Машката младинска репрезентација на Македонија денес го одигра претпоследниот натпревар на Европското првенство во Романија, каде забележа пораз од селекцијата на Полска по изведување пенали, откако во регуларното време мечот заврши со конечни 28-28. За избраниците на селекторот Игор Илиевски ова беше петти пораз на континенталниот собир, што значи дека ќе разигруваат за пласман помеѓу 19. и 20. позиција. Противник на нашите надежи ќе биде ...

Дресот што бразилската фудбалска легенда Пеле го носеше во финалето на Светското првенство во 1958 година е официјално продаден за 4,88 милиони долари на онлајн аукција организирана од куќата „Сотебис“. Пеле го носеше овој син дрес со кратки ракави во финалето против Шведска во 1958 година, кога на само 17 години постигна два гола и му ја донесе првата светска титула на Бразил. Наддавањето се одвиваше во периодот од 29 јуни до 16 јули 2026 ...

Македонската фудбалска репрезентација ја очекува нов циклус во Лигата на нации, каде за првпат ќе настапува во „Б“ сегментот, а за противници ќе ги има селекциите на Швајцарија, Шкотска и Словенија. Циклусот го отвораме против Швајцарците на 26 септември во Скопје, а сега е познато дека возвратниот дуел ќе се одигра на „Свиспор Арена“ во градот Луцерн, на шести октомври годинава. Швајцарија ќе важи за голем фаворит во оваа пресметка, а ...

Елиминацијата на Англија од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство донесе лавина критики на сметка на селекторот Томас Тухел, но во негова одбрана застана Јирген Клоп. Англичаните по водството се повлекоа, а до крајот на натпреварот имаа само 36 проценти посед на топката и упатија пет удари кон голот. Таквиот пристап беше причина многумина да го обвинат Тухел за поразот и испуштеното финале. Сепак, Клоп смета дека анализите по ...

Турскиот репрезентативец Зеки Челик е нов фудбалер на Јувентус, откако клубот од Торино официјално го потврди неговиот трансфер.Трансферот претставуваше огромно изненадување во италијанскиот фудбал, бидејќи 29-годишниот десен бек веќе имаше усна согласност за обновување на договорот со Рома. Сепак, Јувентус експресно реагираше во последен момент и го „украде“ фудбалерот како слободен агент. Челик потпиша тригодишен договор кој е со важност до ...

Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе ја дели правдата на големото финале на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија, што претставува најголемото признание во неговата досегашна судиска кариера. Откако од ФИФА му соопштија дека е избран за главен арбитар на најважниот натпревар во светскиот фудбал, 46-годишниот Словенец не можеше да ги сокрие емоциите. На видеото објавено од ФИФА се гледа како ја наведнува главата, го покрива лицето со ...

Второлигашот Осогово од Кочани ги започна подготовките за новата сезона. Шефот на стручниот штаб, Крсте Крстев, ја одржа првата прозивка и првиот тренинг на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани. „Жетварите“ претставија неколку засилувања за новата сезона. Во тимот на Осогово пристигнаа голманот Симон Стојковски и Даријан Трајнов од Каменица Саса, Во Кочани пристигна и Давид Бошески фудбалер од средниот ред кој до минатата сезона го ...

Македонската ракометарка Матеа Чурлиновска преку емотивна објава на социјалните мрежи објави дека става крај на својата ракометна кариера. По осум години поминати на ракометните терени, Чурлиновска одлучи да го затвори ова животно поглавје, испраќајќи искрена порака во која се заблагодари на сите што биле дел од нејзиниот пат, но и суптилно посочи дека во спортот не секогаш се вреднуваат трудот и квалитетот. „Не е лесно да се збогуваш со ...

Македонскиот ракометен првак ЖРК Ѓорче Петров го донесе седмото засилување пред стартот на подготовките за новата сезона. Нов член на „лавиците“ е 28-годишната романска ракометарка Сабрина Лазеа. Се работи за играч кој игра на трите бековски позиции и во одбраната, па се очекува да биде големо засилување за следните предизвици. Романката има искуство во европските купови низ кариерата, со Таргу Џиу играше во Европската лига на ЕХФ, додека со ...

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е сè поблиску до заминување од турскиот Кочаелиспор, откако стана јасно дека не е во плановите на стручниот штаб за претстојната сезона. Според информациите од Турција, раководството на клубот и 25-годишниот крилен напаѓач се во завршна фаза од преговорите за спогодбен раскин на договорот. Се очекува во текот на следната недела да бидат договорени и последните детали, по што разделбата ќе биде ...

