Неодамна го препорачавме демото за Mexican Ninja. Развиена од студиото Madbricks, оваа игра се промовира како ретро 2.5D аркадно враќање во минатото кое ветува хаотична мешавина од две неверојатно различни култури. За да дознаеме повеќе за овој уникатен спој на мексиканскиот фолклор и јапонската нинџа естетика, разговаравме со клучните луѓе зад проектот, Габриел и Дарио. Нашата љубопитност беше насочена кон корените на играта. Опишана како ...

Вештачката интелигенција одамна е повеќе од само футуристичка идеја. Сега е реалност која значително влијае и на софтверското инженерство. Промената доаѓа со сериозни предизвици. Ова важи за сите сектори, а особено за следната генерација на инженери. Ако вештачката интелигенција ги презема рутинските, јуниорски задачи – тестирање, документација и поправање на багови, преку кои младите инженери досега се здобиваа со искуство, како ќе изгледа ...

По повод претстојното излегување на првата голема експанзија за изометриската RPG игра Black Geyser: Couriers of Darkness, насловена Tales of the Moon Cult, имавме ексклузивна можност да разговараме со инди студиото GrapeOcean Technologies. Навлеговме длабоко во светот на Yerengal за да ги откриеме тајните зад новиот култ, предизвиците на развојот и што носи иднината за овој амбициозен проект инспириран од класиците како Baldur’s Gate и Icewind ...

Cult of Blood е грчка игра која ветува враќање кон корените на класичниот survival horror жанр, со мрачна атмосфера, немилосрден гејмплеј и приказна која ќе ве прогонува долго откако ќе ја завршите. Тимот на it.mk имаше ексклузивна можност да поразговара со креаторите на играта и да дознае повеќе за светот што го создаваат – од морничавата инспирација зад приказната, до филозофијата на дизајн и техничките предизвици. Инспирација од мрачната ...

Софтерската компанијата за колаборативен дизајн Фигма направи вистински бум на Њујоршката берза (NYSE) со своето првично јавно нудење (ИПО) на акции, достигнувајќи неверојатен скок од 250% на првиот ден од тргувањето. Со затворање на акциите на 115,50 долари по акција, од почетната цена од 33 долари, Фигма постигна пазарна капитализација од 67,7 милијарди долари, надминувајќи ја три пати проценетата вредност од 20 милијарди долари што беше ...

Heroes of Mount Dragon е дебитантскиот наслов на студиото RuniQ, основано од индустриски ветерани кои претходно имаат работено на универзуми поврзани со Spider-Man, Crash Bandicoot и Skylanders. Поканети во мистичниот универзум на Уна, играате како еден од осумте шампиони обврзани со змејската душа. Вашата мисија е да се борите низ земји преплавени со чудовишта, да ја совладате уникатната борбена вештина на вашиот херој и да ја обновите ...

JETRUNNER е игра која успешно ја спојува брзината на тркачките игри, флуидноста на паркор симулациите и прецизноста на FPS игрите. Нудејќи забавна комбинација од механиките на Mirror’s Edge и, можеби, Titanfall, ќе бидете изложени на впечатливи дијалози и адреналинско движење полно со предизвици во еден преубав cel-shaded свет. Добредојдовте во најпопуларниот спорт на блиската иднина каде гравитацијата е само минувачка мисла, а флуиодноста во ...

Gas Station Simulator, развиена од студиото DRAGO entertainment, се фокусира на еден специфичен, но изненадувачки комплексен предизвик поврзан со претворање на напуштена бензинска пумпа среде пустина во просперитетен бизнис. Доколку навлезете во играта, за брзо време ќе откриете дека GSS е комплексна симулација која комбинира реновирање, менаџмент, и директна интеракција со клиентите, нудејќи искуство кое е истовремено и релаксирачко и, на ...

Lost Rift е амбициозен проект кој се залага да спои два навидум различни стила на игра на кохерентен начин. Пукачката авантура на People Can Fly ја комбинира креативната слобода на градење бази и PvE истражување со адреналинската напнатост која преизлегува од PvPvE експедиции. Фрлени на бреговите на мистериозен архипелаг, вашата цел не е само да преживеете, туку и да напредувате, да изградите свој дом и да се впуштите во опасни мисии, сами или ...

Renown e амбициозен проект кој се обидува да ги спои најпопуларните механики поврзани со multiplayer survival и средновековната борба која се заснова на вештини. Сместена во огромен и суров отворен свет, играта ве предизвикува ем да преживувате во дивината, ем да доминирате над своите ривали преку градење, освојување и водење немилосрдни битки. Наместо да се потпира на фантастични елементи, Renown нуди приземјено и реалистично искуство каде што ...

