
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Според неофицијални извори на Градска.мк, општина Аеродром е во незавидна состојба со буџетот, па затоа клубот сеуште ги нема добиено паричните средства. Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски пред пет месеци во својата објава на „Инстаграм“ истакна дека дресот на „МЗТ Скопје Аеродром“ треба биде поттик за нови победи и симбол за меѓусебната поддршка и соработка. Тој во рамките на учеството на Мрежата на силните градови на градоначалникот ...
Одговарајќи на прашање поврзано со последните податоци на Евростат и минималната плата во Македонија и земјите од Западен Балкан, заменик министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју за Градска.мк посочи дека тоа рангирање е направено пред најавеното покачување на минималната плата во март оваа година. „За Евростат, тоа се податоци пред новото покачување на минимална плата во 2024 и со тоа покачување ќе одиме нешто ...
Сергеј Лебедев е руски писател и новинар кој живее и твори во егзил во Берлин. Далеку од Русија, во интервју за Трн.мк тој вели дека неговиот дом секогаш ќе биде неговиот јазик – тоа е нешто што останува со вас, кога ќе изгубите се друго. Критичарот на политиката на Путин сонува за нов систем, нова безбедносна конструкција каде нуклеарните сили како Русија нема да можат никого да злоупотребуваат. Неговата проза ги истражува темните дамки на ...
Пунктот за фотографирање за лични документи во Полициската станица „Пролет“ од утре нема да работи без закажување, туку се трансформира во пункт за презакажани термини за сите оние кои имале резервиран термин за фотографирање на територија на град Скопје до крајот на 2024 година. Трансформацијата се прави со цел да се воведе ред наместо хаос и да се олесни и забрза добивањето на лични документи за жителите на Скопје. Граѓаните кои веќе имаат ...
Американски мултинационален синџир за брза храна Мекдоналдс објави дека во последниот квартал го забележал првиот пад на продажбата во последните четири години. Причината за тоа е слабиот промет во деловниот регион, кој ги опфаќа Блискиот Исток, Кина и Индија. Синџирот за брза храна е еден од неколкуте западни брендови погодени од протести и кампањи за бојкот поради нивниот произраелски став во конфликтот меѓу Израел и Хамас. Споредливите ...
Утрово, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и директорот на Градската Општа болница „8-ми Септември” д-р. Христијан Костов присуствуваа на првиот меѓународен реализиран лет во историјата на современата македонска држава со хеликоптер од Одделот за воздухопловни единици при МВР со кој за медицински цели беше транспортирано лице – пациент од Скопје ...
Топлиот метеоролошки феномен “Ел Нињо” ни донесе вистинска пролет во февруари, во срцето на зимата. Стабилното, суво, сончево и пролетно топлото време ќе ни се задржи до крајот на оваа работна недела, вели во својата најнова анализа метеопрогнозерот Славчо Поповски „Веќе од викендов влегуваме во циклонален, влажен и нестабилен период. Под влијание на циклонска активност од запад, очекуваме почести врнежи кои ќе бидат претежно од дожд и тоа ...
Специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот во поголемите градови и главни градови во светот, „Ај-Кју Ер“ денеска го рангира Скопје на шесто место во свет според загаденоста на воздухот со индекс од 165, а прво место во Европа. Според податоците на веб-страницата, најзагаден е воздухот во Лисиче, со индекс од 189. Мерните станици покажуваат високо ниво на загаденост и во Центар, Карпош и Гази Баба. Во услови на ...
Виктор Панчевски е назначен за нов в.д. директор на ЈП Водовод и Канализација информираат од Кабинетот на градоачалничката на Скопје Данела Арсовска. – Панчевски доаѓа на позицијата како професионалец од јавното претпријатие Паркови и зеленила, со силна биографија кој значително може да придонесе во унапредување на работата на јавното претпријатие. Во наредниот период ЈП Водовод и Канализација, реализира сериозни проекти за кои неопходен е нов ...
