Фудбалерите на Швајцарија подобро шутираа пенали и со 4-3 (0-0 по регуларното време и продолженијата) ја исфрлија Колумбија во осминафиналето на Светското првенство. Натпреварот во Ванкувер понуди огромна борба и по некоја шанса на двете страни, ама немаше реализација. На крајот Швајцарците беа посигурни во пенал-рулетот и ќе играат четвртфинале. Натпреварот во Ванкувер започна во високо темпо, а првата сериозна закана ја создадоа ...

Новак Ѓоковиќ на спектакуларен начин се пласираше во полуфиналето на Вимблдон, откако по голема борба го совлада Феликс Оже-Алијасим со 3-2 во сетови. Српскиот тенисер мораше да мине низ вистински маратон против одличниот Канаѓанец, кој двапати се враќаше во мечот и не му дозволи на Ѓоковиќ лесно да ја заврши работата. Сепак, искуството и смиреноста на Новак дојдоа до израз во решавачките моменти. Ѓоковиќ славеше со 7-6/10, 3-6, 6-3, 6-7/4, ...

Раководството на Милвоки Бакс официјално потврди дека дресот со број 34, кој го носи Јанис Адетокумбо, ќе биде повлечен од употреба и засекогаш ќе остане дел од историјата на клубот. Со оваа одлука, Милвоки ќе му оддаде највисока можна почит на еден од најголемите кошаркари во историјата на франшизата, кој остави неизбришлива трага во НБА. Гркот го напушти клубот, ќе игра за Мајами Хит во следната сезона. Адетокумбо израсна во вистинска ...

Шпанскиот кошаркарски клуб Валенсија и официјално го назначи Чави Алберт за нов шеф на стручниот штаб, откако со него потпиша двегодишен договор. Триесет и осумгодишниот стратег ќе го наследи Педро Мартинез, кој го напушти клубот по историската сезона во која Валенсија настапи на Фајнал-фор турнирот во Евролигата и ја освои шампионската титула во шпанската АЦБ лига. Алберт во изминатите три сезони беше помошник на Мартинез и добро е запознаен ...

Мохамед Салах беше разочаран и незадоволен по елиминацијата на Египет од Аргентина во осминафиналето на Светското првенство. Капитенот на Египет посебно се осврна на ситуацијата во која бараше пенал, но главниот судија Франсоа Летексие само одмавна со раката и не покажа на белата точка. „Му кажав да се врати и да ја погледне снимката, затоа што тоа беше чист пенал, но тој само одмавна и ми рече: ‘Не, тоа не е прекршок’“, изјави Салах. Сега ...

Селекторот Хосам Хасан не можеше да го сокрие својот гнев по драматичниот пораз на Египет од Аргентина во осминафиналето на Светското првенство. Египет водеше со 2-0, и имаше четвртфиналето на дофат, но Аргентина успеа да изведе епски пресврт, постигнувајќи гол во 93. минута за победа од 3-2. По натпреварот, Хасан упати сериозни обвинувања против организаторите и судијата. „Ќе кажам што ми е на ум, без оглед на последиците. Ова беше очигледно ...

На терените на ТК Југ денеска се одиграа натпеварите од првото и второто коло, а беа одиграни вкупно шеснаесет во двете конкуренции. Фаворитите не дозволија изненадување и само еден меч се играше во три сета. Дејвис куп репрезентативците на Македонија се дел од четвртфиналните мечеви кои ќе се играат утре (среда). Резултати 1.коло – мажи: Амар Хусеиновиќ – Џемал Јилдиз Селим 2-0 (61 63) Борјан Ѓуковиќ – Василиј Закоски 2-0 (75 62) Виктор ...

Македонскиот фудбалски првак Вардар со пораз се врати во Лигата на шампионите. Нашиот претставник во елитното друштво на првиот натпревар загуби од фински КуПС во Скопје (0-2) и на реваншот на гостински терен во Куопио ќе му биде потребен подвиг за пласман во следната рунда. Најтрофејниот македонски тим пред околу 4.000 гледачи доживеа пораз со примени голови во првото и во второто полувреме заради сопствени грешки во последната линија и ...

