Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Екипите на Германија и Парагвај ја продолжуваат програмата од 1/16-финалето на Светското првенство (СП) во САД, Канада и Мексико, а тренерите Јулијан Нагелсман и Густаво Алфаро ги одредија стартните тимови. Од првата минута на овој меч ќе почне јунакот од групната фаза Дениз Ундав, кој ќе биде во офанзивниот дел на „панцерите“. Германија (4-2-3-1): Нојер; Кимих, Рудигер, Тах, Браун; Нмеча, Павловиќ; Сане, Ундав, Вирц; Хаверц Парагвај ...
Бразил со голем пресврт обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство, откако ја совлада селекцијата на Јапонија со 2-1 во возбудлив натпревар. Јапонците приредија изненадување во првото полувреме и поведоа во 29. минута преку Каишу Сано, кој ја искористи големата грешка на Данило, ја пресече топката и со прецизен удар од дваесетина метри го совлада Алисон. Избраниците на Карло Анчелоти имаа голем посед на топката, но тешко ...
Македонскиот фудбалер Стефан Јевтоски ја заврши својата двегодишна етапа во Струга Трим Лум и кариерата ќе ја продолжи во Индонезија, каде што потпиша за ПСМ Макасар. Стружани официјално потврдија дека соработката со Јевтоски е завршена, откако играчот решил да прифати нов предизвик во азискиот фудбал. Јевтоски пристигна во Струга Трим Лум во јули 2024 година, а своето деби во Првата македонска лига го имаше на 11 август против Тиквеш. Во ...
Македонскиот репрезентативец Димитар Узунчев ја продолжува кариерата во еден од најтрофејните европски ракометни клубови, словенечки Целје. Дваесетгодишниот десен бек, кој важи за еден од најголемите таленти на македонскиот ракомет, потпиша договор со Целје до 2028 година, со можност за продолжување на соработката. Во словенечкиот клуб, Узунчев ќе ја пополни празнината што настана по повредата на Мај Маргуч. Узунчев во новиот клуб ќе го носи ...
Младата српска тенисерка Теодора Костовиќ го заврши својот дебитантски настап на Вимблдон уште во првото коло, откако убедливо беше поразена од светската рекет број еден Арина Сабаленка со 2-0 во сетови (6-2, 6-3). Белоруската тенисерка уште од самиот почеток ја наметна својата игра и брзо поведе со 4-0, откако направи два брејка во воведните гемови. Тоа практично го реши првиот сет, а Костовиќ успеа само да освои два гема и да избегне „нула“ ...
Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Калин Ивановски во првото коло на ITF M25 MACEDONIAN OPEN 2026 ќе игра против првиот носител Андреј Чепелев. Секако ова треба да претставува и „дерби меч“ првото коло, но можеби и финале пред финалето особено што Ивановски на турнирот доаѓа со финале од неделата во Загреб. Чепелев во Загреб каде беше рангиран како втор носител во четвртфиналето загуби од Хрватот Божо Барун, кој потоа беше поразен од ...
Иако во изминатиот период се појавија шпекулации за можно заминување, Роберто Гарсија Парондо и понатаму останува дел од плановите на Мелсунген, а сè помалку се зборува за негов трансфер во ПСЖ ова лето. Спортскиот директор на германскиот клуб, Јеспер Ларсон, истакна дека во клубот и понатаму сериозно сметаат на шпанскиот тренер и за следната сезона. Според него, Мелсунген не добил никакви сигнали ниту од други клубови, ниту од самиот ...
Синот на легендарниот Василис Спанулис, Танасис, полека тргнува по стапките на својот татко и веќе го привлекува вниманието во грчката кошарка. 16-годишниот кошаркар, кој настапува за младинските категории на Олимпијакос, беше прогласен за МВП на традиционалниот турнир „Панхеленик“ во Флорина. Интересно е што пред точно 25 години истото признание на истиот турнир го доби и неговиот татко, тогаш како член на Керванос. Танасис одигра одличен ...
Екипата на Башкими во новата сезона ќе игра во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и ќе има нов тренер. Главната желба е веќе позната, тоа е некогашниот репрезентативец на Македонија со богата интернационална кариера, Муарем Муарем. Муарем е релативно млад тренер, има 37 години, но во прволигашкото друштво веќе водеше неколку екипи. Последен клуб му беше Работнички, кој успеа да го издигне од дното, беше на прагот на опстанок, но не успеа ...
Италијанецот Јаник Синер многу потешко од очекуваното дојде до победа над Србинот Миомир Кецмановиќ во првото коло на Вимблдон, славејќи по голема борба со 3-2 во сетови (). Кецмановиќ пружи силен отпор и поведе со 2-1 во сетови, но потоа Синер ги презеде нештата во свои раце и не дозволи непријатна елиминација уште на стартот на престижниот Грен слем. Првиот светски рекет се врати со одлична игра во четвртиот и петтиот сет, со што само го ...
