Австрија и Алжир одиграа спектакуларен натпревар во последното коло од групата Ј на Светското првенство, кој заврши без победник (3-3). Австријците се спасија од пораз со гол во шестата минута од судиското продолжение. Ремито им одговараше на двете селекции, па уште пред почетокот на средбата постоеја сомнежи дека може да се игра за резултат што ќе им одговара на двата тима. Најинтересниот момент се случи по израмнувачкиот гол на Австрија во ...

Селекторот на Колумбија, Нестор Лоренцо, изјави дека неговата репрезентација прикажала одлична игра против Португалија, но дека недостигала добра завршница на шансите со кои екипата можеше да извојува и победа против фаворитот. Колумбија одигра 0-0 против Португалија во последното коло од групата К, но и покрај ремито го освои првото место во групата и обезбеди пласман во елиминациите на Светското првенство. „Колумбија одигра фантастичен ...

Шпанија се соочи со сериозни проблеми непосредно пред почетокот на нокаут фазата на Светското првенство, откако повреди заработија двајца важни офанзивци. Најтешко мина Нико Вилијамс, кој по натпреварот со Уругвај емотивно се огласи на социјалните мрежи. „Ова ми е еден од најлошите денови во животот. Повторно се повредив по една многу тешка година“, напиша 23-годишниот крилен напаѓач, кој воедно оцени дека стартот на Николас де ла Круз бил ...

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека на натпреварот против Јордан сакал да им даде можност на фудбалерите кои досега немале голема минутажа на Светското првенство. Аргентина славеше со 3-1 против Јордан во последното коло од групата Ј и со максимални девет бодови го заврши настапот во групната фаза на првото место. „Сакавме момците кои досега не добија многу шанса да играат, да добијат повеќе минути на теренот. Тоа е многу ...

По завршувањето на групната фаза од Светското првенство, статистиката открива интересен тренд - головите во последните десет минути од натпреварите играат сè поважна улога на турнирот. Според податоците, на дури 36 од вкупно 72 натпревари во групната фаза бил постигнат најмалку еден гол по 80. минута. Високиот процент на голови во завршницата бил присутен уште од самиот почеток на шампионатот. Во првото коло, на 24 натпревари биле постигнати ...

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, по победата над Гана на Светското првенство, изјави дека неговиот тим мора да добие далеку поголема почит и очекува од домашната јавност максимална поддршка, а не „плукање“ и критики. „Коцкестите“ извојуваа важна победа (2-1) и се пласираа во нокаут-фазата, а Далиќ имаше што да им порача на критичарите и на оние што ги омаловажуваа играчите по неубедливото издание против Панама. „Кај нас е најлесно да ...

Британецот Џорџ Расел ја забележа втората победа во Формула 1 сезонава, откако денес беше најдобар на трката за Големата награда на Австрија - Ред Бул Ринг. Расел прикажа извонредно возење и не дозоволи да си ја загрози водечката позиција, а зад него останаа Макс Верстапен и лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели. Четвртото место му припадна на Оскар Пјастри, а Луис Хамилтон од Ферари финишираше како петтопласиран. Антонели е лидер во ...

Женскиот турнир на Вимблдон оваа година ќе има посебно значење за македонскиот спорт. Лина Ѓорческа стана првата тенисерка од Македонија која избори место во главната ждрепка на еден Грен слем турнир. Македонската тенисерка до историскиот успех стигна преку квалификациите, а во главната рунда на Вимблдон ќе дебитира против шестата носителка Аманда Анисимова. Со овој пласман, Ѓорческа испиша нова страница во македонскиот тенис и ќе биде дел од ...

Македонскиот ракометен суперлигаш, Бутел Скопје, објави дека ја продолжува соработката со Дејан Михајловиќ, кој останува во Скопје до 2028 година. Новата соработка е логична, со оглед на неговите одлични настапи минатата сезона, во која беше меѓу најдобрите стрелци во екипата. Кружниот напаѓач се очекува да биде одлична тимска алка и во следните две сезони, а бутелчани со неговото задржување најавуваат дека повторно имаат високи амбиции во ...

Селекторот на Гана, Карлос Кеирош, упати критики кон проширениот формат на Светското првенство со 48 репрезентации, и покрај тоа што неговата селекција обезбеди пласман во нокаут-фазата на турнирот. Африканската селекција претходно ја совлада Панама и одигра нерешено против Англија, што беше доволно за пласман како една од најдобро рангираните третопласирани репрезентации. И покрај поразот од Хрватска со 2-1 во Филаделфија, нивното место во ...

Стив Кларк повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Шкотска. Искусниот стратег одлучи да ја напушти функцијата по завршувањето на настапот на националниот тим на Светското првенство, ставајќи крај на една од најуспешните ери во поновата историја на шкотскиот фудбал. Кларк ја презеде репрезентацијата во 2019 година и успеа да ја врати Шкотска на големата сцена. Под негово водство националниот тим обезбеди пласман на Европското ...

