Верувале или не, Шкотска сè уште има математички шанси за пласман во осминафиналето на Светското првенство, иако таа опција тешко дека некој ја зема за сериозна. Шкотите се натпреваруваа во Групата Ц, каде што го освоија третото место во конкуренција на Бразил, Мароко и Хаити, и го завршија настапот со три освоени бода и гол-разлика 1-4. А дали навистина го завршија натпреварувањето и што треба да се случи во наредната ноќ за да се случи ...

Големиот број голови постигнати на досегашниот тек од Светското првенство без сомнение им донесе задоволство на љубителите на фудбалот ширум светот. Сепак, покрај мајсториите на најдобрите стрелци, на турнирот внимание привлекува и еден необичен статистички податок - автоголовите. Во моментов, на врвот на листата на стрелци се наоѓа Лионел Меси со пет постигнати голови. Но, доколку како посебна категорија се разгледуваат автоголовите, тогаш ...

Шпанија со победата од 1-0 над Уругвај го освои првото место во групата Х на Светското првенство, но натпреварот го одбележа повредата на Жереми Пино. Крилниот напаѓач на Кристал Палас во 87. минута незгодно падна и го повреди левиот дел од клучна коска. Иако чувствуваше големи болки, остана на теренот до крајот бидејќи селекторот Луис де ла Фуенте веќе ги искористи сите измени. „Можеби станува збор за скршеница на клучната коска. Многу ...

Холандскиот репрезентативец Вут Вегхорст официјално стави потпис на двегодишен договор со членот на Ередивизие, Твенте. 33-годишниот напаѓач доаѓа во новиот клуб како слободен играч, а претходно го носеше дресот на Емен, Хераклес, Аз Алкмар, Волфсбург, Барнли, Манчестер Јунајтед, Бешикташ, Хофенхајм и Ајакс. Токму во редовите на „копјаниците“ одигра 58 натпревари и постигна 18 голови, а сега се очекува да биде солидно засилување и за Твенте. ...

Колумбија и Португалија ноќеска ќе ја водат директната битка за првото место во Групата К на Светското првенство. Натпреварот во Мајами започнува во 01:30 часот по средноевропско време, а влогот е лидерската позиција пред нокаут фазата. На Колумбија ѝ одговара и реми за да остане на врвот во групата, додека Португалија мора да слави ако сака како првопласирана да се пласира во осминафиналето. Противникот ќе биде Хрватска или Гана, а ќе биде ...

Светското првенство во САД, Канада и Мексико испиша историја во фудбалот, откако стана најпосетуваниот Мундијал досега. Рекордот беше официјално соборен за време на натпреварот меѓу Германија и Еквадор, кога вкупната посетеност достигна 3.605.357 гледачи. Така падна досегашниот рекорд од Светското првенство во 1994 година, кое исто така се одржа во Соединетите Американски Држави. 3,605,357@FIFAWorldCup 2026 is the highest attended tournament ...

Еден од најпосебните моменти на Светското првенство не се случи на теренот, туку надвор од него. ФИФА му оддаде признание на германскиот новинар Хартмут Шерцер, човекот кој присуствувал на дури 17 светски првенства. Шерцер првпат известувал од Мундијалот во 1958 година, а оттогаш не пропуштил ниту едно Светско првенство. Со децении е еден од најпознатите новинари кои го следат најголемиот фудбалски настан, а така е и овојпат на 88-годишна ...

Машката младинска репрезентација на Македонија продолжува со успешните настапи во пресрет на Европското првенство. Избраниците на селекторот Игор Илиевски ја запишаа и втората победа во рамките на подготовките, откако во новиот контролен натпревар ја совладаа Саудиска Арабија со минимални 22-21. Македонските ракометари одиграа уште еден квалитетен натпревар и покажаа дека формата се движи во нагорна линија пред големиот предизвик што ги ...

Бутел Скопје продолжува да се екипира за новата сезона во Суперлигата, во која ќе биде предводен од Стојанче Стоилов. Нов договор потпиша Бојан Спасовски кој веќе долго е дел од клубот. Десното крило ја продолжи соработката со Бутел Скопје и стави потпис на нов двегодишен договор, со што ќе остане дел од клубот најмалку до летото 2028 година. Спасовски е еден од ракометарите со најдолг стаж во дресот на Бутел и во изминатите години беше ...

Италијанскиот гигант Милан ќе го сруши клупскиот трансфер рекорд, бидејќи го договори доаѓањето на Гонсало Рамос од редовите на ПСЖ. Напаѓачот е во втор план во редовите на европскиот првак, а по директен повик од Рубен Аморим доаѓа како прва желба на новиот тренер на „росонерите“. Рамос веќе ги мина медицинските прегледи во репрезентативниот камп на Португалија, а се очекува да допатува во Милано на потпис по крајот на Светското првенство за ...

