Двајца македонски претставници ќе имаме меѓу службените лица во квалификациските натпревари за евро-куповите под капата на УЕФА. Поточно, во Конференциската лига на УЕФА, задолжени за судиите ќе бидат Александар Ставрев и Дејан Јакимовски. Ставрев ќе биде дел од натпреварот помеѓу Гетеборг и Левадија во Шведска, додека Јакимовски патува во Дебрецен, на мечот меѓу унгарскиот тим и Пјуник. Двајца македонски претставници ќе имаме меѓу ...

И покрај тоа што Франција го заврши Светското првенство со пораз од Англија (6-4) во натпреварот за третото место, Килијан Мбапе имаше причина за славје, бидејќи испиша нова страница во мундијалската историја. Напаѓачот на Реал Мадрид со двата гола против „Гордиот Албион“ стигна до бројката од 22 погодоци на Светските првенства и го мина Лионел Меси, кој досега има постигнато 21 гол на мундијалите. Мбапе до овој неверојатен учинок стигна на ...

Македонската младинска ракометна репрезентација го заврши настапот на Европското првенство со пораз од Србија со 34-30, во натпреварот за конечен пласман. Со овој резултат, избраниците на селекторот го освоија 20. место во конкуренција на 32 репрезентации. Клучен за поразот беше слабиот настап во првото полувреме, во кое Србија рано стекна висока предност. Македонските ракометари во неколку наврати имаа негатива од девет гола (10-19 и 11-20), ...

Иако и Англија и Франција пред натпреварот испраќаа пораки дека дуелот за третото место нема големо значење, двете селекции приредија вистински спектакл. Англичаните славеа со 6-4 во натпревар со десет голови и го освоија бронзениот медал на Светското првенство. По завршувањето на средбата следуваше церемонијата на доделување на медалите, а токму тогаш се случи момент кој ги освои симпатиите на фудбалската јавност. Сите официјално пријавени ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе објави рекордни приходи од 15 милијарди долари за Светското првенство во 2026 година. Вчера претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ги информирал националните асоцијации дека приходите од Светското првенство значително ги надминале очекувањата. Организацијата првично проектирала приходи од 11 милијарди долари. Се забележува дека значителен дел од приходите доаѓаат од продажба на билети и пакети за ...

Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ ова лето беше дел од НБА Летната лига, каде што работеше како гостин-тренер во стручниот штаб на Сан Антонио Спарс. Рајковиќ најпрво престојуваше во Тексас, каде што заедно со стручниот штаб на Спарс ги одработи подготовките за Летната лига, а потоа беше дел и од турнирот што се одржа во Лас Вегас во периодот од 9 до 19 јули. За македонскиот тренер ова претставуваше одлична можност одблиску да се ...

По 39 дена и 103 натпревари, дојдовме до последниот чин. До она што целата планета го чекаше изминатите месец и половина. Аргентина на стадионот во Њу Џерси ќе ја брани светската круна од Катар против веројатно најсилниот тим на светот - Шпанија. Звучи неверојатно, но двете фудбалски сили дури вторпат во историјата ќе се сретнат меѓусебно на Светските првенства. Првиот и единствен досегашен дуел го одиграа пред точно 70 години на Мундијалот ...

Фокусот на светската спортска и не само спортска публика вечерва ќе биде насочена кон Њујорк и финалето на Светското првенство. Мексиканската претседателка, Клаудија Шајнбаум и Марк Карни, премиерот на Канада потврдија дека ја прифатиле понудата на Доналд Трамп и ќе бидат во свечената ложа на стадионот „МетЛајф“. Таму ќе биде таму. Шпанскиот крал Фелипе VI, кралицата Летиција, крунската принцеза Леонор исто така ќе бидат таму за да го бодрат ...

Англија го освои бронзениот медал на Светското првенство 2026, откако во натпреварот за третото место ја совлада Франција со 6-4. За „Гордиот Албион“ ова е најдобриот пласман на Мундијалите по шампионската титула освоена во 1966 година. По натпреварот, капитенот на овој меч Деклан Рајс порача дека оваа генерација е многу блиску до освојување на голем трофеј и покрај критиките што следуваа по поразот од Аргентина во полуфиналето. „Ова е ...

Франција не успеа да го освои третото место на Светското првенство, откако во натпреварот за бронзениот медал загуби од Англија со 4-6, По првиот дел „триколорите“ губеа со 0-4 и потоа успеаја да се вратат, ама не до егал. Токму на првото полувреме се осврна и капитенот на репрезентацијата Килиан Мбапе. „Имаше две сосема различни полувремиња. По првото можам да разберам зошто некои мислат дека се посрамотивме и не го испочитувавме дресот. Јас ...

