
Скопје
38ᴼ /
38ᴼ



Американска компанија развива замена за путер без животински и растителни компоненти, користејќи само јаглерод диоксид и вода. Во светот на диеталната храна, особено веганската, многу се популарни заменските верзии на месо, млеко, мајонез, сладолед и путер, за кои обично се користат хемиски обработени продукти од растително потекло. Американскиот стартап Savor го прави својот путер буквално од воздух и вода, користејќи термохемиски процес за да ...
Аелекцијата на отпадот не е за секого. За да се промени ова, од следната година во Германија се спроведува закон кој со себе носи строги казни. Оние кои нема да ги почитуваат новите правила за депонирање на отпадот ќе треба да платат 2.500 евра, пишуваат германските медиуми. Речиси и да нема друга тема која моментално се појавува толку сеопфатно во сите области на животот како заштитата на животната средина. Но, речиси никаде заштитата на ...
Playstudios, наградувано студио за развој и издавање на мобилни игри, ја објави играта Tetris Block Puzzle. На новата игра работел тим од 30 луѓе од едно белградско студио, а за создавање на играта било потребно повеќе од половина година. Новата игра Tetris Block Puzzle беше објавена ширум светот на Меѓународниот ден на тетрисот, кој го одбележа и 40-тиот роденден на оригиналната игра Tetris. „Знаеме дека многу играчи на Tetris се традиционални ...
На хакерски форум се појави датотека од 50 гигабајти наречена „rockiou2024.tkt2“ која содржи речиси десет милијарди лозинки. Ја објави истражувачкиот тим Cybernews, кој ги објавува најновите вести за сајбер безбедноста и технологијата. Според нивните тврдења, ова е најголемото „протекување податоци“ на сите времиња. Не постои магична формула за заштита на корисниците, но погодените треба да преземат чекори за да ја ограничат штетата, ...
Егзопланета откриена во 2017 година е една од локациите за кои научниците имаат големи надежи дека би можеле да откријат живот надвор од Сончевиот систем. Планетата LHS-1140b се нарекува, соодветно на неговиот изглед, „џиновско око“, бидејќи речиси целата негова површина е покриена со глобален океан со дебел слој мраз и област од 4.000 квадратни километри, што наликува на леќа постојано свртена кон нејзината ѕвезда. „Од сите моментално познати ...
УНФПА ја нагласува потребата од демистификација на демографските промени во Источна Европа На денешниот Светски ден на населението, регионалната канцеларија на Фондот за население на Обединетите нации- УНФПА за Источна Европа и Централна Азија ја нагласува потребата одговорите на демографските промени со кои се соочуваат земјите во регионот да се темелат на цврсти докази и на човековите права. „Начинот на кој се расправа за демографските промени ...
Со десет закони од областа на енергетиката кои денеска се на дневен ред на собраниската седница, новото Министерство за енергетика ќе стане оперативно, а ќе се укине Агенцијата за енергетика и управниот одбор на Агенцијата за задолжителни нафтени деривати. Надлежностите и вработените од Агенцијата за енергетика ќе преминат во новото Министерство, а надлежноста на управниот одбор на Агенцијата за задолжителни нафтени деривати ќе ги преземат ...
Во осигурувањето за возење во странство, зелена карта, граѓаните и компаниите вложиле 10,2 милиони евра за шест месеци. Сите цени за задолжителното автомобилско осигурување и за зелена карта ги регулира државата. АСО, Министерството за финансии и осигурителната индустрија работат на подготовките на процесот за либерализација на цените на автомобилското осигурување што е и еден од условите во пристапните преговори за членство во ЕУ Граѓаните, ...
Цените на становите во Скопје во вториот квартал од годинава поскапеле за 11,5 проценти на годишно ниво, а поскапување од 8,2 проценти се бележи и во однос на претходниот квартал, покажува Индексот на цени на станови на Народната банка. Во првиот квартал од годинава, цените бележеа поскапување од 4,7 проценти на годишно ниво и пад од 0,8 проценти што беше прво минимално квартално намалување по подолг период откако последен пат имаше пад од еден ...
Mеѓу новите иноватори, Република Северна Македонија покажа најбрз раст (+11,7 поени) како земја која не е членка на ЕУ во периодот од последните три години (2021-2024 година). Нашата земја бележи пораст од 4% во тековната 2024 година. Според последниот извештај за European Score Board кој деновиве го објави Европската Комисија, Република Северна Македонија има перформанс од 45,1% во споредба со просекот на ЕУ од 48%. Глобално, иновациските ...
