На германската репрезентација не ѝ беше потребно многу време за да го отвори резултатот на натпреварот против Еквадор на Светското првенство. Мечот од последното коло во групата Е беше отворен уште во втората минута, кога Лерој Сане доби одлична топка од Флоријан Вирц, сместувајќи ја топката во мрежата со прецизен и луциден удар. Германија прикажa сила на стартот, без оглед на фактот што веќе го има обезбедено првото место во оваа ...

Екипата на Шкендија Арачиново продолжува активно да се засилува во пресрет на новата сезона, а најново име во редовите на клубот е напаѓачот Дашмир Елези. Од клубот соопштија дека станува збор за офанзивец со изразен голгетерски инстинкт, голема енергија и силна желба за успех, од кого се очекува да биде значајно засилување во нападот на тимот. „Со задоволство ве информираме дека Дашмир Елези е нашето најново засилување. Напаѓач со инстинкт ...

Холандската ракометна репрезентација ќе има нов селектор, затоа што Швеѓанецот Стефан Олсон нема да добие продолжување на договорот. „Лалињата“ ќе го започнат новиот циклус со нов селектор на клупата, а од федерацијата му се заблагодарија на Олсон за неговиот придонес во изминатиот период. Швеѓанецот го презема тимот во 2022 година и успеа да внесе стабилност и цврстина во колективот кој забележа солидни резултати. Под негово водство, ...

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, порача дека резултатот е поважен од впечатокот и даде искрен коментар по пласманот на „селесао“ во осминафиналето на Светското првенство. Бразилците славеа над Шкотска со убедливи 3-0, но повторно не оставија некој посериозен впечаток на теренот, што наиде на критики кај дел од јавноста. „Се трудиме да играме најдобро што можеме, но целта не е да играме добро, туку да ...

Еден од најдобрите американски тенисери, седмиот на АТП листата, Тејлор Фриц, објави дека се повлекува од турнирот на трева во Истбурн, каде што беше прв носител, за да си даде максимално подготвен на Вимблдон. Фриц, кој е двократен бранител на титулата во Истбурн и неодамнешен финалист на турнирите на трева во Штутгарт и Хале, требаше да го игра својот прв меч против британскиот квалификант Јан Чоински. „Мразам откажувања, но, со брзото ...

Новиот европски шампион, Олимпијакос, официјално потврди дека Јоргос Барцокас го продолжил договорот со клубот до летото 2029 година, ставајќи крај на сите шпекулации околу неговата иднина. Грчкиот стратег, кој важи за најуспешниот тренер во историјата на клубот од Пиреја, ќе продолжи да го предводи тимот и во наредните сезони, откако неодамна го врати Олимпијакос на европскиот трон по пауза од 13 години. Во пресрет на фајнал-фор турнирот се ...

Македонската кошаркарска репрезентација оствари победа над Бугарија со конечни 91-87 во пријателскиот натпревар одигран во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Избраниците на Жозеп Мариа Берокал одиграа далеку подобар меч од оној пред неколку дена во Бугарија, а денес одличен настап имаше и новото засилување, Девејн Стјуарт Џуниор. Двете селекции одиграа прилично тврд и неизвесен меч. На паузата резултатот гласеше 45-43, а потоа ривалот ја доби ...

Еден од најдобрите кошаркари во Европа, Шејн Ларкин, е на чекор до трансфер што ќе предизвика вистински земјотрес во турската кошарка. Според медиумите во Турција, искусниот плејмејкер ќе го напушти Анадолу Ефес и кариерата ќе ја продолжи во редовите на големиот ривал Фенербахче. Доколку трансферот биде официјализиран, станува збор за потег кој многумина веќе го нарекуваат „предавство“, со оглед на статусот што Ларкин го имаше во Анадолу ...

Време е за расплет во групата Е од Светското првенство. Вечерва на програмата се последните два натпревари, на кои фаворитот Германија е мирен, додека Курасао и Еквадор посакуваат чудо и пласман во следната фаза. Најтрофејната европска селекција силите ќе ги одмери со селекцијата на Еквадор, која на изненадување на сите досега има само еден бод, по две одиграни кола. Селекторот на „панцирите“ Јулијан Нагелсман за вечерашниот дуел беше ...

Македонскиот шампион Вардар ја забележа и втората убедлива победа на подготовките во Италија, откако попладнево со дури 12-0 го декласира домашниот тим на Норча. Интересно е што по првите 45 минути „црвено-црните“ имаа минимална предност од 1-0, но во второто полувреме целосно го надиграа противникот и постигнаа уште единаесет гола. Најефикасен на натпреварот беше Закариќ со пет погодоци, по двапати во листата на стрелците се запишаа Николов, ...

Лина Ѓорческа не ги криеше емоциите по историскиот пласман во главниот турнир на Вимблдон, каде што стана првиот македонски тенисер или тенисерка што ќе настапи на најпрестижниот Грен слем турнир. Во изјава за телевизијата на Вимблдон, најдобрата македонска тенисерка порача дека овој успех е исполнување на нејзиниот долгогодишен сон, но и голема гордост затоа што доаѓа од мала земја. „Горда и среќна сум за сите овие денови на Вимблдон. Доаѓам ...

