Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Норвежанецот Борге Лунд официјално е назначен за нов тренер на германскиот ракометен гигант Кил за претстојната сезона 2026/27. Тој доаѓа како директна замена за Филип Јиха, кој доби отказ по седум години поминати на клупата на германскиот тим. Лунд потпиша соработка со германскиот клуб за следните две сезони. Како поранешен ракометар, Лунд веќе настапуваше и освојуваше трофеи за Кил во својата играчка кариера. Лунде на оваа функција ...
Роџерс Мато, најдобриот стрелец на полусезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), го замени Вардар со Хартс пред стартот на годината, а сега го постигна првиот гол за екипата. Напаѓачот од Уганда погоди на пријателски натпревар, во победата над Сент Мирен од 3-1. Тој беше стрелец на вториот гол, откако погоди по еден центаршут од корнер со глава. Rogers heads home the second @loveholidays // #loveholidays pic.twitter.com/87nL4DwXAV ...
Френк Лампард и официјално потпиша нов тригодишен договор со новиот премиермигаш Ковентри Сити. Овој договор е со важност до 2029 година, потврдија од клубот од Ковентри. Ова продолжување на соработката доаѓа како директна награда за огромниот успех кој 48-годишниот англиски стратег го постигна со тимот. Лампард го презеде Ковентри во ноември 2024 година и во сезоната што измина успеа да го одведе тимот до титулата во Чемпионшип, со што ...
Поранешниот француски репрезентативец, Вили Сањол, не штедеше пофалби за Мајкл Олисе, оценувајќи дека офанзивниот фудбалер на Франција во моментов е најдобриот играч во светот. „Олисе е најдобар во светот. Ако на крајот на годината не ја освои „Златната топка“, тогаш нешто сериозно не е во ред со фудбалот“, изјави Сањол. Тој смета дека најголемата предност на 24-годишниот Французин е неговата несебичност и тимскиот дух, па Сањол дури направи ...
Репрезентацијата на САД обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство, откако ја совлада Босна и Херцеговина со 2-0. Избраниците на Маурисио Почетино ја оправдаа фаворитската улога, иако до самиот финиш водеа неизвесна битка со мотивираниот тим на Сергеј Барбарез. Американците поголемиот дел од второто полувреме играа и со фудбалер помалку, по исклучувањето на Фоларин Балогун, но и покрај тоа успеаја да ја сочуваат предноста и да ...
Баерн Минхен ќе се соочи со Штутгарт во натпреварот за отворање на новата сезона во германската Бундеслига. Како што беше официјално соопштено од страна на федерацијата, овој дерби натпревар од првото коло ќе се одигра во петок, на 28 август 2026 година, со почеток во 20:30 часот на стадионот „Алијанц Арена“ во Минхен. Овој дуел претставува продолжување на големото ривалство од минатата сезона, во која двата тима се сретнаа дури четири пати ...
Повремениот шпански репрезентативец Алехандро Грималдо е нов фудбалер на Атлетико Мадрид и доаѓа во Примера од германскиот Баер Леверкузен. Вредноста на трансферот се проценува на околу 20 милиони евра. „Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен постигнаа договор за трансферот на Алехандро Грималдо, кој потпиша договор до јуни 2030 година“, објави шпанскиот клуб. 30годишниот лев бек роден во Валенсија го носеше дресот на Баер во изминатите три сезони ...
Фудбалската репрезентација на Белгија обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство по неверојатен пресврт против Сенегал. „Црвените ѓаволи“ славеа со 3-2 по продолженија, иако до самиот финиш на регуларниот дел губеа со два гола разлика. По 90 минути игра резултатот беше 2-2, а победникот беше решен длабоко во продолженијата, кога капитенот Јури Тилеманс реализираше пенал за голема радост на белгискиот табор. Во следната рунда ...
Соединетите Американски Држави и Босна и Херцеговина ќе го затворат денот со 1/16-финален дуел на Светското првенство (СП). Селекторите Маурицио Почетино и Сергеј Барбарез ги одредија стартните единаесет за средбата во Сан Франциско. САД (4-2-3-1): Фрис; Фримен, Ричардс, Рем, Робинсон; Адамс, Тилман; Дест, Мекени, Пулишиќ; Балогун БиХ (3-4-1-2): Васиљ; Дедиќ, Катиќ, Раделиќ, Мухаремовиќ; Дедиќ, Гиговиќ, Суњиќ, Колашинац; Алајбеговиќ; ...
Српскиот ас Новак Ѓоковиќ успеа да го совлада Стефанос Циципас на Вимблдон, а имаше еден интересен момент при прекин на натпреварот. Ноле побара од едно од девојчињата да дојде со ножици за да ја коригира лентата која ја имаше залепено на рамото. Потребно беше да се потскрати и таа дојде со ножици. Novak Djokovic pretends the ball girl cut him with scissors. Her reaction. pic.twitter.com/fmFpZiD93c — Danny (@DjokovicFan_) July 1, 2026 Додека ...