Селекторот на хрватската репрезентација, Златко Далиќ, изјави дека неговиот тим не го прикажал очекуваното ниво на игра во досегашниот тек од Светското првенство и нагласи дека натпреварот против Гана е идеална можност за поправен испит. Хрватска вечерва во Филаделфија ќе се соочи со Гана во рамки на третото коло од групата Л, а исходот од средбата ќе биде клучен за шансите на „коцкестите“ за пласман во нокаут-фазата. „Не бевме на нашето ниво ...

Хорхе Мартин ја освои пол-позицијата за трката за Големата награда на Холандија, откако беше најбрз во квалификациите на патеката во Асен. Возачот на Априлиа до својата прва пол-позиција оваа сезона стигна со време од 1:30.812 минути, оставајќи ја конкуренцијата зад себе во исклучително неизвесни квалификации. На само 0.011 секунди зад Мартин заврши Аи Огура од Трекхаус, додека третото место му припадна на Марко Бецеки, исто така возач на ...

Групната фаза на Светското првенство влегува во самата завршница. До крајот остануваат уште само шест натпревари, односно последните пресметки во групите Ј, К и Л, по кои ќе биде комплетирана нокаут-фазата. Со оглед на тоа што во неколку групи се очекува драматична битка за местата кои водат во следната фаза, вреди да се потсети кои критериуми ќе одлучуваат доколку две или повеќе репрезентации имаат ист број бодови. Првиот критериум е ...

Лионел Меси нема да биде во стартниот состав на Аргентина за натпреварот против Јордан во последното коло од групата Ј на Светското првенство. Селекторот Лионел Скалони потврди дека капитенот ќе добие одмор, но најави дека ќе настапи во второто полувреме. „Лео ќе биде на клупата, но сигурно ќе влезе во игра подоцна“, изјави Скалони. Аргентина веќе го обезбеди првото место во групата, па стручниот штаб реши да ги зачува главните адути за ...

Македонската кошаркарска репрезентација влегува во завршницата од претквалификациите за Европското првенство 2029 година со јасна цел – две победи и потврда на првото место во групата. Пред важните дуели со Ирска и Луксембург, кои се на програмата на 2. и 5. јули, репрезентативниот бек Виктор Ташовски истакнува дека пристапот мора да биде максимално сериозен и фокусиран. По одличните настапи во дресот на ТФТ во Суперлигата и АБА 2 ...

Хрватска влегува во последното коло од групата Л под голем притисок, откако резултатите од останатите групи сериозно ѝ ги намалија шансите за пласман во нокаут-фазата со евентуален пораз од Гана. „Коцкестите“ во моментов имаат три бода и гол-разлика 3-5, но ремито меѓу Египет и Иран (1-1) значеше дека Иран заврши со три бода и подобра гол-разлика (3-3), па веќе е пред Хрватска во конкуренцијата на третопласираните селекции. Тоа значи дека ...

Зеленортските Острови се една од најубавите приказни на Светското првенство, а Тјери Анри уште пред стартот на турнирот најави дека оваа селекција може да направи големо изненадување. Француската легенда тогаш порача: „Внимавајте на Зеленортските Острови“, а сега неговите зборови добија целосна тежина. Малата африканска земја без пораз се пласира во шеснаестинафиналето и го привлече вниманието на фудбалскиот свет. За прогнозата на Анри ...

Уругвај го заврши настапот на Светското првенство порано од очекуваното, а по поразот од Шпанија со 1-0, селекторот Марсело Биелса не бараше оправдувања и целата одговорност ја презеде врз себе. Искусниот аргентински стратег беше видно разочаран по елиминацијата и испрати силна порака. На прашањето што оставил зад себе во уругвајскиот фудбал, Биелса одговори без двоумење: „Што оставив на уругвајскиот фудбал? Ништо“. With all due respect, ...

Иран пропушти одлична можност директно да се квалификува во нокаут-фазата на Светското првенство. Ремито против Египет (1-1) во Сиетл остави горчлив вкус, особено поради поништениот гол на Мехди Тареми во судиското продолжение. Доколку голот останеше на сила, Иранците веќе ќе славеа историски пласман меѓу најдобрите 32 селекции на светот. На овој начин, репрезентацијата на Иран ја заврши групната фаза со три бода и сега мора да ги чека ...

Девет од дванаесетте групи на Светското првенство се комплетирани, а по расплетите во Г, Х и И, добивме пет нови парови од шеснаесетинафиналето. Бранителот на титулата Аргентина во првата рунда од нокаут-фазата ќе се сретне со селекцијата на Зеленортски Острови. Дебитантите на Светското првенство приреди сензација и ја поминаа групата без пораз, завршувајќи на второто место со три нерешени. Победникот од тој дуел во осминафиналето ќе се ...

Фудбалските селекции на Египет и Иран одиграа 1-1 во последното коло од групата Г, резултат кој ги однесе Египќаните во нокаут-фазата, додека Иранците остануваат во неизвесност околу пласманот како една од најдобрите третопласирани селекции. Египет одлично го отвори натпреварот и поведе уште во петтата минута преку Махмуд Сабер, кој ја искористи грешката во иранската одбрана и донесе рана предност. Иран брзо се врати во игра, откако Мостафа ...

