Возачот на линијата со број „5“ која тргнува од Ново Лисиче околку 18 часот, речиси пред крајот на дестинацијата во Ѓорче Петров синоќа свртел после Тинексот во населбата и се упатил кон гаражата да наточи гориво. На реакцијата на патничката зошто сега баш полни гориво и се исклучува од сообраќај, додека во автобусот има патници, тој вели дека добил таква наредба и ништо страшно не било ако патниците задоцнат дома 10 минути. -На овој начин ...

На крај на јануари или на почеток на февруари се очекува да пристигнат парите од Мој ДДВ на сметките на граѓаните кои скенираат фискални. Се работи за исплата на повратокот од данок преку проектот Мој ДДВ за октомври, ноември и декември минатата година. Според Законот УЈП средствата треба да ги исплати во рок од 60 дена од завршувањето на тромесечието. Проектот „МојДДВ“ како еден од најуспешните, го оправда своето постоење. За нешто повеќе ...

Ова е потег кој со воодушевување го примија граѓаните на државата. Наместо вие да одите – на домашна адреса ќе ги добиете личните карти и возачките дозволи. Министерство за внатрешни работи информира дека за да се олесни и забрза процесот на промена на личните документи, почна со пилот проектот на територијата на Скопје за доставување на готови лични карти и возачки дозволи на домашна адреса, преку полициските станици. МВР исто така ги известува ...

Ивана и Горан Бабиќ, патувачки блогери од Србија, на социјалните мрежи како „Dva ranca – beg iz kanca“, откриле која е најевтината дестинација што ја посетиле во 2023 година. Станува збор за Узбекистан, држава во Централна Азија. „Доколку сè уште не сте биле во Узбекистан, ставете го на вашата листа за оваа година бидејќи дефинитивно вреди“, напишале Ивана и Горан на „Инстаграм“ и објавиле видео на кое прикажани биле цените во таа земја. ...

Во 2023 година издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 399 MW што претставува раст од над 160 % на инсталираниот капацитет во споредба со 2022 година, кога се издадени 152,2 MW, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ). – Фасцинантен раст од 160 % на нов инсталиран капацитет за производство на електрична енергија ...

Инспекторите на Општина центар во изминатата година изрекле 193 казни за нарушување на комуналниот ред, поднесени биле 104 барања за поведување прекршочни постапки и донесени 534 записници, што, како што информираат од Општина центар, е речиси двојно повеќе од претходната 2022 година. Од Општината велат дека инспекциските служби периодов спроведуваат интензивни контроли на активните градилишта, при кои главниот фокус е дали се почитуваат ...

Пратениците го донесоа Законот за употреба на македонскиот јазик, кој ќе го замени досегашниот од 1998 година. Законот беше дополнет со прифатени амандмани на матичната собраниска Комисија за култура и донесен во целина со гласовите на сите 96 присутни пратеници на 139. седница, која ја водеше новоизбраниот претседател на Собранието, Јован Митрески, без против и без воздржани гласови. Законот пропишува задолжително лекторирање на сите ...

Од идната сабота (3. февруари) во спортската сала на основното училиште „Јан Амос Коменски“ во општина Карпош, полицискиот боречки клуб „Безбедност“ започнува со бесплатна обука за самоодбрана и фитнес, наменета за припадничките на понежниот пол кои живеат на територијата на Карпош. – Оваа иницијатива ја подржаа советниците од Општина Карпош како дел од проектот „Фитнес и самоодбрана за девојки и жени“ во рамки на Програмата за еднакви можности ...

Собранието денеска со 64 гласа „за“ го избра Јован Митрески, кој досега беше координатор на пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за нов претседател на законодавниот дом. Против предлогот гласаа 40 пратеници. Митрески доаѓа на функцијата откако Талат Џафери вчера поднесе оставка, со цел да биде избран за премиер во техничката влада која ќе трае до спроведувањето на парламентарните избори. Собранието, исто така ги ...

Ова е денешната слика од Општина Аеродром, а јавните површини низ општина Аеродром никогаш не биле позапуштени, при што низ цела општина се гледаат фрлени гранки, купови од лисја и кабаст отпад кој се одложува до контејнерите. Градоначалникот Тимчо Муцунски иако ветуваше дека тој проблем итно ќе се реши, не успеа да се справи со истиот. Во мај минатата година Муцунски склучи договор со на една година со фирмата ПИРАМИД БИЛДИНГ СОЛУШНС во ...

Туризмот претставува сериозна стопанска гранка, со псотојан годишен раст која носи сериозен девизен прилив, вели директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Јасмина Лескаровска во интервју за Слободен печат. „Туристичката индустрија изминатата година ја заокружи со раст во поглед на бројот на странски туристи, ноќевања и девизен прилив. Македонскиот туристички сектор до крајот на 2023та година ја постигнa целта од 3,2 милиони ...

