Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Првата светска тенисерка Арина Сабаленка без поголеми проблеми обезбеди место во третото коло на Вимблдон, откако ја совлада Американката Клер Лиу со 2-0 во сетови (6-1, 7-6/9). Белорусинката доминираше во првиот сет, но во вториот се соочи со далеку поголем отпор. Лиу избори тај-брејк, во кој Сабаленка остана посмирена и по голема драма славеше со 11-9. Пласман во третото коло обезбеди и поранешната светска рекет број еден Наоми Осака. ...
Македонскиот тенисер Калин Ивановски со доминантна игра го совлада првиот носител на М25 Скопје Macedonian Open 2026, Андреј Чепелев 2-0 во сетови (6-4, 6-2) за два часа и две минути игра. Во текот на целиот меч Ивановски имаше контрола и доминираше, а предноста ја правеше на почетокот на секој од сетовите. Во првиот сет Ивановски направи брејк во третиот гем за водство од 2-1 во гемови и предноста ја одржуваше до крајот на сетот, кој го ...
Германскиот ракометен гигант Флензбург наводно го договорил ангажманот на португалските бисери Франциско и Мартим Коста, кои од летото 2027 година треба да станат нови членови на бундеслигашот. Според португалскиот весник „А Бола“ и новинарот Адерито Естевеш, двајцата репрезентативци веќе потпишале договори со Флензбург, а трансферите ќе изнесуваат околу два милиони евра. Доколку оваа сума биде потврдена, ќе станува збор за еден од ...
Македонскиот прволигаш Силекс продолжува со екипирањето за новата сезона и официјално го претстави Борјан Пановски како свое ново засилување. Дваесет и петгодишниот десен бек во Кратово пристигнува од редовите на Башкими, каде што настапуваше во изминатата сезона. Пановски зад себе има богато искуство во домашниот шампионат, а во минатото беше и дел од младата репрезентација на Македонија. Во Силекс веруваат дека неговите квалитети ќе донесат ...
Македонскиот второлигаш Новаци го претстави своето прво летно засилување. Нов член на новачани е 24-годишниот Петар Гугуљанов, кој ќе го засили тимот пред стартот на новата сезона. Гугуњанов во Новаци пристигнува по една сезона мината во Кожув, каде што работеше токму со новиот шеф на стручниот штаб Иван Варадиновски. Со овој трансфер, играчот за врска станува и првото засилување што Варадиновски го носи во својот нов клуб. Младиот фудбалер ...
На прв поглед, храната и фудбалот немаат многу заедничко. Едното е вкус што се споделува на маса, а другото е игра што се следи со срце. Но, и двете имаат иста моќ, да разбудат страст, да соберат пријатели и роднини и да создадат моменти што долго се паметат. Ова фудбалско лето за нас има и посебна регионална емоција, затоа што дел од фудбалските фанови со интерес ги следат натпреварите на Босна и Херцеговина и Хрватска. Има нешто ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ и официјално повеќе не е член на Баерн Минхен. Германскиот шампион преку социјалните мрежи се збогуваше со популарниот Нено, потврдувајќи дека нивната соработка нема да биде продолжена. „Ти благодариме, Нено“, објави Баерн, притоа откривајќи дека македонскиот плејмејкер кариерата ќе ја продолжи во Грција. Димитријевиќ пристигна во Баерн во јануари како позајмен кошаркар од Зенит ...
Фудбалската федерација на Македонија во почеток на оваа година, во соработка со УЕФА, го започна процесот на изработка на новата стратегија за развој на македонскиот фудбал. Во рамки на процесот, беше реализирана работна средба меѓу претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, и претставниците на ФФМ вклучени во подготовката на новата стратегија, со претставниците на УЕФА – Илија Китиќ, Олександр Кучерјави, како и менторите Адам Вокер и Маркус ...
Легендата на германскиот фудбал Лотар Матеус смета дека честото присуство на сопругите и девојките на репрезентативците негативно влијаело врз атмосферата во националниот тим и било една од причините за раната елиминација на Германија од Светското првенство. „Имаше премногу работи што требаше да се решаваат надвор од теренот. Сопругите, семејствата сите беа вклучени. Постојано се зборуваше за патувања, хотели и слободни денови за семејствата. ...
Себастијан Бекасесе, си поднесе оставка по елиминацијата на Еквадор од Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Еквадор го заврши настапот во шеснаестинафиналето, каде што загуби од домаќинот Мексико со 2-0. Бекасесе реши да се повлече само неколку дена пред официјалниот крај на договорот, кој важеше до завршувањето на Мундијалот. „Со себе носам љубов, почит, посветеност и восхит кон оваа група борци. Верувам дека соблекувалната е полна ...