Tides of Tomorrow: Авантура обликувана од заедницата Од студиото одговорно за наративниот хит Road 96, пристигнува ново асинхроно мултиплеер доживување насловено Tides of Tomorrow. Со преземање на улогата на Tidewalker,ќе навлезете во светот на Елинд, планета која се бори за опстанок по катастрофалната голема поплава. Концепот се има потрудено да создаде динамично опкружување каде што светот е жив организам кој, верувале или не, се развива со ...

Прочитајте го целото интервју на англиски, на IT Logs! Со над три децении искуство во обликувањето на глобалната индустрија за видеоигри, Кејт Едвардс го носи нејзиното огромно знаење и страст на Game Dev Rev 2025, првата меѓународна конференција за развој на видеоигри во Македонија. Седнавме со прославената ветеранка да разговараме за нејзиниот претстоен главен говор, моќта на локалните движења и нејзината визија за развојните сцени во подем. ...

Mai: Child of Ages е авантура за комплексно патување низ времето, спојувајќи, притоа, елементи од различни жанрови за да создаде едно уникатно искуство. Играта нè вовлекува во приказната за Маи, млада девојка која заедно со својот дедо се обидува да ги открие мистериите на еден уништен свет, оставен во хаос по последната голема војна. Веднаш по тоа, ќе бидете однесени на авантура која обработува длабоко истражување на врските помеѓу древните ...

Како достоен наследник на својот мобилен претходник, Meteorfall: Journeys, Meteorfall: Krumit’s Tale успева да понуди свеж и иновативен пристап. Наместо класичното влечење карти, чедото на Slothwerks воведува динамична механика базирана на табла, која ја трансформира секоја борба во комплексна загатка. Задржувајќи ги шармантните ликови и хуморот од оригиналниот универзум, играта додава значителна длабочина и стратегија што ќе ги предизвика дури ...

Кај големите веб-сајтови, речиси е невозможно да се знае кои внатрешни линкови навистина носат вредност. WebKnoGraph се обидува да го надмине овој проблем со комбинирање на SEO со најсовремени техники за обработка на податоци, векторски репрезентации (vector embeddings) и Graph Neural Networks за предвидување линкови. Ова овозможува научно тестирање и предвидување на ефектот од линкувањето во изолирани лабораториски услови, претворајќи го ...

Dying Light: The Beast се поставува како стратешки наративен инструмент дизајниран да ги пополни канонските празнини што останаа по Dying Light: The Following. Со враќањето на Кајл Кран, протагонистот од првата DL, Techland конечно става крај на сите нејаснотии кои произлегоа од двата катастрофални исходи за Кран. Покрај долго-очекуваното наративна кулминација, добивате и огромен свет за истражување кој е полн со впечатливи ликови за разговор и ...

„PC Game Pass предлози“ е серијал посветена на откривање на најдобрите игри достапни преку претплатничкиот сервис на Microsoft. Со копање широко и длабоко низ богатата библиотека на PC Game Pass имаме за цел да ви ги претставиме најинтересните, најзабавните игри што вреди да ги одиграте. Што е Game Pass? Game Pass е револуционерен претплатнички сервис од Microsoft, често опишуван како „Netflix за видеоигри“. За фиксна месечна претплата, добивате ...

Out of Time громоласно се појавува на гејминг сцената како амбициозен наслов што се обидува да ги редефинира границите на кооперативните roguelike игри. Потпирајќи се на испробани формули, оваа игра нуди брзо, динамично и надградено искуство за еден или повеќе играчи. Сместена во фрактуриран универзум каде минатото, сегашноста и иднината се судираат во хаотична временска бура, играта ве фрла во битка против орди на корумпирани непријатели, моќни ...

Forsaker: DingDing&Blade е интересен хибрид помеѓу визуелна новела и roguelike со механики поврзани со карти. Развиена од тим кој очигледно не се плаши да експериментира, играта нè воведува во приказна за заговори, канибализам и очај, сето тоа завиткано во изненадувачки шармантен уметнички стил. Доколку сте расположени за мрачно и комплексно патување низ свет каде што моралните граници се заматени, со Forsaker: DingDing&Blade ќе наидете ...

Кога Момчил Василев го основаше својот прв бизнис во Бугарија во 90-тите, немаше ниту ментори, ниту фондови за ризичен капитал, ниту пак структуриран систем за поддршка. Денес, како генерален директор на Endeavor Bulgaria, тој помага во водењето на екосистем што генерира приходи од над една милијарда долари. Претприемачот Момчил Василев ја следеше економската трансформација на Бугарија буквално од првите редови. Својата кариера ја започна на ...

Од студиото TrueWorld Studios, составено од ветерани во гејминг индустријата, пристигнува UNYIELDER – наслов што се залага да ги помести границите на неколку популарни жанрови. Како амбициозен спој на брзо движење во прво лице, играта комбинира и rogulite механики, разнолик плен и интензивни битки со босови. Дејството е сместено во уникатен и мрачен свет, пост-апокалиптична верзија на Антарктикот, каде што се соочувате со серија предизвици кои ...

