Со фокус на забрзување на енергетските реформи и координацијата со меѓународните партнери, во свечената сала на Владата денес се одржа состанок на Секторската работна група за енергетика, организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. На настанот присуствуваа клучните институции од енергетскиот сектор, донаторската заедница, меѓународните финансиски институции и развојни партнери. Фокусот беше ставен на размена на ...

Косово ќе оди на вонредни парламентарни избори на 28 декември 2025 година, објави претседателката Вјоса Османи, откога пропаднаа обидите во Собранието да се обезбеди мнозинство за да бидат донесени многубројни клучни акти, меѓу кои и буџетот за 2026 година. Османи го избрала подоцнежниот датум поради технички барања и очекувањата за поголем одѕив. Таа изрази жалење што граѓаните повторно одат на избори, но нагласи дека тоа е резултат на ...

За Македонија, Планот за раст е многу повеќе од иницијатива, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен Балкан за планот за раст во Тирана. „Тоа е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена“, продолжи Мицкоски, нагласувајќи дека Македонија беше првата земја од регионот што го операционализираше Инструментот за реформи и раст и првата што доби пред-финансирање согласно Планот. „Ова беше резултат на ...

Кол Палмер навистина нема среќа со повредите оваа сезона. Токму кога се врати во тренажен процес, по двомесечна пауза поради проблеми со препоните, асот на Челзи мора да направи уште една пауза. Палмер, во својот дом скршил прст на ногата. „За жал, имаше несреќа дома, скрши прст на ногата. Не е толку лошо, но сигурно нема да игра следната недела, а имаме натпревари против Барнли, Барселона во Лигата на шампионите и Арсенал. Ќе видиме следниот ...

Изложбата „ART CODE“ на Маја Ралева Миладиновски ќе биде отворена во Културно-информативниот центар – Скопје, Продажен ликовен салон, на 25 ноември, со почеток во 20 часот. Самостојната изложба „Арт Код― на мр. Маја Ралева Миладиновски, претставува концептуално истражување на секојдневното кодирање што нè опкружува и нè дефинира како современи човечки суштества. Авторката ја анализира идејата за човекот како жив систем на податоци — како ...

Се очекува европските лидери да одржат итни разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски за мировните планови на САД. „Блумберг“ објави дека се очекува голем број европски лидери – вклучувајќи го Британецот Кир Стармер, Французинот Емануел Макрон и Германецот Фридрих Мерц – да се приклучат на итен телефонски повик со Зеленски напладне по европско време за да разговараат за предлогот на САД и Русија за завршување на војната. Ројтерс, ...

Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата едногласно го предложи Адем Чучуљ за претседател на Државната изборна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Предлогот треба да помине и на пленарна седница на парламентот, која, според најавите, треба да се одржи на почетокот на декември. Адем Чучуљ е актуелен генерален секретар во ДКСК и дипломиран правник со положен правосуден испит. Огласот за пријавување кандидати за ...

Помина речиси еден месец од Ел Класико, во кое Реал Мадрид ја победи Барселона со 2:1 на Сантијаго Бернабеу. Дербито беше полно со тензии од двете страни, а долгогодишниот голман на Реал, Тибо Куртоа, проговори за она што се се случуваше. Белгиецот беше вмешан во инцидент со Ламин Јамал, кој претходно се расправаше со капитенот на Реал, Дани Карвахал. Пред натпреварот, Јамал ја „вжешти“ атмосферата, со изјавата дека играчите на Реал постојано ...

Се ближиме кон празниците, а актерката Скарлет Јохансон веќе има предлог за божествена новогодишна тоалета, и сосема е разбирливо што веќе ја украде претставата и го излуди интернетот. Некои велат дека холивудската ѕвезда ја носи дури и најубавата вечерна тоалета што ја виделе, а тоа е сребрен фустан со длабоко деколте што Скарлет го претстави на Инстаграм како дел од новата кампања за нејзиниот бренд за убавина „The Outset“, основан во 2022 ...

Европските претставници го отфрлија најновиот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп за мировен договор што е во корист на Москва и предупредија дека попуштањето пред Русија само ќе го охрабри Владимир Путин да нападне и членка на НАТО, пишува „Политико“. Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи, Каја Калас, му рече на тимот на Трамп дека нивниот нацрт-договор за прекин на огнот од 28 точки нема да успее без ...

