
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Во двете штипски градинки „Астибо“ и „Вера Циривири – Трена“ и нивните клонови низ населбите недостасува стручен кадар. Раководителката на Секторот за образование во Општина Штип Снежана Санева вели дека станува збор за околу 50 воспитувачки и негувателки. Најзагриживачки со недостатокот на ваков стручен кадар е во градинката „Астибо“ каде не се пополнети 35 работни места за воспитувачки и негувателки, а во градинката „Вера Циривири -Трена“ ...
Директорот на српската владина канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави дека српскиот народ во Косово е во „многу тешка ситуација“ поради одлуката на Приштина за преодниот рок за укинување на динарот и најави дека Србија утре ќе побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради постоечките тензии, јави дописникот на МИА од Белград. Петковиќ за РТС изјави дека косовскиот премиер Албин Курти започна криза што води до ...
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вели дека до Брисел е испратен предлог Акцискиот план за правата на заедниците во земјава. Маричиќ уште во декември соопшти дека европските институции ги имаат акцискиот план и двата патоказа. Едниот за владеење на правото, а другиот за реформи во јавната администрација. Без нив не може да се отвори првото преговарачко поглавје. Од МНР неодамна истакнаа дека конечниот Акциски план не е доставен до ...
Лоша организација и менаџирање на Поштата низ целата територија на Северна Македонија, недостиг од дигитализација, мануелна работа и човечки грешки во финансиските извештаи, отсуство на единствен систем на работа и неодговорни работници кои не одат на работа. Овие скандалозни наоди се само дел од проблемите опишани во Физибилити студијата на Поштата на Северна Македонија спроведена во 2021 година, за која државата платила околу 800.000 евра, ...
По 20 години постоење, социјалната мрежа Фејсбук, која ја започна Марк Цукерберг со неколку пријатели од Универзитетот Харвард, денес има повеќе од три милијарди корисници. Во текот на тие 20 години, Фејсбук стана глобален феномен и мрежа која засекогаш го промени општеството, комуникацијата и односите меѓу луѓето, наведува Си-Ен-Ен, додавајќи дека изгледа како Фејсбук отсекогаш да бил меѓу нас и дека е тешко да се замисли време. кога го немаше. ...
Министерот за надворешни работи во техничката Влада, Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Италија, каде ќе учествува на средба со министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан и министрите за надворешни работи на земјите од Групата „Пријатели на Западен Балкан”, на покана на министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани. На состанокот, Османи ќе се обрати на работната сесија на тема „Заедничка работа ...
Илјадници демонстранти во Израел излегоа на улиците овој викенд барајќи владата да направи повеќе за да обезбеди ослободување на заложниците киднапирани од милитантната палестинска организација Хамас, јави ДПА. Митингот на заложничките семејства во крајбрежната метропола Тел Авив се одржа вчера под слоганот „120 дена под земја“ во однос на бројот на денови во кои се задржани над 130 заложници. На други демонстрации во Тел Авив, учесниците ...
Најмалку 51 лице загина во шумските пожари што го зафатија централниот дел на Чиле, а бројот на жртвите најверојатно не е конечен, соопштија властите во неделата. Областа околу туристичкиот град Вина дел Мар во регионот Валпараисо е најтешко погодена од пожарите, а спасувачките тимови се обидуваат да стигнат до најранливите области, јавува Ројтерс. Чилеанската министерка за внатрешни работи Каролина Тоха изјави дека бројот на загинати е зголемен ...
Во последното деноноќие имало вкупно 1 752 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 49,77 отсто, а 50,23 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Кон полиција биле упатени 58,01 отсто, кон итната медицинска помош 35,06 проценти, а кон пожарникарите 5,63 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК. ЦУК информира дека пожари на шуми и на ...
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрече вкупно 244 мерки, меѓу кои 137 санкции за непочитување на брзината на движење. Како што соопшти утрово МВР, изречени се и 16 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за поминување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за управување под дејство на алкохол… Сообраќајните ...
Претседателот на државата Стево Пендаровски утрово положи цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје. Пендаровски му оддаде почит на Делчев по повод 152-годишнината од раѓањето. На вечното почивалиште на Гоце Делчев цвеќе положи и делегација на техничката Влада, предводена од првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, во чиј состав се министерката за култура Бисера ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против двајца браќа за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на возраст од 42 и 35 години, во повеќе наврати телефонски му се заканувале на службеното лице -градоначалник на општина Арачиново, предизвикувајќи кај него несигурност, вознемиреност и ...
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а во источните делови умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 14 степени. Според УХМР, продолжува ...
Со промоција на муралот посветен на маестро Александар Џамбазов во Дебар Маало и со изведба на неговите познати хитови, Општина Центар го одбележа роденденот на великанот на македонската популарна музика. Настанот насловен „За Маестрото“ привлече голем број посетители кои уживаа во забавната програма, подготвена во соработка со актерот Игор Џамбазов, синот на големиот диригент и композитор. Градоначалникот Горан Герасимовски и Игор Џамбазов ...
Нема присуство на бактеријата салмонела во мострите што ги зел Центарот за јавно здравје од Кочани кај лица и површини во детската градинка во Берово. Испитувањата од примероците покажале негативни резултати, но ќе биде потребно уште едно деноноќие за да се добијат анализите од мострите од храната. -Согласно прелиминарните извештаи, кај лицата и на површините од кои беа земени мострите не е утврдено присуство на салмонела. Претстои уште ...
