
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Koј мисли за безбедноста на овие работници? Мислат и тие самите за нивната безбедност, кои работат на комплексот „Гранд“ која почна со изградба пред неколку месеци. Среде центарот на Скопје, спроти „Холидеј-Ин“ десетина градежни работници се гледаат како работат, без никаква заштита, ни соодветна облека ни заштитен шлем. Според првичните информации изградбата на трите 20-катници спроти хотелот „Холидеј ин“ во центарот на Скопје, компанијата која ...
Општина Центар продолжува со реконструкција на детските игралишта. Детското игралиште близу Градската болница кај поранешен Јукан има комплетно нови реквизити, а реконструирана е и подлогата. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека новите реквизити односно лизгалка, 2 лулашки и 4 коцки за качување на ова детско игралиште ќе ја вратат детската смеа и детскиот џагор во овој дел од населбата. На игралиштето извршена е и санација на две клупи ...
Жителите на Трст беа сведоци на сцени какви што не беа видени 25 години. Над морското ниво се формираше тенок слој мраз. Морскиот резерват Мирамар во Трст забележа феномен што не е забележан во Трст цели 25 години. Ова е нешто што почесто го доживувале генерациите од времето кога зимите биле постудени, но младите генерации речиси веќе не се запознаени со оваа појава. Тенок слој мраз се појави над морското ниво на поширокото подрачје на заливот ...
Помалку работа за иста плата, повеќе среќа и поголема продуктивност – она што звучи како бајка, од почетокот на февруари ќе го тестираат 45 компании во Германија. Тие почнуваат со четиридневна работна недела. Започнува во февруари: 45 компании и организации во Германија ќе воведат четиридневна работна недела за период од шест месеци. Вработените ја добиваат својата целосна плата, иако поминуваат значително помалку време во канцеларија (или ...
Бирото за конвенции и посетители (Convention and Visitors Bureau – CVB) на градот Лексингтон во Кентаки, САД, доби навистина оригинална идеја за промовирање на туризмот – тие испратија покана до евентуалните вонземски посетители, користејќи инфрацрвен ласерски зрак. Пораката била насочена кон егзопланети во сончевиот систем Трапист-1, сместен на 40 светлосни години од нас. Планетите, сместени во т.н. животна зона веќе се посочени од астрономите ...
Поради поставување заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско ќе биде затворена за сообраќај до 3 февруари во периодот од 08:00 – 16:30 часот, сопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ...
Првата седмица од февруари месец во Македонија ќе помине во знакот на стабилно, суво и претежно сончево време, со малку повеќе облачност и со засилен ветер од северен правец во петок, вели метеорологот Славчо Попоски во метеоанализата. Токму ова стабилно време е поради влијанието на антициклонот “Зевс”. Температурите, особено за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе бидат во значителен пораст и ќе бидат натпросечно високи, па ...
В сабота, точно напладне ќе биде промовиран новиот мурал во Дебар Маало, посветен на ликот и делото на маестро Александар Џамбазов, насликан на фасада од куќа на улицата „Орце Николов“. Муралот е дело на уметниците Драган Китановски – Драш и Марјан Димиќ – Мачка. На овој настан кој Општина Центар ќе го организира во соработка со Игор Џамбазов, ќе се промовира и книгата „Чичко маестро Џамбаз, во светот на децата“ од авторите Бранка Костиќ ...
На многу места во источна Турција се формираше снежна покривка со висина од десет метри, јавува денеска турската приватна телевизија НТВ. Снежните врнежи и виулиците во источна Анадолија го отстапија местото на силниот студ во последните денови, а ноќните температури се приближија до минус 30 степени. Најниската измерена температура беше од областа Ардахан, каде во локалниот град Чајлдер живата на термометрите покажа 31 степен под нулата. Поради ...
На денешната 27-ма седница на Советот на Општина Тетово се изгласа одлука со која ќе се зголеми цената на водата за пиење. Наместо досегашните 16,08 денари за метар кубен вода, ќе се наплаќаат 21,5 денари. ЈКП „Тетово“ на 11.12.2023 година до Регулаторната комисија за енергетика водни услуги и услуги за управување со комунален отпад има поднесено барање за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување за регулиран период ...
