Demon Crush e неодамна најавената игра на развојното студио Reverting Castles. Се работи игра која нуди нинџа акција во ретро-инспирирано дводимензионално опкружување. Лесно импресионирани од светот и механиките, ги контактиравме Reverting Castles и ги замоливме да одделат малку време за разговор околу играта. Разговараме со Ричард Хинкли, режисерот на играта! IT.mk: Што ве инспирира да го создадете светот, уникатниот визуелен стил, како и ...

Веројатно последните две недели не успеавте да ја „утнете“ драмата која се случува со WordPress и WP Engine. Соосновачот и ко-креатор на Automattic Мет Муленвег повторно предупреди на опасностите од недоволното инвестирање во WordPress. Фокусот на неговите критики беше WP Engine, кој беше прогласен за „рак на WordPress“. Главна причина за ова е недоволното учество и поддршка на WP Engine во овој проект со отворен код. WP Engine со ...

Неодамна, пишувавме за тоа како Earth Defense Force 6 e одличен продолжеток на откачениот серијал. Шестата игра од овој серијал остави позитивен впечаток на нас, нудејќи ни часови и часови откачена акција во еден разрушен свет полн со предизвикувачки суштества. Таман дозволивме прашината од таквите импресии да слегне, добивме уште една игра од овој универзум. Earth Defense Force: World Brothers 2 e продолжеток на хитот од 2021-та година и е ...

PayPal Holdings Inc. неодамна го направи својот прв деловен трансфер користејќи го сопствениот стабилен коин PYUSD. Трансферот беше демонстрација на тоа како дигиталните валути можат да го подобрат бавниот и неефикасен процес на комерцијални трансакции. На 23-ти септември, PayPal изврши плаќање на Ernst & Young LLP преку PYUSD. Во трансакцијата беше користена платформата за дигитални валути на SAP SE за да се заврши трансферот. Оваа ...

.мк стартап на месецот [септември, 2024]: Што е Толт? Младата компанијата, основана од браќата Даниел и Валентин Ѓокај, нуди иновативно решение кое им помага на други технолошки фирми да го оптимизираат својот процес од почеток до крај во партнерскиот (affiliate) маркетинг. Ваквиот тип на маркетинг е модел на рекламирање во кој компанијата ги компензира издавачите на трети страни за да генерираат сообраќај кој води до производите и услугите на ...

Размазени од деталниот свет и комплексните механики во Baldur’s Gate 3, долго време баравме соодветна замена. Како огромни фанови на Warhammer 40,000 универзумот, со огромно внимание ја следевме и најавата и излегувањето на чедото на Owlcat Games. Но, Rogue Trader вешто ни се провлекуваше низ прстите и никако не успевавме соодветно да навлеземе во богатиот универзум на sci-fi интриги. Мило ни е што работите сега се променети. Warhammer 40,000: ...

Неделава ја имавме ексклузивната можност да ја провериме феноменалната дигитална енциклопедија Atari 50: The Anniversary Celebration. Чедото на Digital Eclipse ни дозволи да разгледаме најразлични фотографии, документи, постери, цитати, видео материјали, кратки документарци, и интервјуа. Паралелно со тоа, можевме да одиграме стотици култни игри од ерата на Atari. Доколку не знаете за што се работи топло препорачуваме да го прочитате нашиот текст ...

За подобар психолошки ефект и проширување на интелектуалните капацитети, се препорачува често читање книги. Од таа причина би можеле викендов да навлезете во најновите дела на вашите омилени писатели, или пак да започнете игра со километри и километри текст. За овој викенд, успеавме да ископаме две интересни наративни игри, како и една солидна акција во форма на демо. Изберете ја вашата авантура со Choice of Life: Wild Islands Порано беа много ...

Rogue Waters е невообичаена игра од неколку аспекти. Од една страна, се работи за пиратска игра, нешто што ретко или невешто се разработува во игрите. Од друга страна, развојното студио Ice Code Games имплементира забавна смеса од turn base со roguelite RPG елементи. Како резултат добивате наслов во кој управувате и со брод и со екипаж во процедурално осмислени сценарија, соочувајќи се со моќни суштества од најдлабоките понори на морињата. ...

Без сомневање влезени сме во ера на вештачка интелигенција. Бројот на нови алатки постојано расте, и речиси секој ден се појавува некоја нова алатка. Во релативно кус период Google и Microsoft претставија две кои изгледаат супер интересно. Google NotebookLM и Microsoft Copilot, им помагаат на корисниците за поефикасно организирање, креативна работа и олеснување на сложени задачи. Иако двете алатки се базирани на моќни модели за вештачка ...

И во поглед на изгледот и во поглед на гејмплеј механиките, G.I. Joe: Wrath of Cobra потсетува на старите добри флиперски игри. Слично на beat em up игрите како Final Fight, ќе имате за задача да се движите од точка А до точка Б, уништувајќи со култните војници сѐ што ќе се осмели да ве погледне погрешно. Како дополнителен плус, секој од ликовите се одликува со уникатни способности, охрабрувајќи самостојно или заедничко преигрување на мисиите. ...

