Македонскиот првак Вардар има водство на гостувањето кај Рига во Летонија (0-1) со погодок кој го постигна Давид Бабунски. По една супер-акција на десната страна, топката по центаршут на Пулејо, топката во мрежата ја закова Давид Бабунски со волеј. Со овој погодок, Вардар се враќа во игра за следна рунда во Конференциската лига, резултатот во меѓусебниот дуел е 3-3. Македонскиот првак Вардар има водство на гостувањето кај Рига во Летонија ...

Македонскиот фудбалски првак Вардар ги заврши настапите во евро-куповите. Иако победи на гостувањето во Рига во регуларниот дел (1-2) што беше доволно за продолженија, сепак, во екстра-времето летонскиот првак ја искористи бројчаната предност на теренот и со триумф од 5-2 се пласира во следната рунда на Конференциската лига на УЕФА. Вардар броеше ситно до сензација, имаше 0-2 дури и со црвен картон кој го доби уште од почетокот на мечот, ама ...