Фудбалскиот клуб Пелистер продолжува со екипирањето на тимот за новата натпреварувачка сезона и официјално ја продолжи соработката со Кире Ристевски и Стефан Спировски, како и со двајцата млади и перспективни фудбалери, Јован Мрмачовски и Натаниел Димовски. Ристевски и Спировски, со своето искуство, ќе бидат меѓу носителите на играта, додека Мрмачовски и Димовски претставуваат иднината на клубот и дел од генерацијата на која Пелистер сериозно ...

Германскиот репрезентативец Исак Бонга и официјално е нов кошаркар на Панатинаикос, со кој потпиша тригодишен договор. За крилниот кошаркар владееше голем интерес на трансфер-пазарот, а меѓу клубовите кои сакаа да го доведат беа и европските великани Реал Мадрид и Барселона. Сепак, Бонга на крајот се одлучи за Панатинаикос, каде повторно ќе соработува со тренерот Жељко Обрадовиќ. Двајцата веќе работеа заедно во Партизан, период во кој ...

Фудбалерите КуПС со победа од 0-2 заминуваат од Скопје по мечот со Вардар во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите. По мечот на средбата со новинарите младиот тренер Мика Нутинен беше задоволен од одиграното на својот тим. „Задоволен сум од резултатот и нашиот перформанс. Не беше лесно, ама бевме дисциплинирани и успеавме да одиграме како што сакавме. Одбранбено бевме добро поставени и креиравме доста во нападот. Постигнавме два ...

Со лоши вибрации и домашен пораз од КуПС, македонскиот шампион Вардар ја отвори новата сезона. Поразот од 0-2 (0-1) од првакот на Финска не отвора многу опции пред реваншот следната недела. Тренерот на вардарци, Кристијан Фабијани на средбата со новинарите по натпреварот рече: „До примениот гол разликата беше што креиравме доста, по десната страна креиравме и добра шанса, но во нашиот најдобар момент примивме погодок. Знаевме дека КуПС е ...

Македонскиот фудбалски првак Вардар со пораз се врати во Лигата на шампионите. Нашиот претставник во елитното друштво на првиот натпревар загуби од фински КуПС во Скопје (0-2) и на реваншот на гостински терен во Куопио ќе му биде потребен подвиг за пласман во следната рунда. Најтрофејниот македонски тим пред околу 4.000 гледачи доживеа пораз со примени голови во првото и во второто полувреме и според актуелната ситуација гледа кон преселба ...

Фудбалската репрезентација на Египет се бореше максимално, ама на крајот остана со празни раце во дуелот со Аргентина (3-2) во осминафиналето на Светското првенство. Иако африканската селекција водеше со 0-2, на крајот претрпе поразо со голем пресврт во финишот. Во судиското продолжение во една акција Еѓипќаните очекуваа дека ќе добијат пенал во две ситуации. Во центарот на вниманието беа Алексис Мекалистер кој повлече ривал без топка, а ...

Фудбалската репрезентација на Аргентина со епски пресврт против Египет (3-2) се пласира во четвртфиналето на Светското првенство. Бранителот на тронот остана жив на планетарниот собир, иако до 79. минута имаше негатива од два гола (0-2). Резултатот на „Мерцедез-Бенз Арената“ во Атланта беше отворен по 15 минути игра, откако Јасер Ибрахим со глава стрела по нафрлување од Атиа за 0-1. Шокот можеше да биде амортизиран веднаш бидејќи Аргентинците ...

Екипата на КуПС дојде до предност во дуелот со Вардар (0-1) пред крајот на првото полувреме во Скопје во рамки на дуелот во квалификациите за Лигата на шампионите. Се чекаше екстра-времето, а тогаш финскиот првак дојде до гол. По еден корнер, во шеснаесетникот најдобро се снајде стоперот Брахима Махаса кој успеа да го совлада Давор Талески. Двата тима заминаа на паузата, а Вардар ќе се обиде да се врати во игра во вториот дел. Екипата на ...

