Палеонтолозите претпоставуваат дека во последните 500 милиони години се случиле 5 изумирања. Едно друго изумирање почнало пред 400 години, и веќе доведе до исчезнување на голем број видови животни. Причините се многубројни: уништувањето на шумите, уништувањето на животни средини погодни за живеење и размножување на некои видови животни, појава на домашните животни и истребувањето на животните со претерано ловење, појава присутна се во 16 и 17 ...

Дали некогаш сте се запрашале колку животинчиња умираат за да имате една бунда во својот плакар? 10, 20 или 100? Се надеваме дека, после ова ќе размислите дали да купите или не. · 120 чинчили · 100 верверички · 60 куни · 50 зајчиња · 14 видри · 10 јазовци · 10 лисици Низ светот се превземаат активни мерки за спречување убивање на животни, не само за правење на бунда, туку и за најразлични дерматолошки испитувања на козметички производи, ...

Се смета дека стеблата на урмните се меѓусебно блиску поврзани. Ако едно стебло овене, неговиот “пријател” кој се наоѓа во близина тагува и веќе не дава плодови. Женското стебло, исто така, венее ако се исече нејзината љубов. Во оазата Улад Сед плодот на тоа скапоцено стебло е главен прехрамбен производ. Урмите можат да се јадат свежи, а може и да се исушат и да се сомелат во брашно. Ниеден дел од дрвото не се фрла. Стеблото се употребува како ...

Патарината претставува износ на наплатена такса од корисниците на определени патишта, канали, мостови, тунели и други објекти од сегментот на патничката и транспортната структура, првенствено наменет за исплата на трошоците за изградба и одржување. Патарините биле познати уште од античките времиња и биле широко применувани во средновековна Европа како средство за поддршка на изградба на мостовите. Градењето на канали, што претставувало честа ...

Центарот на јудаизмот е Ерусалим, а најсвето место во Ерусалим е храмот. Од него денес има само урнатини кои се познати како Ѕидот на Плачот, каде денес Евреите се собираат на молитва. Уништувањето на првиот храм на Ерусалим од страна на Вавилонците (586 г.п.н.е.), а со тоа и прогонство на Евреите довело до надеж за национално обединување под водство на спасителиот (месијата). Религијата успеала да се одржи и покрај силните дискриминации на ...

Легендата за папата Јована е приказна за жената која станала папа и владеела со Католичката црква нешто помалку од три години низ средината на 9 век, помеѓу папата Лав IV и Бенедикт III (иако меѓу нив според историските извори имало само два месеци разлика). Папата Јована е позната од легендите кои кружеле низ Европа во текот на средниот век. Според легендите, Јована била ќерка на англиски мисионер која како Јован Англикус во средината на 9 век ...

Погребот претставува ритуално положување на човековите останки. Практиката често е со намера да овозможи влез на мртовецот во задгробниот живот. Погребувањето во гробови датира најмалку од пред 125.000 години. Видот на гробови варира од мали гробови, до големи камени гробници како што се пирамидите. Пештерите долго време биле користени за погребување на мртвите кај Хебреите, сепулхралните камени пештери во Индија и Шри Ланка, и погребните места ...

Обичај на отстранување, изложување и, во некои случаи, конзервирање човечки глави. Ловот на глави во некои култури се јавува како резултат на верувањето во постоење на повеќе или помалку материјализиран дух, кој се населува во главата. Ловецот на глави, со отстранување на непријателот, се обидува да ја пренесе неговата душа во себе и во неговата заедница. Ловот на глави понекогаш се состоел од некои форми на канибализам како и жртвувања луѓе. ...

Африка, како континент, е еден од најсиромашните во светот. Но, Јужна Африка, како држава, се истакнува по своето богатство претежно стекнато од златото. Денес, Јужна Африка е најиндустријализирана земја на континентот Африка. Земјата се збогатила бидејќи богатите холандски колонисти откриле злато и дијаманти кон крајот на 1800-тите. Јужна Африка има околу една третина од светските резерви на злато на годишно ниво, односно во нејзе се копа ...

СЕТИ (SETI) е кратенка од search for extraterrestrial intelligence – потрага по вонземна интелигенција. СЕТИ е фокусиран на прием и анализа на сигналите од вселената, особено регионот на радиобрановите и видливиот дел од електромагнетниот спектар, во потрага по неслушајни шаблони кои е можно да се испратени намерно или ненамерно од страна на технолошки напредни суштества. Првиот современ СЕТИ проект бил проектот “Озма” (1960) во кој бил ...

Cоветот на Европа е најстарата европска меѓународна политичка организација.Таа е основана четири години по Обединетите Нации, на 5 мај 1949 година во Лондон, врз рушевините и варварските дела на Втората Светска војна. Политичката волја на земјите основачки да остварат единство помеѓу нејзините членки беше фокусирано врз целта: “да се заштитат и унапредат нивните заеднички идеали и принципи и да се поттикне социјален и економски прогрес” (член 1 ...