Селекторот на Австрија, Ралф Рангник, остро ги демантираше шпекулациите дека ремито 3-3 против Алжир во последното коло од групата Ј на Светското првенство било однапред договорено за двете селекции да се пласираат во нокаут-фазата. Иако нерешениот резултат навистина ги одведе Австрија и Алжир во елиминациската рунда, германскиот стратег порача дека случувањата на теренот се најдобар доказ дека немало никакви калкулации. „Да ви кажеше некој ...

Јапонецот Аи Огура е победник на трката за Големата награда на Холандија, која се возеше во рамки на Мото ГП шампионатот. Возачот на Трекхаус извозе одлично и прикажа присебност во клучните моменти, не дозволувајќи ѝ на конкуренцијата да му се приближи во самиот финиш на трката. Зад Огура, на целта мина Шпанецот Раул Фернандез, кој ја имаше пол-позицијата, а третото место му припадна уште еден Шпанец, Хорхе Мартин. Фабио Ди Џанантонио на ...

Вимблдон 2026 година, или веројатно најголемата шанса за Новак Ѓоковиќ да го зголеми својот недостижен рекорд и да ја освои 25. Грен Слем титула. Колку е тоа реално, во овој момент знае само најдобриот тенисер на сите времиња, а во голема мера ќе зависи од неговата физичка подготвеност. Знаеме дека Ѓоковиќ е еден од ретките специјалисти за игра на трева на целиот АТП тур, но ако уште на самиот почеток на турнирот го слушнеме она што го изјави ...

Лионел Меси продолжува да одушевува на Светското првенство. Иако натпреварот против Јордан го започна од клупата за резерви, капитенот на Аргентина влезе во игра во второто полувреме, постигна гол во победата од 3-1 и повторно испиша историја на Мундијалите. Со погодокот против Јордан, Меси стигна до својот шести гол на овој собир, со што дополнително се зацврсти на врвот на листата на стрелци. Воедно, тоа беше негов деветнаесетти погодок на ...

Хари Кејн игра сезона од соништата и продолжува да испишува историја. Напаѓачот на Англија стигна до неверојатни 70 гола во сите натпреварувања за клубот и репрезентацијата, со што го надмина легендарниот Кристијано Роналдо по бројот на постигнати погодоци во една сезона. Со тоа, капитенот на Англија се искачи на второто место на вечната листа, а пред него останува само Лионел Меси, кој во феноменалната сезона 2011/12 постигна дури 82 гола во ...

Ракометниот клуб Младост 1977 Богданци продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а најново засилување е Мартин Иванов. Дваесетгодишниот десен крилен ракометар доаѓа од МРК Куманово, а зад себе има и настапи за младинската репрезентација на Македонија. Во Богданци веруваат дека станува збор за перспективен играч, кој ќе донесе брзина и дополнителна енергија на крилната позиција. Иванов заедно со Ѓорѓе Атанасов ќе ја засили ...

Еден од најдобрите странски фудбалери во историјата на Шкендија, Стенио Жуниор, повторно се врати во Тетово. Бразилецот ја искористи паузата од своите обврски во тајландскиот фудбал за да го посети клубот во кој мина шест незаборавни години. За време на престојот во Тетово, Стенио се сретна со луѓето од клубот, со кои се потсети на убавите моменти, период во кој освои четири трофеи и остави длабока трага во дресот на Шкендија. Од тетовскиот ...

Од 20 до 23 август Прилеп повторно ќе биде домаќин на традиционалниот меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски“, кој се организира во чест на еден од најдобрите прилепски ракометари. Покрај домаќинот Прилеп, на овогодинешното издание ќе настапат уште Бутел Скопје, Мулти Есенс, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш и Младост 1977 Богданци, што ветува квалитетни натпревари во пресрет на новата сезона. Организаторите најавија дека во наредниот период ...

Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да ја освои титулата на ИТФ М25 турнирот во Загреб, откако во финалето беше поразен од Узбекистанецот Кумојун Султанов со 2-0 во сетови (6-4, 6-4). Во мечот кој траеше еден час и 48 минути, Ивановски пружи силен отпор, но Султанов, кој беше седми носител на турнирот, во двата сета успеа да направи по еден клучен брејк и да ја сочува предноста до самиот крај. И покрај поразот во финалето, Ивановски ...

Ракометниот клуб Бутел Скопје ја продолжи соработката со еден од своите најважни играчи, Дејан Михајловиќ. Кружниот напаѓач потпиша нов двегодишен договор и ќе го носи дресот на скопскиот клуб најмалку до летото 2028 година. Михајловиќ беше меѓу најдобрите стрелци на Бутел Скопје во изминатата сезона и со своите настапи имаше значајна улога во играта на тимот. Токму затоа, продолжувањето на договорот претставува важен чекор во градењето на ...

