Пред финалето на Светското првенство шпанските репрезентативци дадоа низа необични ветувања доколку ја освојат титулата, а по триумфот над Аргентина (1-0) повеќе нема враќање назад. Најголемо внимание привлече Марк Кукуреља, кој вети дека ќе го истетовира ликот на селекторот Луис де ла Фуенте, а по финалето стратегот на Шпанија низ смеа порача дека очекува неговите фудбалери да си го одржат зборот. „Моите играчи се луѓе од збор. Ветија, па ...

Серхио Рамос ќе го памети финалето на Светското првенство по една необична ситуација. Легендарниот шпански дефанзивец беше единствениот на стадионот кој не го виде победничкиот гол на Феран Торес против Аргентина. Рамос финалето го следеше од свечената ложа заедно со легендите на шпанската репрезентација: Андрес Иниеста, Чави Ернандез, Карлес Пујол, Давид Виља, Хесус Навас и Маркос Љоренте. Додека сите тие еуфорично го прославуваа погодокот ...

Со триумфот над Аргентина по продолженија (1-0) во финалето на Светското првенство 2026, Шпанија ја освои својата втора светска титула и повторно се запиша во историјата на светскиот фудбал. „Црвената фурија“ по првпат се искачи на светскиот трон во 2010 година во Јужна Африка, а сега, 16 години подоцна, повторно го подигна највредниот трофеј. Аргентина, пак, остана на три светски титули освоени во 1978, 1986 и 2022 година. И по завршувањето ...

Поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство очигледно тешко им падна на аргентинските фудбалери, кои и по последниот судиски свиреж продолжија со контроверзното однесување. За време на церемонијата за доделување на трофејот, наместо да останат на теренот и да им честитаат на новите светски шампиони, фудбалерите на Аргентина демонстративно им го свртеа грбот на Шпанците, кратко ги поздравија своите навивачи и веднаш се упатија кон ...

Тензиите не завршија со последниот судиски свиреж на финалето на Светското првенство. По поразот на Аргентина од Шпанија (1-0) по продолженија, во центарот на вниманието се најде Николас Отаменди, кој влезе во жестока вербална пресметка со капитенот на Шпанија, Родри. Кога Родри им пријде на аргентинските фудбалери за да им честита по натпреварот, искусниот стопер не ја пропушти можноста да му се обрати. „Почни помалку да зборуваш, будало. ...

Скандалите по финалето на Светското првенство не престануваат. Откако претходно во центарот на вниманието беше Леандро Паредес, сега се појавија нови снимки на кои главна улога има Роберто Ајала, помошникот на селекторот Лионел Скалони. Според видеото кое се прошири на социјалните мрежи, легендарниот аргентински дефанзивец во моментите додека Дани Олмо и Ерик Гарсија го славеле големиот триумф на Шпанија, без никаква провокација му пришол на ...

Светското првенство постави рекорд кој долго уште нема да биде соборен. Вкупно 6.810.966 луѓе присуствуваа на натпреварите во претходните 39 дена. Првенството во САД, Канада и Мексико, кое се состоеше од 104 натпревари, постави нов рекорд за вкупна посетеност. Претходниот рекорд беше поставен на Светското првенство во 1994 година, исто така одржано во Соединетите Американски Држави. Тогаш, на турнирот присуствуваа 3.587.538 навивачи. Следното ...

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, изјави дека е задоволен од потезите што клубот ги направи во летниот преоден рок и дека со нетрпение го очекува почетокот на новата НБА сезона. Лејкерс ова лето претрпеа значителни промени во составот. Клубот ангажираше неколку нови кошаркари со цел да изгради поконкурентен тим околу словенечкиот ас, а воедно се раздели и со повеќе искусни играчи, меѓу кои и Леброн Џејмс. „Мислам дека имаме ...

Рајан Черки би можел да остане без повик во репрезентацијата на Франција во следниот период, откако неговото однесување за време на Светското првенство предизвика незадоволство кај дел од јавноста и соиграчите, пренесуваат француските медиуми. Младиот офанзивец на Манчестер Сити, кој има 22 години, се најде на удар поради својот однос кон стручниот штаб и селекторот Дидие Дешамп. Според пишувањата од Франција, Черки не реагирал позитивно на ...

Селекторот на аргентинската репрезентација, Лионел Скалони, спортски го призна поразот од 1-0 по продолженијата, нагласувајќи дека Шпанија беше подобра и заслужено победи во финалето на Светското првенство. За време на емотивната прес-конференција, која на моменти ја водеше со солзи во очите, Скалони испрати неколку клучни пораки: „Противникот беше супериорен на теренот, но вечно сум благодарен на своите играчи кои се бореа до самиот крај. ...