Скопското село Танушевци кој се наоѓа во внатрешноста на скопска Црна Гора, во граница со Косово, и ако стана познато со почетоците на конфликтот во 2001, знаете дека постоел човек кој создал хидроцентрала со кој дваесетина куќи ги снабдувал со струја, тоа го направил со сопствени идеи од малата река која протекува во долниот дела во ова село. После враќањето од службата во војска во 1969 година постојано размислувал како да создаде нешто за да ...
Македонија е длабоко навлезе во енергетска транзиција, односно во зеленото сценаријо на енергетската транзиција. Само за две години во државата се изградија речиси 600 мегавати обновливи извори на енергија од тоа најголем дел се фотоволтаици имаме една ветерна електрана, дополнително биогасни електрани и неколку мали електрана, кажа за Градска.мк, Марко Бислимовски директор на Регулаторната комисија за енергетика. „Колку што се добри обновливите ...
Премиерот во техничката Влада Талат Џафери изјави дека ја следи ситуацијата во Алијанса на Албанците, која има тројца министри во владиниот состав, и дека ќе постапи согласно неговите надлежности. Џафери во интервју за МИА вели дека нема да се раководи од Фејсбук статуси, туку дека членовите на Владата од оваа партија ќе треба официјално по институционална линија да се изјаснат во ситуација кога имаат спротиставени ставови дали имаат чувство на ...
На планината Жеден над изворот Рашче, на непристапен терен вечерва избувна пожар. Огнот се гледа од Скопје, но директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов во изјава за Слободен печат смирува дека опожарените места не се големи и оти очекува ноќеска самите да се изгаснат поради ниските температури и влагата. Ако и утре изутрина пожарот е активен ќе мора да интервенира хиликоптер поради непристапниот терен, вели Ангелов. Горат ...
Фотографијата во прилог е направена со долга експозиција од Меѓународната вселенска станица на 21 јануари 2024 година, додека таа се наоѓала над Тихиот Океан, североисточно од Папуа Нова Гвинеја. На сликата ја гледаме Земјата обвиткана во „воздушест ореол“, луминисцентна лента произведена од одредени хемиски интеракции т.н. хемилуминисценција, што се случуваат на висина помеѓу 80 и 600 km од површината на Земјата. Во реалноста има двоен ...
За оние кои ја следат работата на Собранието, но и политичките случувања во државата, Јован Митрески им е и тоа како познато име. Станува збор за пратеник од редовите на политичката партија СДСМ со долгогодишен пратенички стаж. Првпат за пратеник Митрески е избран на парламентарните избори во 2014 година, а потоа и на изборите во 2016 и 2020 година. Кон средината на вториот пратенички мандат станува координатор на пратеничката група на СДСМ, на ...
На британскиот крал Чарлс му е дијагностициран рак, објави Бакингамската палата, пренесе Гардијан. Не станува збор за рак на простата, но болеста била откриена при неодамнешното лекување на проширена простата. Палатата не кажа за каков тип на рак станува збор, освен дека денеска почнал со „нормално лекување“. „Кралот останува целосно позитивен околу лекувањето и едвај чека да се врати на своите јавни должности што е можно поскоро“, објави ...
Како што објаснува фитнес тренерот и регистриран диететичар Викторија Брејди, ако правите одредени работи, никогаш нема да изгубите тежина, без разлика колку е здрава вашата исхрана или колку напорно вежбате. Не размислувате за тоа што јадете Брејди вели дека јадењето големи порции или честото грицкање во текот на денот се сигурни начини несвесно да се спречи каков било напредок во слабеењето. Зошто? Со овие навики, тешко е да се внимава на ...
Паркинг-просторот во близина на основното училиште ,,Кирил Пејчиновиќ” е реконструиран и проширен. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вели дека создавањето дополнителни места за паркирање е секогаш на врвот на приоритетите на жителите на општината. Решавањето на предизвиците со сообраќајот во мирување значи помал метеж и поголема безбедност за пешаците. Ова е од посебна важност, бидејќи во непосредна бизина на денес ...