Александар Зверев обезбеди пласман во четвртфиналето на Вимблдон, откако го совлада Чехот Јиржи Лехечка со 3-1 во сетови – 6-4, 7-5, 3-6, 7-6 (8-6). Нивниот осминафинален дуел се играше во два дена, бидејќи поради полицискиот час во Лондон натпреварот беше прекинат во понеделникот, кога Германецот веќе имаше убедлива предност од два освоени сета. По продолжението на мечот следниот ден, Лехечка прикажа далеку подобра игра и успеа да го освои ...

Фудбалската асоцијација на Англија сериозно ја разгледува можноста да поднесе жалба за црвениот картон што Езри Конса го доби во осминафиналниот натпревар против Мексико на Светското првенство. Дефанзивецот беше исклучен во 54. минута од драматичната победа на Англија со 3-2 на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити, поради што „трите лава“ речиси цело второ полувреме го одиграа со играч помалку. Доколку казната остане во сила, Конса ќе го ...

Фудбалерите на Египет постигнаа и втор погодок против Аргентина во осминафиналето на Светското првенство, ама голот на Мохамед Зико беше поништен, па потоа истиот фудбалер успеа да погоди и регуларно. Причината за поништувањето на првиот гол беше прекршок во зачетокот на акцијата од Атиа врз Лисандро Мартинез, па реализацијата на Зико во продолжението на акцијата беше анулирана. Сепак, ако во 58. имаше прекршок, сè беше чисто девет минути ...

Генералното собрание на Акционерската асоцијација на Евролигата ги усвои сите клучни одлуки поврзани со сезоната 2026/27, меѓу кои и воведувањето на ново натпреварување – Суперкупот. Новото натпреварување ќе го има своето премиерно издание во септември 2026 година и ќе претставува дополнување на календарот на европската клупска кошарка. Повеќе детали околу форматот и учесниците се очекува да бидат објавени во наредниот период. Се шпекулира ...

Ова може да им се случи и на најдобрите! Лионел Меси по вторпат на овој Мундијал не реализира удар од единаесет метри. Во осминафиналето од Светското првенство во САД, Канада и Мексико, аргентинскиот ас доби можност да го израмни резултатот против Египет (0-1), но Шобир со спектакуларна одбрана ја сочува својата мрежа незатресена. За Меси ова втор промашен пенал на шампионатот, откако претходно не погоди и против Австрија. Ова може да им се ...

Еурофарм Пелистер 2 го претстави Божидар Илиески како ново засилување за претстојната сезона. Средниот бек во Битола пристигнува по настапите за Прилеп и Алкалоид, клубови во кои стекна значајно искуство и се наметна како еден од перспективните македонски ракометари на својата позиција. Во редовите на вториот тим на Еурофарм Пелистер, Илиески ќе биде важен дел од составот предводен од тренерот Ангеловски, а во клубот веруваат дека неговиот ...

Младиот шпански бисер Ламин Јамал продолжува да ги поместува границите и да испишува нови страници во историјата на шпанскиот фудбал. Со настапот во стартниот состав на Шпанија во осминафиналниот дуел против Португалија на Светското првенство, крилниот напаѓач на Барселона постави рекорд каков што досега не забележала шпанската репрезентација. Јамал стана првиот фудбалер во историјата на „црвената фурија“ кој бил стартер на два натпревари од ...

Францускиот прволигаш Париз и официјално го назначи англискиот стратег Лијам Розениор за нов шеф на стручниот штаб на првиот тим. Четириесет и едногодишниот тренер потпиша договор со клубот до јуни 2028 година, а на клупата ќе го наследи Антоан Комбуаре, под чие водство Париз минатата сезона го освои 11. место во Лига 1. За Розениор ова претставува враќање во францускиот фудбал. Претходно успешно работеше во Стразбур, каде што се истакна со ...

