Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Star Overdrive е амбициозен наслов од инди сцената кој се обидува да спои високо-октанско движење со емотивна нарација во пространа, отворена средина. Развиена од малото италијанско студио Caracal Games и издадена од Dear Villagers, играта претставува патување низ мистериозна вонземска планета, каде што брзината е клучна, а приказната се открива преку осамено истражување. Star Overdrive првично се појави ексклузивно за Nintendo Switch на 10 ...
The Book of Aaru е акционен изометриски rogue-lite наслов кој ветува да ги редефинира границите на жанрот. Развиена од студиото Farlight Games, оваа игра ве фрла во алтернативна реалност каде древниот Египет не само што ја зачувал својата историја, туку и еволуирал во цивилизација со напредна технологија. Инспирирана од гиганти како Hades и Curse of the Dead Gods, The Book of Aaru носи свежи и иновативни механики кои ќе ги предизвикаат и ...
Bithell Games, студиото познато по наслови како Thomas Was Alone и визуелниот роман TRON: Identity, зачекори на нова територија со TRON: Catalyst. Сместена во иконскиот дигитален универзум на Disney, играта ве враќа во арк мрежата, комплексно дигитално општество првпат претставено во TRON: Identity. Catalyst служи не само како продолжение туку и како раздлабочување на светот на TRON, давајќи нешто интересно и на долгогодишните ентузијасти и ...
Што е саботна симс средба? Претходните саботи пишувавме за: Објавена на 15 ноември 2019 година, The Sims 4: Discover University е осмата експанзија за популарната симулација на живот. Оваа проширување конечно го враќа долгоочекуваното универзитетско искуство во светот на The Sims 4, исполнувајќи г желбите на долгогодишните фанови така што воведува нови механики кои го прават академскиот живот подлабок и подинамичен од кога било досега. ...
Во 1986 година, деценија по катастрофалниот настан што ја потопи нафтената платформа Беира Д во мрачните длабочини на Северното Море, мистеријата за тоа што навистина се случило сè уште ги прогонува семејствата на исчезнатите. Во најновото проширување од реномираното студио The Chinese Room, вие ја преземате улогата на Мери, лидер на тим нуркачи испратени да ги истражат остатоците и конечно да ги откријат одговорите за кобниот ден во декември ...
Подлабоко од хаосот Надоврзувајќи се на темелите на својот претходник, Neon Abyss 2 ветува уште подлабоко и подинамично искуство во шарениот, пикселизиран свет на Безданот. Судејќи според достапната демо верзија, играта не само што ги задржува сите елементи што ја направија оригиналната игра хит, туку и ја проширува со нови механики кои ветуваат уште поголема зависност и бескрајни можности за повторно играње. Еволуцијата е очигледна уште од ...
Still Wakes the Deep е наративна хорор игра од студиото The Chinese Room, познато по една од нашите омилени игри – Dear Esther, како и критички-признаената Amnesia: A Machine for Pigs. Објавена на 18 јуни 2024 година, играта ве преселува во декември 1975 година на изолираната нафтена платформа Беира Д во Северното Море. Она што започнува како обичен работен ден за електричарот Камерон „Каз“ Меклири, брзо се претвора во борба за опстанок кога ...
Ако сте расположени за акциона игра со прекрасна хероина и едноставни гејмплеј механики, сместена во минималистички, случајно генерирани простори исполнети со роботи, тогаш заедничката работа на Idea Factory, Compile Heart и Neilo Inc. можеби е токму она што го барате. Но, дали оваа игра има доволно возбудливи моменти за да ве задржи со ваквиот дизајн и механики, или пак станува збор за досаден наслов кој треба да го избегнете? Scar-Lead ...
Hellbreak е брутален арена-шутер од прво лице кој ве фрла во пеколните длабочини, каде што како војник од светските војни, мора да се борите за спасот на сопствената душа. Иако е играта во раниот пристап на Steam, сепак успешно ја спојува брзината на класичните шутери како DOOM со непредвидливата природа на roguelite механиките. Брзина, рефлекси и стратешки избори Во Hellbreak имате за задача да ги преживеете брановите на демонски непријатели ...
Во ера доминирана од дигитални продавници и постојано поврзување на интернет, еден мал, но амбициозен тим на програмери одлучи да тргне по потешкиот, но за нив поавтентичен пат. Нивниот најнов проект, Sovietborgs, е најавен како експлозивна „run ‘n’ gun“ акција, но со неочекуван пресврт: играта нема да ја најдете на Steam, PlayStation Store или Xbox. Наместо тоа, таа е наменета исклучиво за ретро платформите кои многумина од нас ги чуваат во ...
