
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



По синоќешното претставување на новите производи на Apple, Елон Маск реагираше на својот профил на X платформата. На отворањето на синоќешната конференција посветена на програмерите, Apple претстави бројни новитети, најголеми во однос на софтверот и услугите во последните години. Додека новите верзии на оперативни системи за телефони, таблети, часовници и AppleTV донесоа помалку или повеќе очекувани новитети, најмногу се зборуваше за вештачката ...
При изборот на банка, одлучувате за многу повеќе од само избирање на место каде што ќе ги чувате вашите финансии. Избирате партнер кој ќе биде ваш вистински пријател и долгорочен поддржувач. Банката што ќе ја изберете денес може да игра клучна улога во обликувањето на финансиската иднина на вашето дете. Затоа, одберете банка која нуди финансиски пакети и решенија за сите генерации, олеснувајќи го секојдневието при извршувањето на едноставни ...
Една нова студија сугерира дека премногу обработената храна, за која веќе е познато дека придонесува за здравствени проблеми како срцеви заболувања и дијабетес, може да биде поврзана и со хронична несоница. Во таа храна е вклучена храна која е интензивно модифицирана за да се подобри вкусот, да се продолжи рокот на траење или да се олесни масовното производство, за разлика од минимално преработената храна како што се овошјето и зеленчукот. ...
Индустријата за информатичка и комуникациска технологија (ИКТ) во Македонија го задржа позитивниот тренд на пораст и во 2023 година, согласно последните официјални податоци добиени од страна на надлежните институции со кои МАСИТ соработува. Оваа анализа МАСИТ ја спроведува на годишно ниво, со цел информирање за состојбата и движењето на ИКТ индустријата. Статистички гледано, ИКТ индустријата, секоја година бележи раст, а истото може да го ...
Saatchi & Saatchi Скопје, дел од Publicis Groupe Скопје и оваа година го освои CIM Forum Котор 2024. На регионалниот форум на медиуми и креативни индустрии CIM Forum Котор 2024 кој се одржа од 6-9 јуни во Котор, Црна Гора, Saatchi & Saatchi Скопје освои 6 награди меѓу кои незначајните: Агенција на годината и Кампања на годината за кампањата Tongue twisters (Брзозборки) за Црногорски Телеком . Покрај овие 2 награди Saatchi & Saatchi ...
Нискобуџетната компанија ИзиЏет (easyJet) планира да ги прекине операциите меѓу Женева и Скопје од почетокот на зимската сезона 2024/25, со што ќе заврши тригодишната континуирана услуга на македонскиот главен град, пишува „Екс ЈУ авиејшн“. Авиокомпанијата, како што стои во објавата, го закажала својот последен лет меѓу двата града за 1 ноември, а продажбата на билетите е прекината. ИзиЏет влезе на македонскиот пазар во ноември 2021 година и е ...
Седмо издание на Македонскиот енергетски форум (МЕФ) ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Делегацијата на Европската унија во државава и ЗИП Институтот, во партнерство со Фондации Отворено општество – Западен Балкан. На отворањето на форумот се најавени обраќања на мандатарот за состав на нова влада Христијан Мицкоски, евроамбасадорот Дејвид Гир, извршниот директор на ЗИП институт Агим Селами и директорот на Фондацијата Отворено ...
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,17 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) 70,5 денари за ...
Во просториите на Македонска берза се одржа работилница на тема: “Запознавање со законските измени поврзани со трансформација на претпријатијата во акционерски друштва“ на која присуствуваа финансиски консултанти кои се дел од Платформата за пристап до финансии 3.0 на Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст. На работилницата беа објаснети законските измени со кои се олеснува постапката на транформација на друштвата со ограничена ...
Со голема возбуда и гордост ЈК Травел го најавува својот 18-ти роденден и во чест на истиот организира голем Giveaway за сите лојални клиенти. Од своето основање во 2006 година, ЈК Травел стана синоним за незаборавни патувања, семејни летни одмори, и авантури со крузери. „Нашата посветеност кон квалитетот и задоволството на клиентите не направи лидер на пазарот на туризам во Македонија, но забележителен е и порастот на корисници на нашите услуги ...
