Силното невреме кое го зафати вчера Скопје, беше кратко, но интензивно и направи големи штети. Според податоците на Прв.мк, скопјанец за влакно избегнал трагедија во населбата Бутел 2, кога бандера се урнала откако тој поминал со својот автомобил. Според првичните информации, бандерата паднала со голема сила и успеала да го пробие стаклото на возилото, а завршила во неговиот заден дел. За среќа, возачот поминал без потешки последици, ...

Во домот на Марк Ентони има уште поголема радост. 57-годишниот пејач официјално стана татко по осми пат откако неговата сопруга Надија Фереира го роди нивното второ заедничко дете, девојче по име Мила. Среќната вест беше објавена во заедничка објава на Инстаграм. На фотографијата, нивниот 2-годишен син Марко нежно ја прегрнува својата новородена сестра – снимка која брзо ги стопи срцата на нивните следбеници. „Каков огромен благослов е да го ...

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје остави последици и на Меѓународниот аеродром Скопје, каде по обилниот дожд прокиснал таванот во дел од терминалната зграда. Според првичните информации, водата почнала да навлегува во внатрешноста на објектот, по што биле преземени мерки за спречување на поголеми штети. Невремето проследено со силен ветер и пороен дожд предизвика големи штети на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои паднати дрвја, ...

Основниот суд во Кавадарци му изрече мерка задолжително психијатриско лекување во здравствена установа на 27-годишниот Игор Р., обвинет за убиството на својата мајка во Росоман. Според вештачењето на психијатрите, обвинетиот е непресметлив на неопределено време и не го разбира значењето на своите постапки, поради што е сместен во Психијатриската болница „Негорци“. Убиството се случи на 30 март, кога тој со кујнски нож ја усмртил својата мајка ...

Според МВР, најголеми последици од невремето се регистрирани на подрачјето на СВР Скопје, каде до 22 часот вчера се евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрвја, седум оштетени семафори, пет пожари и 10 повредени лица. Оштетени се и повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, комплексот „Вили Водно“, ...

УХМР објави метео аларм за ново силно невреме во Македонија, по вчерашното кое остави хаос зад себе. -Денеска ќе има повремени врнежи од дожд и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со појава на град. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h), велат од УХМР. До петок, под влијание на серија влажни и нестабилни воздушни маси, ќе се задржи ...

На 20.07.2026 во 11:25 часот на улица „Гоце Делчев“ во Кратово, полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода А.М.(23) од Ранковце. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници запреле мотоцикл, при што било констатирано дека А.М. го управува без возачка дозвола. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. На ...

Осумдесет и шестгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако врз неа паднало дрво на подрачјето на Карпош, а при потрагата по нејзината чанта била пронајдена и експлозивна направа, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, настанот бил пријавен на 20 јули околу 20:25 часот во СВР Скопје. По падот на дрвото, К.М. (86) од Скопје била пренесена во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“, каде ѝ била укажана ...

Пишува: проф. д-р Иван Анастасовски Постојат моменти кога политиката престанува да биде борба за власт и станува прашање на живот, но веројатно тие момемти во Македонија се редовни и веќе етаблирани за жал. Таков момент е секогаш кога граѓаните ќе почнат да се сомневаат во безбедноста на водата што ја пијат, и од тој миг, кризата повеќе не е комунална, туку таа станува државна (политичка). Сепак за поздравување е брзата реакција на ...

На 20.07.2026 околу 15:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат Кочани – Брана Гратче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ.(65) од Кочани. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал велосипедистот, а лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на ...

На 19.07.2026 во 21:15 часот во ОВР Кичево било пријавено дека во двор од куќа на улица „Прилепска“ во Кичево, коњ -сопственост на Б.Д.(58) од Кичево, удрил малолетно девојче. Таа е пренесена во Општата болница во Кичево а поради сериозноста на повредите била префрлена во Клиничка болница Скопје. По целосно расчистување на настанот, ќе следува соодветна пријава. На 19.07.2026 во 21:15 часот во ОВР Кичево било пријавено дека во двор од куќа ...

