Ноќеска во периодот од 23:00 до 04:00 часот после полноќ, полициски службеници од ОВР Гостивар спровеле акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на ОВР Гостивар. „Притоа, во угостителски објект на ул.„Илинденска“, сопственост на Ј.А.(49) од Гостивар, затекнати се и приведени В.А.(32), Л.А.(36), А.П.(36) и К.К.(50), сите од Албанија. Додека, во угостителски објект во Зубовце, општина Врапчиште, сопственост на Р.Б.(50) од Гостивар ...

Вчера (18.11.2025) во 12:50 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на патот Кичево-Гостивар, во близина на „Мавровска раскрсница“, патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од И.Р.(39) од Кичево, се превртело на коловозот. Според информациите на СВР Тетово во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле 14-годишна сопатничка од Стрелци, кичевско и А.В.(24) од Романија, ...

Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки со вредност до 22 евра. Ова ги опфаќа Тему и АлиЕкспрес, најпопуларни платформи за онлајн пазарување кај нас. „Целта на овие законски измени се зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места. Спроведувањето на измените се очекува да има директни ...

Во чест на Денот на ослободувањето на Гостивар, 18 Ноември, Градското аматерско културно-уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ вчеравечер одржа концерт на народни ора и песни. Публиката која ја исполни салата во Центарот за култура „АСНОМ“, имаше прилика за осумдесет минутно уживање во фолклорни изведби низ кои се преточува македонската традиција, пренесувана од генерација на генерација. „Вечерва оживуваме дел од духот на минатото, раскажуваме ...

Западниот и југозападниот дел од земјава беа зафатени од обилни врнежи на дожд во текот на вечерните часови, кои со поднамален интензитет продолжуваат и утрово. Центарот за управување со кризи информира дека на единствениот повикувачки број за итни повици 112 се добиени повеќе пријави за свлечишта на земја и одрони на патот, поточно кај местата Дебар-Струга кај местото Џепчиште и кај патот Кичево – Охрид кај место Извор. „Оперативниот центар ...

Значително висок водостој е регистриран на Вардар во гориот дел од сливот, Пена, Лепенец и во сливот на Пчиња. Зголемен водостој на Вардар има и во Скопје. „Поради натамошно можно зголемување на водостојот предупредуваме на внимателно следење на состојбата во овие речни сливови во текот на денот. Исто така, значително е висок водостојот на река Радика, а во пораст се и водостоите на Треска, Црна и Сатеска. Воопшто, зголемен е водостојот на ...

Во рамки на активностите за одбележување на Денот на ослободувањето на Гостивар претпладнево се одржа собир со положување на цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОВ во градскиот парк. На историските моменти околу 18 ноември 1944-та година преку реферат потсети професорот по историја, Горан Павловски: „Ослободувањето на градот се одвиваше во три групи. Првата група во состав две бригади на 41-вата дивизија имаше задача да го продолжи ...

Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20:45 часот) ќе го одигра последниот, решавачки натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026, гостувајќи му на Велс на Градскиот стадион во Кардиф. Избраниците на селекторот Благоја Милевски влегуваат во дуелот со императив да останат непоразени и со тоа да обезбедат историски пласман во баражот за Мундијалот. Македонија и Велс се во директна борба за втората позиција, израмнети на ...

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за доделување ученички стипендии за учебната 2025-2026 година. МОН информира дека сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Мои апликации“ во колоната „Документ за одлука“ и дека незадоволните апликанти не треба да поднесуваат приговори или жалби пред да добијат решение. -По добивањето на решението, жалбите се поднесуваат ...

КК Гостивар и досегашниот тренер Љупчо Малинков ја раскинаа соработката по тешката сезона лани и разочарувачкиот старт годинава, во која тимот запиша само една победа во седум натпревари. Клубот му се заблагодари на Малинков за ангажманот и му посака успех во понатамошната работа. Гостиварскиот прволигаш експресно го затвори прашањето околу наследникот и го назначи искусниот стратег Александар Петровиќ за нов прв тренер на „бело-сините“. ...