Швајцарија и Северна Македонија денеска ја одбележуваат 30- годишнината од воспоставувањето дипломатски односи, пресвртница што го симболизира наследството на соработка и взаемна поддршка помеѓу двете земји. Швајцарија ја призна независноста на Северна Македонија во мај 1993 година. На 31 јануари 1994 година, делегација предводена од швајцарскиот амбасадор Арнолд Хугентоблер пристигна во Скопје за да се сретне со поранешниот министер за ...
Американецот Џеф Капс работел како автомеханичар во Денвер, а потоа во еден момент од животот решил да направи голема промена. Во 2019 година, тој замина на Јужниот пол, каде што сега работи на поларната станица Амундсен-Скот. „Работев како механичар и еден пријател ми рече дека бараат некој да одржува возила на Јужниот пол. Веднаш му реков да ме пријави“, изјави 33-годишниот Џеф за Mirror. На Јужниот пол, вели, заработува околу 74.000 евра ...
Од Македонската банкарска асоцијација во неколку наврати советуваат граѓаните да ги проверуваат состојбите на поврзаните платежни сметки поврзани и да си постават лимити за користење на картичките. Од Организацијата на потрошувачи редовно предупредуваат на онлајн измамите и советуваат да се купува од сертифицирани трговци Граѓани биле „олеснети“ за по 30 евра во најновата фишинг кампања со лажни пораки добиени преку СМС. Во нив стои дека поради ...
Денес, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, потпиша меморандум со претседателот на студентското собрание при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” – Александар Николовски, кој ќе придонесе за зголемување на присуството на студентите во културната сфера во нашата држава. „Според новата регулатива, сите студенти кои што приложат индекс со заверен семестар, ќе имаат право на намалување од 50% на влезниците за сите национални ...
Од „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“, пак, велат дека во Општината нема заведено одобрение за градење ниту одобрение за подготвителни работи, по што поднеле пријава до градежен инспектор да излезе на терен и да види дали се работи без дозвола. Досега нема одговор од Општина Карпош дали веќе се издадени потребните дозволи. Просторот зад бензинската пумпа на „Макпетрол“ и поликлиниката „Букурешт“ каде што треба да се гради 17-катница ...
Шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, на денешниот брифинг со новинарите рече дека во случајот со убиството на Вања и Панче нема нови осомничени лица и не гледа пречка постапката за екстрадиција од Турција на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо да заврши брзо. На денешниот брифинг со новинарите тој сподели дека предметот е во сериозна фаза. Нема нови осомничени лица. Предметот е во фаза на истрага. Правниот дел во делот за ...
Советниците на Град Скопје ниту на денешната седница не го изгласаа предлогот за набавка на новите градски автобуси во која се предвидува градот да земе кредит од некоја од комерцијалните банки. Исто така на оваа седница не се изгласа ниту предлогот за воведување на брзиот автобуски превоз ( БРТ). Предлогот со автобусите по кој знае кој пат беше ставен на седница од страна на Арсовска но исто толку пати не беше гласан од страна на советниците. ...
Минатата недела, “Катар 365” ја вброи работата на македонската дизајнерка Ирина Тошева во селекцијата за избор на најдобри визуелни уметнички искуства во Доха, од “Меѓународниот фестивал на уметност во Катар” и иницијативата “World Wide Walls”. Во конкуренција на повеќе од 300 уметници од над 60 земји, визијата на Тошева за одржлив моден дизајн вклопена во колекцијата „Сихронија“ инспирирана од бруталистичко Скопје, ги освои Катарците. Оваа ...
Цените во блоковите се многу транспарентно објавени од РКЕ. Не верувам дека има зголемување на цените, повеќе од тоа што е утврдено од РКЕ, рече министерот за економија, Крешник Бектеши откако дел од граѓаните се пожалиле на повисоки сметки за струја, повеќе од предвиденото. Според него, граѓаните секогаш имаат право на жалба во РКЕ и ги повика доколку мислат дека има грешка и злоупотреба, тоа да го пријават и ќе се среди веднаш. -До 1 јули нема ...
Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30 проценти, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20 проценти и 4,25 проценти, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари, одлучил вчера на редовна седница Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. На седницата, како што соопшти НБ, било оценето дека ...