Парижаните гласаа за тројно зголемување на трошоците за паркирање на теренските возила, бидејќи градот има за цел да се справи со загадувањето на воздухот и климатските дефекти со таргетирање на возачите на џипови. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber На референдумот во неделата, кој беше внимателно следен од другите главни градови, вклучително и Лондон, 54,6 отсто гласаа за специјални такси за паркирање за теренците. Сепак, одѕивот – ...
Колона од граѓани има пред Министерството за економија што чекаат ред за ваучери за инвертер клими. Граѓани од утрово со саати чекаат да поднесат барање за ваучер од 23.000 денари со кој ќе можат да набават инвертер. Министерството за економија огласот го објави во четвртокот и само за две дена се поднесени над 2.500 барања. Денеска според бројот на граѓани кои чекаат пред влезот на Министерството има најголема гужва. Во буџетот на ...
Како што може да се види од фотографиите кои ги поседува Градска.мк, во Градскиот парк се монтираат реквизитите кои подолг период не функционираа и беа отстранети за да може да отпочнат градежни и други активности за да граѓаните добијат современ и модерен парк. Иако ги прашавме во Град скопје што се случува во Луна паркот и зошто се монтираат овие елементи, сепак не добивме одговор до објавувањето на текстот. Во својата програма ...
Утрово е пронајден куршум во куќата на претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари. Како што се дознава утринава, во дворот на куќата на Таравари бил пронајден куршум од калашњиков со кој се сомнева дека станува збор за закана за него, по последните случувања во АА. Лидерот на оваа партија Таравари пред неколку дена најави дека бара поддршка за излегување на избори со албанската опозиција, каде што веднаш реагираше претседателот на ...
Домаќинствата во еврозоната сè помалку се задолжуваат кај банките, е заклучокот од новиот извештај на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарните движења во декември. Банкарските кредити за домаќинствата во еврозоната се зголемија за 0,3 отсто на годишно ниво во декември, што е најбавно годишно темпо на раст од март 2015 година, се наведува на веб-страницата на ЕЦБ. Вкупната вредност на кредитите на приватниот сектор во декември е зголемена ...
Со индекс 165, Скопје утрово е на петото место на ранг-листата за загаденост на воздухот во светот, а прв во Европа според податоците на страницата која го објавува нивото на загаденост на воздухот во светските метрополи, „Iqair.com“. Пред Скопје се само Акра, Мумбаи, Делхи и Лахор.Единствен европски главен град кој може да „парира“ на Скопје е Сараево кој е на осмото место со индекс од 162. Според податоците на страницата „Waqi“, најзагаден ...
ЈП Паркинзи на општина Центар и општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 250 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. „Во периодот од 29.01. до 04.02.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 135 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 115 возила кои ...
Бесплатен превоз до здравствените установи за сите полнолетни лица со попреченост од Општина Центар обезбеди денеска градоначалникот Горан Герасимовски со потпишување на Меморандумот за соработка со секретарот на Црвен крст на Град Скопје, Саит Саити. Оваа соработка значи превоз до здравствените установи со наменски возила за корисници за лица над 18 години, кои користат ортопедско помагало (инвалидски колички, дубаци или одалки), а живеат на ...
Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за степенот на здравствена заштита на жителите во 30-те здравствени центри во земјава. Истражувањето покажа дека највисоки можности за здравствена заштита имаат жителите на главниот град Скопје, додека најмалку можности за соодветна здравствена заштита имаат жителите на Крушево. „Има огромни разлики во можностите, односно степенот на здравствена заштита што можат да ја добијат жителите на ...
Водата во Скопје е безбедна за пиење и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 29 јануари до 2 февруари 2024 година, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. За анализа биле ...
Над половина од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат. Еднонеделен годишен одмор надвор од местото на живеење не можат да си дозволат 55 проценти од жителите на земјава. Полошо од нас во Европа стојат Албанија каде што 58,3% од граѓаните не можат да одат на одмор, Турција (60,8%), Романија (62,5%), Црна Гора (67,2%) и Косово (69,5%). Во Грција ...
Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени. Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 15 степени. Од УХМР информираат дека и во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на ...