Екипите на Вардар и КуПС играат во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, а тренерите Кристијан Фабијани и Мика Нутинен ги одредија стартните состави за мечот во Скопје. Вардар (4-4-2): Талески; Јанкулов, Велковски, Матиќ, Пулејо; Торес, Николов, Кастањеда, Пиреш; Омерагиќ, Закариќ. КуПС (4-2-3-1): Креидл; Пуко, Магаса, Нуху, Антви; Гасц, Пенанен; Јуру, Енгвал, Армах; Морено Натпреварот на Арената „Тодор Проески“ започнува од ...

Светскиот рекет број еден, Јаник Синер, без поголеми проблеми обезбеди пласман во полуфиналето на Вимблдон, откако со 3-0 во сетови го совлада Германецот Јан-Ленард Штруф. Италијанецот славеше со 7-5, 7-6 (7-4) и 6-3, потврдувајќи ја фаворитската улога и продолжувајќи го успешниот настап на најпрестижниот тениски турнир во светот. Иако вториот сет понуди најголема неизвесност и беше решен во тај-брејк, Синер во клучните моменти одигра сигурно ...

Американската тенисерка Коко Гоф обезбеди пласман во полуфиналето на Вимблдон, откако по голем пресврт ја совлада својата сонародничка Џесика Пегула со 2-1 во сетови. Седмата тенисерка на светот до победата стигна по речиси два часа игра, откако ги загуби првите моменти од натпреварот, но успеа целосно да ја сврти ситуацијата во своја корист. Пегула го доби првиот сет со 6-4, а потоа Гоф возврати со 6-3 и 6-4 за место меѓу четирите најдобри ...

Четвртфиналните парови полека се комплетираат, а еден од патниците меѓу најдобрите осум селекции на Светското првенство (СП) ќе пристигне од дуелот меѓу Аргентина и Египет кој се игра попладнево. Селекторите Лионел Скалони и Хосам Хасан ги избраа стартните единаесет за натпреварот кој ќе се игра во Атланта, на стадионот „Мерцедес Бенз“ пред околу 71.000 гледачи. Аргентина (4-4-2): Мартинез; Молина, Ромеро, Ли. Мартинез, Таљафико; Де Пол, ...

Македонскиот фудбалер Марко Стојилевски е ново засилување на српскиот клуб Смедерево, кој продолжува со екипирањето на тимот во пресрет на новата сезона. Дваесетгодишниот дефанзивец пристигнува во Смедерево по настапите за Брера Струмица, каде што минатата сезона стекна драгоцено сениорско искуство во Првата македонска фудбалска лига. Стојилевски е производ на младинската школа на Вардар, каде ги мина сите возрасни категории и важеше за еден ...

По завршувањето на првата фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029 и квалификациите за Светскиот куп 2027, Светската кошаркарска федерација (ФИБА) го направи првиот чекор кон формирањето на групите за втората рунда од претквалификацискиот циклус. Само еден ден по комплетирањето на квалификациите за Светскиот куп 2027, ФИБА ги распореди осумте национални селекции кои не успеаја да се пласираат во следната фаза од мундијалските ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.05
23%
1015
weather icon

Белград

36ᴼ / 35ᴼ
3.13
31%
1015
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
1.57
25%
1013
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.07
24%
1016
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
3.58
24%
1016
weather icon

Љубљана

35ᴼ / 33ᴼ
0.48
42%
1015
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
6.26
33%
1012
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
5.68
15%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.84
19%
1014
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 33ᴼ
3.13
38%
1016
weather icon

Будимпешта

39ᴼ / 38ᴼ
2.24
21%
1015
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
6.16
40%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Родиум

269262.50

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.23

Паладиум

43242.75

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Злато

133030.14

Бакар

13.37

Кобалт

56.29

Платина

56295.96

Сребро

1954.91

Калај

55.95