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Џејкоб Вајли во новата сезона ќе настапува во израелското првенство, откако потпиша договор со Ирони Хаи Моторс Нес Циона. Триесет и едногодишниот центар, кој покрај американското поседува и македонско државјанство, во изминатиот период настапуваше за Сантерос де Агуада во првенството на Порторико. Во 27 натпревари минатата сезона бележеше просек од 13,3 поени, 6,2 скока, 2,6 асистенции и една украдена ...

Штипска Брегалница ја продолжи соработката со Давид Калпачки и Благој Хаџи-Кимов, кои ќе ги предводат „сините“ и во новата сезона. Новиот прволигаш така ги поставува контурите на тимот, иако релативно доцни со организирањето и структурирањето. 26-годишниот Калпачки значително помогна во влезот на тимот во Прва лига. Благој Хаџи-Кимов потекнува од школата на клубот, има 21 година и пред него е сигурна иднина. Претходно, Брегалница ја продолжи ...

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер ќе игра во групната фаза на Европската лига на ЕХФ, а на ждрепка ги доби ривалите во новата сезона 2026/27 која ќе стартува за два месеци. „Зелените“ од Битола имаа статус на носители заради добриот коефициент на Македонија, а од првиот сад, ждрпката ги смести во групата Г каде ќе играат заедно со екипите на Гумерсбах и Ла Риоха, претставници на најсилните лиги во Европа, Германија и Шпанија, ...

Машката младинска репрезентација на Македонија денес ги продолжува настапите на Европското првенство од Дивизијата Б во Братислава, каде по освоеното трето место во групата А ќе разигрува за пласман од 9. до 16. место. Прв предизвик за избраниците на селекторот Никола Велев ќе биде селекцијата на Грузија. Натпреварот е закажан за 13:30 часот, а македонските кошаркари посакуваат со победа да го продолжат настапот во борбата за што повисок ...

Европската сезона започна разочарувачки за црногорските претставници. По настапите во првите квалификациски кола, Морнар, Дечиќ и Петровац ги завршија своите настапи, додека единствено Сутјеска ќе ја продолжи европската авантура, но во квалификациите за Конференциската лига, откако беше елиминирана од квалификациите за Лигата на шампионите. Црногорските клубови одиграа вкупно осум натпревари во Европа и не успеаја да дојдат до ниеден ...

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги дозна противниците во втората рунда од претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029. По минхенската ждрепка, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе се натпреваруваат во групата „Ф“, заедно со селекциите на Австрија и Кипар. По извлекувањето на групите, Берокал оцени дека Македонија ја очекуваат двајца сериозни ривали, а акцентот го стави на добрата подготовка и желбата ...

Полуфиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Аргентина и Англија донесе многу борба, нервоза и тензии, а еден од најинтересните моменти беше расправијата меѓу Лионел Меси и Џуд Белингем. Англискиот репрезентативец не се согласи со одлуката на судијата да досуди прекршок во корист на капитенот на Аргентина, по што влезе во жестока дискусија со осумкратниот освојувач на „Златната топка“. Камерите го забележаа нивниот разговор, а снимката ...

Леброн Џејмс првпат се појави во јавноста откако официјално ги извести Лос Анџелес Лејкерс дека го напушта клубот и како слободен агент кариерата ќе ја продолжи во друг клуб. Иако сите очекуваа да соопшти каде ќе игра следната сезона, 40-годишната НБА легенда не сакаше да ја открие својата одлука за време на настапот на „Fanatics Fest“ во Њујорк. Џејмс беше гостин во подкастот „Mind the Game“, чиј домаќин беше кошаркарот на Индијана Пејсерс, ...

ФИФА продолжува да внесува елементи од американската спортска култура на Светското првенство, па така финалето меѓу Шпанија и Аргентина ќе донесе историска новина. Покрај трофејот и златните медали, новиот светски шампион за првпат во историјата ќе добие и шампионски прстени, потврди ФИФА на својата официјална веб-страница. Станува збор за традиција која со децении е заштитен знак на професионалните американски лиги како НФЛ, НБА, МЛБ и НХЛ, ...

Словенечкиот арбитар Славко Винчиќ ќе биде главен судија на големото финале на Светското првенство, кое ќе се одигра в недела од 21:00 часот на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси. ФИФА објави видео од моментот кога легендарниот Пјерлуиџи Колина му соопштува на Винчиќ дека токму тој ја добил довербата да го суди најважниот натпревар на Мундијалот. Искусниот 46-годишен судија од Марибор не ги сокри емоциите, свесен дека ова е врвот на неговата ...