Сите оние кои ужуваат во комплексни детективски игри би требало да ги насочат нишаните кон најновата игра на ColePowered Games. Shadows of Doubt е феноменално гејмерско истражување кое ве поставува во sci-fi мрачен свет кој како да е направен во Minecraft. Наметнувајќи ви улога на приватен детектив, ќе можете да решавате најразлични случаи преку макотрпно собирање и анализирање докази. Noir блаженство Со вклучување на оваа мрачна игра, ќе ...

При крајот на месецот август имавме можност да го провериме демото на Metroidvania-инспирираната акциона игра, како и да поразговараме со Бојан Василев околу инспирацијата, механиките и предизвиците поврзани со развојот на играта. По месец дена, играта конечно излезе, дозволувајќи им на сите фанови на овој жанр да заиграат со херојот Марко и да се соочат со бројни непријатели и босови, во еден свет кој е директно инспириран од словенските митови ...

„Сега и подоцна“ е експериментална мини серија од текстови каде на кратко разгледуваме две игри: една игра која е достапна сега и една игра која ќе излезе подоцна! Достапно сега: MindSeize излезе за PS5! MindSeize e акциона авантура со Metroidvania инспирирани механики. Во преубав ретро-инспириран sci-fi универзум, ќе пробате да ставите крај на криминалистичката организација The Ascended и ќе пробате да ја повратите свеста на вашата ќерка. За да ...

Најинтересните хардвер вести оваа недела доаѓаат од Meta. Супер нови очила за виртуелна и проширена реалност, поевтин Quest 3S VR и нови VR игри. Ова веројатно е сѐ што некогаш сме сакале да слушнеме за виртуелната реалност. Плус имаше уште некоја вест, таблет компјутери од Samsung и расклопување на новиот iPhone. iPhone 16 со батерија која најлесно се менува На 20 септември официјално започна да се продава новиот iPhone 16. Веќе знаевме добар ...

Би можеле да помислите дека Atari 50: The Anniversary Celebration е игра, но ова е всушност многу повеќе од тоа. Од една страна, имате временска линија преку која навлегувате во 50 годишно патување во минатото. Од друга страна, добивате непресушна колекција од Atari игри. Независно од тоа дали сте љубител на компјутерската историја или пак сакате да одиграте култна игра од минатото, Atari 50: The Anniversary Celebration е софтвер кој треба да го ...

Во исчекување на најновата Civilization игра, преигрувањето на старите игри повеќе не е доволно. Како големи фанови на Сид Мајер серијалот, со години веќе копнееме за „само уште еден ред“ чувството, но во едно ново и освежено опкружување. Најновата игра на Oxide Games и Xbox Game Studios ни доаѓа баш како нарачана. Со впечатлива графика, соодветна музичка подлога и комплексни механики, поминавме неброени часови градејќи цивилизација преку ширење ...

Првото нешто што ќе ве изненади е шареноликиот дизајн на менито и детски цртежи кои се суптилно анимирани. Пропратени од разиграна музичка подлога и не знаејќи апсолутно ништо за играта, решивме да запливаме во непознати води! На располагање имате два начини за играње на The Plucky Squire. Авантуристичкиот мод е со одредена доза предизвик, додека Story модот ви дозволува целосно да се опуштите и да уживате во приказната, без да ви е страв дека ...

Perfectly Paranormal е талентирано студио од Норвешка кое претходно работеше на Manual Samuel – Anniversary Edition и Helheim Hassle! Двете игри генерираа доволно интерес, особено Manual Samuel за да ги охрабрат авторите да направат уште една хумористична авантура во откачен свет. По стапките на помалиот брат, The Holy Gosh Darn е наративна авантура во која, преку имплементирање механика за патување, скокате низ времиња и локации, се со цел да ...

Традиционално и оваа година, на третата годишна конференција на „Ingram & Vendors Networking #3“ што се одржа во Охрид, над 170-мината учесници ги утврдија најновите трендови во ИТ секторот, ставајќи фокус на надминувањето на ризиците во сајбер-безбедноста, како и унапредувањето на софтверите и виртуелизацијата. Водечките ИТ експерти ги претставија најновите текови во ИТ сферата и споделија мислења со партнерите и студентите кои наскоро ќе ...

Како што ќе имате прилика да дознаете во наредената недела-две, ние сме огромни фанови на Prince of Persia игрите. Bo 2003-та година, The Sands of Time апсолутно нѐ освои и, од тогаш-наваму, со огромно задоволство ги преигруваме бројните игри од овој серијал. Prince of Persia: The Lost Crown излезе во јануари 2024 година, но некако не успеавме да ја провериме оваа Metroidvania-инспирирана игра тогаш. Со неодамна-излезеното DLC, Mask of Darkness ...