Иако Јапонија го заврши настапот на Светското првенство со несреќен пораз од Бразил (2-1) во шеснаестинафиналето, во „земјата на изгрејсонцето“ нема простор за разочарување. Напротив, елиминацијата се гледа како уште еден чекор во реализацијата на долгогодишниот проект чија крајна цел е, освојување на светската титула до 2050 година. Јапонската фудбалска федерација уште во 1992 година ја постави оваа амбициозна визија, во време кога ...
Бразил обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство, но победата над Јапонија од 2-1 донесе и лоши вести за селекторот. Лукас Пакета заработи повреда на задната ложа на левата нога за време на натпреварот, а од Фудбалската федерација на Бразил потврдија дека станува збор за мускулна повреда на левиот бут. Играчот за врска е еден од клучните фудбалери во средниот ред на „кариоките“, па во наредните денови ќе бидат направени ...
Дебаклот на Германија на Светското првенство сериозно ја разниша позицијата на Јулијан Нагелсман, а германските медиуми сè погласно најавуваат дека Фудбалскиот сојуз (ДФБ) размислува за промена на селекторската функција. Иако Нагелсман има договор до Европското првенство во 2028 година и засега нема намера самиот да се повлече, неговата иднина на клупата на „панцерите“ е под голем знак прашалник по разочарувачкиот настап на Мундијалот. Во ...
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ без никакви проблеми обезбеди место во третото коло на Вимблдон, откако на Централниот терен убедливо го совлада Гркот Стефанос Циципас со 3-0 во сетови, односно 6-3, 6-4 и 6-2. Седумкратниот шампион на најпрестижниот тениски турнир до победата стигна за само 100 минути, демонстрирајќи уште еднаш зошто и оваа година важи за еден од главните фаворити за освојување на трофејот. Иако се очекуваше Ѓоковиќ ...
Заврши една голема ера во историјата на Лос Анџелес Лејкерс, откако Леброн Џејмс се прости од клубот со емотивна порака на социјалните мрежи. Откако Лејкерси му посакаа среќа во продолжението на кариерата, четирикратниот НБА шампион им се заблагодари за осумте сезони минати во дресот на славниот клуб. „Јас треба вам да ви се заблагодарам! Навистина ми беше чест да го носам виолетово-златниот дрес и да се обидам да ја продолжам традицијата и ...
Тотенхем е на чекор од реализирање на еден од најголемите трансфери ова лето, откако постигнал договор со Њукасл за ангажман на италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали. Според добро информираниот новинар Дејвид Орнстин, раководството на лондонскиот клуб испратило понуда вредна 100 милиони фунти, која Њукасл ја прифатил. Договорот предвидува 92,5 милиони фунти како фиксна сума, додека дополнителни 7,5 милиони фунти ќе бидат исплатени преку ...
Баерн Минхен денес и официјално го претстави своето ново засилување, мароканскиот репрезентативец Исмаел Саибари, кој пристигнува од ПСВ Ајндховен и потпиша договор со баварскиот гигант до летото 2031 година. Офанзивниот фудбалер во моментов е дел од репрезентацијата на Мароко на Светското првенство, а по завршувањето на настапите на Мундијалот ќе му се приклучи на новиот клуб во Минхен. Саибари во Баерн ќе го носи дресот со број 34, а зад ...
Шкотската фудбалска репрезентација е во потрага по нов селектор, откако Стив Кларк одлучи да се повлече од функцијата по елиминацијата на Светското првенство. Иако пред нешто повеќе од еден месец потпиша нов договор, неуспехот да се избори пласман во нокаут-фазата беше доволна причина да стави крај на својот мандат. Шкотска се врати на Мундијалот по пауза од 28 години, но настапот го заврши уште во групната фаза. „Тартанската армија“ оствари ...
Белгија и Сенегал ја продолжуваат 1/16-финалната програма на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Натпреварот ќе се игра на „Лумен Филд“ во Сиетл, Вашингтон. Белгија (4-2-3-1): Куртоа; Кастањ, Теате, Мехеле, Де Кујпер; Ванакен, Тилеманс; Тросар, Де Брујне, Доку; Де Кетелар Сенегал (4-3-3): Диао; Диата, Јакобс, Ниакате, Сис; П. Геј, И. Геј, Диара; Ндиаје, Сар, Мане Дуелот меѓу европската и африканската селекција започнува од 21:00 ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави, Маурисио Почетино, со голема почит зборуваше за репрезентацијата на Босна и Херцеговина пред нивниот дуел во шеснаестинафиналето на Светското првенство, оценувајќи дека неговиот тим го очекува исклучително тежок предизвик. „Босна и Херцеговина е физички силна селекција, но има и одлична организација на играта. Имаат многу добар селектор, што најдобро го покажаа во ...