Некогашниот шампион на Македонија, екипата на Работнички, минува низ најголемата криза во поновата историја. Екипата испадна од Првата лига и сега ја чека голем предизвик да го врати стариот сјај. По заминувањето на скоро цел тим и на стручниот штаб по разочарувачкото испаѓање, дебармаалци ќе ги враќа на старите патеки Баже Јанакиевски. Се работи за човек кој ги познава случувањата во Работнички, затоа што претходно таму работеше како ...
Бразил и Јапонија ќе ја отворат 1/16-финалната програма за денешниот ден, а тренерите Карло Анчелоти и Хаиме Мориасу ги потврдија стартните состави за натпреварот кој ќе го даде патникот во следната фаза. Бразил (4-3-3): Алисон; Данило, Маркињос, Габриел, Даглас Коста; Пакета, Касемиро, Бруно Гимараеш; Винициус, Куња, Рајан Јапонија (3-4-2-1): Сузуки; Томиасу, Танигучи, Ито; Доан, Сано, Камада, Накамура; Ито, Маеда; Уеда Натпреварот меѓу ...
Фудбалскиот клуб КИ Клаксвик од Фарски Острови го доживеа првиот првенствен пораз по повеќе од две години, откако на домашен терен беше совладан од 07 Вестур со минимални 0-1. Поразот стави крај на неверојатната серија од 54 последователни натпревари без пораз во шампионатот на Фарските Острови. Последен пат Клаксвик беше поразен во домашното првенство на 23 јуни 2024 година, а речиси точно две години подоцна, на 28 јуни 2026 година, повторно ...
Повремениот репрезентативец на Македонија, Бојан Илиевски во сезоната 2026/27 ќе игра за нов клуб. Тој на истек на договорот ја напушти екипата на Струга Трим Лум и слободен е да ја избере својата следна дестинација. Илиевски беше дел од струшкиот состав во последните две натпреварувачки сезони, период во кој запиша вкупно 69 настапи во сите конкуренции, а воедно се афирмира и како репрезентативец на Македонија. Бекот има понуди од клубови од ...
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги делегира судиите за натпреварите во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, а таму имаме три судиски тимови од Македонија. Игор Стојчевски ќе биде главен судија во Лигата на шампионите, на мечот меѓу Атерт Бисен од Луксембург и Клаксвик од Фарски Острови кој ќе се игра на 15 јули. Асистенти се Вјолца Изеири и Тоше Ицев, четврти судија е Фатмир Бафто. Во Конференциската лига, на ...
Американскиот кошаркар Мозес Рајт доби македонски пасош и веднаш потоа го реализира трансферот во шпанскиот кошаркарски гигант Барселона. Се чекаше процедурата да заверши, Македонија со пасошот на Рајт доби нов репрезентативец на дефицитната позиција центар, а исто така добивањето македонски пасош е од голема корист и за каталонскиот клуб. Причината за тоа е што Рајт ќе може да настапува како европски играч и нема да зафаќа место за кошаркар ...
Брегалница е чекор поблиску до добивање нов инвеститор, откако Советот на Општина Штип донесе одлука за отпочнување постапка за продажба на дел од акциите што општината ги поседува во ФК Брегалница 2008 АД Штип. Како што објави телевизијата „М-Нет“, со мнозинство гласови советниците ја изгласаа одлуката, со што се отвора можност клубот да добие нов мнозински сопственик и финансиска стабилност во пресрет на новата сезона во Првата македонска ...
Американецот Томи Пол успешно го започна својот настап на Вимблдон, откако во првото коло лесно го надигра Франзуцинот Александар Милер со убедливи 3-0 во сетови (6-1, 6-2 и 6-1). Пол немаше никакви проблеми против 126. тенисер во светот, ја потврди фаворитската улога и се пласираше во втората рунда, каде учество обезбедија уште Шпанецот Рафа Ходар, Џенсон Бруксби, Лернер Тиен и Унгарецот Мартон Фучович. Македонија е во исчекување на ...
Словачкиот кошаркарски стручњак, Антон Гавел, официјално е нов тренер на германскиот гигант и евролигаш, Баерн Минхен. Гавел доаѓа од редовите на Бамберг, а претходно го водеше и тимот на Улм. Доби тригодишен договор од баварскиот клуб, со надеж за далеку подобри резултати во првенството, но и во елитното натпреварување. За Гавел ова е нова етапа во Баерн, затоа што како активен играч настапуваше за овие бои во периодот меѓу 2014 и 2018 ...
Македонската репрезентација ќе влезе во завршните натпревари од претквалификациите за Евробаскетот со значително изменет состав во однос на првиот дуел со Ирска одигран во Даблин. Селекторот на националниот тим, Жозеп Мариа Берокал, ќе треба да направи сериозни корекции во играчкиот ростер пред двата клучни натпревари од јулскиот ФИБА прозорец против Ирска и Луксембург. За разлика од мечот одигран на 30. ноември во Даблин, каде Македонија ...