На кратко: 13Z е феноменален rogulike. Минатиот викенд бевме поканети да бидеме дел од првото тестирање на играта. За време на дво-часовната сесија, поминавме низ едно деноноќие од забавни гејмплеј механики, предизвикувачки босови и впечатлива графика. 13Z е акциона авантура со елементи на roguelike. Во играта, ќе можете да играте со таканаречени предизвикувачи. Секој од шесте предизвикувачи се одликува со уникатни движења и напади, како и со ...

#DRIVE Rally e штотуку-излезена игра која е длабоко инспирирана од аркадни тркачки игри од деведесетите години на минатиот век. Возејќи со еден од четири со-возачи ќе седнете зад волани на најразлични возила и ќе го барате недостижното чувство на брзина низ најразлични места во светот. Аркадно чувство на брзина Од почетното мени, можете да започнете брза трка, при што автоматски се одредува трката, мапата и со-возачот. Во ситуации кога сте ...

Група истражувачи од Цирих со помош на вештачка интелигенција успеаја да ја решат Google CAPTCHАv2. Оваа заштита се користи за да може да се направи разлика помеѓу луѓето и ботовите кои посетуваат некоја страница. Како кратко потсетување, v2 верзијата на Captcha доаѓа со слики на кои корисникот треба да пронајде различни објекти, на пример семафори, велосипеди, пешачки премин и слично. Последните неколку години тоа е актуелната заштита која се ...

Frostpunk е една од нејневообичаените survival city builder-и. во 2018-та година, критички-признаеното чедо на 11 bit studios успеа да ги импресионира гејмерите со трогателна игра за преживување каде градите град во еден целосно смрзнат свет. Трудејќи се од петни жили да споите крај-со-крај во суровата околина, играта често ве принудува да донесувате брутално-тешки одлуки, особено кога се работи за управување со ограничените ресурси. Поради тоа, ...

„Животот продолжи околу мене, но таа експлозија ми го промени животот засекогаш“. Broken Sword – Shadow of the Templars се смета за една од најдобрите авантури. Во 1996-та година, авантурата ги импресионира критичарите со, на времето, крајно реалистична графика и уникатни можности за интеракција со предметите и решавањето бројни загатки. Со одлична приказна и веродостојна глума, играта остави значаен белег во гејмерската индустрија и лансира ...

Преку истражување преубави вонземни светови, Satisfactory e игра која ви дозволува да собирате најразлични ресурси и да градите и надградувате огромна фабрика. По долго време ран пристап, чедото на Coffee Stain Studios конечно може да се пофали со финалната верзија. Првично, ни беше страв да започнеме со играта, мислејќи дека се одликува со бројни комплексни механики и проблематична линија на учење. За среќа, играта приредува топло добредојде на ...

Анализата на Народна банка покажува дека поради економијата и инфлацијата становите во Скопје и насекаде низ државата се значајно поскапени. Ова е тренд кој во моментов се случува и на глобално ниво. Според анализата на НБРСМ на огласите цената на недвижностите во второто тримесечје на 2024 година е порасната 11,5 отсто во однос на истиот период минатата година. Повисоката цена на становите го отежнува наоѓањето на достапно живеалиште за ...

Еднорози се слатки суштества, нели? Не и во Gori: Cuddly Carnage. Сите играчки се деформирани, мутирани и полудени. Играјќи со мачето Гори, ќе имате за задача да ги уништите сите овие играчки и да го спасите професорот Вај. Вака опишано, и понатаму звучи како детска игра… можеби е подобро да го погледнете трејлерот! Hack and Slash со слатко маче Со арсеналот од смртоносни оружја и бројните комби движења, Gori: Cuddly Carnage никако не е игра за ...

Американската администрација пронајде начин да ја блокира продажбата на кинески возила. За да ги заштити домашните производители на возила американската администрација најпрво двојно ја зголеми царината. Ако ова не е доволно, сега предложи и целосна забрана. Забраната доаѓа во два дела. Забрана на возила кои имаат софтвер или хардвер направен во Кина. Иако забраната ќе биде добредојдена за производителите, властите имаат поинакво објаснување. ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
31%
1010
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
39%
1013
weather icon

Загреб

31ᴼ / 29ᴼ
1.54
34%
1012
weather icon

Софија

26ᴼ / 19ᴼ
3.6
41%
1014
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
3.93
49%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
1.34
47%
1013
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
3.13
51%
1010
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.12
35%
1012
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
6.17
31%
1011
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
4.63
55%
1016
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
3.09
35%
1013
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
7.72
47%
1011
Currency

61.54

Currency

52.6656

Currency

71.3284

Currency

34.2016

Currency

38.162

Currency

65.2485

Currency

7.33004

Currency

0.65425

Currency

0.35625

Currency

0.5243

Currency

1.2883

Currency

0.60315