
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Одобренија за царинско складирање, увоз за облагородување, стекнување на статус за одобрен извозник и статус за овластен економски оператор, се само дел од мерките што се спроведуваат со цел зголемување на конкурентноста на македонското стопанство и зголемување на вработеноста, потенцираше директорот на Царинска управа Стефан Богоев при посетата на македонската компанија за производство на сувомеснати производи „Пекабеско“, се наведува во ...
Земјоделците блокираа неколку гранични премини меѓу Белгија и Холандија, соопштија во петок (2 февруари) белгискиот и холандскиот транспортен центар, додека продолжуваат протестите поради даноците, зголемените трошоци, евтиниот увоз и бирократијата. Граничниот премин во правец на Антверпен, вториот по големина град во Белгија и дом на второто по големина пристаниште во Европа, е еден од блокираните премини, објави мрежата Х. Локалните медиуми ...
Секоја година, еден европски град има можност да ги презентира и покаже иновативните идеи и проекти направени од и за младите, подобрувајќи ја вклученоста на младите во светски рамки. На иницијатива на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и бројни младински организации, Град Скопје отпочна со подготовки за престижната титула за град на млади, која ја доделува Европскиот младински форум со цел да ги охрабри младите да го зголемат ...
Во обид да се спречи изградбата утре во 5 за 12 ќе се одржи протест на платото пред СЦ „Борис Трајковски“ во близина на крстосницата на булеварите 8 Септември и Илинденска. Протестот го организираат „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“. Најавената изградба на комплексот згради-лепенки зад бензинската пумпа на „Макпетрол“, од која највисоката е на 18 ката, поточно на приземје, 17 ката и поткровје, другата еден кат пониска и третата на 10 ...
Архивата на Министерството за економија од вчера е преполна од граѓани кои аплицираат за ваучер за инвертер клима-уред. Од почетокот на работното време вжештени се и телефоните на кои граѓаните можат да добијат информации за начинот на аплицирање откога вчера министерот за економија Крешник Бектеши ги повика граѓаните со помош од државата во висина од 23 – 27 илјади денари да ги намалат сметките за струја и да го сменат начинот на греење. ...
Скопскиот регион со 44.9% имал најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Северна Македонија во 2022 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Пелагонскиот регион во БДП на државата учествува со 10.0%, Југозападниот со 8.8%, Југоисточниот со 8.7%, Источниот со 8.0%, Полошкиот со 7.5%, Вадарскиот со 7.3%, а најмало е учеството на Североисточниот регион со 4.8%. Скопскиот регион има и најголем бруто-домашен ...
50-годишен скопјанец со „опел“ прегази повозрасна скопјанка. На 01.02.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ленинова“ и ул.„Наум Наумовски Борче“ во Скопје, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(50) од Скопје, удрило во пешакот В.М.(80) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.М. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, ...
Градоначалникот Стевчо Јакомовски ја потпишал градежната дозвола за изградба на спорната 17-катница што треба да се гради среде Карпош во близина на Воена Болница, веднаш до бензинската пумпа на „Макпетрол“. Потврда на ваквата градба беше поставувањето на таблата од страна на инвеститорот „ЗСФ Ком“ каде стои дека дозволата за градба е издадена на 18 јануари, а правосилност добива на 1 февруари. Од информациите кои излегоа во јавноста зградата за ...
На првиот ден од годината, кога сообраќајот беше намален, а индустриските капацитети не работеа, мерните станици во Велес, Кавадарци и Кисела Вода покажаа високи концентрации на ПМ10 и ПМ2,5 честички. Најновите податоци од Министерството за животна средина покажаа дека дури 45% од аерозагадувањето го предизвикуваат домаќинствата кои се греат на влажни дрва и производи од обоено дрво, но според експертите, проблемот не го предизвикува само дрвото ...
Поради промена на затворач ф-600 мм на крстосницата булевар „Александар Македонски“ со „16-та Македонска Бригада“ на 4 февруари (недела) прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците улиците „512“, „515“, „516“, „520“, „Ист Гејт Мол“, објектот на Топлификација, објектот на Општина Гази Баба, хотел „Континентал“, булеварот „Александар Македонски“, ул. „808“, „Скопска Пивара“, „Алкалоид“, „ЈСП“ и „Кока Кола“. Како што информираат денеска од ЈП ...