Машката фудбалска репрезентација на Шпанија постави нов апсолутен светски рекорд со 38 последователни натпревари без пораз во меѓународниот фудбал, уривајќи го досегашниот рекорд на Италија. Овој историски подвиг беше официјално комплетиран по вечерашното мундијалско финале, во кое Шпанија ја победи Аргентина со 1-0 по продолженија. Нивната непобедливост започна по поразот од Колумбија (0-1) во пријателски натпревар одигран во март 2024 ...

Шпанскиот капитен Родри е прогласен за најдобар играч на Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада. По историската победа на Шпанија над Аргентина од 1-0 во финалето на стадионот „МетЛајф“ во близина на Њујорк, Родри емотивно изјави: „Мислам дека сега летам во облаци. Го победивме најдобриот на сите времиња (Лионел Меси). Оваа група на играчи беше сензационална. Ние сме светски шампиони, неверојатно е дури и да ...

По победата на Шпанија над Аргентина со 1-0 по продолженија во финалето на Светското првенство, шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте изјави дека е преплавен со гордост од својата генерација на фудбалери. Тој истакна дека е горд на фудбалерите кои останале верни на идејата и секогаш го давале максимумот, опишувајќи ги како пример за семејство и колектив. Де ла Фуенте додаде дека е чест да се работи со таква група на играчи. „Горд сум што сум ...

Српскиот кошаркарски гигант Партизан го претстави своето прво засилување за сезоната 2026/27. Нов член на „црно-белите“ е американскиот центар Кевариус Хејс, кој потпиша двегодишен договор со белградскиот клуб. 29-годишниот Хејс доаѓа од редовите на Монако, а зад себе има богато евролигашко искуство, настапувајќи и за Жалгирис, Париз Баскет и Асвел. Американскиот центар е познат по своите дефанзивни квалитети, атлетските способности и ...

Француската суперѕвезда Килијан Мбапе е најдобриот стрелец на Светското првенство, откако турнирот го заврши со вкупно 10 постигнати голови и ја освои престижната награда „Златна копачка“. Иако Франција не успеа да стигне до финалето и го освои четвртото место по поразот од Англија во спектакуларниот меч за третото место (6-4), Мбапе повторно ја потврди својата голгетерска класа. Со двата погодоци на тој натпревар го зголеми своето салдо на ...

Лионел Меси не можеше да ги задржи емоциите по поразот на Аргентина од Шпанија во финалето на Светското првенство. По последниот судиски свиреж и поразот од 1-0 по продолженијата, легендарниот Аргентинец беше видно скршен. Додека ги поздравуваше противниците и ги примаше сребрените медали, Меси не успеа да ги сокрие солзите, а емотивните сцени брзо го обиколија светот. Аргентина беше на чекор до одбрана на светската титула, но погодокот на ...

Покрај Леандро Паредес уште еден аргентински фудбалер се покажа како лош губитник, откако Аргентина беше немоќна против Шпанија и ѝ ја препушти светската титулата. По последниот судиски свиреж, капитенот на „фуријата“ Родри влезе во теренот за да го прослави големиот триумф со соиграчите, но ненадејно доби удар во градите од десниот бек на Аргентина, Молина. Токму по овој инцидент, следуваше кукавичкиот потег на Паредес кој нападна двајца ...

По крајот на финалето на Светското првенство и вториот обезбеден трофеј на Шпанија со триумф над Аргентина од 1-0, прогласени беа и најдобрите. Поединечните признанија сосема очекувано завршија во рацете на фудбалерите од редовите на светскиот првак. За МВП на турнирот беше прогласен Родри. Капитенот на Шпанија ја контролираше играта во средниот ред и го водеше својот тим со стабилна игра до трофејот. simon-kubarsi.jpg Најдобар млад ...

Сувата доминација на Шпанците во финалето на Светското првенство не беше отсликана во резултатот (1-0), ама беше отсликана во сите статистички параметри од играта. Оваа Шпанија на Луис де ла Фуенте игра како по ноти, перфектно во одбрана, трпеливо и убиствено во нападите, а тоа се виде и на овој турнир. Шпанија стана прва репрезентација во историјата која стигнала до трофејот на планетарните собири со само еден примен погодок. Резултатите на ...

Аргентина беше целосно надиграна од Шпанија и ѝ ја препушти светската титула на „фуријата“! Во големото финале во Њу Џерси „гаучосите“ загубија со минимални 1-0, а по последниот судиски свиреж, Паредес направи кукавички потег за кој веднаш доби осуди кај фудбалската јавност. Играчот за врска на Аргентина од засега непознати причини прво го удри Гарсија по главата, а потоа го нападна и влечеше Гави. За среќа во негова близина имаше неколку ...

