Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Дваесет и седумгодишен осуденик од Куманово почина во Казнено-поправната установа Куманово – Затвор К’шање. Според информациите од МВР, вчера во 12:35 часот било пријавено дека во затворот бил пронајден починат С.Ш.(27) од Куманово. Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Причините за смртта ќе бидат утврдени по ...
Патниците и превозниците кои в понеделник наутро планираат да патуваат кон јужниот сосед ќе се соочат со затворени рампи и застој на граничните премини. Македонското Министерство за внатрешни работи денеска излезе со итно предупредување до граѓаните, пренесувајќи ги официјалните известувања добиени од грчките надлежни служби за најавениот протест на тамошните цариници. Штрајкот на грчката царина е закажан за 27 јули 2026 година (понеделник) и ...
Модната инфлуенсерката Адријана Гарсија почина на 30-годишна возраст по компликации што настанале за време на естетска интервенција. Креаторката на содржини од Кулијакан, Мексико, според локалните медиуми, во вторникот наутро била подложена на естетски зафат, кога дошло до сериозни компликации. Зад себе ја остави својата шестгодишна ќерка. View this post on Instagram A post shared by Adriana Garcia C. (@_adrianaggc) Адријана стекна голем ...
Ова веќе не е само политичка тема. Ова станува меѓународна финансиска афера. Додека во Унгарија веќе е започната истрага поврзана со околностите под кои беше реализиран заемот од една милијарда евра за Македонија, Владата на Мицкоски и понатаму молчи. Наместо одговори, добиваме тишина. Наместо транспарентност, добиваме молк. А колку е погласен молкот, толку повеќе расте сомнежот дека оваа приказна допрва ќе се расплетува. Понекогаш не треба ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Џ.(22) од Штип и Д.С.(22) од с.Псача, општина Ранковце, кривопаланечко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“. На 02.07.2026, пријавените во Штип се обиделе да влезат во домот на 85-годишна жена во Штип, претставувајќи се како полициски службеници, но биле спречени и пријавени од сосетка, која се посомневала во нивната намера. Набргу потоа, тие биле ...
Хајди Клум и натаму максимално ужива во летото. Германско-американската манекенка повторно го привлече вниманието на своите следбеници, откако на социјалните мрежи објави смело видео од плажа, на кое позира топлес додека безгрижно грицка чипс. Во краткото видео, кое го сподели на својот профил, Клум носи само долен дел од бикини со зебрест дезен, голема сламена шапка и впечатливи очила за сонце. Градите ги покрива со едната рака и со ...
Грчката национална метеоролошка служба (ЕМЈ) издаде итно вонредно предупредување (црвен аларм) поради драстично влошување на временските услови, кое го зафаќа регионот во периодот до 25 јули. По неколкудневниот екстремен топлотен бран, метеоролозите алармираат за нагла промена проследена со силни поројни дождови, интензивни електрични празнења, олуен ветер и локална појава на град, предупредуваат на групите посветени на Грција. Според ...
Македонското земјоделство сè потешко се натпреварува со производителите од регионот и Европската Унија, предупредуваат земјоделците. Разликите во државната поддршка, продуктивноста и условите за производство стануваат сè поголеми, а последиците се гледаат преку намаленото домашно производство и растечката зависност од увоз на храна. Како пример се посочува Словенија, каде поддршката за сточарите е значително повисока. За едно грло добиток, ...
Нова мерка за поддршка на вработувањето преку општините ќе овозможи ангажирање на невработени лица во рамките на програмата „Економија на грижа – Општинско-корисна работа“. Мерката е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2026 година, а беше презентирана на средба меѓу заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески и заменик-министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ. Преку програмата општините ќе ...
Климатизацијата сама по себе не е причина за настинки, но неправилната употреба може да го зголеми ризикот од инфекции, вели српскиот неврофизиолог д-р Драган Хрнчиќ. Високите летни температури повторно го отворија прашањето дали клима уредите предизвикуваат настинки или дали тоа е еден од најраспространетите летни митови. „Климата сама по себе не е причина за настинки, но може да придонесе за нејзино појавување ако ја користиме неправилно, ...
Нови детали поврзани со случувањата во гостиварски „Комуналец“ отвораат дополнителни прашања за настаните што му претходеле на загадувањето на водата за пиење во Гостивар. Како што објави ТВ Телма, вработен во ЈП „Комуналец“ загинал на 15 јуни годинава при интервенција во водоводниот систем, само десет дена пред поставувањето на пумпите кои подоцна го загадиле водоводниот систем и предизвикаа здравствена криза во градот. Според првичните ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 литри на метар квадратен). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против правен субјект – угостителски објект од Охрид и против сопственикот и управителот Е.Н. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете”. При контрола во објектот на улица „Партизанска” во Охрид, полициските службеници констатирале дека на 14 – годишен малолетник од Охрид на кого му било овозможено да користи алкохолен пијалок без да му биде ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција обелодени нов скандал поврзан исто така со вода за пиење, но овој пат за примерок земен од Болницата за белодробни болести во Лешок. Како што кажа Филипче официјалните документи доставени од укажувачи откриваат дека во Болницата за белодробни заболувања во Лешок била регистрирана здравствено небезбедна вода за пиење, а институциите ништо ...