Дидие Дешамп ја заокружи својата етапа на по четиринаесет години на кормилото на репрезентацијата на Франција. Стратегот се прости од националниот тим со пораз од Англија во спектакуларното „мало финале“ на Светското првенство (4-6). По поразот Дешамп го анализираше одиграното и призна дека „триколорите“ одиграле срамно прво полувреме. „Ова е пораз. Губевме 4-0, одигравме срамно прво полувреме. Сепак, покажавме карактер и имаше работи што ги ...

Дубаи продолжува да го засилува ростерот пред новата сезона во Евролигата. ајново засилување е американскиот бек Дејвион Минц, кој потпиша повеќегодишен договор со шампионот на АБА лигата. 28-годишниот кошаркар пристигнува од германски Вирцбург, каде зад себе има одлична сезона. Во Бундеслигата просечно бележеше 16,4 поени, 3,3 скока и три асистенции на 31 натпревар, додека во ФИБА Лигата на шампионите имаше просек од 15,6 поени, 3,2 скока и ...

Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе биде главен арбитар на финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, а покрај големото признание, ќе добие и значителен финансиски надомест. Според словенечкиот весник „Дело“, Винчиќ само за судењето на финалниот натпревар ќе инкасира околу 60.000 долари. Се проценува дека неговата вкупна заработка од настапот на Мундијалот би можела да достигне 140.000 долари, иако ФИФА официјално не ги објави ...

Џуд Белингем беше најдобриот фудбалер на Англија на Светското првенство, а постигна гол и во голеадата против Франција (4-6) во натпреварот за третото место. Фудбалерот на Реал Мадрид стави круна на перфектниот турнир. Белингем го искористи просторот кој Французите го оставија за да бркаат израмнување, тргна во слалом од половина терен, нанижа неколку противници и го матира Мајк Мењон. Со седум погодоци Џуд Белингем беше најдобар англиски ...

Мајкл Олисе од вечерва е рекордер по бројот на асистенции на едно Светско првенство. На Мундијалот, кој завршува викендов, Олисе забележа дури седум асистенции во дресот на француската репрезентација, со што го надмина легендарниот Бразилец Пеле, кој го држеше рекордот со шест асистенции уште од далечната 1970 година. Олисе имаше неверојатен турнир, а историскиот рекорд го запечати во натпреварот за третото место против Англија, каде што ...

Килијан Мбапе е најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства со вкупно 22 постигнати голови. Францускиот напаѓач го презеде првото место на вечната листа откако постигна два гола на натпреварот за трето место против Англија на Мундијалот во 2026 година. Со овој подвиг, на само 27 години, тој го надмина претходниот рекорд на Лионел Меси. Мбапе ги распореди своите 22 гола низ три мундијалски купови: СП 2018 (Русија): 4 гола (го освои ...

Фудбалската репрезентација на Англија го освои третото место на Светското првенство, откако во возбудлив натпревар со дури десет погодоци ја совлада Франција со 6-4. Ова беше рекорден меч по број на голови во поновата историја, а исто така Килијан Мбапе стана најдобар стрелец во историјата на Мундијалите (22 гола), а Мајкл Олисе рекордер по број на асистенции на еден светски собир (7). Пред почетокот на средбата селекторот Томас Тухел се реши ...

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку скоро сигурно ќе се раздели со Наполи, а според италијанските медиуми, најсериозен кандидат за неговиот потпис е американскиот Њујорк Сити. Наполи е подготвен да го продаде 33-годишниот голгетер за да го намали буџетот за плати и да обезбеди простор за нови засилувања во тимот, кој од ова лето го предводи Масимилијано Алегри. Сепак, клубот инсистира само на целосен трансфер, без можност за позајмица. Интерес ...

Крис Дуарте потпиша двогодишен договор со Басконија во јули 2026 година, доаѓајќи како директна замена за Тимоте Луваву-Кабаро. 29-тгодишниот бек доаѓа од шпанска Уникаха, каде заработи место во втората петорка од Лигата на шампионите и го освои Интерконтиненталниот куп. Клупскиот трансфер беше потврден и наскоро ќе следи негово претставување во Виторија. Дуарте претходно играше четири сезони во НБА лигата. Откако беше избран како тринаесетти ...

Искусниот голман на репрезентацијата на Зеленортските Острови, Возиња, кој привлече големо внимание со одличните настапи на годинешното Светско првенство, би можел кариерата да ја продолжи во чилеанскиот Коло Коло, пренесуваат јужноамериканските медиуми. Според информациите на чилеанскиот новинар Херман Гарсија Грове, Коло Коло испратил понуда до 40-годишниот голман, кој е подготвен да разговара со раководството на клубот за можната ...