Колку добро и колку брзо можете да препознаете кога некој ве лаже? Истражувањата покажуваат дека луѓето, генерално кажано, се прилично лоши во разликувањето на вистината од лагата. Затоа, не е чудно што низ историјата луѓето се обидувале на различни начини да го препознаат лажењето, дури и со помош на технологијата. Сега вештачката интелигенција е актуелна тема, па луѓето се прашуваат дали ќе може да препознае лага поефикасно од постарите ...
Годинешното издание на најавтентичната културно-сценска манифестација кај нас ќе се одржи наредниот викенд, од 12 до 14 јули, во живописниот Галичник. Неколку илјади домашни посетители и странски туристи повторно ќе уживаат во атрактивното доживување кое го нуди овој единствен настан од ваков вид. И годинава СКОПСКО и останатите брендови на Пивара Скопје се дел од настанот, продолжувајќи го традиционалното партнерство со „Галичка свадба“, кое ...
Можеби ќе биде до 2036 година, но Европа размислува како да испрати центри за податоци во вселената на одржлив начин. Откако почна генеративната вештачка интелигенција (ВИ), побарувачката за центри за податоци вртоглаво се зголеми, но со недостигот од земја и потребата од електрична енергија, Европа размислува да испрати дата-центри во вселената во обид за суверенитет на податоците и енергетска ефикасност. Една неодамнешна студија покажа дека е ...
Научниците открија прекинувач кој може да го претвори мелото масно ткиво во кафеаво масно ткиво што согорува калории, потенцијално револуционизирајќи ги третманитe за слабеење. Новото откритие би можело да го револуционизира начинот на кој функционираат масните клетки, претворајќи ги од единици за складирање во согорувачи на калории. Научниците од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, предводени од лекарот Брајан Фелдман и молекуларниот ...
Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека на Годишното собрание на компанијата одржано на 25.04.2024 година била донесена Одлука за поделба на обичните акциии издадени од Реплек и намалување на номиналниот износ на акциите во сооднос 1:10 . Врз основа на член 5 од оваа одлука уписот на поделбата на акциите во Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје ќе биде спроведен согласно состојбата на акционерската книга на ден ...
Научниците пронајдоа микропластика во примероци од генитално ткиво од шест мажи третирани за еректилна дисфункција. Откритието покренува прашања за последиците од загадувачите на животната средина врз сексуалното здравје, велат научниците од Универзитетот во Мајами и германскиот истражувачки центар Хелмхолц-Центрум Хереон. Микропластиката најчесто е нуспроизвод на пластичниот отпад кој безгрижно се распаѓа во природата. Фрагментите микропластика ...
Благодарение на истражувањето на кинески научници, мовта која расте во неколку региони во светот може да даде нова надеж за колонизација на Црвената планета. Имено, кинески научници открија многу отпорна пустинска мов, Syntrichia caninervis, во Ксинџијанг, која би можела да ги поддржи идните колонии на Марс, според истражувањето на Кинеската академија на науки. Истражувањето е објавено во списанието The Innovation, а открива дека оваа мов може ...
Најприфатлива земја за живеење на иселениците во 2024 година е Виетнам, а потоа следат Колумбија и Индонезија. Ова го покажува истражувањето спроведено меѓу повеќе од 12.000 иселеници од 174 земји и територии ширум светот. InterNations побара од испитаниците да го рангираат своето задоволство од општите трошоци за живот и личните финансии во одредена земја, а Виетнам се најде на врвот на листата од 53 дестинации четврта година по ред. На ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,00 % во однос на одлуката од 1.7.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,641 %, кај дизелот ...
Во денешното динамично секојдневие, создавањето средина што поттикнува ефикасно исполнување на домашните работи, едноставна комуникација и модерен стил на живеење е од суштинско значење за секој член на семејството. А1 Македонија понуди нови опции за купување на дополнителни уреди за сите пост пејд корисници со што добиваат повеќе флексибилност и поголем избор. Со оваа новина корисниците можат да набавт нов уред иако веќе го обновиле својот ...