Голема криза го зафати босанскиот ракомет, а може слободно да се каже дека на тамошната федерација ќе ѝ биде потребно вистинско чудо за повторно да ги постави работите на стабилни основи. Сериозните финансиски проблеми би можеле да имаат далекусежни последици. Поради тешката финансиска состојба и блокираната сметка на Ракометната федерација на Босна и Херцеговина, младинската репрезентација најверојатно нема да отпатува на Европското ...
Англичанецот Лиам Розениор наскоро би можел да добие нов тренерски предизвик во кариерата. Тој остана без ангажман по експресниот отказ во Челзи, но сега е пред потпис со француски прволигаш кој има големи амбиции. Се работи за клубот Париз ФЦ, кој зад себе има долга традиција и голема армија навивачи, а во клубот го гледаат Розениор како одлично решение за клупата. Француските медиуми пишуваат дека на масата стои двегодишен договор, а ...
Она што се најавуваше подолго време, конечно доби официјална потврда. Енцо Мареска е нов тренер на Манчестер Сити, каде на клупата го менува легендарниот Пеп Гвардиола. Италијанскиот стратег има големо искуство од Премиер лигата, а воедно беше и асистент на Гвардиола во таборот на „граѓаните“. Неговиот веќе поранешен клуб, Челзи, ќе добие отштета од околу 22 милиони фунти, јавија англиските медиуми. Мареска се смемта за идеален наследник на ...
Турскиот кошаркарски клуб, Бешикташ, објави дека е целосно подготвен за учество во Евролигата, откако своето учество го откажа францускиот Монако. Гигантот од Истанбул претставил тригодишен план и проект за настап во елитата, со буџет од околу 12 милиони евра по сезона. „Ѝ го претставивме на Евролигата нашиот долгорочен проект, а исто така испративме и официјално писмо со намери. Се надеваме на тригодишен престој, со надеж за продолжување на ...
Почетокот на нокаут-фазата на Светското првенство ги донесе и првите полемики околу ждрепката. Додека аргентинските медиуми со оптимизам гледаат кон одбраната на титулата, во Бразил расте незадоволството поради, како што тврдат, значително потешкиот пат до завршницата на турнирот. Аргентина го освои првото место во групата со максимални девет бода и во осминафиналето ќе игра против Зеленортските Острови. Доколку ја оправда фаворитската улога, ...
Групната фаза на Светското првенство привлече 4.644.549 гледачи на трибините, соопшти ФИФА. Според Светската фудбалска асоцијација, овие бројки претставуваат нов рекорд во посетеноста и само дополнително ја зголемуваат оправданоста на новиот мундијалски формат со 48 репрезентации. „Групната фаза на Светското првенство заврши на спектакуларен начин. За само 17 дена, првиот турнир со 48 репрезентации обедини повеќе нации, играчи и навивачи од ...
Проширениот Мундијал со 48 репрезентации донесе нови приказни и историски успеси, но отвори и дилеми околу намалената неизвесност во групната фаза. Најголемото изненадување се Зеленортските Острови, кои на своето деби изборија пласман во нокаут-фазата, оставајќи го зад себе секогаш силниот Уругвај. Историски успех остварија и Босна и Херцеговина, Канада, Брегот на Слоновата Коска и Јужна Африка, додека ДР Конго продолжи како една од ...
Иако многумина му предвидуваа отказ, сепак Винченцо Монтела ќе остане на своето работно место. Турската фудбалска федерација одлучи да го задржи италијанскиот стручњак како селектор на репрезентацијата. Раководството на федераџцијата и италијанскиот тренер се согласиле за голем број промени во репрезентацијата. 52-одишниот Монтела ќе ја задржи својата позиција, но ќе има промени во неговиот тренерски штаб. Турција не успеа да се пласира во ...
Еден од трите домаќини ја мина првата елиминациона пречка на Светското првенство. Репрезентативците на Канада со триумфот над Јужна Африка први изборија пласман во осминафиналето, а победничкиот гол го постигнаа во судиското надополнување на вториот дел. Задоволството по триумфот беше огромно, а селекторот Џеси Марш ги пофали своите фудбалери. „Игравме добро и дисциплинирано. Навистина сум горд на нашиот тим. И мислев дека беше заслужена ...
Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Силекс продолжува со засилувањата пред почетокот на новата сезона и официјално го промовираше Марио Ричков како нов член на клубот. Дваесет и двегодишниот лев бек во Кратово пристигнува од редовите на Македонија Ѓорче Петров и ќе го засили тимот за сезоната 2026/27. Ричков зад себе има настапи во македонската Прва лига во дресовите на Вардар, Шкупи и Македонија ЃП, а беше дел и од ...