Трите други деца од семејството на четиригодишното девојче од Струмица кое со тешки телесни повреди беше донесено на лекување на клиниките Мајка Тереза во Скопје веќе се во згрижувачко семејство, информира министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчовска. Таа вели дека децата се на безбедно, во семејна атмосфера и ќе останат додека стручните служби не оценат дека мајката е во состојба да се грижи за нив. Истрагата за овој случај е ...

Македонското еколошко друштво (МЕД) соопшти дека минатата ноќ лоцирало нова рисица. Животното било лоцирано во кафез-замка која била направена минатата недела и поставена пред три дена. Рисицата на која ѝ е дадено името Луна пред само неколку часови била лоцирана на планината Буковиќ, во близина на Стража. Како што информираа од МЕД, животното е тешко 16 килограми и е во одлична здравствена состојба. Откако биле направени потребните прегледи, ѝ ...

Нацоиналниот оператор за воздухопловна навигација М-НАВ и официјално доби ново раководство по инцидентот на 4 јануари годинава со упад во објектот и напад на вработени. Нов претседател на Управниот одбор и извршен директор во Секторот за воздухопловна техника е Милан Кораќ, а Хекуран Асани нов член на управен одбор и извршен директор во Секторот за воздухопловна навигација. Нивните имиња се веќе впишани и на веб страницата на М-НАВ, од каде ...

Не е точно дека Владата ќе ги укине субвенциите за струјата од 1-ви јули, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Како што истакна тој, има одлука за субвенционирање до 30-ти јуни, а следната влада, која што вели Битиќи, повторно ќе ја предводи СДСМ и ќе биде спремна да направи одлуки што се битни за граѓаните. -Ако дојде друга Влада, прашајте ги нив, истакна Битиќи. Цената на електричната енергија на регулираниот пазар ...

Милијардерот Бил Гејтс во последните години е во центарот на бројни бизарни теории на заговор. Поединци се уште веруваат дека тој ја „организирал пандемијата на ковид-19“ за финансиска добивка и дека „чипирал луѓе со вакцините“, но и дека купил земјоделско земјиште со цел да ги „изгладнува Американците“. Тој гостуваше во подкастот The Rest Is Politics и спомна неколку непријатни ситуации. „На сето тоа мора да се насмеете. Некој ми пријде на ...

Европската централна банка ги остави каматните стапки на рекордни 4% и забележа дека базичната инфлација продолжи да паѓа, исто така благодарение на високите трошоци за задолжување. – Надолниот тренд на базичната инфлација продолжи, а минатите зголемувања на каматните стапки продолжуваат силно да се пренесуваат на условите за финансирање – објави ЕЦБ. Со денешната одлука, ЕЦБ ја остави стапката што ја плаќа на банкарските депозити, репер за ...

Затвореник од Алабама стана првиот осуденик во светот кој бил погубен со азотен гас. Осудениот убиец Кенет Смит (58) беше осуден на смрт откако Врховниот суд на САД ја отфрли правната понуда за суспендирање на неговата казна. Смит почина во 20.25 часот во четвртокот. Според сведоците, егзекуцијата траела околу 22 минути и се чинело дека Смит останал свесен неколку минути. „Смит најмалку две минути се тресеше, грчеше и ги влечеше ремените со кои ...

Претседателот на огранокот на Алијанса на Албанците и советник на партијата во Општина Шуто Оризари, Севдаир Азири е меѓу шест уапсени лица, членови на организирана криминална група, во вчерашната голема полициска акција во село Грчец и на 20 други локации низ Скопје. Едно лице претходно е приведено во Шпанија, а останатите подолг период престојуваат надвор од државата и против нив ќе биде распишана потерница, со цел нивно лишување од слобода, ...

Тркало под носот на Боинг 757 на авиокомпанијата „Делта ерлајнс“ излета од местото и се преврте по ридот додека патничкиот авион се подготвуваше за полетување од аеродромот во Атланта, Џорџија, соопшти Федералната управа за авијација. Нема повредени, се вели во извештајот. Авионот се подготвуваше и чекаше полетување кога неговото „носно тркало се оттргна и се преврте по ридот“, се наведува во извештајот. „Им се извинуваме на нашите клиенти за ...

Понекогаш сум многу тажна што живеам во град во кој уште од излезната врата на зградата те чекаат неколку проблемчиња за да ти го направат денот потежок. Го сакам Скопје ама поради носталгијата на поранешниот град, не поради грдотијата во која се претвори. Прво што гледаш наутро, кога тргнуваш на работа, се плуканиците и стапалките по ѕидовите од лифтот и се прашуваш со какви луѓе го дишеш воздухот во влезот. Излегуваш на улица и гледаш дека ...