Во време кога цените на горивото се во пораст, а платите се во пад, многу луѓе бараат начини да ги намалат своите трошоци за превоз. Екипата на Денар разговараше со велешанец кој работи во Скопје и кој секој ден со своето возило патува на релација Велес-Скопје-Велес. Но, тој не патува сам, туку превезува и други луѓе кои имаат иста потреба. „Имам редовни муштерии, мои сограѓани кои работат во Скопје, а на кои повеќе им одговара на работа да одат ...
Веќе е јасно дека до 12 февруари голем број од жителите на Македонија и оние македонски државјани кои живеат во странство нема да можат да добијат нов пасош. Официјалните власти немаат одговор на бројни прашања на македонската дијаспора за тоа како тие ќе може да патуваат по 12 февруари. Тие со македонски пасош се прашуваат дали треба да се вратат веднаш во Македонија, до 12 февруари, или ќе можат да патуваат и по 12 февруари со своите ...
38-годишниот Ведран Батарило исчезна пред една недела во Слиема, Малта, каде што работи за француска компанија. Ведран е родум од Славонски Брод. Според страницата на Националниот регистар на исчезнати лица, тој исчезнал на 23 јануари. Тоа беше последен пат кога комуницирал со семејството, а потоа тие веќе не можеле да дојдат до него. Висок е околу 180 сантиметри, со кафена коса и кафени очи, со цврста градба и има тетоважа на градите. По него ...
Министерството за економија годинава ќе доделува финансиска поддршка преку доделување на потврда – ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, со цел зголемување на енергетската ефикасност во своите домови и остварување на заштеди на електрична енергија, согласно Програмата за поттикнување енергетска ефикасност на домаќинствата за 2024 година и Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година, кои ...
Вчера три лица биле каснати од улични кучиња на подрачјето на Скопје. – На 30.01.2024 во 10.20 часот во Полициската станица Карпош, Б.С.(71) од Скопје пријавил дека на ул.„Трифун Бузев“ во Скопје бил каснат од куче скитник. – На 30.01.2024 во 11.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Б.Р.(67) од Скопје пријавила дека на ул.„Алексо Демниевски“ во Скопје била касната од куче скитник. – На 30.01.2024 во 22.30 часот во Полициската станица ...
Њујорк стана првиот голем град во САД кој социјалните мрежи ги прогласи за опасност по јавносто здравје, соопшти градоначалникот ма Њујорк, Ерик Адамс. „Препознавајќи ја опасноста која ја претставуваат социјалните мрежи за младите луѓе и менталното здравје, комесарот за здравство и ментална хигиена на градот Њујорк, д-р Ашвин Васан, издаде совет во кој непречениот пристап до социјалните мрежи и нивното користење го идентификуаат како опасност по ...
Спасувачка акција за лице со скршена нога при пешачење на патека на Водно е спроведена вчера доцна попладне, по известување на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во акцијата организирана од Секторот за операции и координација при ЦУК со Регионалниот ЦУК Скопје, учествувале двајца припадници од Министерството за внатрешни работи и медицински тим од скопската Служба за итна медицинска помош, ...
Само на територијата на Град Скопје вчера во рамки на акциската сообраќајна контрола се изречени вкупно 190 мерки, соопштија денеска од МВР. Од вкупниот број изречени сообраќајни мерки, 13 се санкции за непочитување на брзината на движење, 15 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за поминување на црвено светло на затворен семафор, 12 мерки за користење на мобилен телефон… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, ...
Првиот албански суперавтомобил, „Illyrian TSX“, е претставен во италијанскиот град Торино. Зад овој модел стои компанијата „Arrera Automobili“. „Illyrian TSX“ има 6,2-литарски LT2 V8 мотор, кој испорачува 840 коњски сили, а максималната брзина би требало да му биде до 375 км/ч. Исто така, според некои информации, од 0 до 100 км/ч ќе развива за 2,7 секунди. Цената зависи од пакетот опрема која доаѓа со автомобилот, а се движи до 1,2 милиони ...
Лиу, постара госпоѓа од Шангај, пред неколку години напишала тестамент во кој своето наследство во вредност од 2.8 милиони долари го оставила на своите деца. Но во последните години тие многу ретко ја контактирале. Пред неколку месеци била многу болна и ниту едно од децата не дошло да ја посети. Таа овој период го поминала со своите миленици – мачки и кучиња. Поради тоа таа решила да ги отстрани своите деца од тестаментот а своето богатство да ...