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа 70 вонредни инспекциски контроли во угостителски и прехранбени објекти во Гостиварско, при што беше утврдено дека сите контролирани оператори ја почитуваат забраната за користење вода од градскиот водовод. Сепак, инспекторите открија низа други сериозни неправилности – нерегистрирани фирми, небезбедна храна и вработени без задолжителни здравствени прегледи. Контролите ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 30-годишен маж, осомничен за кривичното дело „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ по член 133 став 1 од Кривичниот законик. Според Обвинителството, осомничениот со нож им се заканувал на сопружници, сопственици на фирма во која бил вработен, барајќи да му бидат исплатени неисплатените дневници. Настанот се случил на 21 јули попладне, кога сопружниците со автомобил ...
Полициски службеници од СВР Тетово вчера во селото Јегуновце уапсија 16-годишен малолетник од село Радуша оти без возачка дозвола управувал патничко возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки и излетал од патот. Возилото е одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Полициски службеници од СВР Тетово вчера во селото Јегуновце уапсија 16-годишен малолетник од село Радуша оти без возачка дозвола управувал ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе Обвинителен предлог со кој побара и определување мерка притвор за едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство, ноќта меѓу 18 и 19 јули, обвинетиот телесно ја повредил неговата ...
Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h), соопшти УХМР. За време на викендот времето ќе биде стабилно. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ќе ...
Македонската пејачка и ќерка на легендарниот Гоце Арнаудов, Кристина Арнаудова, на социјалната мрежа Инстаграм напиша објава во која објасни зошто таа никогаш не гостува никаде. -Пошто сега секој што има камера може да биде медиум, времето на неписмени мочковци е почнато. Сите што не можеле да станат било што, сега имаат поткаст. И тие мочковци викаат јавни личности, реализирани и успешни и им се качат како пијавици и пробуваат со бедни и ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струга против физичко лице – сопственик и управител на правно лице, како и против самата компанија, поради сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ согласно член 279 од Кривичниот законик. Според Финансиската полиција, првопријавениот С.З., како сопственик и управител, со намера да стекне противправна имотна корист, не пријавил и не платил ...
Родната куќа на Адолф Хитлер во австрискиот град Браунау ам Ин денеска, по неколкугодишно реновирање, ќе се отвори како полициски центар. Како што е познато, потегот треба да спречи зградата на границата со германската покраина Баварија да биде собиралиште на неонацисти, како во минатото. Родното место на Хитлер постојано привлекуваше крајно-десничарски елементи. Куќата каде што првично живеел Хитлер (роден 20 април 1889 година), долго време ...
СДСМ преку соопштение оцени дека случаите со загадената вода во Гостивар и Валандово укажуваат на сериозни системски слабости во функционирањето на институциите задолжени за заштита на јавното здравје. Од партијата посочуваат дека по масовното труење во Гостивар, каде, според нив, граѓаните со недели користеле загадена вода, сега и во Валандово е утврдено дека водата од градскиот водовод не е безбедна за пиење поради зголемено ниво на арсен. ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ сака да нѐ убеди дека, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на огранокот у Центар, не го информирал и не знае дека нивната советничка група: – не гласала за вработување на технички персонал и дефектолози; – гласале за нови соседи на негови колеги од партија, лоцирани во 25 хациенди на Водно, односно на тоа што ќе остане од Водно. И ПР-от на ВМРО-ДПМНЕ однесен со виорот… ФБ став на Јани Карадули Претседателот ...
МВР информира дека вчера попладне во 18:55 часот во ОВР Кичево, од Територијалната противпожарна единица Кичево, пријавено е дека настанал пожар во стан на улицата „4 Јули“ во Кичево. Од екипа на ТППЕ Кичево пожарот бил изгаснат, а во станот било пронајдено опожарено телото на С.С.(37) од Кичево. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на ОВР Кичево МВР информира дека вчера попладне ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Д.М.(43) од с.Ранковце, општина Ранковце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 05.07.2026 пред продажно место во с.Ранковце, пријавениот упатувал закани на И.П.(38) и на неговото семејство. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против ...
На 21.07.2026 во 15:50 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Д.А.(37) од Турција затоа што при гранична контрола било констатирано дека пријавениот на увид приложил фалсификувани зелени карти за товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со турски национални ознаки, со кое допатувал. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде ...
Повременото повторно полнење на пластично шише не претставува сериозен ризик доколку шишето е чисто и не е изложено на високи температури. Сепак, пластичните шишиња за еднократна употреба не се дизајнирани за долгорочно користење, па со текот на времето може да се појават микропукнатини во кои се задржуваат бактерии. Експертите советуваат ваквите шишиња да не се оставаат во автомобил, на директно сонце или да се полнат со топли напитоци. ...
Силното невреме што ја зафати земјава донесе зголемен притисок врз здравствените установи. Повеќе од триесет граѓани побарале итна медицинска помош во скопските клиники поради повреди предизвикани од невремето, а регистрирани се и материјални штети на неколку болнички објекти. Според официјалните податоци од здравствените установи, медицинските тимови во текот на ноќта и денот интервенирале кај десетици повредени граѓани: ГОБ „Св. Наум ...
Трагичен настан ја потресе Химара во раните утрински часови, кога 55-годишен електричар го загуби животот за време на интервенција за обновување на снабдувањето со електрична енергија. Според првичните информации, загинатиот бил вработен во албанската електродистрибутивна компанија ОСХЕЕ и потекнувал од Елбасан. Тој бил ангажиран во Химара како дел од екипите кои работат во туристичката сезона и интервенираат при дефекти на електромрежата. ...