Корејскиот јазик е официјален јазик во Северна и Јужна Кореја што го говорат повеќе од 75 милиони луѓе, меѓу кои и позначајните заедници на етнички Корејци што живеат низ светот. Корејскиот не е тесно поврзан со било кој друг јазик, иако според некои учени кругови можно е да се претпостави определено далечно генетско сродство со јапонскиот јазик, а, исто така, била утврдена уште подалечна можна врска со јазикот алтаик. Корејскиот јазик бил ...

Тенкот е тешко вооружено оклопно борбено возило, кое се движи со помош на два континуирани метални синџира наречени гасеници. Вообичаено тенкот е опремен со топ намонтиран на подвижна платформа и со полесно автоматско оружје. Британците ги развиле тенковите за време на Првата светска војна со цел да ја задоволат потребата за вооружено офанзивно возило што би можело лесно да минува по каливите, нерамни терени во рововската борбена зона. Тенковите ...

01/09/2023 09:25 - Индекс

Табу е забрана за допир, изговор или дело поради страв од непосредно зло од натприродни сили. Терминот е со полинезиско потекло и прв пат бил забележан од страна на капетанот Џејмс Кук за време на неговата посета на Тонга во 1771 година. Во практика, табуата се присутни во сите култури. Тие можат да вклучат забрана за лов и риболов во одредени сезони, јадење на определена храна, контакти со припадници на други општествени класи и доаѓање во ...

Кабаре е ресторан што служи пијалак и нуди лесна музичка забава. Кабарето потекнува од Франција од 1880 година, како мал клуб што претставувал аматерски точки и сатирични скечеви што ги исмејуваа буржуаските убедувања. Првоте германско кабаре е орворено во Берлин во 1900 година од страна на баронот Арнст фон Волцоген и било придржувано со сопствени музички точки со остра политичка сатира. Тоа станало центар на подземен политички и уметнички ...

01/09/2023 09:24 - Индекс

Пивото е најконзумираниот и најверојатно најстариот алкохолен пијалок во светот. Тоа е третиот најпопуларен пијалок по водата и чајот. Се произведува со вриење и ферментација на шеќери, најчесто одвоени од житни зрна, најчесто од јачмен и пченица. Шеќерите добиени од пченка и од ориз се најчесто користени додатоци заради нивото на ниски трошоци. Најголем број од пивата се зачинети со хмељ што додава горчливост и делува како природен конзерванс. ...

Хоф стоеше на една улица на Менхетен во чист сад исполнет со мраз еден час и 12 минути – четири минути подолго од рекордот кој го постави во 2004 година. Деветогодишниот пекинезер Puggy има јазик долг 11,3 сантиметри. На кученцето со име Анастасија му требаат само 44,49 секунди за да пукне 100 балони. Питонот од зоолошката градина во Охајо во САД е најдолгата жива змија на светот. Долга е 13,7 метри. Anandita Dutta Tamuly, на 9 април во ...

Кукла – малечка фигура од човечко суштество или животно, кое најчесто се користи како детска играчка. Куклата, најверојатно, е една од најстарите детски играчки во историјата на човештвото. Некои антички кукли, можеби, служеле во религиозни или волшебни функции “за правење вуду”. Куклите биле закопувани во гробовите на децата во Египет, Грција и Рим, а и во најраните христијански катакомби. Во Европа, куклите почнале да се произведуваат за ...

Богот на виното и виновите лози Дионис (или Бахус), син на Зевс и Семела, е богот кој е роден двапати. Неговата мајка го замолила господарот на Олимп да и се открие во целиот свој сјај, но не можела да го поднесе блескањето на молњите. Се струполила, а Зевс одвај имал време да го извади детето од нејзината уторба. Го држел во своето бедро се додека не поминало “времето на созревање” и Дионис се појавил целосно обликуван. Така бил роден по прв ...

* Мадрид е единствениот главен град во Европа кој нема река * Морковот содржи 0% масти * Стадионот Вебли има 2618 тоалети * На канадски 2 долари има знаме на САД * На афричкиот конитинент повеќето луѓе има мобилни телефони отколку банкноти * Комарците имаат заби * Просечна жена изговара 7000 зборови дневно, а просечен маж 2000 * Светскиот рекор за неспиење го држо Ренди Гарднер уште од 1964, со 264 часа * Мухамед е најчестото име на светот * ...

Носењето на ракавици е навистина многу стар обичај. Тие се пронајдени од старите народи за заштита од студот. Се знае дека и Персијците и Римјаните носеле ракавици, а и во Хомеровата Одисеја се спомнува дека Лаерт додека се шета низ градината, носи ракавици. Порано ракавиците се изработувале само од кожа, а ги носеле претежно ловџиите и војниците за да се заштитат од повреди. Но во 8 и 9 век во Германија и Скандинавија ракавици се носеле преку ...