SCUM е амбициозна игра која ја следиме со години. Развојното студио кое стои зад неа долго време одбива да крене раце од неа, константно експериментира, менува и прилагодува механики за да успее да ја оствари замислената визија. По речиси седум години во програмата за ран пристап на Steam, SCUM официјално излезе со својата целосна верзија. Ова издание означува значајна пресвртница за играта, која првично дебитираше во август 2018 година, ...
Воспоставување контакт, организирање и добро водење на состанокот, како и сите работи кои доаѓаат по (не)успешното завршување често знае да бида авантура полна со предизвици. Во случај да сакате да „искусите“ (искусите?) дел од овие работи директно од комфорот на вашиот дом, Date Everything! се појавува како револуционерен и необичен наслов кој смело го редефинира жанрот на симулаторите за запознавање. Игpaтa се оддалечува од конвенционалните ...
Моника Томашевска е ко-основач на KMT Solutions, компанија која по значајно искуство стекнато на холандскиот пазар, особено во областа на регрутација и развој на менаџерски кадри (Executive Recruitment and Executive Coaching), неодамна го врати своето седиште и фокус кон Македонија. Пристапот на KMT Solutions, како што ќе прочитате, е фокусиран на развојот на луѓето како клуч за успешни бизниси и афирмирањето на автентични лидери, каде ...
Altheia: The Wrath of Aferi се према да се појави како авантуристичка фантазиска игра која ќе ги спои елементите на истражување, решавање загатки и динамична борба, нешто што е очигледно инспирирано од безвременските дела на Studio Ghibli и класичните игри од серијалот The Legend of Zelda. Развиена од страна на независното студио Jade Ember Studios, играта ќе нè однесе во светот на Атарасија, земја нападната од мистериозна сила позната како ...
The Alters е амбициозна научно-фантастична игра со survival концепти. Играта се испорачува од полското студио 11 Bit Studios, студио кое е познато по своите наслови што ги спојуваат механиките за преживување со длабока човечка драма и морални дилеми. Претходните дела на студиото, како што се This War of Mine и Frostpunk, ја етаблираа нивната репутација за истражување на човечката состојба под притисок. Истава тема е продолжена и раздлабочена ...
Во последно време, има се повеќе и повеќе roguelite игри. Основата идеја зад овој контекст е исклучително забавна и, кога гејмплеј механиките се добро реализирани, добивате забаен наслов кој пружа неброени часови забава. Vilde e пукачка игра од прво лице која се труди да ги помести границите на roguelite жанрот така што комбинира брза акција со богатството на нордиската митологија. Но, дали чедото на развојното студио Chaotic Minds успева во ...
Rune Factory: Guardians of Azuma претставува значајно ново продолжување во познатиот серијал Rune Factory, нудејќи свеж поглед на воспоставената формула на акциона RPG и симулација на живот. Оваа игра, развиена од Marvelous Entertainment и објавена од Xseed Games е RPG симулација која ги префрлува фановите во досега видената источна земја Азума. Оваа промена на локацијата е стратешки потег за да се воведат нови елементи на игра и иновативен ...
Светот на Рандом, познат по својата мрачна бајковита естетика и уникатни механики, се враќа со ново поглавје насловено Lost in Random: The Eternal Die. Овој самостоен спин-оф прави драстичен пресврт во жанрот, заменувајќи ја наративната авантура на оригиналот со брза и динамична roguelite акција. Како огромни фанови на изворната игра, со нетрпение чекавме да навлеземе во познатиот свет на малку поразличен начин. Од она што го видовме, ...
Што е саботна симс средба? Претходните саботи пишувавме за: Get Famous е шестата експанзија за популарната симулација The Sims 4. Проширувањето беше официјално најавено во октомври 2018 година, а излезе на 16 ноември истата година. Get Famous ве носи во блескавио свет на славните, заедно со сите компликации кои произлегуваат од таквиот гламурозен живот. Get Famous може да се смета за духовен наследник на легендарните претходници како The ...
Moonlighter 2: The Endless Vault – Двојниот живот на авантуристот и трговецот продолжува Надоврзувајќи се на темелите на претходникот, Moonlighter 2: The Endless Vault ги поканува играчите да се вратат во двојниот живот на Вил, херојскиот авантурист и итриот трговец. Ова долгоочекувано продолжение го пренесува познатото искуство во целосно нова тридимензионална средина, напуштајќи го пиксел-артот за визуелно побогат свет. Дејството се сели во ...