Репрезентацијата на Англија со голем пресврт успеа да ја совлада Демократска Република Конго со 2-1 и да обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство, каде што ја очекува спектакуларен дуел против домаќинот Мексико на легендарниот стадион „Ацтека“. Иако важеше за голем фаворит, англиската селекција беше на работ на елиминација, а херој на европскиот гигант повторно беше капитенот Хари Кејн, кој со два погодоци во завршницата ...
ГРК Тиквеш продолжува со подмладување на ростерот за новата сезона, а најново засилување на кавадаречкиот суперлигаш е младиот пикер Борјан Цековски. Станува збор за 19-годишен ракометар кој настапува на позицијата кружен напаѓач и важи за еден од најперспективните играчи на својата позиција во Македонија. Цековски во досегашната кариера беше дел од КЛ7 Свети Николе, Овче Поле, Радовиш, Куманово, а како позајмен играч настапуваше и за ...
Македонската кошаркарска репрезентација влегува во завршницата од подготовките пред клучните натпревари од јулскиот ФИБА „прозорец“ во претквалификациите за Евробаскетот 2029 година. Во ростерот на селекторот повторно е и Тома Стојаноски, кој е подготвен да го даде својот придонес во сениорскиот национален тим. Крилниот кошаркар зад себе има комплетен период на подготовки, а фокусот сега е насочен кон првиот предизвик, дуелот против Ирска. ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ и официјално е нов член на грчки Арис кој е предводен од грчката легенда Василис Спанулис. Солунскиот клуб потврди дека искусниот плејмејкер потпишал двегодишен договор, а пристигнува како трансфер од рускиот Зенит Санкт Петербург, со кој имаше важечки договор. Димитријевиќ, кој е роден на 23 февруари 1998 година во Скопје и настапува на позицијата плејмејкер, зад себе има богата ...
По примениот гол, Англија целосно ја презеде контролата врз натпреварот и започна силен притисок кон голот на ДР Конго, пред кој создадоа неколку одлични можности за израмнување. Сепак, извонредно расположен беше голманот Лионел Мпаси-Нзау, кој со неколку спектакуларни интервенции ја сочува предноста на својата репрезентација. Во самиот финиш на првиот дел, Хари Кејн побара најстрога казна по еден дуел во шеснаесетникот. Главниот судија ...
Фудбалерите на ДР Конго изненадувачки поведоа против големиот фаворит Англија по седум минути игра во шеснаестинафиналето на Светското првенство. Стрелец на водечкиот гол беше Брајан Чипенга, кој доби топка од Шансел Мбемба, добро се снајде и го матира Џордан Пикфорд. Ударот на играчот на Конго беше на поблиската статива и крај стативата. Подобриот од оваа пресметка вкрстува со еден од домаќините Мексико во осминафиналето. Фудбалерите на ДР ...
Светскиот рекет број еден Јаник Синер продолжува со успешната одбрана на титулата на Вимблдон, откако се пласираше во третото коло со победа над Португалецот Нуно Боргес од 3-0 во сетови (7-6, 7-6, 6-4). Иако конечниот резултат изгледа убедливо, Италијанецот имаше многу работа против расположениот аутсајдар. Португалскиот тенисер двапати успеа да го одведе сетот во тај-брејк, но Синер во клучните моменти покажа поголема смиреност и квалитет. ...
Шпанската Ла Лига го објави комплетниот распоред за сезоната 2026/27 во Примера, а љубителите на фудбалот уште на самиот почеток ќе имаат можност да уживаат во големи дерби пресметки. Сезоната започнува на 14 август, а поинтересни дуели во првото коло се Барселона – Атлетик Билбао и Реал Мадрид – Реал Сосиедад, додека Столе и Валенсија ќе го пречекаат Бетис. Првиот голем настан ќе биде мадридското дерби меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, кое ...
Томас Тухел и Себастијан Десабре, селекторите на Англија и ДР Конго ги открија картите и ги објавија стартните единаесетмина за првиот натпревар во денешната програма од Светското првенство. Англичаните ќе атакуваат на место меѓу најдобрите 16 селекции со Хари Кејн како најистурен во нападот, а на левата крилна позиција шанса во првиот тим одново доби Мадуеке, откако против Панама стартер беше Букајо Сака. Африканците најголемите надежи ќе ги ...
Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум претстави ново засилување во одбраната. Покрај езерото се сели косовскиот дефанзивец Ландрит Рама, кој пристигнува како слободен играч по истекот на договорот со Лапи. Рама има 29 години, игра на позицијата централен стопер, висок е 194 сантиметри и е левоног фудбалер. Во кариерата настапуваше за Лапи, Вуштрија, Фламуртари, Беса Пеќ, Корику и Истогу, а зад себе има и настапи на европската сцена во ...