Африканскиот фудбал испиша нова страница во својата историја на Светското првенство. Дури девет од десетте африкански репрезентации кои настапија на турнирот успеаја да ја минат групната фаза и да обезбедат место во шеснаесетинафиналето. Меѓу селекциите кои продолжуваат во елиминациската фаза се Јужна Африка, Зеленортските Острови, Брегот на Слоновата Коска, Мароко, Сенегал, Гана, Египет, ДР Конго и Алжир. Единствената африканска ...

Македонската кошаркарска репрезентација продолжува со подготовките за јулскиот ФИБА „прозорец“ во претквалификациите за Европското првенство 2029 година, а пред првиот предизвик против Ирска, оптимизам и максимална посветеност владеат во таборот на „црвено-жолтите“. Еден од играчите од кои се очекува значаен придонес е Виктор Ефремовски. Бек-шутерот го дочека овој циклус како најдобар стрелец во Суперлигата, а добрата форма ја потврди и на ...

Македонскиот репрезентативен голман Игор Алексовски и официјално е нов член на албанскиот прволигаш Елбасан. Откако трансферот беше најавен претходно, клубот ја потврди соработката со македонскиот чувар на мрежата. Алексовски во Елбасан пристигнува од Фљамуртари, каде што настапуваше во изминатиот период, а сега се реши за нов предизвик во кариерата. Македонскиот голман ќе биде дел од амбициозен проект, бидејќи Елбасан ова лето ќе ја ...

Македонската кошаркарска репрезентација на 2 јули во Скопје ќе ја пречека Ирска во натпревар од претквалификациите за Евробаскет 2029, а гостите ќе настапат со значително подмладен состав. Селекторот Мајкл Бри во конечниот список од дванаесет кошаркари вклучи дури шест дебитанти, со што јасно најавува почеток на нов циклус во ирската репрезентација. Најголемиот дел од новите имиња доаѓаат од американската колеџ-кошарка. Петмина од дебитантите ...

Фудбалската репрезентација на Иран доживеа едно од најболните елиминации во историјата на Мундијалите, откако остана без пласман во нокаут-фазата буквално во последните секунди од групната фаза. Иранците до самиот крај се надеваа дека ќе испишат историја, а нивните шанси нагло пораснаа кога Ријад Марез во судиското продолжение погоди за водство на Алжир од 3-2 против Австрија. Тој резултат ги носеше Иранците меѓу најдобрите 32 репрезентации, ...

По комплетирањето на групната фаза на Светското првенство, трката за престижната награда „Златна копачка“ станува сè поинтересна, а на врвот на листата се наоѓа аргентинскиот капитен Лионел Меси. Со голот во победата над Јордан (3-1), Меси стигна до шест погодоци и се издвои како прв стрелец на досегашниот тек од шампионатот. Веднаш зад него се наоѓаат Килијан Мбапе од Франција, Ерлинг Халанд од Норвешка и Винисиус Јуниор од Бразил со по ...

По комплетирањето на групната фаза, Светското првенство вечерва влегува во највозбудливиот дел од турнирот – елиминациската фаза. Првиот натпревар од шеснаесетинафиналето ќе се одигра во Лос Анџелес со почеток од 21:00 часот, а силите ќе ги одмерат Канада и Јужна Африка. За двете репрезентации ова ќе биде историски момент, бидејќи првпат ќе настапат во нокаут-фазата на едно Светско првенство. Улогата на фаворит ѝ припаѓа на Канада, која како ...

Групата К на Светското првенство ја доби својата разврска, а последното коло донесе две различни приказни. Во дербито на групата, Португалија и Колумбија одиграа без голови 0-0, додека ДР Конго со победата од 3-1 над Узбекистан го потврди пласманот меѓу најдобрите 32 селекции. Во дуелот меѓу Португалија и Колумбија немаше голови, но имаше голема борба и многу тактичко надмудрување. Со освоениот бод, Колумбија го задржа првото место во ...

Лука Модриќ продолжува да пишува историја во светскиот фудбал. Капитенот на Хрватска стана најстариот фудбалер со асистенција на Светско првенство, откако во победата над Гана од 2-1 беше еден од клучните луѓе за пласманот на „коцкестите“ во нокаут-фазата. Модриќ, кој има 40 години, во 83. минута изведе одличен корнер, по кој Никола Влашиќ со глава го постигна победничкиот гол за Хрватска. Со тоа искусниот играч за врска стана најстариот ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.98
15%
1012
weather icon

Белград

37ᴼ / 37ᴼ
2.24
30%
1013
weather icon

Загреб

39ᴼ / 39ᴼ
1.28
20%
1012
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
3.55
26%
1014
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
5.05
20%
1013
weather icon

Љубљана

37ᴼ / 35ᴼ
2.36
40%
1013
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
7.15
32%
1012
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
5.45
22%
1013
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
6.01
21%
1012
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 35ᴼ
2.24
31%
1015
weather icon

Будимпешта

40ᴼ / 40ᴼ
2.24
19%
1013
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
7.62
100%
1013
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7618

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Паладиум

43242.75

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Родиум

269262.50

Бакар

13.37

Алуминиум

3.23

Сребро

1954.91

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Платина

56295.96

Злато

133030.14

Калај

55.95