На 06.08.2026 во 14:30 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Кратово, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода И.Л.(74) од Крива Паланка. При сообраќајна контрола на ул. „Гоце Делчев“ во Кратово, било сопрено патничко возило „дачиа сандеро“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управува без положен возачки испит, односно без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ...

Деветнаесетгодишен мотоциклист загина денеска во тешка сообраќајна несреќа што се случи на улицата „Радишанска“ во Скопје. Од МВР за Пресс24 информираат дека несреќата била пријавена во 12:12 часот, а во неа учествувале патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46), и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од скопско. Во несреќата, 19-годишниот возач на мотоциклот им подлегнал на ...

По големиот успех со нумерата „Нисам крива ја“ со која ја одушеви публиката ширум регионот, Северена воопшто не застанува, туку продолжува да провоцира како никогаш претходно. Популарната пејачка веќе го најави новиот сингл „Позови ме ти (Анксиозна)“, кој премиерно ќе биде објавен на 6 август, а со првите фотографии и стихови веќе предизвика огромен интерес на социјалните мрежи. На Инстаграм сподели промотивни фотографии на кои позира во ...

Со правилна примена на методите за превенција и заштита, ризиците од заразните болести што ги пренесуваат комарците – вклучително и Западнонилската треска – можат значително да се минимизираат, порача епидемиологот д-р Драган Даниловски во интервју за ТВ Телма. Според д-р Даниловски, тигрестиот комарец е значително подоминантен, повитален и посупериорен од поранешниот „домашен“ комарец и, за разлика од него, тој е активен и напаѓа во текот на ...

Нова анализа на несреќите во Англија и Велс покажува дека возачите на е-тротинети се изложени на значително поголем ризик од сериозни повреди од мотоциклистите и велосипедистите. Тие имаат три пати поголема веројатност да претрпат трауматска повреда на мозокот од мотоциклистите, а жените се особено изложени на ризик. Студијата, исто така, откри дека возачите на тротинети имаат поголема веројатност да претрпат оштетување на внатрешните органи ...

Брза и храбра реакција на двајца случајни минувачи денеска придонесе за успешно спасување на жена од Вардар кај Камениот мост во центарот на Скопје. Според информациите до кои дојде „Скопје1“, жената, на возраст од околу 50 години, била извлечена од реката благодарение на двајца граѓани од Чаир, кои без двоумење скокнале во Вардар и успеале да ја извлечат на безбедно. Набрзо на местото пристигнале две екипи на интервентната полиција, една ...

Лет од Солун за Германија беше откажан синоќа на аеродромот „Македонија“ во Солун, откако во еден од моторите беше пронајдена птица, јавува локалниот информативен портал Теспост. Авинот требаше да тргне вчера рано навечер со околу 150 патници, објави 4news.mk По подолг престој кај излезот за качување, тие беа известени дека летот се откажува поради присуство на птица во еден од моторите. Патниците е планирано да отпатуваат за Германија денес. ...

Алармот за 5000 помалку запишани ученици, не треба да го намали, туку да го прекине ПР водењето на државата. Бидејќи ПР не е државна политика, а демографијата не е партиска тема, или тема за под тепих. Молкот не е неутралност, тој е соучесништво. Затоа демографијата не смее да биде уште една тема за дневнополитички пресметки, туку национален договор. И власта и опозицијата имаат заедничка одговорност да изградат политика што ќе ги задржи ...

Министерството за здравство е известено од компанијата – носител на одобрението за ставање во промет на лекот Фостер, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите што го користат овој лек. Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по рецепт. Тоа важи и за ...

Ладното кафе е омилено летно освежување, но многу луѓе се прашуваат дали кофеинот може да предизвика дехидратација? Експертите истакнуваат дека умерената консумација на ладно кафе кај повеќето здрави луѓе не доведува до значително губење на течности. Напротив, бидејќи неговата главна состојка е водата, ладното кафе придонесува за вкупниот дневен внес на течности. Ефект на кофеинот Кофеинот има благ диуретичен ефект, односно може да поттикне ...