На 20.07.2026 во 15:05 часот во Делчево, полициски службеницо од ОВР Делчево го лишија од слобода А.Т.(26) од с.Митрашинци, беровско. При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер“ со беровски регистарски ознаки, при што било констатирано дека А.Т. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 4,35 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска ...

Човечкиот мозок е способен да складира количини на информации споредливи со содржината на 20.000 паметни телефони со капацитет од 128 GB секој, „измерени“ од Валериј Литвинов, виш истражувач на Одделот за хемија и биотехнологија на Пермскиот национален истражувачки политехнички универзитет (ПНПУ). „Проценетиот мемориски капацитет на човечкиот мозок е околу 2,5 петабајти, или приближно 2,5 милиони GB. За да се стави ова во перспектива, ова е ...

Четиригодишно момче се удави во аквапаркот „Југово“ во Смедерево, Србија, во трагичен настан што ја потресе јавноста. Според сведочењата на очевидци, екипата на Итната медицинска помош пристигнала веднаш по добиениот повик и започнала со реанимација, но и покрај сите напори, лекарите не успеале да го спасат детето. „Лекарот го носеше детето во раце, сцената беше страшна за гледање“, изјавил еден од очевидците за локалните медиуми. На местото ...

Кога станува збор за здравјето на срцето, најчесто се зборува за крвниот притисок, холестеролот и физичката активност. Сепак, кардиолозите предупредуваат дека и недостатокот на одредени витамини може да има значајно влијание врз работата на срцето и крвните садови. Според кардиологот д-р Дибаншу Гупта, витамините Д, Б12, Б9 (фолна киселина), Ц и Б1 (тиамин) учествуваат во создавањето енергија, формирањето на црвените крвни зрнца, одржувањето ...

Основното јавно обвинителство Гостивар откри шокантни детали за еден од најголемите скандали со водоснабдувањето во Македонија. Според истрагата, три лица од ЈП „Комуналец“ – в.д. директорката, техничкиот раководител и раководителот на Одделението за водовод и канализација, се осомничени дека со свои дејствија овозможиле загадена вода од отворен канал да заврши во системот за водоснабдување на Гостивар и околните села. Според обвинителството, ...

Жена е тешко повредена откако била погодена од гром на плажата во Башка, на хрватскиот остров Крк, за време на силно невреме. Несреќата се случила околу 7:10 часот, додека жената носела чадор за сонце. Спасувач на плажата веднаш ѝ укажал прва помош, по што со хеликоптер на Итната медицинска служба била пренесена во Клиничкиот болнички центар во Риека. Од болницата потврдија дека таа е сместена на Одделението за интензивна нега. Според ...

Бензините од денеска поскапуваат за 3, дизелот за 6 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 21.7.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 ...

Православните верници денеска го одбележуваат споменот на Светиот маченик Прокопиј, кој пострада за христијанската вера во Кесарија Палестинска. Светителот е роден во Ерусалим од татко христијанин и мајка која била незнабошка, а првично го носел името Неаниј. По смртта на неговиот татко, тој бил воспитуван во духот на римското идолопоклонство, по што царот Диоклецијан го зел на служба во сопствениот дворец. За време на прогоните на ...

Микробиологот Никола Пановски преку објава на социјалните мрежи го критикуваше начинот на кој се постапува со резултатите од анализите поврзани со епидемијата во Гостивар. Во својата објава, Пановски опишува ситуација во која пациент се лекува во болница со симптоми на труење, додека Обвинителството се сомнева на намерно труење или труење поради небрежност и нарачува лабораториски анализи. Според неговото сценарио, болницата не ги направила ...

Скопската полиција поднесе кривична пријава против две лица осомничени за сторено кривично дело „полов напад и силување“, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од СВР Скопје – Единица за насилен криминал, Одделение за крвни и сексуални деликти, до Основното јавно обвинителство Скопје доставена е пријава по брза постапка против А М.(41) и Ј.Р.(34), двајцата од Скопје. Според пријавата, постојат основи на сомнение дека на 17 јули ...

ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка упати апел до граѓаните за рационално и одговорно користење на водата за пиење, нагласувајќи дека станува збор за скапоцен ресурс кој треба да се користи исклучиво за потребите на домаќинствата. Од претпријатието бараат водата за пиење да не се користи за наводнување на земјоделски култури, полнење бунари и базени за рекреативни цели, миење моторни возила, перење теписи, како и за други намени што предизвикуваат ...

И покрај минималното намалување во однос на претходниот месец, трошоците за основните животни потреби и понатаму остануваат високи. Според пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), вредноста на синдикалната минимална кошница за јули 2026 година изнесува 68.498 денари. Во споредба со јуни, кошницата е намалена за 156 денари, но четиричлено семејство и натаму има потреба од значителни средства за покривање на основните месечни ...

Полицијата ја уапси директорката на ЈП „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани. Според првичните информации, со неа се уапсени и двајца нејзини соработници, техничкиот директор, Леон Нуредини и раководителот на водоводот, Вадедин Дервиши. Се очекува двајцата наскоро да се појават пред обвинителството, а судијата на претходна постапка ќе им одреди мерки на претпазливост. Претходно градоначалникот ја суспендирал директорката на гостиварски ...

Македонската модна дизајнерка и сопственичка на модното студио „Митроф“, Љупка Митрова, со новите објави на Инстаграм им откри на следбениците дека ужива во летен одмор, иако не ја откри дестинацијата на која престојува. Таа сподели серија фотографии од луксузен апартман покрај морето, гастрономски специјалитети, погледот од сместувањето, како и неколку уметнички фотографии на кои позира гола. View this post on Instagram A post shared by ...

Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопшти УХМР. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. УХМР најави дека до петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и ...

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Пробиштип, поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(40) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. На 03.07.2026 пријавениот подолг временски период ја вознемирувал В.Н., нејзината сестра и мајка, со закани и потреба на електрошок во два наврати изнудил вкупно 110.000 денари Надворешна канцеларија за криминалистички работи Пробиштип, поднесе кривична пријава ...

Тринаесетгодишно момче загина во градот Сиудад Родриго, во шпанската покраина Саламанка, за време на прославата на победата на Шпанија во финалето на Светското првенство во фудбал. Додека навивачите славеле кај фонтаната на кружниот тек „Глориета дел Арбол Гордо“, се урнал горниот дел од конструкцијата, кој паднал врз неколку лица што се наоѓале под него, пренесува шпанскиот јавен сервис RTVE, објави 4news.mk Поради трагичниот настан, ...

Познатата српска водителка Сузана Манчиќ, која повеќе од две децении е во љубов со грчкиот бизнисмен Симеон Цомокос, искрено проговори за предизвиците во бракот и откри дека во еден период била во искушение да му биде неверна на својот сопруг. Сузана и Симеон се во врска повеќе од 25 години, а својата љубов официјално ја крунисаа со брак во 2018 година. Денес живеат на релација Белград–Атина и важат за еден од постабилните парови на јавната ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесена кривична пријава против С.В., М.С., Д.С. и А.К., сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 11.04.2026 на паркинг простор на бензинска станица во Крива Паланка, по претходна расправија, пријавените физички го нападнале Д.М. од кривопаланечко, а потоа им ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.58
60%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
1.69
71%
1014
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.28
76%
1018
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.97
66%
1014
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.3
72%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
1.22
93%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
0.45
49%
1009
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.59
44%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.49
52%
1013
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
5.81
65%
1013
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
1.79
73%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
1.2
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Сребро

2005.37

Рутениум

53852.50

Калај

56.77

Родиум

278103.96

Злато

137126.15

Кобалт

56.29

Бакар

13.54

Платина

55652.94

Паладиум

43435.66

Алуминиум

3.27