Најмалку 34 лица, вклучувајќи и борци на проиранските милиции, загинаа во синоќешните американски воздушни напади во Ирак и Сирија, соопштија денеска властите во Багдад и во Дамаск, пренесува ДПА. Ирачката влада ги оцени нападите како „еклатантната агресија“ во која загинале 16 лица, меѓу нив и цивили, а 25 се повредени. Багдад, исто така, негираше дека се координирал со САД за нападите и предупреди дека ваквите активности ќе ја доведат ...
Долги колони возила денеска чекаат за влез во Србија на граничниот премин „Табановце“. Граѓаните кои се принудени да чекаат повеќе од еден час да ја минат границата велат дека вакви гужви не виделе уште од летото кога се патуваше на одмор во Грција. Ова е еден од последните викенди кои граѓаните кои не ги промениле патните и личните исправи со „северна“ сакаат да го искористат да отпатуваат во Србија, бидејќи по 12 февруари нема да можат да ...
Граѓаните од Карпош денеска преку проитест бараат да запре изградбата на 17-катницата кај Воена болница, а институциите да реагираат на волјата на народот. Порачаа дека не смее да се гради во близина на комплекс болници затоа што така ќе се загрози безбедноста на оние што ќе треба да стигнат до болница. Ова беше главна порака на протестот “Против бетонизација на Карпош“ кој се одржа помеѓу бензинската пумпа на Макпетрол и болницата Жан Митрев ...
Метео прогнозерот Славчо Поповски најавува, следната недела вистински пролетни температури, невообичаени за овој период од годината. Овој топол пролетен бран во зима ќе го достигне својот максимум следната седмица, па така во Македонија, односно во југоисточните предели температурите локално ќе се искачат и до 20 степени, во регионот, односно во делови од Босна и Србија температурата ќе надмине дури и 20 степени, а такво нешто не се исклучува ...
Без правилник за квалитет на цврсти горива, без листа со приоритетни објекти за замена на греењето, без ограничување на користењето влажни дрва, но со субвенции и кампања на социјалните мрежи македонските власти на различни нивоа се борат против аерозагадувањето. Владата во својата програма ветуваше дека до 2024 година ниту една државна институција нема да се грее на стари и нееколошки системи за греење. Македонските власти немаат донесено ...
Советот на Народната банка на вчерашната редовна седница го усвои Кварталниот извештај за последното тримесечје од 2023 година. Во Извештајот се наведува дека во последниот квартал лани, Народната банка нема направено дополнителна промена во поставеноста на монетарната политика, соодветно на условите во економијата. Тековното ниво на основната каматна стапка, заедно со промените кај задолжителната резерва, како и со преземените макропрудентни ...
Во сообраќајна контрола вчера на територијата на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои 33 санкции за непочитување на брзината на движење. Како што информира утрово Министерството за внатрешни работи, осум мерки се изречени за возење без возачка дозвола, четири санкции за поминување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за користење на мобилен телефон при возење, 26 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците… МВР укажува ...
Во далечната 1926 година, Скопска зоолошка градина започна својата приказна, ткана во влакната на времето и спомени. Секој кој ја поминувал оградата ќе ги подигне рацете во воздух, осеќајќи влез во свет на чудесата и прикажните животни. Со секој чекор низ тесните патеки се избликаваат спомени за детството, кога бравата на зоолошката беше портал кон чуден свет на животни и адвентури. Ги паметиме првите среќни мигови пред кафезите на лавовите и ...
Според извештаите на регионалните центри за управување со кризи во државава се уште има пожари на шуми и на вегетација на отворено. Во последното деноноќие имало дваесетина пожари за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Регионалниот ЦУК Скопје, известува од БППЗ на ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне ...
Министерството за здравство информира дека од ноември лани до сега над 61.000 граѓани се вакцинирани против сезонски грип. Со бесплатна вакцинација против ова заболување се опфатени следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за ...
Во континуитет го подобруваме животот на граѓаните, а урбаниот развој и подобрување на локалната инфраструктура во општините се нашите приоритети и ние активно работиме на нив. Централната власт останува најголем поддржувач и инвеститор во општините, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на Општина Валандово. Министерот Бочварски со градоначалникот Перо Костадинов денеска потпишаа и Договори за реализација ...
Јадењата со компири станаа незаменливи во секојдневната исхрана поради неколку причини: компирот лесно се одгледува, приносот е голем, присутни во исхраната во текот на целата година, заситуваат, може да се приготвуваат едноставно и на најразлични начини и тие се многу евтини. Сепак, оваа последна ставка се однесува на компири кои доаѓаат од малиот француски остров Ноармутие, западно од Нант. Малите жолти компири од овој остров се најскапи во ...
На забавниот интернет-простор се појави уште една мапа со „сомнителна“ политичка коректност. Овојпат темата е: Како да ги навредите Европејците со една реченица? Така, Германците важат за „груби и расисти“, Австријците – „почудни Германци“, Шпанците – „гласни и досадни“, а за Французите е ставено само бело знаменце што алудира на нивното наводно премногу лесно предавање по германската нацистичка окупација во Втората светска војна. За Русија е ...
Во Италија е отворена првата фабрика за преработка на инсекти за производство на брашно, што го наметнува прашањето колку е здраво ова брашно и дали е тренд или трајна замена за пченичното брашно. Првата италијанска фабрика за брашно од инсекти е отворена во регионот Марке во централна Италија, и покрај противењето на министерот за земјоделство на земјата, Франческо Лолобриџида. Хозе Франческо Циани, извршен директор на Nutrinsect, изјави за ...