Репрезентацијата на Шпанија ги обедини европската и светската титула, откако слави со минимални 1-0 (0-0) во финалето на Светското првенство по продолженијата против Аргентина. Натпреварот на „МетЛајф“ стадион во Њу Џерси мина во знакот на една селекција, а тоа беше „црвената фурија“. Целосна доминација беше воспоставена од страна на Шпанците, меѓутоа долго време дефанзивно ориентираниот противник долго време се бранеше и тоа успешно. ...

Двапати по продолженија и двапати по пресврти во елиминационата фаза Аргентина стигна до финалето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. А таму – се посрамоти како никој финалист досега во историјата! Имено, Шпанија по дополнителните 30 минути, заслужено извојува победа од минимални 1-0, но она што привлече големо внимание е настапот на сега веќе поранешниот светски шампион. Аргентина одигра катастрофална офанзивна партија, затоа ...

Селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел, изјави дека се надева оти неговите фудбалери со текот на времето ќе бидат горди на освоениот бронзен медал на Светското првенство. Англија во натпреварот за третото место ја совлада Франција со 6-4 во спектакуларен меч одигран во Мајами. „Гордиот Албион“ создаде голема предност уште во првото полувреме, кога имаше четири гола предност, а потоа успеа да го издржи налетот на Французите и да ...

Нико Вилијамс во продолжението ја погоди празната мрежа на Аргентина, но сепак, резултатот од големото финале на СП остана оној од почетокот (0-0). По една мешаница во казнениот простор на светскиот шампион Мартинез го одбрани ударот на Мерино, а во продолжение Вилијамс погоди за голема радост на Шпанците. Но, Винчиќ веднаш се огласи и не покажа на центарот, туку прекршок за Аргентина. Наводно, асот на Арсенал го фаулирал Отаменди и затоа ...

Аргентинскиот темперамент е познат на сите, но на овој Мундијал избраниците на Лионел Скалони многупати беа на раб на исклучувања поради грубата игра, а тоа се случи дури во финалниот натпревар со Шпанија. Во судиското надополнување Енцо Фернандез крвнички стартуваше врз Кубарси на средината на теренот, па на Славко Винчиќ не му остана ништо друго освен да му го покаже патот до соблекувалната на асот на Челзи. Словенечкиот судија му покажа ...

Јирген Клоп следната недела и официјално ќе ја преземе функцијата селектор на германската фудбалска репрезентација, пренесоа голем број тамошни медиуми. Веќе се договорени сите детали меѓу поранешниот менаџер на Ливерпул и челниците на Германската фудбалска федерација. Се очекува Клоп официјално да биде промовиран како нов предводник на „панцерите“ следната недела, најверојатно во среда. Клоп (59) треба да потпише четиригодишен договор и ќе ...

Во финишот на регуларното време на финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина се случи интересна ситуација. Делува дека Марк Кукуреља може да биде среќен што судијата Славко Винчиќ имаше полабав критериум, бидејќи го прекрши „правилото на Вини“. Бекот на Шпанија по еден дуел ја прекри устата додека разговараше со Лионел Меси. Аргентинскиот капитен веднаш го „издаде“ кај судиајта, ама немаше реакција и Кукуреља остана без ...

Лионел Меси е во центарот на вниманието во финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија, но неговото влијание во почетната фаза од натпреварот беше речиси незабележливо. Според статистиката на „Опта“, аргентинската ѕвезда во првите 15 минути имала само еден допир со топката. Тој единствен контакт се случил уште при почетниот удар од центарот, што е првпат во кариерата на Меси да му се случи вакво нешто. 1 - Lionel Messi recorded ...

Полувремето од финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина донесе вистински музички спектакл, но воедно и ситуација од која најмногу стравуваа фудбалерите. Мадона, Џастин Бибер, Шакира приредија незаборавно шоу на стадионот „МетЛајф“, а навивачите уживаа во настапите на светските музички ѕвезди. Сепак, цената на спектаклот ја платија играчите. Иако ФИФА претходно најави дека паузата меѓу двете полувремиња ќе трае 17 минути, таа ...

Полувремето на финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина донесе вистински музички спектакл на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси. Главна ѕвезда на шоуто беше колумбиската пејачка Шакира, која со своите најголеми хитови и енергичен настап ја крена на нозе публиката и го украде вниманието во паузата меѓу двете полувремиња. Shakira sabe de tudo!!! #FIFA pic.twitter.com/0I1ZqvnnUz — PLOCSOCIAL (@plocsocial) July 19, 2026 Покрај неа, ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Кобалт

33.53