Светското првенство викендов влегува во нова фаза, а по динамичниот распоред во групната фаза, неделната програма ќе понуди само еден натпревар. По комплетирањето на групите, за првпат во историјата ќе стартува шеснаесетфиналето на Мундијалот. Проширениот формат со 48 репрезентации донесе дополнителна елиминациска рунда. Историскиот прв натпревар од оваа фаза ќе го одиграат Канада и Јужна Африка на стадионот „СоФи“ во Калифорнија. Дуелот е ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа конечно го оствари сонот кој го бркаше речиси една деценија. По бројните обиди и разочарувања во квалификациите, Ѓорческа за првпат во кариерата избори место во главниот жреб на еден Грен слем турнир. Нејзиното долго патување започна уште во 2017 година, кога настапи во квалификациите за Австралија опен и Ролан Гарос. Тогаш не успеа да направи последен чекор во Мелбурн, а во годините што следуваа ...

Лина Ѓорческа испиша историја за македонскиот тенис и стана првата наша тенисерка што обезбеди место во главниот турнир на Вимблдон. Со победата во последното квалификациско коло над Лусија Бронцети, најдобрата македонска тенисерка не можеше да ги сокрие емоциите, па историскиот поен го прослави со голема радост на тревата. По последниот освоен поен следуваше емотивна реакција, бидејќи Ѓорческа оствари сон што го сонува секој тенисер – настап ...

Македонскиот тенис слави голем момент, а Лина Ѓорческа испиша нова страница во спортската историја. Најдобрата македонска тенисерка за првпат во својата кариера обезбеди пласман во главниот турнир на еден Грен слем, и тоа на најпрестижниот – Вимблдон. Тетовчанката со трите победи во квалификациите стана првиот македонски тенисер или тенисерка што ќе настапи во главната рунда на Вимблдон, а покрај историскиот успех, оствари и најголема ...

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа испиша историја и стана првиот македонски претставник на еден голем тениски собир. Тетовчанката за првпат во својата кариера ќе игра со најдобрите на светот, откако обезбеди учество на еден Грен слем и тоа не на кој било, туку на најпрестижниот – Вимблдон. Со денешната победа над фаворизираната Италијанка Лусија Бронцети со 2-0 во сетови, Ѓорческа се избори за главниот турнир на „Олд Ингланд Клаб“, а ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа испиша историја и за првпат во историјата ќе игра на главниот турнир на престижниот Вимблдон! Тетовчанката го скокна и третото квалификациско коло победувајќи ја Лусија Бронцети со 2-0 (6-1, 6-2) по час и 15 минути игра во Лондон. Ѓорческа стана првата Македонка која се пласира во главната ждрепка на еден од четирите Грен слем турнири. Претходно таа беше најблизу до таков подвиг во 2017 година на ...

Керим Алајбеговиќ му го одзеде рекордот на Килиан Мбапе на Светските првенства. Младиот репрезентативец на Босна и Херцеговина со голот против Катар стана најмладиот фудбалер кој постигнал погодок надвор од шеснаесетникот на Мундијалите. Алајбеговиќ погоди во победата од 3-1 над Катар, а рекордот го постави на возраст од 18 години и 276 дена. Досегашен рекордер беше Мбапе, кој на Светското првенство во Русија ваков гол постигна со 19 години и ...

Германскиот селектор Јулијан Нагелсман упати критики до организаторите на Светското првенство, оценувајќи дека актуелниот формат на натпреварувањето ги става победниците на групите во неповолна позиција. Германија уште по второто коло го обезбеди првото место во групата Е со победата над Брегот на Слоновата Коска од 2-1, но противникот во шеснаесетфиналето ќе го дознае дури во сабота вечер. Поради тоа, стручниот штаб ќе има многу малку време ...

Бутел Скопје се пофали со најново засилување за голманската позиција. Станува збор за Марко Богдановски кој потпиша двегодишен договор со скопскиот суперлигаш. 25-годишниот чувар на мрежата доаѓа од редовите на актуелниот шампион Вардар 1961, каде мина две и пол сезони и ја освои двојната круна. Во Бутел повторно ќе соработува со Стојанче Стоилов, кој од ова лето ќе ја преземе тренерската функција. Богдановски е производ на школата на ...

Дукати официјално потврди дека Педро Акоста ќе го замени Франческо Бањаја во фабричкиот тим, додека италијанскиот возач кариерата ќе ја продолжи во Априлиа. Со овој потег завршува успешната етапа на Бањаја во Дукати, тим со кој ги освои титулите во Мото ГП и се етаблираше како еден од најдобрите возачи во шампионатот. Неговиот нов предизвик ќе биде Априлиа, која добива големо засилување во пресрет на следната сезона. На неговото место ...