Словенечката влада подготвува измени на Законот за странци со кои ќе се променат условите за интеграција на државјаните од трети земји. Една од најзначајните новини е укинувањето на бесплатните курсеви по словенечки јазик. Според предложените измени, курсевите повеќе нема да бидат целосно бесплатни, туку државата ќе покрива 70 проценти од нивната цена, додека остатокот ќе го плаќаат самите странци. Исто така, се предлага да се укине можноста ...

Македонското образование продолжува да се соочува со сериозен демографски пад. Во септември во клупите се очекува да седнат околу 4.900 првачиња помалку во споредба со ланската година, предупреди министерката за образование и наука Весна Јаневска. На прес-конференцијата во МОН, покрај соопштувањето на резултатите од државната матура, министерката се осврна на намалувањето на бројот на ученици на сите образовни нивоа – од основните и средните ...

Полицијата го лиши од слобода 19-годишниот возач кој завчера вечерта удри пешак во Скопје и избега од местото на сообраќајната несреќа. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 6 август полициски службеници од СВР Скопје го привеле Н.Н. (19) од Скопје, кој е осомничен дека на 5 август околу 21:20 часот, на крстосницата меѓу улиците „Борис Сарафов“ и „Крсто Раковски“, управувајќи патничко возило „фиат пунто“, удрил во ...

Натписите со известувања се тука, но посети во кривопаланечкото родилиште не се реализираат. Вратата е затворена веќе со децении, а зад неа не се слуша плачот на нов живот. Ако до 2006 година зад овие врати се раѓале околу 200 новороденчиња годишно, денес сите родилки од Крива Паланка се препраќаат во соседно Куманово и во Скопје, а последните новороденчиња во ова родилиште се родени за време на COVID-пандемијата, и тоа само при две-три итни ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против А.Џ.(22) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „загрозување на сигурноста“. -На 15.07.2026 во Крива Паланка, пријавениот се обидел физички да нападне вработено лице од Центарот за социјални работи Крива Паланка, информираа од МВР. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе ...

Вознемирувачки инцидент се случил во Гостивар, откако пожар избувнал во стан на улицата „18 Ноември“, при што три лица морале да побараат медицинска помош поради последиците од вдишување чад. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пожарот бил пријавен на 5 август околу 17:15 часот во ОВР Гостивар. Огнената стихија избувнала во стан сопственост на 36-годишниот Г.С. На местото веднаш пристигнале пожарникари од ...

Со својата неспособност, нестручност и неодговорност, Владата, локалната власт и надлежните институции вршат злосторство врз граѓаните на Гостивар. Ние во Прилеп немаме таков проблем. Барем засега, г.мната од канализационата мрежа се’ уште не протекле низ славините во кујните и купатилата. Нас не’ трујат на пософистициран начин – преку воздухот. Од подножјето на Марковите Кули, барем еднаш неделно, во сите прилепски домови стасуваат чадот и ...

Музичката ѕвезда Лепа Брена синоќа одржа концерт во дискотека во Будва, каде што за време на изведбата се случи непредвидена ситуација на сцената. Пејачката се појави пред публиката околу 1:30 часот по полноќ и ги изведуваше своите познати хитови. За време на песната „Коловодја“, додека се обидуваше да изведе дел од кореографијата со кревање нога, таа се сопна и падна, пренесе Телеграф.рс. Девојка од бендот и организаторот веднаш ѝ притрчаа ...

Антонио Бандерас научил да го цени секој мал момент во животот и речиси умрел за да го стекне тоа знаење. Срцев удар во 2017 година го оставил Бандерас, 66, мотивиран да направи големи жртви и промени, од откажување од пушење до враќање во неговиот роден град Малага, Шпанија. Пред речиси една деценија, актерот бил дома во Сари, Англија, кога почнал да чувствува болки во градите. Неговата долгогодишна девојка, Никол Кимпел, брзо му дала ...

Онколошки пациенти денес ќе одржат симболичен протест пред Министерството за здравство, револтирани од повторливиот недостиг на лекови на Клиниката за онкологија. Поради екстремно високите температури, се очекува протестот да биде со ограничено присуство, а неколку пациентки ќе ги пренесат барањата до надлежните институции. Главното барање е итно да се обезбеди непречено и континуирано снабдување со терапија, бидејќи, како што велат ...

