преминете бројни препреки и да разрешите длабоки мистерии. Со обработување ориентални филозофии, развојното студио Everscape Games нуди впечатлива приказна полна со скриени слоеви од културни вредности. Threefold ...
Зошто да ја играте? 🎵 Спај – Спајдермен 🎶 Completely Stretchy е невообичаен платформер во еден разигран свет. Акцентот е на истражување преку качување, нишање и лепење на најразлични површини. Овие способности се возможни благодарение на неуспешниот експеримент каде вие сте главниот виновник. Како некој кој силно верува дека не треба да се плаче врз расипано млеко, ќе ги засукате фигуративните ракави на вашите растегливи раце и ќе започнете со ...
Минатата недела се одржа водечкиот технолошки саем CES 2025. На настанот и оваа година, повторно можевме да видиме импресивни иновации и нови уреди. Од неверојатни телевизори, до уникатни паметни апарати, саемот даде увид во иднината на потрошувачката технологија. Еве некои од најзначајните иновации кои ќе бидат достапни наскоро. NVIDIA RTX 50 серија на графички картички Графичките процесори RTX 50 серијата на NVIDIA беа главна презентација за ...
Зошто да ја играте? Во Warden’s Will фокусот дефинитивно не е на приказната. Со целосна посвета на динамична и експлозивна акција, Warden’s Will ќе ви дозволи да навлезете во хаотични битки, трудејќи се да уништите што е можно повеќе непријатели на импресивни начини. Таквото нешто го правите или со оружја или со специјални можности. На располагање имате неколку уникатни ликови за играње, или wardens. Секој од овие ликови се одликува со различни ...
Неодамна, пишувавме за различните контролери на PowerA. Низ годините, оваа компанија има исфрлено бројни лиценцирани додатоци за Microsoft и Nintendo. Од време на време, наидувавме на неколку нивни модели во продавниците како Анхоч, но не ги гледаме онолку често колку што би сакале, особено кога ќе се земе во предвид дека се работи за добра компанија која се труди да балансира квалитет, пристапност и цена. Од најновото што го имаат на понуда се ...
Овој текст е дел од серијалот it.mk/2025 – Што ја одбележа 2024, а што нè очекува во 2025?, каде што консултираме експерти во своите области да ги кажат своите размислувања и очекувања. Во 2024, сајбер-безбедноста продолжи да се развива како одговор на предизвиците. На глобално ниво, се случија неколку настани кои што и те како го размрдаа сајбер просторот, а некои од нив направија и штета на бројни организации и корисници. Нападите сѐ повеќе ...
Веќе навлеговме во 2025-та година, a технологијата е насекаде околу нас и е интегрирана во нашите животи. Но, пред десет години, технолошкиот свет беше многу поинаков. Паметните телефони се користеа, но нивните способности беа доста поедноставни од денешните. Паметните домови беа речиси научна фантастика, а никој не зборуваше ниту за вештачката интелигенција. Паметни телефони Во 2015-та година, Apple и Samsung доминираа на пазарот на паметни ...
Зошто да ја играте Fast Food Simulator? Задоволување на гладта Бројните симулации кои го имаат зборот Simulator во насловот обично се исклучително лоши игри. Но, една во десет такви игри знае да биде исклучок и пријатно да ве изненади со интересни механики кои симулираат одредени активности на релативно забавен начин. Fast Food Simulator е еден таков исклучок. За неполн месец, оваа игра собра 95% позитивни рецензии на Steam. А целосната верзија ...
Зошто да ја играте Project Tower? Надежта последна умира Project Tower ја започнува приказната така што поставува темели за крај на човечкото доба, за тоа како мистериозна вонземна сила брутално ги уништува луѓето. Она што има останато од луѓето служи за забава на вонземната раса Хикс. Како еден од заробените луѓе, ќе имате за задача неуморно да напредувате низ кулата, надевајќи се дека ќе можете да се изборите за вашата слобода. Покрај sci-fi ...