Ардијан Чилафи, македонскиот младински репрезентативец, во новата сезона ќе има нов клуб затоа што си замина од италијанска Катанија. Играчот кој до скоро играше во У21-селекцијата на Македонија и беше дел од циклусот на натпревари, не ја доби шансата во Катанија, па двете страни го раскинаа договорот и тој си заминува. Пред да дојде во Катанија, Чилафи беше дел од сите младински погони на култната Сампдорија, а исто така претходно ...

Повремениот македонски репрезентативец Валон Етеми останува да игра на турско тло и во новата сезона која ни доаѓа. 28-годишниот играч кој настапува на левата крилна позиција последната сезона ја мина како позајмен во редовите на Сиваспор. Беше играч на Игдир, но по крајот на позајмицата двете страни го раскинаа договор. Сиваспор, очигледно задоволен од игрите на Етеми, му понуди договор на македонскиот фудбалер во времетраење од една сезона ...

Екипата на Браво од Словенија е следен европски ривал за Шкендија, а дека се работи за тим кој може да биде бауч, или тешко совладлив проблем, говори податокот за добриот старт на сезоната во Словенија. Браво како гостин дојде до победа на гостувањето кај поранешниот првак Олимпија Љубљана со резултат 0-2. Првиот погодок на мечот падна во 23. минута, а стрелец беше Санди Нухановиќ, додека вториот пристигна во самиот финиш кога домаќинот тргна ...

Фудбалските репрезентации на Франција и Англија ќе играат за третото место и бронзата на Светското првенство (СП) во САД, Канада и Мексико, а селекторите Дидие Дешамп и Томас Тухел ги одредија стартните состави. Изненадува отсуството на главните ѕвезди кај „гордиот албион“. Ги нема Хари Кејн, Џуд Белингем, Ентони Гордон, Џордан Пикфорд, во стартната единаесетка. Франција (4-2-3-1): Мањан; Густо, Конате, Лекрокс, Хернандез; Заир-Емери, Рабио; ...

Македонската младинска кошаркарска репрезентација забележа убедлива победа над Холандија со 89-60 и обезбеди натпревар за пласман на деветтото место на Европското првенство од Б-Дивизијата. Нашите кошаркари не го отворија најдобро натпреварот, бидејќи Холандија имаше предност од 23-16 по првата четвртина. Сепак, македонските кошаркари брзо го пронајдоа вистинскиот ритам, ја презедоа контролата врз играта и со одлична втора четвртина направија ...

Екипата на Работнички одигра пријателски натпревар со Брера Струмица во Скопје и успеа да слави со минимални 1-0 (0-0). Тимот на Баже Јанакиевски се соочи со ривалот на стадионот Алумина и победи со еден гол во второто полувреме. Единствен стрелец на мечот беше тинејџерот Матеј Киш, кој во 52. минута го постави конечниот резултат. Работнички и Брера се нови второлигаши, откако последната сезона не успеаја да го спасат прволигашкиот статус. ...

Лоши временски услови го нарушија распоредот пред големото финале на Светското првенство. Поради силни грмотевици и обилни врнежи од дожд, денешните тренинзи на репрезентациите на Аргентина и Шпанија беа откажани. Организаторите не сакаа да ризикуваат со безбедноста на фудбалерите, па двете селекции останаа без последниот тренинг на терен пред натпреварот за светската титула. Доколку невремето продолжи и во текот на денот, постои реална ...

Финалниот натпревар на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, кој ќе се одигра во недела на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, стана најскапиот во историјата на Мундијалите. Просечната цена на билет на пазарот за препродажба достигна околу 9.900 евра. Официјалните билети веќе не се достапни преку ФИФА, но сè уште можат да се најдат на платформите за препродажба. На „СтубХаб“, најевтините билети во петокот се продаваа за околу 7.125 евра, ...

Пелистер го одигра првиот контролен натпревар во рамките на летните подготовки, но битолскиот второлигаш претрпе убедлив пораз од грчки Паниониос со 8-0. Новиот тренер Христов го искористи пријателскиот натпревар за да им даде можност на сите фудбалери што ги има на располагање, а минутажа добија и неколку таленти од младинската школа, кои беа приклучени на подготовките на првиот тим. Иако резултатот е убедлив во корист на грчкиот состав, ...

Летонскиот претставник Рига во одлична атмосфера ќе допатува во Скопје за првиот натпревар против Вардар во второто квалификациско коло од Конференциската лига, откако забележа нова победа во домашниот шампионат. Рига славеше со 3-1 против Тукумс, иако гостите први поведоа на натпреварот. Летонскиот тим брзо се врати во игра и со пресврт стигна до нови три бода. Стрелци за Рига беа Бадалоси, Гало и М'Ханд, кои се погрижија нивниот тим да ја ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07