Англискиот селектор Томас Тухел жестоко го критикуваше натпреварот за третото место на Светското првенство, истакнувајќи дека ниту неговите, ниту француските фудбалери немаат желба да играат во таков дуел. По поразот од Аргентина (2-1) во полуфиналето, Англија ќе се соочи со Франција во борбата за бронзениот медал, но Тухел смета дека по пропуштеното финале е тешко да се најде мотивација. „Ниту еден наш фудбалер, ниту еден француски фудбалер ...

Во пресрет на ждрепката за групната фаза на Европската лига во ракомет, македонскиот претставник, Еурофарм Пелистер, е носител и се наоѓа во првиот шешир. Битолчани не може да се сретнат со следните ривали: Бенфика (Португалија), Бидасоа Ирун (Шпанија), Фленсбург (Германија), Нексе (Хрватска), Татабања (Унгарија), Савехоф (Шведска), Извиѓач (Босна и Херцеговина). Шешир 1: Еурофарм Пелистер (Македонија), Бенфика (Португалија), Бидасоа Ирун ...

Американскиот кошаркар Џерон Блосомгејм (32) и официјално е нов член на Дубаи, откако клубот од Обединетите Арапски Емирати го потврди неговиот ангажман. Искусниот крилен играч стави потпис на двегодишен договор, а во Дубаи пристигнува по четири успешни сезони поминати во Монако. Во изминатата сезона од Евролигата, Блосомгејм имаше просек од 9,8 поени и 4,2 скока по натпревар. Во текот на својата кариера настапуваше за повеќе тимови во ...

Македонскиот вицешампион Шкендија продолжува во втората руна од квалификациите на конференциската лига. Тетовчани целата работа во дуелот против гибралтарскиот состав на Европа си го завршија уште на првиот натпревар. На гостински терен Шкендија славеше со убедливи 0-5, па денешниот реванш натпревар беше само чиста формалност. Дуелот одигран вечерва на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, тетовчани го добија со 1-0. „Задоволен сум од ...

Екипата на Динамо Минск успеа да слави во Скопје со 1-0 против Силекс, да ја анулира негативата од првиот меч, а потоа по пенали со резултат 6-5 се пласира во следната рунда на Конференциската лига на УЕФА. По мечот, тренерот Олександр Шагојко им честита на играчите за изданието. „Одигравме тежок меч за нас како што очекувавме. Знаевме дека ни следи ваков стил на игра, плус влијаеше доста на мечот и топлото време. Првото полувреме беше ...

Кратовски Силекс не успеа да ја мине првата пречка во квалификациите за Конференциската лига и втора година по ред е елиминиран уште во воведното коло. Победата на првиот натпревар не беше доволна за успех против белорускиот претставник, откако Динамо Минкс возврати со 0-1 во Скопје и потоа беше поуспешен во пенал-рулетот. Во поразот свое видување искажа тренерот на македонскиот тим Александар Васоски. „Имавме еден исцрпувачки натпревар. ...

Екипата на Силекс ги заврши настапите во Конференциската лига откако по пенали испадна од белорускиот тим Динамо Минск. Регуларниот дел заврши со победа на белорускиот тим од 1-0, па така, заради триумфот на кратовчани на гостински терен со идентичен резултат, следеа продолженија во кои немаше голови, а патникот во следната фаза го дадоа шутевите од белата точка во кој гостинот беше поуспешен со 6-5. Во следната рунда, Динамо Минск ќе игра ...

Екипата на Силекс испадна од Конференциската лига на УЕФА по пенали. Динамо Минск победи во Скопје со 0-1, поуспешна беше и во пеналите со 5-6 заради промашувањето на Ангелче Тимовски. По мечот, зовреа страстите на тренинг-центарот на ФФМ. Гостите влегоа во вербален дуел со играчите на македонскиот тим и следеше судир на двата тима. Сепак, брзата реакција спречи поголем инцидент по крајот на натпреварот и страстите се смирија. Екипата на ...

Тетовска Шкендија ја оправда улогата на фаворит против Европа од Гиблартар и се пласираше во второто коло од квалификациите за лигашката фаза од Конференциската лига. „Црвено-црните“ во Скопје славеа со 1-0 и со вкупни 5-0 патуваат понатаму во овие квалификации, а сега пред себе имаат словенечки предизвик. Следен противник за Шкендија ќе биде тимот на Браво од Словенија, кој беше слободен во првото коло. Првиот натпревар се игра на словенечко ...

Македонскиот фудбалски шампион забележа уште една победа над Европа во квалификациите за Конференциската лига (1-0) и со вкупни 5-0 се пласираше во втората фаза. skendija Шкендија и Европа одиграа мирно и не така атрактивно прво полувреме на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Тетовчани ја имаа иницијативата и повеќе ја контролираа играта, но потешко создаваа вистински шанси пред голот на гостите од Гибралтар. Најдобрата можност за домашниот ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Сребро

1670.34