Со децении научниците разгледуваат различни опции за машката форма на контрола на раѓањето. Идеите се движеа од загревање на тестисите со наночестички, „исклучување“ на спермата со апче, до хормонален „приклучок“ за тестисите за инјектирање. Но, додека некои од овие методи покажаа успех кај глувците, дизајнирањето на долготраен, реверзибилен лек без несакани ефекти за употреба кај луѓето се покажа тешко. Но, сега нов тип на машка контрацепција ...
Само една инфузија од конструирани долготрајни и мултифункционални Т-клетки гарантира долгорочна ремисија на астма, досега само кај глувците, покажа истражувањето на Универзитетот Цингхуа. Кинеските научници претставија пионерска клеточна терапија која ветува долгорочно олеснување за астматичарите во форма на една инјекција. Новиот метод, опишан во списанието Nature Immunology, се заснова на напредни техники кои вообичаено се користат во борбата ...
Пишува Бранко Азески, претседател на СКСМ Некако полека се исцртуваат контурите на пакетот на мерки за поддршка на бизнисот што веројатно мандатарот за состав на новата Влада ќе го понуди на бизнисот. Тоа ќе биде, претпоставувам, пакет мерки со кои ќе се обиде да го оствари своето ветување за раст на БДП. Спорадично, се нафрлаат информации кои што најавуваат силна поддршка за домашните компании за да се поттикнат да влезат во нов инвестициски ...
Амбициозните планови на Илон Маск да изгради по еден Starship дневно бараат зголемен производствен капацитет. Затоа, SpaceX инвестираше 100 милиони долари во надградба на StarBase во Бока Чика наречена Starfactory, каде што планира да започне масовно производство на вселенски бродови Starship. Starfactory ќе функционира како фабриките Gigafactory, каде што се произведуваат компоненти за електрични возила и батерии на Tesla. Starfactory ќе има ...
Научници од Универзитетот Колумбија во САД развија ѓердан со сензор за мајки што може да ги следи виталните знаци на бебињата кога мајките ги држат за градите. Ѓерданот, наречен Joy, кој првенствено е наменета за следење на виталните знаци на бебињата со мала тежина, е направен од мека ткаенина и дизајнирана во лабораторијата на професорот по инженерство Ксија Џоу. Истражувачите знаат дека брановитиот облик на електрокардиограмот (ЕКГ) ...
Градот Загреб воведува пилот услуга на бесплатен јавен превоз во пешачката зона во центарот на градот. Превозот со мали електрични возила Fulir ќе биде достапен од сабота, 15 јуни, овозможувајќи им на граѓаните и туристите еколошки начин на движење, информираат од Градот. „Fulir е повеќе од транспортна услуга. Тоа е чекор кон поодржлив, попристапен и попријателски Загреб, кој ќе им го олесни секојдневието на многу луѓе и ќе го подобри квалитетот ...
Денес, во Европската куќа во Тетово, беа доделени осум договори за грант за инвестирање во модерна земјоделска опрема. Финансиската поддршка е обезбедена од Европската Унија преку проектот „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство“. Избраните земјоделски задруги, сточарски фарми и претпријатија, со финансиската поддршка ќе обезбедат земјоделски дронови за скенирање и наводнување на насадите, напреден софтвер за анализа и обработка ...
3Д печатењето би можело да го реши недостигот на куќи во американската сојузна држава Мејн, каде до 2030 година ќе биде неопходно да се изградат 80 илјади нови. Благодарение на 3Д принтери, уреди кои создаваат тродимензионални објекти од дигитални модели, досега се изградени десетици домови, од Вирџинија до Мексико. Најголемата населба на 3Д печатени куќи во светот е во изградба во Тексас, недалеку од Остин. Имено, 3Д печатењето би можело да го ...
На задоволство на сите гејмери на бугарскиот пазар, Rexona го претстави Rexona Advanced Protector – уникатен заштитник за гејминг контролори дизајниран да ги одржува рацете на играчот добро изладени за време на интензивно играње. Производот доаѓа во пресрет на претстојното Европско фудбалско првенство, чиј официјален спонзор е токму Rexona. Rexona Advanced Protector е развиен во соработка со креативната агенција &play и вклучува иновативни ...
Минатата година беше рекордна за италијанскиот туристички сектор. Тие изброиле 134 милиони туристи и 451 милион ноќевања во сместувачките капацитети, покажуваат проценките на заедничката работна група на италијанското Министерство за туризам и заводот за статистика Истат. Така, според бројките, италијанскиот туризам ја надмина преткоронавирусната 2019 година. Во Италија во 2023 година во однос на 2019 година ќе има три милиони или 2,3 отсто ...