Најголемиот број регистрирани случаи на западнонилска треска во Македонија се во Скопскиот регион и во Велес, информира министерот за здравство Сашо Клековски, најавувајќи засилени мерки за контрола на комарците. Околу домовите на сите заразени лица се спроведени вонредни прскања против комарци во радиус од 200 метри, а дополнителни активности се преземаат во општините каде што има најголем ризик. Како најкритично подрачје е посочено Драчево, ...

Една од најубавите холивудски актерки, Ева Лонгорија (51), повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат со фотографии од одморот во Марбеља, Шпанија, каде што ја покажа својата беспрекорна фигура и докажа дека годините се само бројка за неа. Актерката уживаше на плажа во црвено бикини, кое го надополни со голема шапка, темни очила за сонце и пругаста црвена кошула. Се опушти покрај морето, пливаше и поминуваше време со својот ...

Додека илјадници граѓани на Гостивар се соочуваа со сериозна здравствена криза, небезбедна вода за пиење и последици по нивното здравје, премиерот Христијан Мицкоски отвораше базен во Кавадарци. Тоа е сликата за односот на Владата кон една од најсериозните здравствени кризи во државата, истакна организацискиот секретар на СДСМ, Зоран Трифуновски, во емисијата „Тема на денот“ на Сител. „Труењето на граѓаните на Гостивар е недозволива ...

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Од досега прибавените докази ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М. (53) од струшкото село Мислодежда поради сомнение дека сторил кривични дела „пустошење шуми“ и „непреземање мерки за заштита при работа“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, на 20 април 2026 година, без претходно одобрение за сеча и спротивно на одредбите од Законот за шуми, на туѓ недвижен имот на локалитетот Лениште, во атарот на селото Мислодежда, пријавениот ...

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси, кој долги години играше за Барселона, донираше 80.000 евра за обнова на подрачјето Сиера Оесте во регионот Мадрид, кое беше тешко погодено од неодамнешните големи шумски пожари, објавија вечерва регионални власти. Претседателката на регионот Мадрид, Исабел Дијаз Ајусо му се заблагодари на Меси преку социјалните мрежи, истакнувајќи оти локалното население со нетрпение очекува ...

Во Фејсбук групата „Грчка Инфо“ е објавено предупредување до туристите кои престојуваат во Пефкохори, дека грчката полиција спроведува засилени контроли и изрекува казни, при што на дел од возилата им се одземаат и регистарските таблички. Според објавата, акцијата се спроведува на магистралниот пат кај кружниот тек во Пефкохори. „Полицајците на сите по ред им ги симнуваат табличките. Прво на едно грчко возило, потоа на џип со регистарски ...

Утрово во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била пронајдена почината И.Т.(53) од Република Белорусија. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Охрид, а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатата ќе се врши обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Утрово во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била пронајдена почината И.Т.(53) од Република ...

Во Грција се изрекуваат казни и за бавно возење. Доколку не се почитува означената минимална брзина прикажана на синиот кружен сообраќаен знак со бела цифра, следува глоба од 30 евра. Според Законот за сообраќај во Грција, казна може да добие и возач кој се движи неоправдано бавно, бидејќи таквото возење го попречува нормалниот тек на сообраќајот и ги принудува останатите учесници да менуваат ленти и да претекнуваат, што ја зголемува ...

МакедонијаСДСМ: Владата склучила тендер од 100.000 евра за вода во Гостивар без јавен оглас, бизнис зделка на МицкоскиОбјавено пред 14 минути – 5 август, 2026Од С В Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра. Договорот, поради кризата, е ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.58
60%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
1.69
71%
1014
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.28
76%
1018
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.97
66%
1014
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.3
72%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
1.22
93%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
0.45
49%
1009
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.59
44%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.49
52%
1013
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
5.81
65%
1013
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
1.79
73%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
1.2
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Цинк

0.00

Злато

137126.15

Кобалт

56.29

Платина

55652.94

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Сребро

2005.37

Алуминиум

3.27

Родиум

278103.96

Бакар

13.54

Калај

56.77

Паладиум

43435.66