Напредува изградбата на новите капацитети во ООУ „Коле Неделковски“ во Дебар Маало. Станува збор за доградба на 4 нови училници, лифт за учениците со потешкотии во движењето и други помошни простории, известува општина Центар. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски беше на увид на градежните работи на објектот кој е карабина и кој треба да биде готов до почетокот на учебната година во септември. „Со доградбата на овие училници ...
Неколку дена пред изборите во Словачка беше објавена аудио снимка на која еден од најпопуларните кандидати Михал Шимечка се фали дека ги наместил изборите, јавува Си-Ен-Ен. На друга снимка се слуша како вели дека ќе поскапе пивото во земјата. Видеата веднаш станаа вирални на социјалните мрежи во Словачка, а прозападниот кандидат беше поразен во септември од кандидат кој се залага за зближување со Москва и Путин. Истражувачите во Словачка ...
Во акциските контроли во областа на сообраќајот само на територијата на Град Скопје вчера се изречени вкупно 153 мерки, соопштија од МВР. Како што се наведува во соопштението, од нив 16 се санкции за непочитување на брзината на движење, 15 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за поминување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, четири санкции за управување под дејство на алкохол… ...
Изминатото деноноќие имало над десетина пријавени за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Конкретно, противпожарни интервенции на отворено, паралелно гасејќи и пожари во населени средини, имале пожарникарите од Територијална противпожарна единица на Град Скопје во ...
Еколошката катастрофа со комуналниот смет во Тетово од ден на ден се поголема, иако градските власти во неколку наврати ветија дека словенечка компанија ќе го преземе менаџирањето со сметот во Тетово и илјадниците тони отпад ќе бидат минато. Ризично е да се прошеташ низ градот особено во вечерните часови, каде околу контејнерите има стотици тони отпад, а кучиња скитници бараат храна во и околу нив. Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами ...
Во Општина Чуечер Сандево Скопско во тек е проект за изградба на канализациона мрежа која ова општина никогаш ја немала, со овој проект предвидено е изградба и на пречистителна станица која според Градоначалникот на општина Чучер Сандево. Сашко Комненовиќ не нашол разбирање од градоначалникот на општина Бутел за да оваа пречистителна станица се постави во ова соседна општина. „Со општина Бутел немаме никакви недоразбирања за овој проект затоа ...
Најголемиот брод за крстарење во светот исплови од Мајами, Флорида, на своето прво патување овој викенд, и покрај загриженоста на еколозите за емисиите на метан што може да ги произведе. „Icon of the Seas“ долг 365 метри има 20 палуби кои можат да примат до 7.600 патници и е во сопственост на групацијата Royal Caribbean. Бродот ќе биде на седумдневно крстарење околу Карипските острови. Екологистите предупредуваат дека брод со течен природен гас ...
Дванаесетгодишно момче со коефициент на интелигенција како Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг бил примен во Менса. Сајрус Леунг од Шефилд официјално е примен во ексклузивното друштво со оценка 160, што е за 2 помалку од највисокиот можен резултат 162.ц Таткото на Сајрус го ставил на овој тест затоа што мислел дека тоа на неговот син ќе даде шанса да си најде пријатели кои имаат слични интереси како него. Тој вели дека неговиот паметен син ја знаел ...
Некои луѓе сакаат мали, компактни куќи, а други, пак, претпочитаат да живеат во големи куќи со бројни соби и многу простор. Но, се чини, и едните и другите би се вљубиле во оваа мала, но удобна куќичка направена од северноирската компанија „Литл хог хаус“ (The Little Log House), специјализирана за мали дрвени куќи. Со своите 27 метри квадратни, овaa убава колиба се наоѓа во шумските предели во околината на Белфаст, Северна Ирска. Собите се ...
Во текот на 2023 година полицијата на тетовското подрачје открила и санкционирала 19.707 сообраќајни прекршоци, покажуваат податоците од одделението за аналитика при СВР Тетово. Оваа бројка претставува намалување на ваквиот вид санкции во споредба со 2022 година кога имало 20.721 санкциониран сообраќаен прекршок. Анализата на податоците од 2023 година покажува дека поради констатирани прекршоци, односно пропусти и недостатоци, од сообраќај се ...