Време е за журка! Пет корисници на банкарскиот пакет за млади Halk EZ (Halk Easy) добија по две ВИП карти за фестивалот Exit, кој од 10 до 14 јули ќе се одржи на Петроварадинската тврдина во Нови Сад. На извлекувањето кое се одржа на 5 јули, беа извлечени петте добитници кои ќе имаат можност да ја искусат Exit авантурата како ВИП гости на еден од најголемите фестивали во Европа. Покрај ВИП карти за музичкиот фестивал, наградата вклучува и ...
Министерот за транспорт Александар Николоски најави потенцијален влез на трет мобилен оператор во земјава. Како причина за воведувањето трет оператор ги наведува цените на мобилната, кабелската телевизија и интернет-услугите кои, како што вели, во земјава се повисоки од најголем дел од европските држави. На пазарот постои класичен дуопол. Затоа мора да бараме мерки да поевтинат услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа ...
Јапонската железничка компанија JR West ќе почне да го поправа својот железнички систем на многу јапонски начин: со помош на напредни хуманоидни роботи, пишува IFLScience. Почнувајќи од овој месец, џиновските роботи во стилот на Меха ќе се користат за извршување на различни задачи за одржување на железничката инфраструктура на компанијата, како што се бојадисување на надземните потпорни структури и отстранување на гранки од дрвја што ги ...
Највисокиот камп на највисоката планина во светот, Монт Еверест, е преполн со ѓубре за кое ќе бидат потребни години за да се исчисти, велат од тимот кој годинава го чистеше ѓубрето и ги отстрануваше телата во близина на врвот. Само за време на оваа сезона на искачување на Еверест, која траеше од март до мај, тим составен од војници и локални шерпаси и финансиран од владата на Непал отстрани дури 11 тони ѓубре, четири тела и еден скелет. Велат ...
На секој што има намера да патува по германската железница (Дојче Бан, ДБ) од средината на јули, ќе му требаат многу време и уште повеќе трпение. Оваа државна, германска компанија ја започнува големата програма за рехабилитација на 15 јули, ден по завршувањето на Европското фудбалско првенство. До 2030 година треба да се обноват шините, сигналните и безбедносните уреди и целата мрежа од 40 главни линии. Тоа значи дека овие делници поради ...
Според Извештајот на агенцијата за патенти, помеѓу 2014 и 2023 година, повеќе од 38.000 патенти со GenAI (генеративна вештачка интелигеција) излегле од Кина, многу повеќе од оние поднесени од пронаоѓачите во САД, кои се на второ место. Сепак, најпопуларнитеалатки врз база на генеративна вештачка интелигенција се произведени од американски компании, како Опен АИ и Гугл. Генеративната вештачка интелигенција им овозможува на корисниците да креираат ...
Шведското лето знае да биде непредвидливо и често прилично студено. Но, со новата надворешна кампања на ИКЕА во Стокхолм, брендот има за мебел сака да ги максимизира достапните сончеви часови. Специјално создадени билборди, опремени со огледало и контролирани со GPS мотор, ја рефлектираат природната сончева светлина кон местата за седење на отворено кои инаку би биле под сенка. Благодарение на GPS, аголот на билбордот автоматски се прилагодува ...
Од 29-ти јуни до 5 јули, Охрид беше домаќин на учесниците на годинешната 11-та Меѓународна летна школа за архитектура и дизајн, во организација на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ Колеџ“ од Скопје, поддржана од Министерството за култура, Амбасадата на Република Полска и Општина Охрид. Предизвикот на кој работеа учесниците на годинешната школа беше хотелот „Палас“, изграден во далечната 1958 година, дело на ...
Општина Центар го објави јавниот повик за субвенции за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет, во рамки на проектот „Цел Центар на точак“. Финансиската поддршка изнесува 30 проценти од сумата на купениот велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет, но во износ најмногу до 3.000 денари. – Секој полнолетен жител на Општина Центар може да се пријави на овој Јавен повик. Морам да нагласам дека велосипедите и ...
Социјалната мрежа Тредс, која произлезе од Инстаграм на Мета, беше лансирана на 5 јули минатата година. Во годината што следеше, новата социјална мрежа порасна на 175 милиони месечни активни корисници, сподели Марк Зукерберг, пренесува ГСМ Арена. На почетокот, Тредс растеше со вртоглава брзина, достигнувајќи 100 милиони корисници само 5 дена по лансирањето. Работите оттогаш се смирија, но мрежата продолжува да расте, па така, во февруари беа ...