Гостивар одбележува 81 година од конечното ослободување на градот со што се поставуваат темели за слободен живот, развој и просперитет. 18-ти ноември е врежан во меморијата на гостиварци како светол датум од историјата на Гостивар, Ден на ослободување на градот од фашистичкиот окупатор. Историските податоци говорат дека ослободувањето на Гостивар го поготвиле и извршиле единиците на 15-тиот македонски корпус од 41 и 48 дивизија и 7-мата ...

Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на квадратен метар за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 километри на час) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура во гостиварско ќе достигне 14 степени. -Под влијание на серија влажни воздушни бранови следува ...

По вчерашните натпревари во квалификациите, пласман на Светско фудбалско првенство 2026 во Канада, Мексико и САД изборија Португалија и Норвешка. Тие се 31-от и 32-учесник на Мундијалот 2026. Во Европа, квалификациската рунда, вклучувајќи го и плејофот, трае од март 2025 година до март 2026 година. Пласман на СП 2026 досега изборија: Канада, Мексико, САД, Јапонија, Нов Зеланд, Иран, Аргентина, Узбекистан, Јужна Кореја, Јордан, Австралија, ...

Во пресрет на утрешниот празник, Денот на ослободувањето на Гостивар вечерва се одржа свечена академија со културно-уметничка програма и доделување на награди за ученици од литературен конкурс. „Од 18 ноември 1944 година нашиот град пулсира како слободен град и се движи по патеката на својот развој. Токму затоа, денес се навраќаме пред 81 година за да се потсетиме и да им оддадеме почит на нашите претходници. На утрешниот ден слободарската ...

Поради силен јужен ветер што го зафати скопскиот регион, два авиона се пренасочени да слетаат на приштинскиот аеродром, соопшти вечерва Дирекцијата за заштита и спасување. Од ДЗС информираат дека два други авиона сѐ уште кружат и чекаат инструкции за слетување на Меѓународниот аеродром Скопје. Надлежните ја следат состојбата и апелираат патниците да ги следат информациите од авиопревозниците и од аеродромските служби. Од Управата за ...

Во гостиварска Горна Бањица се реализира проект за инфраструктурно уредување на главниот пат. Ова беше повод градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани денеска да го посети селото и ги види одблиску завршените работи на дел од главниот пат. Тој истакна дека се работи за зафат со кој значително ќе се подобрат инфраструктурните услови за жителите. „Дојдовме во Горна Бањица да видиме еден дел, еден сегмент од четирите сегменти на локалните ...

Сите 2.700 лица со дијабетес тип 1, а особено работоспособните, што побрзо треба да добијат сензори за мерење шеќер во крвта и да имаат соодветни услови за работа и време за пауза за исхрана во текот на работниот ден. Ова денеска го истакна претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, Димче Велев, кој рече дека Светскиот ден на дијабетесот го одбележуваат во насока на тоа што го има дадено Меѓународната дијабетолошка федерација, а ...

Откако денес беа распишани повторените избори за 11 јануари, првиот човек на Гостивар, Ваљбон Лимани изјави дека со својот тим и соработници се подготвуваат за изборниот процес истакнувајќи дека граѓаните го имаат последниот збор: „Почнуваат веќе да течат роковите и ние се подготвуваме, а граѓаните на 11 јануари ќе го кажат своето. Јас повторно сум кандидат за градоначалник на Гостивар од НАИ“. Од НАИ изминатиот период реагираа со барање ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши за 11 јануари ги распиша локалните избори за четирите општини Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа каде на 19 октомври, прв круг на Локалните избори немаше доволен број излезени граѓани на гласање. „Со стапувањето во сила на овој акт, надлежните институции започнуваат со спроведување на законските рокови и процедури. Упатувам повик до Државната изборна комисија, општинските изборни комисии, ...

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата, кои стапуваат на сила од полноќ. Со најновата одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за околу 0,23 проценти. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1 денар по литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 денари по литар. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство ...

Во гостиварската гимназија на 14 ноември 2025 година се одржа првата етапа од научната активност „NUMERIX“, посветена на математиката и природните науки – информатика и физика. На првата етапа учествуваа вкупно 34 ученици од СОУ „Гостивар“. Преку прашања подготвени согласно наставната програма, тие ги демонстрираа своите аналитички способности и научни таленти. Најуспешни во првата етапа беа тројца ученици кои освоија 74,5; 69,5 и 67,5 поени ...