Советничката група на Левица во Општина Карпош поднесе серија иницијативи до локалната самоуправа, меѓу кои како клучна ја посочуваат итната ревизија на сите Детални урбанистички планови (ДУП). Од Левица нагласуваат дека ревизијата мора да биде темелна и да ги вклучи граѓаните и стручната јавност, со цел конечно да се изгради урбанистичко планирање што ќе ги одразува реалните потреби на заедницата и ќе обезбеди подготвување квалитетен општински ...

Ждрепката за дополнителните квалификации за Светското првенство во 2026 година, вчера се одржа во седиштето на ФИФА во Цирих. Плејофот ќе се игра во март 2026 година, се игра по еден натпревар во полуфиналето и финалето, по што Европа ќе добие уште четири учесници на Светското првенство. Македонија во полуфиналето ќе и гостува на Данска на 26 март. Доколку ја победи Данска, во финалето повторно ќе гостува, на 31 март во Чешка или Република ...

Нежноста доаѓа од начинот на кој човекот пристапува кон светот, ги слуша другите и реагира на чувствата на другите луѓе. Во астрологијата, постојат хороскопски знаци кои природно зрачат топлина, сочувство и нежен пристап, без оглед на тоа дали се друштвени, резервирани или страсни по темперамент. Нивната мекост не значи слабост – напротив, тоа е внатрешна сила што им овозможува да останат емпатични дури и кога животот е тежок. Рак Раковите се ...

Google издаде итно предупредување до сите корисници на својот прелистувач Chrome откако беше потврдено дека веќе се во тек хакерски напади што ја експлоатираат новооткриената безбедносна ранливост. Компанијата потврди во понеделникот: „Google е свесен дека постои експлоатација за CVE-2025-13223“. Ранливоста, откриена од сопствениот тим за анализа на закани на Google, бараше итен одговор и издавање ажурирање за сите корисници на десктоп ...

Гувернерот на Ниигата, Хидео Ханазуми, одобри делумно рестартирање на нуклеарната централа Кашивазаки–Карива, најголемата во светот по капацитет, јави „Ројтерс“. Со тоа се отстранува последната голема пречка за ТЕПКО, кој планира повторно да ги активира реакторите 6 и 7. Ханазуми најави гласање за доверба во префектурното собрание и истакна дека остануваат прашања поврзани со безбедноста и со подготвеноста за инциденти. Двата реактори имаат ...

На денешниот настан организиран од страна на Унијата на млади сили и Меѓународната демократска унија, во изјава за медиуми потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски истакна дека овој настан е еден од најголемите настани организирани од Унијата на млади сили предводена од Сергеј Попов, како резултат на посветеноста, развојот и работата на Унијата. „Би сакал да честитам, ова е најголемиот настан којшто Унијата на млади сили го има ...

Лара Гут-Бехрами доживеала тежок пад за време на тренинг во Америка. Според „Блик“, 34-годишната Швајцарка има потрес на мозокот, а се сомнева дека се оштетени предните вкрстени лигаменти, како и менискусот. Попладнево ќе биде познат степенот на повредата, по деталните лекарски прегледи во Швајцарија. Се најавуваше дека девојката родена во Тичин, ќе ја заврши кариерата по олимписката 2026 година. Откако ги повреди лигаментите во 2017 година, ...

Во астрологијата, ваквите комбинации често се одликуваат со нивната посебна емоционална динамика и подготвеност да инвестираат во долгорочно партнерство. Иако ниедна врска не е осудена на успех или неуспех, одредени хороскопски парови имаат природен ритам што ги води кон стабилност, доверба и длабока посветеност – токму она што е потребно за љубов што трае со децении. 1. Бик и Рак Бикот и Ракот делат еднаква потреба за безбедност, емоционална ...

Во рамките на осмиот форум кој е организиран од Стопанската Комора на Војводина во Нови Сад се одржа панел дискусија со фокус на регионалната соработка,зелената транзиција и идните чекори на регионот на која покрај домаќинот господин Владимир Гак преседател на стопанската комора на Војводина учествуваа Горан Ѓорѓиевски преседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, преседателот на Стопанската комора на Република Српска Горан Ракиќ и ...

Кирил Дмитриев, 50-годишен руски дипломат со длабоко познавање на Соединетите Американски Држави, каде што студирал и работел, се најде во центарот на светското внимание. Како раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции и човек од деловниот свет, Дмитриев стана клучна фигура во разговорите со администрацијата на Трамп, а нацрт-планот за мир што произлезе од неговите средби со специјалниот американски пратеник Стив Виткоф предизвика бројни ...