Наместо да се фокусира на адреналински и нереални сценарија, Car Driving School Simulator нуди длабоко и методично искуство кое ја симулира реалноста на возењето во урбани и разновидни средини. Така да, од многу аспекти, ова не е само игра, туку и едукативна алатка која ве предизвикува да ги проверите вашите возачки вештини и да ги применувате сообраќајните правила на еден интерактивен и безбеден начин. Целта на играта не е само да стигнете од ...

Neubase е компанија која им помага на non-US основачи да регистрираат и управуваат со компанија во САД, нудејќи комплетно „hands-off“ решение во сите чекори, од процесот на регистрација, до поднесување даночни пријави и сметководство. Идејата за компанијата се родила од непостоење на соодветни алатки и увид на проблемите со кои се соочуваат основачите на стартапи од Македонија и Балканот во однос на платежните процесори и онлајн банки. Neubase е ...

Како игра, Shooty Shooty Robot Invasion не се обидува да се вклопи во веќе постоечки урнеци, туку си создава свој сопствен жанр – хибрид помеѓу хаотична FPSи интерактивна фикција. Резултатот е едно апсурдно, смешно и визуелно впечатливо искуство кое ги предизвикува конвенциите и нуди нешто сосема свежо. Наместо да се фокусира на реализам или комплексна приказна, играта ве фрла во свет исполнет со бизарни роботи и уште побизарни луѓе, со цел да ...

По шест години во ран пристап, инди студиото Crimson Tales конечно ја претстави целосната верзија на својот амбициозен проект, Onirism. Играта нè носи на магично патување во улога на Керол, енергична девојка чија омилена плишана играчка, Банбан, е украдена и однесена низ мистериозен портал. Оваа случка ја поттикнува Керол да скокне во светот на соништата, познат како Crearia, започнувајќи една шарена и хаотична авантура. На прв поглед, Onirism ...

Mалку имиња имаат тежина како Spiderweb Software. Со децении, овој мал тим, предводен од основачот Џеф Вогел, создава огромни, комплексни светови кои ги воодушевуваат фановите со длабочината на приказната и слободата на избор. Една од нивните најпознати саги е Avernum, серијал кој ги носи играчите во огромен подземен свет полн со опасности, интриги и авантури. По повод најавениот римастер на класикот Avernum 4, Avernum 4: Greed and Glory, имавме ...

Twinkleby е шармантна и инвентивна симулациска игра која ве носи во еден носталгичен и релаксирачки универзум, каде што имате за задача да ја негувате креативноста. На прв поглед, делува како типична игра за декорирање, но под својата мирна површина крие уникатен и апсурден хумор. Вие сте во улога на креатор кој има задача да мапира архипелаг од лебдечки острови и да гради прекрасни диорами за едно општество на вселенски патници. Наместо сложени ...

Turbo Overkill е игра која е како бескомпромисно брутално, брзо и адреналинско љубовно писмо до фановите на класичните бумер шутери од рангот на Doom, Quake и Duke Nukem 3D. Со излегувањето на Ultimate Edition, талентираните Trigger Happy Interactive се имаат погрижено да го прошират искуството, и, со самото тоа, да понудат комплетен и рафиниран пакет на интерактивна забава. Гејмплејот во Turbo Overkill е експлозија од креативност и брзина, ...

Bloodthief нуди ултра брзо и адреналинско искуство. Чедото на Blargis не се обидува да го редефинира жанрот, туку да го усоврши до неговата најчиста и најинтензивна форма. Поради тоа, доколку сакате да навлезете во предизвикувачки балет на насилство и движење, преземајќи ја, притоа, улогата на вампир кој користи паркор и брутална борба за да се движи низ опасни, проколнати зандани, тогаш, да, ова е исклучително долга реченица, а играта е ...

MiceGard: Поглед кон една необична нордиска авантура MiceGard е авантуристичка игра која носи освежувачки концепт преку комбинирање на суровата нордиска митологија со шармантниот свет на глувци кои се и, башка, воини. Играта ве поставува во улога на викиншки глодар, чија должност е да го заштити своето село и да се бори за чест, слава и опстанок во свет исполнет со митски суштества и интриги. MiceGard нуди мешавина од тактички борби и наративни ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
62%
1022
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
73%
1024
weather icon

Загреб

9ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1024
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.94
77%
1025
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
0.51
85%
1025
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
1.79
72%
1019
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
71%
1019
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
62%
1020
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
87%
1024
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
0.51
79%
1024
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
72%
1021
Currency

61.625

Currency

53.1113

Currency

70.739

Currency

34.524

Currency

37.7697

Currency

66.3174

Currency

7.42861

Currency

0.66709

Currency

0.35087

Currency

0.52618

Currency

1.2677

Currency

0.59938