Владата го објави јавниот повик за доделување ваучери за набавка на електронски уреди: преносен компјутер (лаптоп или All-in-One), таблет или персонален компјутер. Ваучерите се во вредност од 15.300 денари. Право да аплицираат имаат сите студенти на прв циклус студии државјани на Република Македонија, запишани (редовно или вонредно) во учебната 2025/2026 година на државни или приватни високообразовни установи во земјата. Студентите исто така ...

Вчера (16.11.2025) во 11:55 часот на патот Тетово-Гостивар, на наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.К.(24) од Албанија. При контрола во сообраќајот со радар е констатирано дека тој управувал патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки со брзина од 161 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час, информира МВР. Исто ...

Логично е повторените избори да се одржат со истите кандидати како во првиот круг, истакна в.д. градоначалникотот на Гостивар и кандидат на НАИ на изборите од 19 октомври, Ваљбон Лимани, во емисијата „Стадион“ на Канал 77. „Не може да се случи јас да барам цензус од 17 илјади гласови на 19 октомври, а некој нов кандидат кој не бил дел од трката да стане градоначалник со 5 илјади гласови без никаков цензус. Тоа ја нарушува еднаквоста и ја ...

Денес (понеделник) наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 5 до 16 степени. Како што информира УХМР, следува период на нестабилно време со ...

Петнаесет забрани за вршење дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена. Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи. Акцент со контролите, како што велат од АХВ, бил ставен на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата ( ...

Совршена есенска слатка магија! Овој мек и миризлив ролат од тиква е наполнет со богат крем од костени и е идеален за послужување на семејни собири или празнични трпези. Комбинацијата од природната сладост на тиквата и неодоливиот вкус на костени создава десерт што ќе ги освои сите. Потребни состојки: Начин на подготовка: Тиквата исечкајте ја на коцки и сварете ја на пареа, па пасирајте ја во пире. Загрејте ја рерната на 180°C. Подгответе ...

Вчера (14.11.2025) во периодот од 14:50 до 15:55 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар во содејство со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гостивар и инспектори од Трудова инспекција спровеле акциска контрола во објект во изградба на ул.,,Беличица” во Гостивар. „Притоа, на објект се затекнати и приведени седум државјани на Република Турција и тоа М.К.(51), А.Б(55), Ј.И(56), М.А.(40), Т.У.(55), С.Ч.(35) и ...

Предијабетесот ни сигнализира дека нивото на шеќер во крвта е повисоко отколку што треба да биде, но сепак не е во границите на дијабетесот. Добрата вест е дека промените во начинот на живот, особено исхраната, можат значително да го намалат ризикот од прогресија на болеста. Прочитајте ги седумте најважни чекори што вреди да се применуваат секојдневно, а кои се потврдени со научни истражувања. Кажете „не“ на пијалоци на база на шеќер Газирани ...

Правдата и вистината да излезат на виделина, кој се има одговорност, да се дознае кој можел да спречи, а не го направил тоа, кои институции задоцниле со реакција, да преземат мерки и да се направи се ваква трагедија никогаш повеќе и никому да не му се случи, побараа денеска родителите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 30. „Марш за ангелите“, кој овојпат се одржа во Скопје. Маршот почна на пладне на плоштадот „Македонија“, од ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
6.69
46%
1017
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
4.63
48%
1019
weather icon

Загреб

24ᴼ / 21ᴼ
2.06
41%
1021
weather icon

Софија

20ᴼ / 19ᴼ
3.6
42%
1016
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
5.76
60%
1015
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 19ᴼ
2.06
58%
1021
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
7.72
47%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
5.66
41%
1017
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
25%
1017
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
4.12
50%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
40%
1020
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
6.17
78%
1010
Currency

61.645

Currency

53.1164

Currency

71.1707

Currency

37.7146

Currency

38.6013

Currency

67.2431

Currency

7.79538

Currency

0.75192

Currency

0.33421

Currency

0.52462

Currency

1.16521

Currency

0.54843

Злато

145452.98

Платина

62404.60

Алуминиум

3.61

Калај

52.62

Кобалт

45.39

Бакар

12.51

Паладиум

43660.71

Иридиум

253540.09

Родиум

315077.32

Цинк

0.00

Сребро

2430.92

Рутениум

51376.89