Фудбалската селекција на Белгија конечно го покажа вистинското лице и со убедлив триумф од 5-1 над Нов Зеланд обезбеди пласман во нокаут-фазата на Светското првенство како првопласирана селекција во групата Г. По двата нерешени резултати против Египет и Иран, „црвените ѓаволи“ од самиот старт тргнаа офанзивно и решително против аутсајдерот во групата. Притисокот вроди со плод во 28. минута кога Леандро Тросар ја затресе мрежата за водство од ...

Голманот на Гана, Бенџамин Асаре, е една од најубавите приказни на Светското првенство. Триесет и тригодишниот чувар на мрежата стана национален херој по фантастичниот настап против Англија и ремито без голови. Патот на Асаре до репрезентацијата бил далеку од лесен. По тешката скршеница на ногата во 2021 година, паузираше 18 месеци, а многумина го советувале да ја заврши кариерата. За да преживее работел како автобуски кондуктер, столар и ...

Селекцијата на Шпанија со минимални 1-0 го совлада Уругвај во Гвадалахара и како првопласирана селекција во групата Х се пласираше во 1/16-финалето на Светското првенство. „Црвената фурија“ ја заврши групната фаза со седум освоени бода и без примен гол, а во следната рунда ќе се соочи со Австрија или Алжир. Натпреварот започна со многу цврста и агресивна игра, особено од страна на Уругвајците, кои влегуваа жестоко во дуелите, но не успеваа да ...

Фудбалерите на Зеленортските Острови испишаа историја и обезбедија пласман во 1/16-финалето на Светското првенство, откако во последното коло од групата Х одиграа без голови против Саудиска Арабија (0-0) во Хјустон. Со три нерешени резултати во групната фаза, африканската селекција го освои второто место и во нокаут-рундата ќе се соочи со актуелниот светски шампион Аргентина. Натпреварот во Хјустон не понуди многу возбудувања. Саудиска ...

Реал Мадрид подготвува голем трансфер ова лето, а во центарот на вниманието се дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, и младиот аргентински талент Нико Паз. Според шпанскиот „АС“, новиот тренер Жозе Мурињо го посочил Бастони како еден од главните приоритети за засилување на одбраната, откако пропаднале опциите за Рубен Дијас и Нико Шлотербек. Планот на „кралевите“ е најпрво да ја активираат откупната клаузула за Нико Паз, вредна девет ...

Хрватска и Гана во последното коло од групната фаза на Светското првенство ќе одиграат натпревар кој, покрај борбата за пласман, привлече внимание и поради необична ситуација поврзана со еден од најдобрите гански фудбалери, Томас Парти. Во пресрет на дуелот, во јавноста се појавија шпекулации дека на Гана можеби повеќе ѝ одговара да не победи. Причината е можниот расплет во групата и фактот што Парти, поради правни проблеми во Велика ...

Египќанецот Мохамед Салах би можел наскоро да направи еден исклучително профитабилен потег во својата кариера, откако саудискиот клуб Ал-Хилал сериозно се вклучи во трката за неговиот потпис. Според информациите на бразилскиот новинар Бруно Андраде, клубот од Ријад го означил Салах како апсолутен приоритет за засилување на нападот по завршувањето на Светското првенство. Раководството на Ал-Хилал е решено да донесе звучно име во своите редови, ...

Сопругата на бразилскиот репрезентативец и фудбалер на Барселона, Рафиња, Наталија Родригез, јавно ги демантираше шпекулациите дека нивното семејство се соочува со финансиски проблеми. Таа преку социјалните мрежи реагираше на гласините кои во последните денови се проширија во медиумите и на интернет, истакнувајќи дека информациите се целосно неточни и дека нејзиното семејство нема никакви финансиски потешкотии. „Апсурдно ми е воопшто да ...

Во пресрет на шеснаесетинафиналниот натпревар меѓу Соединетите Американски Држави и Босна и Херцеговина на Светското првенство, американските медиуми со голем респект зборуваат за селекцијата на Сергеј Барбарез. Поранешниот американски репрезентативец Мајк Грела, кој настапуваше за Лидс Јунајтед, Брентфорд и неколку клубови во Англија и САД, во анализа за „CBS Sports“ посебно го издвои 18-годишниот талент Карим Алајбеговиќ. „Многу клубови ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.98
17%
1012
weather icon

Белград

36ᴼ / 36ᴼ
3.13
31%
1013
weather icon

Загреб

39ᴼ / 39ᴼ
1.28
19%
1012
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
3.55
26%
1014
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
5.05
23%
1014
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 33ᴼ
0.45
40%
1014
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
5.36
31%
1012
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
5.45
26%
1013
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
6.01
26%
1012
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 35ᴼ
1.79
32%
1016
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 39ᴼ
0.89
19%
1014
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 27ᴼ
7.62
75%
1013
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7618

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Алуминиум

3.23

Цинк

0.00

Бакар

13.37

Платина

56295.96

Злато

133030.14

Паладиум

43242.75

Родиум

269262.50

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Сребро

1954.91

Калај

55.95