Силекс продолжува да го засилува тимот за новата сезона, па промовира уште едно засилување. Најново име во редовите на кратовци е искусниот стопер Дарко Илиески, кој пристигнува од ГФК Охрид. 30-годишниот дефанзивец зад себе има богата кариера во домашниот и странскиот фудбал. Во Македонија настапуваше за Металург, Победа, Тиквеш, Борец, Пелистер, Струга, Шкупи и Охрид, а интернационално искуство стекна во ерменски Ширак, словенечки Копер, ...

Селекторот на Мароко, Мохамед Уаби, порача дека неговата репрезентација мора да размислува шампионски и да верува дека може да ја освои титулата на Светското првенство. Оптимизмот на Уаби доаѓа по одличниот настап на Мароко во групната фаза. Африканската селекција ремизираше со Бразил (1-1), ја победи Шкотска со 1-0, а потоа беше подобра и од Хаити со 4-2 за пласман во нокаут фазата. „Без оглед на тоа кој ќе ни биде противник, имаме силен ...

Една од главните ѕвезди на белгиската репрезентација, фудбалерот на Манчестер Сити, Џереми Доку, се врати во кампот на националниот тим за Светското првенство, откако привремено отпатува во Англија за да присуствува на раѓањето на своето прво дете. Доку пристигна во Сиетл и веднаш се стави во тренажен процес. За раѓањето на својот син, Прајз, Доку отпатува во Лондон со одобрение на официјалните лица и бил придружуван од лекар пред да ѝ се ...

Селекторот на Курасао, Дик Адвокат, порача дека неговата селекција нема да се брани по секоја цена на натпреварот против Брегот на Слоновата Коска од третото коло на Светското првенство. Искусниот стратег смета дека Курасао покажа против Еквадор дека знае да создава шанси и верува дека неговиот тим повторно може да се закани иако го очекува исклучително тежок противник. „Имаме добра организација на играта и ќе се обидеме да постигнуваме ...

Јужна Кореја одигра еден од своите најслаби натпревари на Светското првенство и со минималниот пораз од Јужна Африка (1-0) сериозно ги доведе во прашање шансите за пласман во нокаут-фазата. Разочарувањето во корејската јавност беше толку големо што на прес-конференцијата еден новинар го праша селекторот Хонг Мјунг-бо дали врз играчите можеби влијаеле надворешни фактори, па дури и евентуално труење со храна. Селекторот категорично ги отфрли ...

ФИФА ја соопшти казната за катарскиот репрезентативец Асим Мадибо по тешкиот старт врз канадскиот фудбалер Исмаел Коне на натпреварот од групната фаза на Светското првенство. Дисциплинската комисија му изрече суспензија од пет натпревари поради сериозен неспортски прекршок. Според информациите од ФИФА, репрезентативецот на Катар има право на жалба за должината на суспензијата. Инцидентот се случи во дуелот меѓу Канада и Катар, кој Канаѓаните ...

Македонскиот тенисер Калин Ивановски продолжува со одличните настапи на ИТФ турнирот во Загреб, откако обезбеди место во четвртфиналето со сигурна победа од 2-0 во сетови над Гркот Павлос Циципас, кој е најмал брат на тениската ѕвезда Стефанос Циципас. Првиот сет донесе израмнета борба и неизвесност до самиот крај. Двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, па победникот се решаваше во тај-брејк, каде што Ивановски покажа повеќе смиреност ...

Струга Трим Лум заврши важна работа и го задржа во своите редови Ард Касами. 28-годишникот кој е член на клубот веќе осум години реши да ја продолжи верноста. Касами потпиша продолжување на соработката на уште две сезони, до јуни 2028 година. Играчот за врска минатата сезона ја мина на маргините. Касами заработи тешка повреда, ги скина лигаментите во коленото на десната нога на 4 септември. Потоа беше опериран и зад него е најтешкиот период ...

Последното коло од групната фаза на Светското првенство би можело да донесе несекојдневна и крајно контроверзна ситуација, која веќе предизвикува бројни реакции во фудбалската јавност. Во центарот на вниманието е натпреварот меѓу Алжир и Австрија, кој ќе се игра во раните утрински часови во недела. Според актуелните пресметки, победата во овој дуел можеби и нема да биде најпосакуваниот исход. Причината е едноставна – победникот од овој ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.26
15%
1012
weather icon

Белград

36ᴼ / 36ᴼ
3.13
30%
1013
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
1.73
18%
1012
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
3.35
25%
1014
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.5
20%
1013
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 32ᴼ
2.3
40%
1013
weather icon

Атина

34ᴼ / 33ᴼ
6.26
32%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
4.0
25%
1013
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
5.64
26%
1012
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 35ᴼ
4.02
31%
1015
weather icon

Будимпешта

39ᴼ / 38ᴼ
0.89
19%
1013
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
7.63
100%
1013
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7618

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Злато

133030.14

Калај

55.95

Паладиум

43242.75

Родиум

269262.50

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Бакар

13.37

Алуминиум

3.23

Цинк

0.00

Сребро

1954.91

Кобалт

56.29

Платина

56295.96