Продлабочувањето на политичката криза во Европа веројатно ќе додаде нов притисок врз еврото, откако парламентарните гласови доведоа до пораз на лидерите на Франција и Германија, велат стратезите. Заедничката валута падна на едномесечен минимум во однос на доларот, откако францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц беа поразени од екстремната десница на европските избори во неделата, што ја натера првата да распише ...
Време е за „Чувари на мудроста“, конференцијата што ќе понуди бесплатни корисни совети од успешните за сите студенти, млади професионалци и претприемачи на кои им е потребна мотивација, инспирација и црпење искуство од луѓето кои оставиле силен професионален и личен печат во своите области. Втората по ред конференција „Чувари на мудроста“ ќе се одржи овој вторник, на 11 јуни, во Младинскиот културен центар во Скопје. Настанот ќе ги собере на ...
Градови со најдобар квалитет на живот во светот: Првиот на листата е во Европа Квалитетот на животот е важен индикатор што треба да се земе предвид при рангирањето на најдобрите градови во светот. Но, што всушност е квалитет на живот и како можеме да го измериме? Сè, од гастрономските понуди до стапките на криминал може да влијае на квалитетот на животот на жителите на градот, но сосема новиот Глобален градски индекс на Oxford Economics зеде ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2024 година, активното население во земјава е 788.909 лица, од кои вработени се 687.351, а 101.558 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 52.1%, стапката на вработеност 45.4%, додека стапката на невработеност е 12.9%. Во меѓувреме, работоспособното население над 15 години е 1.515.603 луѓе, а неактивното население е 726.694 луѓе. Фото – Pxhere ...
Социјалната мрежа Инстаграм моментално им овозможува на корисниците да ги прескокнуваат рекламите што им се појавуваат помеѓу различните фото и видео содржини. Меѓутоа, платформата моментално тестира нова функција наречена „ad break“ („пауза за реклами“), која корисниците нема да можат да ја прескокнуваат како досега – пренесува Би-Би-Си. Според најавените промени, визуелните содржини споделени онлајн ќе прикажуваат тајмер кој ќе одбројува до ...
Научниците веќе долго време експериментираат со системи кои ја извлекуваат водата од влагата во воздухот, а некои производи кои го овозможуваат тоа веќе се користат во области каде има големи суши или каде што водата за пиење не е достапна или е загадена. Американскиот стартап DrinkingMaker на порталот Indiegogo успешно го финансираше истоимениот уред кој системот за извлекување на водата од воздухот и нејзино прочистување го носи во нашите ...
Поради зголемувањето на температурите стотици милиони луѓе до 2100 година би можеле да живеат во области со загадени подземни води, штетни по здравјето. Тоа значи дека оваа вода нема да може да се пие директно, без двоумење, туку мора да се преврие, објаснуваат од Технолошкиот институт во Карлсруе, Германија. Во зависност од климатските услови, до 2100 година би можеле да бидат погодени до неколку стотици милиони луѓе. Температурата на ...
Заштитата на Охридското Езеро, но и сите води генерално, со обезбедување на одрживо пловење по нив во електрифицирани пловни објекти е идејата на која работат иноваорите Иван Спасески и Миле Шошевски. Замената на класичните мотори со внатрешно согорување и искористување на енергијата од сонцето е еколошки, но и економски одржлив модел, што ќе се развива во Македонија. Спасески и Шошевски развиваат концепт за електрификација на кајчињата и ...
Зајакнување на соработка меѓу бизнис заедницата и образовните институции во интерес на студентите и домашната индустрија, беше во фокусот на работилницата организирана од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) со претставници на компании партнери. Работилницата „Подобрување на европско истражување и развој преку соработка меѓу индустријата и високото образование“ е организирана во рамки на проектот INITIATE -Подобрување на ...
Фондацијата МК2025 го објавува повикот за прием на апликации за стипендии во склоп на Фондот за поддршка на талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„ за тековната 2024/2025 година. По успешноста на пилот-проектот за стипендии во 2019/2020 година, Фондацијата МК2025 обезбедува средства за финансиска поддршка на талентирани млади од Македонија. Преку овој фонд, и оваа година ќе стипендираме 10 млади таленти. Поддршката за секој/а ...