Денеска на „Атланта Стадиум“ во Атланта, Англија и ДР Конго ќе се судрат во првата елиминациона фаза на Светското првенство. „Гордиот Албион“ влегува како голем фаворит, но африканската селекција веќе покажа дека знае да им создава проблеми и на најсилните репрезентации. Избраниците на Томас Тухел ја завршија групната фаза без пораз и со сигурни настапи ја оправдаа фаворитската улога. Англичаните ќе се потпрат на Хари Кејн, кој со 11 голови е ...
Франција со убедлива победа од 3-0 над Шведска обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство, а во центарот на вниманието повторно беше Килијан Мбапе. Ѕвездата на Франција постигна два гола и стигна до шест и две асистенции на четири натпревари, па со шесте погодоци се израмни со Лионел Меси на врвот на листата на стрелците. Десет минути по својот втор гол, селекторот Дидие Дешамп го повлече Мбапе од игра, а при неговото ...
Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски повеќе не е фудбалер на чешкиот прволигаш Бохемијанс Прага 1905. Клубот официјално потврди дека соработката со 27-годишниот напаѓач завршува по истекот на договорот, а Ристовски си заминува како слободен играч. Во емотивната објава, Бохемијанс му се заблагодари на македонскиот офанзивец за придонесот во изминатите три сезони, посакувајќи му многу среќа во продолжението на кариерата. View this post ...
Македонската кошаркарска репрезентација е фокусирана на следниот предизвик во претквалификациите за Евробаскетот 2029, а пред дуелот со Ирска своите очекувања ги сподели Ваљмир Какруки. Крилниот кошаркар не го памети по најдобро првиот дуел со Ирска во Даблин, иако Македонија тогаш стигна до победата. Какруки од тој натпревар си замина со повреда на бутниот мускул која го оддалечи од теренот во наредниот период. Сепак, тој момент одамна е зад ...
Македонија ќе има шест преставници во првото коло на турнирот М25 Скопје Macedonian Open 2026. Калин Ивановски учеството го избори со пласманот, додека организаторот „вајлд карти“ им додели на: Стефан Мицов, Амар Хусеиновиќ, Обрад Марковски и Кристијан Јанев. На оваа петорка им се приклучи и Горазд Србљак, кој постигна три победи во квалификациите и влезе на главниот турнир. Според програмата за среда 1.јули планирано е да се одиграат сите ...
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 во новата сезона од суперлигашкото друштво ќе има нов тренер, тоа ќе биде поранешниот македонски репрезентативец и битолска ракометна легенда, Бранислав Ангеловски. Еурофарм Пелистер 2 е подеднакво важна приказна како и Еурофарм Пелистер за надлежните во Битола, па затоа во конструкцијата на тимот за следната сезона се пристапува максимално сериозно и одговорно. Во тој правец оди и назаначувањето на новиот ...
Тренерот кој во 2019 година го одведе Вардар до европската титула, Роберто Гарсија Парондо, и официјално е нов предводник на Пари Сен Жермен. Францускиот гигант потврди дека Шпанецот ќе го преземе тимот од сезоната 2027/28. Парондо засекогаш ќе остане запаметен меѓу вардаровите навивачи како стратегот кој ја донесе втората титула во Лигата на шампионите, а сега го очекува нов голем предизвик во Париз. „Исклучителна чест ми е што се ...
ГРК Охрид беше најдобар репрезент на Македонија во Европа оваа година и го освои Европскиот Куп на ЕХФ. Одигра и историска сезона на домашната сцена, апетитите кај публиката пораснаа, но тимот доби голем удар непосредно пред стартот на подготовките за новата сезона. Тимот од градот крај езерото е убава приказна. Се направи уште еден конкурентен тим од Македонија на ракометната мапа, а нашата земја ја има една од најсилните лиги во Европа со ...
Еден од хероите на најголемиот успех во историјата на македонската кошарка, Предраг Самарџиски, започна ново поглавје во кариерата. Поранешниот македонски репрезентативец му се приклучи на стручниот штаб на младинската селекција до 20 години, која се подготвува за настапот на Европското првенство од Дивизијата Б. Самарџиски од вчера е дел од подготовките на националниот тим кој го предводи Никола Велев, а од 10 до 19 јули ќе настапи на ...
Норвешка по цели 28 години повторно ќе игра во осминафиналето на Светското првенство, откако победи против Брегот на Слоновата Коска со 2-1. Еден од најзаслужните за големиот успех е капитенот Ерлинг Халанд. Одличниот централен напаѓач доби топка како на тацна и рутински ја заврши акцијата, а по натпреварот не ги криеше емоциите по историскиот пласман на својата репрезентација. „Неверојатно е. Поминаа 28 години од нашиот последен настап на ...