По повеќемесечни очекувања стартуваше програмата за студентските ваучери за 2025 година, а скоро 10.000 студенти веќе го подигнале својот одбран уред од економските оператори, што значи дека првите денови од програмата се со неочекувано голема реализација. Според информациите од терен, интересот кај студентите е огромен и процесот на избор, резервација и подигнување на уредите засега функционира без застој. Од ИТ-секторот велат дека се соочуваат ...

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, е обвинет за лажно сметководство при трансферот на Костас Манолас од Рома во 2019 година и измама во врска со трансферот на Викор Осимен од Лил три години подоцна. Во врска со овој случај судењето во Рим е закажано за 2 декември следната година. Според порталите блиски до Наполи, државните обвинители Лоренцо Дел Џудиче и Џорџо Орано поднесоа обвинение против првиот човек на Наполи поради ...

Познатата водителка Аманда Холден (54) се појави на добротворна гала вечер и ги воодушеви сите со својот зачудувачки аутфит. Убавата русокоса често е мета на папараците, па секој нејзин моден изглед е пречекан со лавина од позитивни коментари, а самата водителка понекогаш се обидува да го привлече вниманието кон себе со провокативни објави. Токму како што диктира гала вечерта, гламурот и луксузот беа насекаде, а Аманда го следеше тоа „правило“. ...

Соединетите Американски Држави вршат силен притисок врз Украина што е можно поскоро да го прифати мировниот план што администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го договори со Москва за прекин на војната на Русија против Украина, пишува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на украински претставници. Украински претставници и лице запознаено со процесот го споредија пристапот на САД со агресивниот притисок што Вашингтон го изврши оваа ...

Во периодот од (17/20.11.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2415 издадени платни налози, 435 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле седум лица, од кои шест ...

Фернандињо, бразилски играч од средниот ред и долгогодишен капитен на Манчестер Сити, одлучи да ја заврши својата фудбалска кариера на 40-годишна возраст. Неговиот последен клуб беше бразилскиот Атлетико Параненсе, со кого ја заврши соработката на почетокот на годината. Бразилецот не најде нова работа, па затоа одлучи да ја заврши својата професионална кариера, која траеше повеќе од 20 години. Тој започна во гореспоменатиот Атлетико, од каде ...

Популарната пејачка Дуа Липа моментално е во Рио де Жанеиро за нејзината бразилска турнеја „Радикален оптимизам“, а слободното време помеѓу настапите и пробите го искористи за да се опушти. Сепак, папараците не ја пропуштија иако беше далеку од јавноста, и ја фатија на базенот на покривот од луксузниот хотел каде што престојува. Во тесно црно-жолто бикини, Дуа Липа го покажа своето витко, тонирано и исончано тело, особено нејзините извајани ...

Албанскиот премиер ја обвини британската министерка за внатрешни работи Шабана Махмуд за „етнички стереотипи“ откако таа ги издвои албанските семејства во говорот за злоупотребите на азилот. Еди Рама ја критикуваше Махмуд за тоа што им кажа на пратениците дека околу 700 албански семејства живеат во сместувања финансирани од даночните обврзници и покрај тоа што нивните барања за азил се одбиени, додека во понеделник најави големи реформи. Рама ја ...

Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони, извести Центарот за управување со кризи. Во битолскиот регион има излевање на реката Шемница кај село Лера со поплавена куќа и штали. Во општина Новаци е прекинат патот кон рудникот Брод–Гнеотино поради надојдена вода од Црна Река. Во Преспански регион има ...

Кон средината на октомври, креаторот на популарната серија „Peaky Blinders (Пики Блајндерс)“, Стивен Најс, објави дека е дел од тимот што го подготвува проектот за изградба на новиот стадион на Бирмингем Сити. Проектот е презентиран и изгледа навистина спектакуларно. Не станува збор само за стадион, како што беше првично најавено. Проектот вреди 1,36 милијарди евра. Претседателот на клубот, Том Вагнер, е убеден дека стадионот, кој ќе има 62.000 ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.51
93%
1032
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.0
93%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1034
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.01
83%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
1.03
99%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 9ᴼ
0.89
82%
1030
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
76%
1030
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1030
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
100%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
95%
1028
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1030
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Паладиум

52470.02

Иридиум

145787.60

Злато

139470.53

Рутениум

29192.88

Платина

61733.50

Бакар

10.93

Цинк

3.03

Сребро

2128.87

Кобалт

58.42

Калај

42.35

Алуминиум

2.90

Родиум

258009.74