Меѓународниот аеродром Скопје имаше близу 2,9 милиони патници во 2023 година, што го прави петти најфреквентен аеродром во регионот, а македонскиот втор најбрзо растечки пазар во Европа, со 64,9% зголемување на седиштата во споредба со истиот период лани, пишува Екс Ју авијациски вести Од сите комерцијални аеродроми во поранешна Југославија, белградскиот аеродром опслужил рекордни 7,95 милиони патници, на второ место е аеродромот во Загреб со ...

Оваа виртуелна манекенка, која на Инстаграм се нарекува Лекси Лав, работи 24 часа на ден, односно во секое време од денот е достапна за разговор со своите фанови кои плаќаат. Зборува над 30 јазици, па се поврзува со обожавателите ширум светот. На Инстаграм има повеќе од 22 илјади следбеници. Извршниот директор на компанијата Сем Емара вели дека Лекси стана профитабилен извор на приход. Нејзиното хоби се јога и одбојка на плажа. Претплатниците ...

Во Кавадарци секој што полни 18 години добива книга посветена на родниот крај. Од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев попладнево информираа дека од почетокот на овој проект во септември 2020 година па до денес, во Општина Кавадарци ваков подарок имаат добиено 1.467 млади кои влегоа во полнолетство. Проектот е насловен „Го сакам Кавадарци – книга за новите генерации“. – Во книгата е сместено многу, историски податоци и фотографии, како се ...

Нови 1.675 случаи на заболени од грип/ заболувања слични на грип се пријавени во земјава во третата недела од годинава, што е за 41,7% повеќе во споредба со претходната седмица, соопшти Институтот за јавно здравје. Споредено со третата недела од минатата сезона бројот на заболени е поголем за 47,6%, а во споредба со третата недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 13 сезони), зголемувањето е за 32,2%. Во однос на возрасната ...

Земјата и другите карпести планети од нашиот Сончев систем се производ на безбројни мали планетезимали, односно каменчиња од примордијална космичка прашина кои се насобрале пред повеќе од 4 милијарди години. Сега нова анлиза сугерира дека тие планетезимали веќе содржеле вода, пренесува порталот Science. Научниците тестирале примероци од метеорити за кои велат дека се еднакво стари како и тие планетезимали. Притоа, пронашле знаци за хемиски ...

До Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција денеска ќе биде поднесена кривична пријава против 16 лица кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства. Како што соопшти вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, се работи за Ш.М. (46), Д.И. (50), Ф.Б. (45), Б.А. (44), Р.С. (41), С.А. (44), М.Ч. (27), С.С. (36), Ш.А. (27), Ш.Б.(20), Н.И. (44), Е.И. ...

Алцхајмеровата болест денес, за жал, е најраспространетата форма на деменција. Според проценките на Светската здравствена организација (СЗО), 6 до 8 отсто од луѓето постари од 60 години и 2 отсто од младите страдаат од деменција. На глобално ниво во2023 година е забележано дека повеќе од 55 милиони луѓе страдаат од некој вид деменција, а на годишно ниво таа бројка се зголемува за 10 милиони. Во 2019 година, Алцхајмеровата болест и другите форми ...

Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, кое е едно од најголемите училишта во Македонија, доби целосно ново ЛЕД осветлување. Станува збор за инвестиција во вредност од околу 50.000 евра, реализирана од Општина Аеродром со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП. Од Општина Аеродром информираат дека проектот бил спроведен низ транспарентен процес и низ повеќе форумски сесии, во кои граѓаните даваа свои предлози, ...

Со многу емоции и бројни посетители, поддржувачи од земјава и странство, денеска во Крушево беше одбележан роденденот на нашата и балканска голема музичка ѕвезда – Тоше Проески. Посетителите во 11:15 часот кога се родил Тоше на 25 јануари 1981 година, го посетија неговото вечно почивалиште на Гумење во Крушево. Имаше и торта за 43-тиот роденден на Тоше. Манифестациите се одржаа во спомен-куќата „Тодор Проески“. -Тоше останува со нас засекогаш. ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
30%
1012
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
1.54
43%
1012
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
43%
1015
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
9.26
49%
1014
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.42
42%
1013
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
4.12
50%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
3.6
55%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
53%
1011
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
41%
1011
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
42%
1013
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 25ᴼ
3.6
51%
1014
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 18ᴼ
6.17
86%
1014
Currency

61.525

Currency

53.5268

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52