Светското првенство влегува во највозбудливата фаза, а по третиот ден од нокаут фудбалот веќе се познати седум репрезентации кои обезбедија место во осминафиналето. Пласман меѓу најдобрите 16 репрезентации досега изборија Канада, Бразил, Парагвај, Мароко, Мексико, Норвешка и Франција. Досега формирани парови во осминафиналето: Канада - Мароко (4 јули, 19:00 часот) Парагвај - Франција (4 јули, 23:00 часот) Бразил - Норвешка (5 јули, 22:00 ...
Фудбалската репрезентација на Мексико го елиминира Еквадор со победа од 2-0 во шеснаестинафиналето на Мундијалот. Натпреварот на „Ацтека“ беше веќе решен и пред самиот крај, кога ѕвездата на Арсенал направи глупост. Пјеро Инкапије имаше вербален дуел со Сантиаго Хименез, па веројатно се подзаборави и ја покри устата во размената на зборови. Судијата Винчиќ не го забележа тоа на теренот, ама доби повик од ВАР собата и ситуацијата беше јасна. ...
Шеснаесетфиналниот дуел меѓу Португалија и Хрватска на Светското првенство предизвика вистинска еуфорија кај навивачите, а огромниот интерес доведе до енормен раст на цените на билетите на секундарниот пазар. Според канадските медиуми, на платформите за препродажба поединечни билети за натпреварот, кој ќе се одигра во четврток во Торонто и ќе биде дуел на Лука Модриќ и Кристијано Роналдо, достигнуваат цена и до 30.000 канадски долари, односно ...
Одлуката на ФИФА да воведе задолжителни паузи за освежување со вода на натпреварите од Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико продолжува да предизвикува бурни реакции. Иако официјалното образложение е дека мерката е воведена поради високите температури и заштита на здравјето на фудбалерите, голем дел од јавноста смета дека вистинската причина е комерцијалната добивка. Фудбалери, тренери, аналитичари и медиуми уште пред почетокот на ...
Фудбалерите на Мексико ги израдуваа своите навивачи на „Ацтека“ со победа од 2-0 (2-0) против Еквадор за пласман во осминафиналето на Светското првенство. Домаќинот уште во првиот дел стекна предност која му ја обезбеди победата и по Канада е вториот домаќин кој се пласира меѓу шеснаесетте најдобри. Извештај од натпреварот: Уште од стартот домашните се наметнаа, го притиснаа ривалот и имаа две шанси преку Раул Хименез и Џилберто Мора. На ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Роналд Куман, официјално поднесе оставка од својата функција по елиминацијата во првата елиминациона фаза на Светското првенство. Холандија доживеа шокантна елиминација од селекцијата на Мароко по изведување на пенали со резултат 3-2, откако натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено (1-1). Куман беше силно критикуван од холандските медиуми поради напуштање на традиционалниот ...
Француската фудбалска репрезентација ја оправда улогата на фаворит и со најубедливото издание на еден учесник во елиминационата фаза ја совлада Шведска со 3-0 (1-0). Килиан Мбапе со два гола се израмни со Лео Меси на листата на стрелците, а Мајкл Олисе со петтото додавање остана прв на листата асистенти. Првото полувреме мина во знакот на целосна иницијатива на момците на Дидие Дешамп, упатија петнаесет удари кон шведскиот гол, а погодија ...
Швајцарскиот голман Никола Портнер и официјално потпиша договор со унгарскиот ракометен клуб ПИК Сегед со важност до 2029 година. Портнер се обврза на долгорочна соработка во траење од три години. Искусниот чувар на мрежата ќе го сочинува голманското дуо заедно со унгарскиот ветеран Роланд Миклер. Неговото доаѓање во Сегед е последица на очекуваното заминување на досегашниот голман Тобијас Тулин, кој кариерата ќе ја продолжи во германската ...
Иако упатија дури петнаесет удари кон голот на Шведска во првиот дел, Французите поведоа дури од последната шанса пред одморот. Повторно во центарот на вниманието беше Килиан Мбапе, кој со индивидуален потег ја погоди мрежата на „трите круни“ за 1-0. Капитенот на францускиот национален тим покажа големина и го посвети голот на селекторот Дидие Дешамп, кој пред неколку дена ја загуби својата мајка. Овој погодок е петти на овој Мундијал на ...
Трето Светско првенство германската репрезентација пребрзо се враќа дома и ќе биде предмет на критики и промени. Голманот на националниот тим, Мануел Нојер, се проби на првото место по бројот на настапи на Мундијалите кога станува збор за неговата позиција. Тој го помина на вечната листа Французинот, Уго Лорис, кој имаше дваесет настапи на светските шампионати. Нојер постави и уште еден рекорд на вчерашниот меч со Парагвај. Чуварот на мрежата ...