Зелен Хуман Град не ја прифаќа програмата за заштита на животната средина на Град Скопје. – Замислете, во целата програма имаме само една активност за заштита на воздухот во Скопје, а тоа е бесплатен јавен превоз во денови на висока загаденост. Толку! – порача советникот од ЗХГ во Советот на Град Скопје Горјан Јовановски. – Па очигледно сме полуделе доколку мислиме дека тоа е решението на овој проблем што во наредните 10 години ќе одземе 123.500 ...
Во новиот училиштен објект во Визбегово веќе е поставена табла со името на училиштето „Визбегoво“ со што се финализирани сите работи околу овој објект. И покрај тоа, училиштето останува затворено и не смее да се користи, додека учениците од оваа населба продолжуваат да учат во училиштата во различни општини. Од Министерството за образование соопштија дека техничкиот прием е веќе извршен, а останува општина Бутел да ги заврши соодветните ...
Регистарските таблички за возилата со ознаката „МК“, по 12 февруари ќе треба да имаат налепница со ознаката „НМК“. Ваквата замена доаѓа согласно Преспанскиот договор, а граѓаните ќе ги чини симболични 30 – 50 денари, соопшти МВР. Цената на налепниците е објавена на 3 јанауари во Службен весник, а ќе се продаваат најверојатно во станиците за технички преглед на возила. Како што известуваат од МВР, испораката на налепниците тече согласно договорот ...
Општина Центар го реконструираше детското игралиште близу Градската болница, кај поранешен „Јукан“. -Поставени се нови лулашки, лизгалка и четири коцки за качување. На игралиштето извршена е и санација на две клупи за седење и следење на детската игра.Во убавите сончеви денови на ова детско игралиште повторно ќе ечи детската смеа. Вложувањето во детски реквизити за правилен раст и развој е вложување во здравјето на нашите дечиња – соопштија од ...
Општина Карпош ги информира граѓаните дека ЈП „Градски паркинг“ – Скопје започна акција за воведување на зонско паркирање на територија на локалната самоуправа, поточно во урбаните заедници Карпош 1 и Карпош 2. Овој процес ќе се одвива во неколку фази, со цел да се овозможат подобри услови за паркирање, полесен пристап до паркинг места, како и полесен проток на возила во овие населени места. Во првата фаза ќе бидат опфатени делови од Карпош 1, а ...
Магазинот„Конде Наст Травелер“ направи листа на градови кои ги нема на туристичките мапи на европските патници и се потруди да ги претстави овие дестинации пред своите читатели. Од градовите од нашиот регион, на листата се наоѓаат Копер, Опатија и Мостар, три градови со три различни енергии, со неверојатна убавина, места кои го пречекуваат секој патник како да е роден. Копер е шармантен бисер лоциран во Истра, град кој ја комбинира ...
Стартапот Prophetic го претставни нивниот гаџет наречен Halo. Наменет е за предизвикување и стабилизација на луцидни соништа, односно соништата во текот на кои лицето е свесно дека сонува. Компанијата неодамна отвори листа за чекање за уредот, а досега се имаат пријавено околу 400 луѓе, кои се спремни и ќе плаќаат по 2.000 долари за него . Halo е базиран на AI моделот наречен Мorpheus-1, кој е трениран на податоци за мозокот, а од компанијата ...
Во дванаесетгодишното постоење на општинскиот сервис „Систем 48“ во Струмица се решени 13.033 проблеми на граѓаните од кои најголем дел се од областа на уличното осветлување и собирањето на смет. Ова го соопшти заменик градоначалничка на Струмица Елена Маѓеровска-Паликарова на вчерашната тркалезна маса „Добри пристапи на локалната власт за градење на доверба на граѓаните“, што се одржа во Скопје во организација на Меѓународниот Републикански ...
68-годишна жена од Скопје е тешко повредена откако во неа удрил 74-годишен возач со „џип“. На 31.01.2024 вo 08.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дрезденска“ со ул.„Багдатска“ во Скопје, патничко моторно возило „џип“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(74) од Скопје, удрило во пешакот В.П.(68) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.П. констатирани во Комплексот клиники „Мајка ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против шест деца во судир со законот за кои постои сомнение дека сториле продолжено кривично дело кое е санкционирано како – Злоупотреба на лични податоци од член 149 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Малолетниците, сите ученици во деветто одделение во основно училиште, како соизвршители, неовластено преземале приватни ...