Darkenstein 3D е симпатична ретро-инспирирана игра која се појавува како смел потсетник на златната ера на пукачките игри од прво лице. Инспириран од легендарните франшизи како Wolfenstein и Doom, овој наслов се стреми да го емулира искуството на игрите кои дефинираа еден жанр, истовремено додавајќи уникатни и современи елементи. Darkenstein 3D нуди брз и интензивен гејмплеј кој не остава простор за грешки, но истовремено бара и тактичко ...
Европската фондација за обука (ЕТФ) ги претстави петте финалисти за наградата за зелени вештини на ЕТФ за 2025 година, признание кое ги слави глобалните иницијативи што го поттикнуваат преминот кон еколошки одржливи и инклузивни општества. Овие избрани проекти покажуваат посветеност и креативност во унапредувањето на зелените вештини и трансформирањето на локалните заедници. Од над 250 апликации од повеќе од 50 земји, во потесен избор влегоа ...
Hello Stranger се појавува како свеж наслов во жанрот на FMV (Full-Motion Video) психолошки хорор-трилери. Создадена од Пол Рашид, познат по своите дела во интерактивната филмска индустрија, оваа игра ве става во улога на нем набљудувач, но активен учесник чии одлуки директно ја кројат судбината на главниот лик. Роб на технологијата Протагонистот Кам е човек чиј живот речиси целосно се одвива во рамките на неговиот високотехнолошки паметен ...
Што е саботна симс средба? Претходните саботи пишувавме за: Како само времето лета. Пред цели девет години, The Sims 4: Get Together ги импресионира фановите со втората експанзија за популарната симулација на живот, The Sims 4. Лансиран на 10 декември 2015 година, а подоцна и за конзоли на 11 септември 2018, овој пакет воведе сосема нова димензија на социјалната интеракција, фокусирајќи се на групните активности и создавањето заедници. Get ...
Ериксхолм е фиктивен нордиски град инспириран од елеганцијата и суровоста на Скандинавија од раните 1900-ти. Се надеваме дека сте спремни да навлезете во една ваква изометриска, наративно-водена игра каде прикрадувањето игра голема улога. Eriksholm: The Stolen Dream е игра која ветува многу, особено кога ќе земете во предвид дека е развиена од River End Games, студио кое вклучува ветерани од индустријата кои работеле на наслови како ...
Alpha Response е возбудлив наслов кој нуди интензивно тактичко искуство, сместувајќи ве во улога на елитни полициски сили. Зад овој амбициозен проект стои Мин “Гуcмен” Ле, легендарниот ум зад оригиналниот Counter-Strike мод. За разлика од CS, меѓутоа, Alpha Response е осмислена да понуди адреналинско искуство кое е прилагодено како за соло играчите, така и за оние кои претпочитаат кооперативна акција со своите пријатели. Alpha Response е игра ...
ByteBreach е онлајн предизвик за сајбер-безбедност од BeyondMachines, дизајниран како интерактивена „потрага по богатство“. Овој предизвик има за цел да им помогне на ентузијастите да ги изострат своите вештини, да истражуваат ранливости и да откријат нови алатки. За деталите на овој предизвик тимот на IT.mk разговараше со Божидар Спировски, кој важи за еден од најактивните сајбер експерти во Македонија. Што е ByteBreach и од каде идејата да ...
Symbiotic Security, нуди безбедно следење во реално време за програмерите додека кодираат, идентификувајќи ги потенцијалните места каде би се појавиле багови. Додека другите компании нудат слични решенија, Symbiotic Security оди чекор понатаму со фокусирање на превенцијата – едукација на програмерите да ги избегнат овие проблеми од самиот почеток. Идеално, програмерите ќе ги пронајдат и поправат безбедносните грешки пред да стигнат до ...
Во ситуации кога креативноста се судира со технологијата, професионалните патишта често добиваат неочекувани насоки. Таков е случајот и со Марио Стошевски, 3D дизајнер кој својата кариера ја започна во светот на дигиталната уметност, за потоа да навлезе во специфичната и динамична индустрија за инфлабилни елементи по нарачка. Неговата приказна е сведоштво за адаптивноста, континуираното учење и храброста да се прифатат нови предизвици во ера ...
Speed Freeks e игра која ви дозволува да навлезете длабоко во културата на орците и да дознаете дека единственото нешта што се подобри од крволочни битки се експлозивни трки. Speed Freeks претставува освежувачки пристап кон жанрот поврзан со борбени возила, нудејќи уникатно, адреналинско и хаотично искуство во кое правилата се пишуваат со бензин и крв, а целта е да се биде последниот Орк зад воланот. Клучната цел во Speed Freeks е да се ...