Првиот двоспратен автобус во Централна и Источна Европа го изработила поранешната македонска фабрика за автобуси ФАС 11 Октомври. Изработен е на специјална шасија, производ на фирмата МАН. Каросеријата на автобусот претставува оригинална конструкција на автобусот: проектантот и дизајнерот е маг. Петар Таневски. За жал, изработен е само еден примерок – прототип. Овој единствен примерок се уште е во употреба и се користи за превоз на ...

01/09/2023 09:22 - Индекс - +1

Било која супстанција (природна или синтетичка), која, при определена доза, го уништува живото ткиво и повредува или убива. се нарекува отров. Отровите произведени природно во живите организми се нарекуваат токсични, отрови од змии и скорпии ако се произведени од животни. Отровите можат да се примат преку храна, да се вдишат, да се внесат со инекција или да се апсорбираат преку кожата. Тие нема секогаш да ги имаат сите – или – ниеден ефект, ...

За цивилизираните луѓе, праксата на канибализам (јадењето човечко месо) е ужасно помисла! Сепак, тоа го практикувале многу примитивни племиња и се уште се практикува во некои делови на светот. Овие племиња не јадат човечко месо, бидејќи тоа им се допаѓа, туку тие го прават како вообичаен дел од верски почитување или дел од света церемонија. Антички племиња од Индија ги јаделе нивните родители како знак на почит и чест. Многу примитивни луѓе ...

Енциклопедија е пишана збирка на знаење што содржи информации за сите гранки на науката, но може и детално да третира една гранка. Поимот доаѓа од грчки εγκύκλιος παιδεία (enkuklios pedia), буквално „во круг на инструкции“, или поопшто „добро обликувано образование“. Многу енциклопедии во странската литература се нарекуваат Циклопедија и поимите се интерменливи. Енциклопедијата е самостојна и ги објаснува поимите во многу повеќе детаљи од ...

Металниот хемиски елемент, еден од преодните елементи со хемиски симбол Pt, платината, има атомски број 78. Тој е многу тежок, сребренобел скапоцен метал, кој е мек и еластичен, со висока точка на топење 1.769С и добра отпорност на корозија и хемиски средства. Мала количина на иридиум најчесто и се додава за потешка, поцврста легура која ги задржува предностите на платината. Платината, обично, се наоѓа како легура од 80 до 90% чистота во ...

Карактерот е целина на однесувањето и емотивните одлики на една личност. Карактерот ги опфајќа расположенијата, односите, мислењата, мотивациите, како и стилот на мислење, набљудување, зборување и дејствување на една личност. Претставува дел од тоа што ја прави секоја личност поинаква од другите. Теориите на карактерот постојат во поголемиот дел од културите и низ поголем дел од запишаната историја. Античките Грци ги користеле своите филозофски ...

Низата на Фибоначи, во математиката – низа на броеви со неочекувано корисни примени во ботаниката и другите прородни науки. Почнувајќи со две единици, секој нов член е создаден како збир на претходните два: 1,1,2,3,5,8,13,21,34,… Математичарот од XIII век, Леонардо од Пиза (околу 1170 – 1240 година) исто така, познат како Фибоначи, ја открил низата, но не ги истражил нејзините употреби, кои излегле дека се широки и разновидни. На пример бројот ...

Рециклирањето е процес на преработка на продуктите што се наоѓаат во отпадот, при што тие служат како суровини за производство на нови продукти. На тој начин се забавува исцрпувањето на суровините присутни во природата. При производството на предмети добиени од секундарни суровини, се трошат помали количества енергија отколку што би се потрошиле при добивање на производите од примарни суровини, што го прави рециклирањето енергетски ефикасен ...

Вечниот мраз е вечно замрзната земја, со постојана температура под 0 степени Целзиусови во текот на две или повеќе години. Се смета дека вечниот мраз покрива околу 20 проценти од површината на земјиното копно и дека достигнува длабочина од 1.500 метри во северен Сибир. Се протега на 85 проценти од површината на Алјаска, во повеќе од половина од површината на Русија и на Канада и, најверојатно, низ целиот Антартик. Вечниот мраз има значаен ефект, ...

Скопје

14ᴼ/14ᴼ
4.12
82%
1016

Белград

18ᴼ/17ᴼ
9.26
57%
1014

Софија

9ᴼ/8ᴼ
7.72
85%
1021

Сараево

15ᴼ/15ᴼ
1.66
74%
1018

Љубљана

17ᴼ/15ᴼ
4.12
79%
1012

Атина

22ᴼ/19ᴼ
4.12
54%
1015

Тирана

21ᴼ/21ᴼ
4.63
60%
1012

Подгорица

22ᴼ/21ᴼ
0.0
53%
1013
Currency

61.623

Currency

56.9079

Currency

71.6333

Currency

37.8102

Currency

41.7507

Currency

62.8818

Currency

7.87903

Currency

0.62314

Currency

0.36531

Currency

0.52606

Currency

1.76267

Currency

0.6815

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

530 $

Никел

603086 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

871 $

Злато

74540 $

Бакар

9 $

Паладиум

30767 $

Платина

30886 $

Родиум

151607 $

Цинк

92926 $